Владата на Република Северна Македонија, Министерството за информатичко општество, институциите и органите на државна управа делумно се посветени кон активностите за дигитална трансформација и овозможување на електронски услуги за граѓаните, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност – ревизија на информациски системи на тема „Ефективноста на националниот портал за е-услуги“, со цел да даде одговор на ...

Пет долгометражни филмови и 16 кратки се во официјалните селекции на 14. Филозофски филмски фестивал и ќе се натпреваруваат за наградата „Златен був“. Фестивалот со мото „Неред меѓу редови“ ќе се одржува од 7 до 14 јуни во организација на Филозофското друштво на Македонија, во соработка со Филозофскиот факултет на УКИМ. Покрај главната програма со филмовите за награди, ќе има и ревијална и придружна, како и едукативната програма која беше ...

Малолетник бил каснат од улично куче во скопски Аеродром. – На 02.06.2024 во 09.35 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.П.П.(57) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираа од полицијата. Имало уште две пријави за каснувања од улични кучиња. – На 02.06.2024 во 08.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во ...

Според надлежните системот за компримиран воздух работи 24 часа секопј ден и дека проблемот е во самите клиники. Зошто освен во хируршките сали компримиран воздух го користат и во интензивни неги како и клиниката за максилофацијална која работи нормално, вели Николоски. Проблемот денеска го истражуваат и експерти на терен тие од компресорските станици до самите сали испитуваат дали системот е добар или не? И која е причината за миризбите во ...

Секоја година на 3 јуни, луѓето ширум светот го прославуваат Светскиот ден на велосипедизмот. Овој значаен датум беше официјално признат од Обединетите нации во 2018 година, со цел да се поттикне користењето на велосипедот како едно од најодржливите и најздрави средства за транспорт. Од кога се слави Светскиот ден на велосипедизмот? Светскиот ден на велосипедизмот е релативно нов празник, кој започна да се слави од 3 јуни 2018 година. ...

Нова интердисциплинарна студиска програма по дигитално земјоделство, со предмети од земјоделскиот и прехранбениот сектор и од техничките науки се воведува на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (ФЗНХ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Иницијативата е на бизнисот, а кадрите кои ќе произлезат – дигитални земјоделски инженери, треба да овозможат намалени трошоци и поголеми приноси на храна, а особено да ја помогнат ...

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1.2%, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%; Стручни, научни и технички дејности; ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истиот месец лани е зголемен за 2.0%. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.9%. ...

Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени ...

Претставници на Народната банка (НБ) присуствуваа на меѓународната конференција на Светската банка, на тема „Поставување вистински реформски приоритети во финансискиот сектор“ („Getting the financial sector reform priorities right“), која се одржа во Виена, Австрија. На Конференцијата, информира денеска НБ, беа опфатени различни актуелни теми кои се однесуваат на стабилноста на финансискиот, пред сѐ на банкарскиот систем, при што се разговараше ...

Во Албанија денеска 18 илјади завршени средношколци го полагаа првиот екстерен испит од матурата, но кусо по почетокот, на социјалните мрежи почнал на циркулира тестот со одговори. Првиот екстерен испит од матурата е англискиот јазик, но истиот е пробиен и кусо по почетокот порталот „Студентите обвинуваат“ на социјалните мрежи го објавил тестот. И покрај тврдењето на МОН дека се воведени строги безбедносни мерки, но како што се виде очигледно не ...

Никогаш не е вистински момент и време граѓанското општество да молчи и да чека, но во овој момент се наоѓаме во позиција каде се уште немаме избрана влада, немаме политики што се развиваат и се градат и можеби е прифатливо е да имаме еден период на стагнација и на чекање, порача Андреја Стојковски во интервју за Слободен печат. „Сето тоа ќе треба да се промени по изборот на Владата, колку од страна на Владата, толку и од страна на граѓанското ...

Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 ...

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски како позитивно го оценува намалувањето на маржата за пренос на електрична енергија, но вели дека цената што ќе ја плаќаат домаќинствата од 1 јули годинава зависи и од цената по која универзалниот снабдувач ќе ги задоволи потребите за електрична енергија на регулираниот пазар, но и од бројот на малите потрошувачи кои од регулиран се префрлиле на слободен пазар. Посочува ...

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува ...

Медиумскиот магнат Руперт Мардок во саботата се ожени по петти пат, пишува британскиот таблоид Сан. Споменатиот таблоид, кој е во сопственост на Мардок, објави фотографии од 93-годишниот австралиски милијардер заедно со неговата 67-годишна сопруга, пензиониран молекуларeн биолог Елена Жукова. Свадбената церемонија се одржала на неговото лозје во Бел-Ер, Калифорнија. Жукова е мајка на руско-американската колекционерка Даша Жукова, поранешна ...

„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на Ангелина ...

