
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



По завршувањето на мандатот на Кацарска, Уставен суд остана без претседател. Пропаднаа дури осум обиди и гласања да се избере претседател, сепак судиите по координација утрово одлучиле сепак да одржат седница на која конечно е избран новиот претседател. За нов претседател е избран Дарко Костадиновски, кој ги добил потребните 6 гласа. Претходно Осман Кадриу за кого и вчера се гласаше, но не доби доволен број гласови, се откажал од кандидатурата и ...
Се перцепираме како Европјани и оттаму треба да бидеме третирани како Европјани. Третманот го гледам низ призма на ЕУ-логиката, во смисла на владеење на правото, независно судство, стручка администрација, нешто демократска политичка култура. Мораме да тргнеме со сериозни и суштински реформи – друг излез немаме, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на настан, по повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, Фондацијата Конрад Аденауер ...
Идејата на издавачот Манол Пејков е куќата да се спаси од целосно уривање и да се трансформира во споменик на бугарската култура. Бугарската фондација на издавачот Манол Пејков од политичката коалиција „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ купила 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп. Распаднатата куќа на Талев, кој после 1948 година стана еден од најценетите бугарски писатели, е една од поважните теми во бугарската ...
Времето денеска Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. UV=8. Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во следните денови исто така не очекува сончево и топло време, со врнежи од дожд во попладневните часови. Прогноза за 06.06.2024 Минимална температура: 10°C до 18°C Максимална температура: 26°C до 35°C Сончево и топло со мала до ...
Само во периодот 27 мај до 1 јуни, 2024 година, екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена, подигнаа и транспортираа вкупно 130 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари. Оттука, претпријатието ги информира жителите на градот Скопје дека на територијата на оваа скопска општина, комуналниот отпад континуирано се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативниот план ...
Тоа има за цел да ја усогласи земјата со европската директива за управување со отпад. Во моментот многу текстил се фрла во канти за мешан отпад, што значи дека не може да се рециклира. Стратегијата вклучува воспоставување собирни пунктови низ различни општини за да им се помогне на граѓаните подобро да го отстрануваат својот текстилен отпад. Чешка има околу 10.000 собирни места за текстил, но постојниот Закон за отпад бара само собирање, а не ...
Исчезнаа субвенциите за сметките за струја. Делот во фактурата каде граѓаните гледаа колку проценти изнесува владината помош веќе го нема. Овие пари се префрлаа од буџетот во ЕСМ и со нив државата покриваше дел од трошокот за електрична енергија на домаќинствата. Најпрво помошта беше над 90%, потоа падна на 84, а сега воопшто и не е напишана. „Реално би било некоректно на граѓаните да им се кажува дека има субвенција кога цената на ЕСМ е 57 ...
Бугарскиот претседател Румен Радев навести дека Софија може да ја преиспита поддршката за членството на Србија во ЕУ поради, како што вели, односот на Белград кон бугарското малцинство во земјата. „Главниот критериум според кој ќе судиме и ќе дадеме поддршка за напредокот на земјите од Западен Балкан е токму состојбата на нашите сонародници во секоја земја – нивните услови за економски и социјален развој и, пред сè, нивната способност да го ...
Под мотото „Помогнете ни да го разубавиме светот на кучињата, да ја обоиме Лајка“, јавното претпријатие ги повикува сите волонтери, љубители на кучиња кои сакаат да бидат општествено одговорни и хумани да дојдат во стационарот на 15 јуни од 10:00 до 14:00 часот. „Придружете ни се во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на U.S. Embassy North Macedonia во Скопје и дадете го својот ...
Во Кавадарци гимназијалците на креативен начин се борат против сајбер насилството, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. – Поради се поголемата дигитализација и употреба на социјалните мрежи, учениците се повеќе стануваат потенцијални жртви на сајбер насилство. Токму поради оваа причина ученици од ова училиште преку изработување на краток филм „Насилството има ново лице-сајбер насилство“и брошури на истата тема, на ...
Во првите пет месеци од годинава, од наплата на патарина се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро). Износот на наплатените средства на патарините е различен и се движи од 155.827.545 денари на Романовце до 53.038.529 денари на Демир Капија. ЈПДП минатата година ја заврши со рекорден приход од патарини во ...
Владата на Република Северна Македонија, Министерството за информатичко општество, институциите и органите на државна управа делумно се посветени кон активностите за дигитална трансформација и овозможување на електронски услуги за граѓаните, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност – ревизија на информациски системи на тема „Ефективноста на националниот портал за е-услуги“, со цел да даде одговор на ...
Пет долгометражни филмови и 16 кратки се во официјалните селекции на 14. Филозофски филмски фестивал и ќе се натпреваруваат за наградата „Златен був“. Фестивалот со мото „Неред меѓу редови“ ќе се одржува од 7 до 14 јуни во организација на Филозофското друштво на Македонија, во соработка со Филозофскиот факултет на УКИМ. Покрај главната програма со филмовите за награди, ќе има и ревијална и придружна, како и едукативната програма која беше ...
