Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната посета на Општината. „Овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 ...
Германските власти открија скривалиште за оружје поврзано со руските разузнавачки служби на периферијата на Берлин, објавија денес јавните радиодифузери NDR и WDR. Германската внатрешна разузнавачка служба BfV проценува дека оружјето, пронајдено во шума во близина на главниот град, било скриено за руски шпиони кои би можеле да добијат наредба од Москва да извршат напад, според извештаите. Професионално организираното скривалиште беше ...
Градежната компанија СТЕНТОН ГРАДБА започна со реализација на нов индустриски проект во индустриската зона Опаленик, Општина Крушево, изградба на нов магацински објект за потребите на фабриката за обработка на тутун СЕКЕ. Станува збор за нова инвестиција со која продолжува развојот и проширувањето на индустрискиот комплекс на СЕКЕ, а проектот е предвидено да се реализира во две фази. Во првата фаза ќе се изврши целосно инфраструктурно и ...
По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи на гастроентероколитис, ентероколитис или ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. „Изградбата на автопатот Прилеп – Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, вчера имавме работен состанок баш тука и очекувам веќе следната година да имаме доста добри вести и за Битола – Прилеп. Крајниот рок ...
Барселона постигна договор со Лаутаро Мартинез во врска со потенцијален трансфер од Интер, тврди шпанскиот „Ел Чирингито“. Според нивните информации, каталонскиот клуб има целосен договор со менаџерот на аргентинскиот напаѓач Алехандро Камања, но најважниот дел, договорот со Интер, се уште не е започнат. Барселона се сврте кон Лаутаро откако не успеа да постигне договор со Атлетико Мадрид за трансферот на неговиот сонародник Хулијан Алварез. ...
Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, денеска во Трафостаницата Охрид ја пречека вршителката на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, при што го презентираше напредокот на проектот за енергетско поврзување на Северна Македонија со Албанија. Љатифи истакна дека поврзувањето преку 400 kV далекуводот Битола–Елбасан претставува значаен чекор за зголемување на енергетската сигурност, проширување на прекуграничната размена на ...
ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај, велат од ВЛЕН. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во ...
Премиерот Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада, истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ. „Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на ...
Легендарниот германски фудбалер, Тони Крос, нема дилема, дека престижната „Златна топка“, треба да остане во Париз. Актуелен лауреат е Усман Дембеле, Крос смета дека оваа година, наградата треба да му припадне на Хвича Кварацхелија. „Кваратцхелија е без сомнение број еден во моментов. Тој ја заслужува „Златната топка“, воопшто не се сомневам во тоа“, рече Крос и продолжи. „Минатата сезона, но и на почетокот на оваа, тој е најдобриот ...
Хајди Клум повторно го привлече вниманието на своите следбеници со фотографија од тропскиот одмор, споделувајќи дел од својата утринска рутина со 12,6 милиони следбеници на Инстаграм. Супермоделот (53) во четвртокот објави фотографија на која позира со шарена свилена марама префрлена преку рамениците и розова долна облека од тантела, а во објавата го означи италијанскиот бренд Intimissimi. „M☀️RNING 🥰🌴🐠❤️“, напиша Клум покрај ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна: „Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто ...
Новиот играч на Реал Мадрид, Јан Диоманде, е возбуден што ќе работи со Жозе Мурињо. „Кралскиот клуб“ овој трансфер ќе го чини 140.000.000, што е најголемата зделка во историјата на мадридскиот великан. „Беше како сон бидејќи нема поголем клуб. Од моментот кога дознав, не можев да спијам“, рече Диоманде и додаде: „Бев изненаден бидејќи Мурињо зборуваше француски. Мурињо стана во 5 часот наутро за да разговара со мене. Тоа значи дека сум ...
Дел од соседите на принцот Хари и Меган Маркл во Монтесито, Калифорнија, со задоволство ја примиле веста дека војводата и војвотката од Сасекс планираат да поминуваат значително повеќе време во Велика Британија. Како што пишува Page Six, еден жител на престижната населба изјавил дека уште при доселувањето на Хари и Меган постоеле одредени стравувања дека нивното присуство ќе донесе дополнително медиумско внимание во заедницата позната по ...
Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028. Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, ...
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата, бил уапсен во Португалија, откако полицијата го запре во комбе на автопатот А6. Во возилото биле пронајдени повеќе од еден и пол тон кокаин, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, и воено оружје. Акцијата е дел од операцијата против таканаречениот Балкански картел, пишува „О Жого“. Детали за акцијата Португалската судска полиција го спроведе пресретнувањето на автопатот А6 ...
Магнезиумот е еден од најчесто користените минерали во исхраната и суплементацијата. Има важна улога во нормалното функционирање на нервниот систем, мускулите, срцето и во бројни метаболички процеси во организмот. Суплементите со магнезиум често се користат при грчеви во мускулите, замор, проблеми со спиењето или како дополнителна поддршка на организмот. Сепак, фактот дека станува збор за минерал не значи дека може без ограничување да се ...
