Грчкиот авиопревозник Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни со линијата Атина – Скопје – Крф – Скопје – Атина, објави порталот exyuaviation.com. Летовите требаше да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а авиолинијата Скопје – Атина да се реализира во среда и недела наутро. Според ревидираниот распоред, се чини дека Ејџијан Ерлајс ...

„Проверете. Размислете. Пријавете.” Кампањата ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца. Министерството за Внатрешни работи на Република Северна Македонија во почетокот на 2024 година потпиша Меморандум за разбирање со Фондацијата Амбер Алерт Европа и со тоа и нашето Министерство и држава се дел од ова кампања и систем за случаи поврзани со исчезнати деца. За Меѓународниот ден на исчезнати деца, Амбер ...

„Ако на двете страни има некакво незадоволство, вообичаeно тоа значи дека тоа е најдобриот договор што можел да се добие. Се прашувам, ако повторно го отвориме прашањето, дури и на ниво на сомнеж, дали е мудро да се прави тоа“, вели Мајк Зафировски, еден од најпроминентните претставници на македонската дијаспора во интервју за „360 степени“. Запрашан што мисли за гестот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова при поднесувањето на ...

Годишен раст на каматите за кредити – новоодобрените со пониска камата… Минимално, но сепак е остварено намалување на каматите на вкупните кредити на месечно ниво, но не и на годишно. Во првиот банкарски квартал од годинава просечната камата на вкупните кредити изнесувала 5,50% што е за само 0,02 пп ( процентни поени) помалку во однос на каматата регистрирана во февруари, но на годишно ниво пак има раст за 0,46%. Каматата на вкупните кредити за ...

Најосновниот придизвик, но и најзначаен аспект на успешното функционирање на еден бизнис е наплатата на фактури. Во денешно време, кога бизнисите се соочуваат со многу предизвици и динамични промени, ефикасната наплата на фактурите е клучен аспект за одржување на стабилноста и ликвидноста на компаниите. Овој оперативен процес не само што бара многу време и енергија, туку често се претвора и во потреба од непријатни телефонски разговори со ...

Во периодот од 16ти до 19ти мај, група студенти од студиската програма по гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, предводени од доц. д-р Климент Наумов, оствари забележителен успех на XI гастрономско-туристички фестивал во Ниш, Република Србија во конкуренција од над 20 образовни институции од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Романија и Грција. Станува збор за традиционална гастрономска манифестација од меѓународен ...

Со денешниот концерт на “Фолтин” Eвропската куќа Крива Паланка го прослави Денот на Европа. Концертот како централен настан ја заокружи програмата за одбележување на годинашниот 9 Мај, по настаните спроведени во три општини североисточниот регион: Кратово, Куманово и Крива Паланка. -Годинава на поинаков начин со дисперзирани настани во три општини од регионот што го покрива нашата Европска куќа, со присуство на голем број млади од сите општини, ...

Асоцијацијата за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин на 25. мај на Школка, во скопскиот Градски парк ќе одржи настан на кој ќе говорат истражувачи и активисти кои ќе бараат преземање акција за превенција од негативните климатски влијанија врз нашата држава. На настанот ќе има зелени штандови што ќе ги претстават локалните бизниси и организации, промовирајќи еколошки свесен начин на живот. Овие штандови овозможуваат сите преку ...

Светските цени на златото повторно се на ново рекордно високо ниво откако денеска на берзата во Њујорк Comex достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца. Растот на цената на златото е поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во САД. ФЕД официјално засега нема објавено официјален став за каматните стапки, но ...

Логистичката база е клучен елемент во справувањето со предизвиците како еден од главните столбови на Армијата на Република Северна Македонија, истакна заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага честитајќи го 20 Мај – денот на Единицата на воената свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје. На свеченоста на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата на кој присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко ...

Во аулата на Ректоратот на УКИМ, денеска беа доделени награди на најдобро дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година, а во рамки на свеченостите по повод патрониот ден и одбележување 75 години од постоење на Универзитетот. На редовни студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажале особени резултати во студиите, им беше врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија. Наградите ги врачи ...

Подгответе ги велосипедите, тротинетите, ролерките и другите еколошки превозни средства бидејќи на 2 јуни (недела) од 11 часот по осми пат ќе се одржи најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, ...

Инвеститорите, трговците и директорите во рударството со години предупредуваат дека светот се соочува со критичен недостиг на бакар во услови на зголемена побарувачка во зелените индустрии – од електрични возила до инфраструктура за обновлива енергија. Цената на бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го повеќемесечниот раст. Фјучерсите на Лондонската берза за метали скокнаа за повеќе од 4% денеска на почетокот на ...

– Противпожарната бригада на Град Скопје, денеска го одбележа Денот на македонските пожарникари, каде свои обраќања имаа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како и командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски. Арсовска во своето обраќање посочи дека условите во кои работат пожарникарите не се на највисоко ниво и упати апел до новата Влада која што ќе биде формирана, да направи промена на условите со кои ...

Македонското еколошко друштво (МЕД) информира дека денес, 20 мај, е Светскиот ден на пчелата. „Мрежата за искуствено учење (МИУ) ги поттикнува учениците да ги совладаат научните концепти преку активности за заштита на пчелите. Придружете се и помогнете да ја зачуваме природата“, соопштија од МЕД. Од МЕД преку свој блог пост веќе потенцираа дека, ако сакаме да преживееме и живееме во средина со богат биодиверзитет, треба да направиме сè што е во ...