Поранешниот министер за здравство и сегашен пратеник на СДСМ доктор Венко Филипче најави дека влегува во трката за лидер на СДСМ. Тој за ТВ 24 ја потврдил својата намера да се кандидира за иден лидер на СДСМ. На последните избори Филипче ја предводеше листата на СДСМ и коалицијата во изборната единица пет, каде беа освоени пет пратенички мандати. Филипче ја извршуваше функцијата министер за здравство во периодот на пандемијата со коронавирусот, ...

Одлуката би била позната во текот на денот затоа што, рече таа, допрва имаат стручен колегиум и допрва ќе ја носат одлуката, а утре ќе имаат средба и во Министерството за образование и наука. Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, ...

Во сабота, 1 јуни, во Младинскиот културен центар се одржа третото издание на фестивалот на јапонска култура „Сакура“. Овој уникатен настан, кој веќе станува традиција, привлече многубројна публика и учесници, нудејќи богат и разновиден програм кој ја слави јапонската култура. Фестивалот се одвиваше на повеќе сцени и вклучуваше низа активности кои ја прикажаа убавината и разноликоста на јапонската култура. Посетителите имаа можност да уживаат во ...

Според податоците на „Евростат“ за 2021 година, највисоки пензии земаат пензионерите од Исланд (2 762 евра), а најниски оние во земјите од Балканот. Просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45 731 динари (390 евра). Според последните податоци на Фондот за ПИО на Македонија, просечната пензија во март годинава изнесувала 21 209 денари (345 евра). Во Црна Гора, според „Евростат“, просечната пензија е 291 евро, во БиХ – 237 евра, а најмала ...

Селото Ингрија кај Торино чека локални избори за да се избере нова власт, но се случи неверојатна ситуација кога речиси две третини од селото на некој начин се кандидираа за функцијата. Ингрија има 46 жители, а уште 26 ќе гласаат од дијаспората. Се очекуваше лесна победа за градоначалникот Игор Де Сантис, како и во претходните четири изборни циклуси, но Ренато Полето промени сѐ. Претставникот на опозицијата во советот на ова село одлучи да влезе ...

Врз основа на податоците од 2009 до 2024 година добиени од World Weather Online, интернет пребарувачот ги рангираше најсончевите дестинации во Европа. Првото место го зазеде Малага, град на југот на Шпанија. Овој град има просечно 280,2 сончеви часови месечно, што е повеќе од 3.000 сончеви часови годишно. Просечната годишна температура во Малага е 18,7 степени Целзиусови, додека врнежите се многу ретки – врне само 50 дена во годината. Малага ...

Популарната туристичка дестинација во Хрватска на Јадранското крајбрежје меѓу Сплит и Задар, Биоград на Море е познат и како „срце на Јадранот’. Околу него се националните паркови-Корнатски острови и слаповите на Крка, Плитвице и Вранското езеро под Динарските планини. Овој мал град нуди широка палета на туристички атракции и активности како што се песочните плажи, кристално чистото море со мирисот на крајбрежните борови, историјата на ...

На 26 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето“ 2024. На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша ...

На традиционалниот семеен ден на Макстил годинава се приклучија 20 згрижувачки семејства со 60тина деца од СОС Детското село. Од оваа година Макстил стана нов стратешки партнер на СОС Детско село и зеде под закрила една од згрижувачките куќи, обезбедувајќи целосно покривање на трошоците за пет деца и нивното згрижување во текот на цела година. „Макстил и СОС Детско село, сега се еден вид семејство и соодветно беше нашиот семеен ден да го ...

Дали на ЈСП му недостигаат само автобуси или и возачи? Зошто не се исплаќа редовно плата и покрај големите субвенции од Градот? Колку им должат да приватните превозници и зошто не им се исплаќа за извршената услуга редовно? Многу отворени прашања, на кои засега нема одговор, пишува „Слободен печат“. Не престануваат маките на скопјани со јавниот градски превоз. Во некои делови на градот автобусите се нередовни или воопшто ги нема во утринските ...

Kапацитетот на ветерната и сончевата енергија во Европската унија порасна за 65 отсто од 2019 до 2023 година, а најголем придонес има Германија, се вели во анализата на енергетскиот тинк-тенк Ember. Во извештајот објавен во понеделникот се вели дека Германија учествувала со 22 отсто од зголемувањето, а по неа е Шпанија со 13 отсто. Повеќе од половина од 27-те земји-членки на ЕУ најмалку го удвоија својот капацитет за енергија од ветер и сончева ...

Облаци и дожд само денеска, од утре топлотен бран со температури до 35 степени. Денес во текот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Особено на североисток ќе засилува и јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=7 Во ...

Дваесет и третото издание на нашиот најголем и најзначаен фестивал на музиката на светот ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотеката на С. Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма. ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: БОМБИНО, еден од најреномираните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди БИ-СИ-ЈУ-СИ, ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
3.6
43%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 17ᴼ
1.03
65%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
6.69
52%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.46
49%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.0
89%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
7.2
53%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
64%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
35%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
53%
1020
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
43%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
7.2
64%
1016
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088