
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



И покрај најдените забелешки за работа од страна на Министерството за внатрешни работи, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, забавниот парк пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје продолжува со работа, а вчера беа донесени и нови реквизити. Трите државни органи направија инспекци и на сопственикот на фирмата „Дизниленд реквизити“ од Чаир му беше изречена забрана за работа и наредба да ги тргне реквизитите, но и по една недела на ...
Во нашата земја Од 17 до 23 мај, се пријавени 34 нови случаи на голема кашлица, што е намалување од 22,7% во споредба со претходната недела кога имаше 44 случаи. Од новите случаи, три лица се хоспитализирани, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Повеќето случаи се во Скопје – 27, додека четири се од Тетово, и по еден од Прилеп, Кичево и Велес. Возраста на заболени се движи од еден месец до 73 години, при што најмногу случаи ...
Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, соопшти партиската служба за односи со јавноста. Оставката на Гаши е поради неговата кандидатура за претседател на Собранието. „На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четврток на 23 мај, меѓу другото, беше разгледана и кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Со оглед членот 67 од Уставот ...
Отпорноста на суша, но и на болести, ја прави погодна за одгледување единствената македонска автохтона сорта на грозје – станушината. Некогаш подзаборавена и неправедно маргинализирана, таа се враќа меѓу лозјата во Тиквешко, најголемиот лозаровинарски регион во државата. За неа, експертите велат дека има уникатен генетски профил. Говорејќи за историјата и за долгата традиција на одгледување на виновата лоза во земјава, во различни периоди, ...
Голем дел од производите што се декларираат како Apple го имаат префиксот „i“, како што се iPhone, iPad, iMac и други уреди. Сепак, Кен Сегал, главниот креативен директор за маркетинг кој некогаш, пред 26 години, е тој кој го спонзорираше првиот производ на Apple со „i“ во името – iMac. Така започна приказната за еден од најпопуларните брендови во историјата на ИТ. Овој маркетиншки гениј отворено кажа дека конечно дојде време Apple да се откаже ...
На 30 јуни, на непосредни внатрепартиски избори СДСМ ќе избира нов претседател на партијата. Ова е одлучено на денешната седница на Извршниот одбор на партијата, откако на 22 мај Димитар Ковачевски си поднесе оставка од функцијата. „Согласно роковите во Статутот на партијата, ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација. На седница којашто ќе се одржи на 30 ...
Советот на Европската унија во вторник го потврди Пактот за миграција и азил, со што конечно го усвои овој пакет од 10 законски акти. Целосната реформа за управување со миграцијата и азилот беше усвоена од Европскиот парламент минатиот месец и сега, откако вториот законодавец ја потврди, останува само објавувањето во Службен весник, кое ќе следи за 20 дена. Одобрените прописи ќе почнат да се применуваат за две години, а дотогаш ќе важат ...
Католичката црква е на пат да го добие првиот светец – милениумец. Тоа е италијанскиот тинејџер Карло Акутис, кој почина од леукемија на 15-годишна возраст во 2006 година. Акутис, кој го добил прекарот божји инфлуенсер го сметале за компјутерски гениј, а својот талент тој го користел за да ја шири католичката вера, па веќе го викаат „светец заштитник на интернет“. До својата смрт тој раководел со веб-страницата на миланската епархија, а подоцна ...
Сегашниот Закон за употребата на македонскиот јазик многу повеќе ќе го штити македонскиот јазик, но клучната работа е дали ќе се спроведе на терен, порача во интервју за „Слободен печат“, новинарот и публицист Свето Стаменов. „Во куќата каде што работам порано имаше седум до осум лектори, сега имаме двајца. Да, сите ние го знаеме македонскиот јазик, го говориме македонскиот јазик, но раритет е вистинскиот македонски јазик, и сметам дека ако ...
На големата сцена во Македонската филхармонија, вечер, во 20:30 часот, во организација на платформата „За тебе“ за првпат ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ. „Со големо задоволство го најавуваме нашиот прв настап во Скопје. Нашата програма е идеална комбинација на познати дела од класичната музика до понови композиции претежно од хрватски автори. Некои од овие композиции се ...