Скопје повторно ќе биде место за средба на технологијата, вештачката интелигенција, бизнисот и човечкиот потенцијал. На 22 и 23 септември во објектот на Националната опера и балет ќе се одржи Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“ (AI Tech Summit „Filip Avramchev“), кој продолжува да ја гради својата визија како независна регионална платформа посветена на развојот и практичната примена на вештачката интелигенција. Под мотото ...
„Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се користи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вие велите дека апликацијата ја ...
Сагата околу Хулијан Алварез трае цела лето. Играчот сака да оди во Барселона, но Атлетико не му дозволува. Сега во приказната влезе англискиот првак, Арсенал. Хулијан Алварез, во текот на Светското првенство јавно побара од Атлетико да го пушти во Барселона. Каталонците, наводно биле подготвени да платата меѓу 100 и 120 милиони евра. Атлетико нема намера, најмногу поради начинот на кој Барселона се обидува да дојде до Алварез, да го испрати ...
Планински засолништа скриени длабоко под земја можеби звучат како сцена од шпионски филм, но во Швајцарија ваквата идеја наскоро би можела да стане реалност за оние кои можат да си дозволат исклучително високо ниво на приватност и безбедност. Компанијата Brünig Mega Safe планира да изгради комплекс од подземни трезори сместени повеќе од 100 метри под површината на швајцарскиот планински масив Бруниг. Пристапот до еден од овие ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...
Ливерпул му испрати на Брајтон понуда вредна околу 58 милиони евра за Јанкуба Минтех (22). Челниците на Брајтон експресно ја одбиле понудата, објавија „Гардијан“ и „Тајмс“. Гамбискиот интернационалец е отворен за преселба на „Енфилд“, па се очекува Ливерпул да испрати нова понуда. Според „Трансфермаркт“, Минтех вреди 45 милиони евра. Ливерпул бара двајца нови крилни играчи пред крајот на преодниот рок. Тој го гледа Минтех како опција на ...
Кога се зборува за неверство, најчесто се мисли на физички или сексуален однос со друга личност. Сепак, границите во една врска можат да бидат нарушени и на многу посуптилен начин – преку однесувања кои на прв поглед изгледаат безопасно, но кај партнерот можат да создадат чувство на измама, предавство или губење на довербата. Таквите постапки често се опишуваат со терминот „микроизневерување“. Станува збор за мали однесувања кои сами по себе ...
Русија нема да врши притисок врз Иран да се врати на разговори со САД за да се стави крај на војната, изјави рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја. На прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк, беше прашан дали Москва ги користи своите односи со Техеран за да го охрабри да се врати на разговори со Вашингтон. „Русија не врши притисок врз никого во принцип, без разлика дали е тоа Иран или која било друга земја. Иран е ...
„Со месеци СДС и нејзиниот формален претседател Филипче, преку соопштенија и прес-конференции велат дека граѓаните не веруваат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека рејтингот им пораснал, дека се спремни за избори, но кога ќе се споменат предвремени избори, одма молк“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. „СДС и Филипче знаат дека на следните избори кога и да бидат, ќе доживеат дебакл и ќе бидат доведени под 100 илјади гласови. ...
Црвена звезда, вчера, направи голем чекор кон пласман во главата фаза, во Лигата на Европа, а во текот на денот треба да добие големо засилување во нападот. На домашен тере, српскиот првак ја победи Викторија Плзењ со 3:0, во првиот плеј-оф натпревар. Сенегалскиот напаѓач Бамба Дијенг ќе потпише договор со Црвена звезда, најверојатно до јуни 2028 година, со опција истиот да биде продолжен на уште една година. Дијенг ги поминал лекарските ...
Длабоко во Атлантскиот Океан се наоѓа еден од најнеобичните подводни пејзажи откриени на Земјата – хидротермалното поле Lost City, односно „Изгубениот град“, откриено во 2000 година западно од Средноатлантскиот Гребен. На морското дно се издигнуваат огромни карпести столбови, ѕидови и монолити кои на прв поглед потсетуваат на урнатини од некаква древна цивилизација. Сепак, нема никакви докази дека овие структури се дело на човекот. Станува ...
Финското Министерство за одбрана пријави сомневања дека руски авион вчера го нарушил финскиот воздушен простор над западниот Фински Залив. Покрената е истрага за инцидентот, кој се случил во време на зголемена руска воздушна активност во близина на источната граница на НАТО, објавува „Киев Индепендент“. Истрагата е во тек Министерот за одбрана Анти Хакканен потврди дека истрагата за инцидентот над Балтичкото Море веќе е започната. Ја води ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри, коишто се одржуваат во Таранто, Италијанската Република. Таа денеска ќе го посети Медитеранското (олимписко) село каде ќе оствари средба со македонските спортисти, а попладнево ќе присуствува на приемот којшто го приредува претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, во чест на шефовите на делегациите. Од ...