Малолетник бил каснат од улично куче во скопски Аеродром. – На 02.06.2024 во 09.35 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.П.П.(57) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираа од полицијата. Имало уште две пријави за каснувања од улични кучиња. – На 02.06.2024 во 08.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во ...
Според надлежните системот за компримиран воздух работи 24 часа секопј ден и дека проблемот е во самите клиники. Зошто освен во хируршките сали компримиран воздух го користат и во интензивни неги како и клиниката за максилофацијална која работи нормално, вели Николоски. Проблемот денеска го истражуваат и експерти на терен тие од компресорските станици до самите сали испитуваат дали системот е добар или не? И која е причината за миризбите во ...
Секоја година на 3 јуни, луѓето ширум светот го прославуваат Светскиот ден на велосипедизмот. Овој значаен датум беше официјално признат од Обединетите нации во 2018 година, со цел да се поттикне користењето на велосипедот како едно од најодржливите и најздрави средства за транспорт. Од кога се слави Светскиот ден на велосипедизмот? Светскиот ден на велосипедизмот е релативно нов празник, кој започна да се слави од 3 јуни 2018 година. ...
Нова интердисциплинарна студиска програма по дигитално земјоделство, со предмети од земјоделскиот и прехранбениот сектор и од техничките науки се воведува на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (ФЗНХ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Иницијативата е на бизнисот, а кадрите кои ќе произлезат – дигитални земјоделски инженери, треба да овозможат намалени трошоци и поголеми приноси на храна, а особено да ја помогнат ...
Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1.2%, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%; Стручни, научни и технички дејности; ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истиот месец лани е зголемен за 2.0%. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.9%. ...
Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени ...
Претставници на Народната банка (НБ) присуствуваа на меѓународната конференција на Светската банка, на тема „Поставување вистински реформски приоритети во финансискиот сектор“ („Getting the financial sector reform priorities right“), која се одржа во Виена, Австрија. На Конференцијата, информира денеска НБ, беа опфатени различни актуелни теми кои се однесуваат на стабилноста на финансискиот, пред сѐ на банкарскиот систем, при што се разговараше ...
Во Албанија денеска 18 илјади завршени средношколци го полагаа првиот екстерен испит од матурата, но кусо по почетокот, на социјалните мрежи почнал на циркулира тестот со одговори. Првиот екстерен испит од матурата е англискиот јазик, но истиот е пробиен и кусо по почетокот порталот „Студентите обвинуваат“ на социјалните мрежи го објавил тестот. И покрај тврдењето на МОН дека се воведени строги безбедносни мерки, но како што се виде очигледно не ...
Никогаш не е вистински момент и време граѓанското општество да молчи и да чека, но во овој момент се наоѓаме во позиција каде се уште немаме избрана влада, немаме политики што се развиваат и се градат и можеби е прифатливо е да имаме еден период на стагнација и на чекање, порача Андреја Стојковски во интервју за Слободен печат. „Сето тоа ќе треба да се промени по изборот на Владата, колку од страна на Владата, толку и од страна на граѓанското ...
Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 ...
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски како позитивно го оценува намалувањето на маржата за пренос на електрична енергија, но вели дека цената што ќе ја плаќаат домаќинствата од 1 јули годинава зависи и од цената по која универзалниот снабдувач ќе ги задоволи потребите за електрична енергија на регулираниот пазар, но и од бројот на малите потрошувачи кои од регулиран се префрлиле на слободен пазар. Посочува ...
Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува ...
Медиумскиот магнат Руперт Мардок во саботата се ожени по петти пат, пишува британскиот таблоид Сан. Споменатиот таблоид, кој е во сопственост на Мардок, објави фотографии од 93-годишниот австралиски милијардер заедно со неговата 67-годишна сопруга, пензиониран молекуларeн биолог Елена Жукова. Свадбената церемонија се одржала на неговото лозје во Бел-Ер, Калифорнија. Жукова е мајка на руско-американската колекционерка Даша Жукова, поранешна ...
„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на Ангелина ...
Поранешниот министер за здравство и сегашен пратеник на СДСМ доктор Венко Филипче најави дека влегува во трката за лидер на СДСМ. Тој за ТВ 24 ја потврдил својата намера да се кандидира за иден лидер на СДСМ. На последните избори Филипче ја предводеше листата на СДСМ и коалицијата во изборната единица пет, каде беа освоени пет пратенички мандати. Филипче ја извршуваше функцијата министер за здравство во периодот на пандемијата со коронавирусот, ...
Одлуката би била позната во текот на денот затоа што, рече таа, допрва имаат стручен колегиум и допрва ќе ја носат одлуката, а утре ќе имаат средба и во Министерството за образование и наука. Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, ...