Грчкиот европратеник од Нова Демократија и ЕПП Манолис Кефалојанис го оцени Договорот од Преспа како „лош“ и рече дека „овој договор не само што е потпишан меѓу две држави, туку е ратификуван и од националните парламенти, така што, за жал, има предност над секој закон и било кој уставен поредок. -Ако ја отвориме Пандорината кутија и станеме џунгла на ист начин, Турција ќе дојде да го доведе во прашање Договорот од Лозана и да побара од нас ...
На Охридското крајбрежје, во рамки на активностите за превентивна систематска дезинсекција, ќе се спроведува теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19 часот во среда до шест часот утредента. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, потоа територијата на градот Охрид, како и тековите на реките Грашница и Коселска ...
По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија, во духот на „Зелена Словенија“, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ѝ се приклучи на екоакцијата за расчистување на отпадот во околината на селото Љубанци, во близина на манастирот „Свети Никола“. Ваквата еколошка акција, како што информираше Костовски, која е организирана заедно со Амбасадата на Република Словенија и Друштвото на ...
– Со дигалка на висина до 30 метри, направивме макровизуализација на сите елементи од главната нова конструкција. Ги утврдивме и ги обележавме елементите што ќе треба да се извадат за да се однесат на тестирање во акредитирана лабораторија за утврдување на носивите карактеристики на челичните елементи од конструкцијата. Единствените визуелни оштетувања (набабрувања) се констатирани на шест челични елементи што се непосредно до прстенот на ...
Плоштадот Македонија е главниот плоштад на градот Скопје, престолнината на Македонија. Плоштадот бил изграден во периодот помеѓу 1920 до 1940 година. Урбанистички, на плоштадот се наоѓале поголем број значајни објекти како: Народната банка со мермерни фасади, монументалниот Офицерски дом, Ристиќева палата, Палата Мазура итн. Овој простор од Скопје немал име сè до влегувањето на Македонија во ФНРЈ, кога плоштадот го добива името „Маршал Тито“. ...
На првиот ден од јуни, невладината организација „Slow food Vodno“, за убав почеток на месецот, организира „Пролетен слоу фуд пазар“. „Пролетниот фуд пазар“ ќе се одржи во „Мондано гарден“, во задниот двор на гимназијата „Јосип Броз Тито“, со почеток во 11, а ќе трае до 17 часот. Станува збор за настан за сите оние што сакаат и препознаваат добра храна. Свои штандови ќе имаат локални производители, членови на „Slow food Vodno“, и тоа: ...
Јaвното претпријатие Комунална хигиена-Скопје соопшти дека денеска со свои екипи ја чистеа големата дива депонија на паркингот на градските гробишта Бутел, во непосредна близина на последната постојка на ЈСП на автобусот со број 59. Од скопски комуналец велат дека се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Просторот е чистен рачно и машински со метење и перење, велат од претпријатието. ...
Шверцот со дрога, илегалната проституција и шверцот со тутун генерирале околу 17 милијарди евра во Холандија во 2021 година, но најголемиот дел од приходите течеле во странство, според новото истражување на холандскиот Национален завод за статистика. Вкупно, незаконските активности генерираат 4,5 милијарди евра за холандската економија во 2021 година, соопшти канцеларијата. Најголеми приходи донесе кокаинот, генерирајќи 10,7 милијарди евра од ...
Третата годишна Недела на циркуларната економија на Западен Балкан 2024, започнува денеска и ќе трае до 31 мај на тема „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“. Како што стои во соопштението, организациите од земјите на Западен Балкан, членки на ЛогЕкс (LogEx) заедницата, ќе одржат низа паралелни активности со кои ќе ги промовираат добрите практики и знаења, но и предизвиците и перспективите на циркуларната економија во ...
Сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега, изјавил Стефан Богоев во интервју за „БИРН“. Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во ...
-Негде пред 30 години се градени тие хируршки сали, и поставена таа инсталација за снабдување со кислород и компримиран воздух. Значи скоро 30 години е компресорската станица. Месец дена од ден денешен имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на улје во тие цевки, по што тој компресор е прекратен од функција. Беа 3 компресори, почна клиниката да функционира со 2 компресори, ги ...