Во текот на научните истражувања спроведени во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, утврдени беа бројни интересни факти за пештерите во Паркот, информираат од Црвен крст Охрид. Во претстојниот период ќе презентираме некои од тие факти. Најголемата пештерска сала во Националниот парк Галичица се наоѓа во ...

„Помеѓу трите земји од иницијативата Отворен Балкан најмногу во Македонија граѓаните ја поддржуваат и ја познаваат“ рече Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во утринската програма на „Слободен печат“, коментирајќи ја нивната последна анкета. Таа додаде дека и во Црна Гора, која не е формално дел од иницијативата, граѓаните пројавиле интерес за приклучување. „За Отворен Балкан имаше и политички спроитвставености, па оттаму ...

Трн.мк во очи на празникот „Св. Кирил и Методиј” организира културен настан во среда, со почеток од 20 часот во Бруталиск. Дојдете и „боцнете” од кириличното мени: – Јовица Михајловски со кириличен поздрав – Џијан Емин со музичка подлога и диџејски сет – Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир со изведба на народно творештво собрано од Цепенков – ТеатроСк со статуa од собирачот на народно творештво – Давор Кешкец ќе црта кирилица во живо – Васо со свој ...

Јуко Сакагучи е Јапонка која повеќе години живее и работи во Македонија и ужива во различноста на културите. Таа успева да го искористи најдоброто од двете култури, таа во која е родена и оваа во земјата каде што живее со своето семејство. Ја запознавме како една од учесничките на претстојниот „Сакура Фестивал“. Овој културен настан, вели таа, за неа е можност да ја покаже нејзината благодарност и почит кон оние кои се заинтересирани за ...

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Утре ...

Стотици дотерани моторџии вчера дефилираа низ скопските улици со цел подигање на свеста за машкото здравје и превенција на рак на простатата. Моторџиите облечени во палта и вратоврски по девети пат земаат учество во глобалниот хуманитарен мотоциклички настан, а собраните донации од учесниците одат во фондацијата за борба против рак на простатата „Мовембер“ во Лондон . Организаторот на настанот во Скопје Игор Стефановски објаснува дека Глобалното ...

Портпаролот на Европската комисија за „Еурактив“ кажа дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во услови на нова расправија меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор. Новата реторика меѓу двете земји започна по инугарацијата на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, која не ја употреби придавката „Северна“ ...

Фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без потребните дозволи, поставува забавен парк кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, соопштија од Град Скопје. „Известуваме дека правното лице ‘Дизниленд Реквизити’, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски“, информираат ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одлучи првото појавување во јавноста откако положи заклетва на 12 мај да го резервира за 52. издание на Мајските музички вечери и за гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје. – Не мислам дека минатото ни е романтично, ни вашето ни нашето, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината – изјави Сиљановска Давкова пред почетокот на изведбата на операта „Валкира“ од оперскиот реформатор ...

Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, „Генералка викенд“, во која се спроведе активно чистење на територијата на цел Карпош. Акцијата е во организација на „Мен енд маунтен“, а целта беше да се собере што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се однесе до најблиската ПАКОМАК, Нула отпад или локалната комунална станица. Предвидено е за секои 10 килограми отпад Министерството за земјоделство да донира по едно дрво во ...

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект за проблемот со јавните тоалети во главниот град. Со последната акција, авторите на уметничката инсталација сакаат да прикажат, како што велат, предлог решение преку претставување на макета – конструкција со испринтан тоалет. „Тоалетот би бил изведен од метална ...

Кога ќе одлучите да земете домашно милениче, едно од клучните прашања што често се поставува е – кучиња или мачки? Двете миленичиња можат да имаат значително влијание врз развојот на детето, обезбедувајќи дружење, љубов и можности за учење за одговорноста. Сепак, во зависност од начинот на живот на вашето семејство и личноста на вашето дете, еден вид милениче може да биде подобар избор од друг. Ајде да ги погледнеме предностите на секоја за да ...

Уметноста е револуција, а уметноста на улица е и повеќе од тоа Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, овие три дена ја размрда едноличноста на градот и го направи центарот на Скопје малку поинакво, поубаво и посреќно место. Фестивалот по осми пат ги донесе артистите кои долж улица Македонија секое попладне раскажуваат десет различни приказни за времето, луѓето и прекинати врски. Со овој фестивал што се развива ...

Co ликовната работилница за деца „Летаме заедно“ што ја води илустраторката Наташа Андонова, денеска во 10 часот во Младинскиот културен центар во Скопје почна последниот ден од 6. издание Меѓународниот литературен фестивал „Литера“. Во 12 часот се одржа работилницата „Си беше еднаш“ со илустраторката Наталија Лукомскa. Во 13 часот беше закажана промоцијата и работилница за едиција „Неуредните“ – Мависол Јенер (Бата прес). Следуваше потпишување ...

Повик за Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата се очекува да има во втората половина од годината. Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во промоција на руралниот туризам може да се аплицира за неповратен грант од 60% во инвестиција за сместување во внатрешен простор – апартмани. Планираната инвестиција најдобро може да се прикаже со следниов пример: Доколку барателот – правно лице ( од рангот микро или мало претпријатие) со место на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
51%
1020
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1021
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1024
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1020
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.48
85%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
56%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
55%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
41%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.24
53%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
52%
1024
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
68%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60