Едно лице загина ,а две се ранети во престрелката со огнено оружје која синоќа околу полноќ се случи на булеварот „Никола Карев“, познат како пластичарска,потврди МВР. Лицето кое почина е 29 годишениот скопјанец, пејачот Амар Исмани, кој заедно со уште едно лице на 19 годишна возраст, исто така од Скопје биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ . По укажаната помош 29 годишниот Исмани кој бил примен во тешка состојба им ...
Bark Air, луксузна авиокомпанија која има приоритет на удобноста на кучињата, го направи својот прв лет во четвртокот, 23 мај, поаѓајќи од њујоршкиот аеродром во округот Вестчестер (HPN) и слета во Ван Најс (VNY), според првичното соопштение за јавноста на авиокомпанијата. Bark, компанија која претходно беше позната по обезбедување производи, услуги и содржини за кучиња, ја објави својата авиокомпанија фокусирана на кучиња во април. Чартер ...
Проектот “Are you ready for Pelister„ на ПРЕДА плус фондацијата ја најави претстојната конференција која во фокус го става ‘smart village’ концептот кој има глобален тренд, а која треба да се одржи на 27 мај 2024 година, во Информативниот центар на Националниот парк Пелистер. Овој настан ќе ги истакне иновативните пристапи кон руралниот развој преку технологијата и одржливоста, прикажувајќи ги колективните напори на Фондацијата ПРЕДА Плус и ...
Фестивалот на монодрама го одбележува своето значајно 25-то издание во Битола под слоганот „Слободата живее тука“, како значајна пресвртница во фестивалскиот израз. Со музичкиот спектакл „Глумците пеат“ свечено ќе биде отворен овој фестивал кој од 25 до 31 мај ќе се одржува во Битола, а затворањето на фестивалот и претставата која ќе им биде посветена на наградените ќе биде со извонредната “Чудна случка со кучето во ноќта” на Драмски театар од ...
На хартија имаме многу но акција имаме нула, велат активистите. Според нив прво нешто што треба да се направи е носење на Законот за климатска акција и промени во сите сфери. Ситуацијата во земјава велат е аларменатна, а надлежните доцнат со мерки. Потребни се вистински мерки за зелена транзиција и подигање на свеста за влијанието од климатските промени, е пораката која еко активистите во земјава на денешниот настан „Бараме климатска акција сега ...
Според извештаите, компанијата од Купертино планира нова верзија на својот тракер AirTag. Марк Гурман, новинар и аналитичар на екосистемот на Apple, во својот најнов извештај тврди дека Apple планира верзија на својот популарен тракер AirTag за следната година. Наследникот се очекува во средината на следната година и ќе спроведе подобрувања во чипсетот и следењето на локацијата. Поминаа три години откако AirTag првпат се појави на пазарот, а ...
Советничката на ОН за спречување на геноцид, Алис Ваириму Ндериту оцени дека со Резолуцијата на ОН за Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, Генералното собрание на ОН застанало покрај жртвите на геноцидот. „Тоа покажува дека Генералното собрание застана покрај жртвите на злосторството геноцид за кое судот пресуди. Исто така, мислам дека е од клучно значење да им се оддаде почит на жртвите и да се осигураме дека тие нема да бидат ...
Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во Скопје под мотото „Сѐ за нас – за нас“, се одржа едукативен настан за подигнување на свесноста за тоа како живеат лицата со дијабет. Претседателот на Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, Диме Велев, рече дека со реализацијата на проектот се укажува дека лицата со дијабетес се нормални луѓе кои што се дел од ...
За југоносталгичарите денеска е посебен празник. На денешниот датум се славеше Денот на младоста, 25 мај, кој беше прогласен и за роденден на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосиб Броз Тито, иако тој е роден на 5 мај. Манифетацијата се одбележуваше со слет на стадионот на ЈНА во Белгард, а кулминација беше предавањето на штафетата и пораката од неа, откако претходно ја носеа илјадници млади луѓе од сите краишта на некогашната држава. ...