Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
На 23.01.2026 година во ПС Гостивар, И.С.(63) пријавил противправно лишување од слобода и изнуда извршени истиот ден од страна на З.С. и неколку лица од Гостивар. „Според пријавата, поради нерасчистени должничко-доверителски односи за банкарски кредит, пријавителот бил присилно внесен во возило, физички нападнат и му биле упатени закани по живот. Сторителите подоцна влегле во неговиот дом, му ги одзеле личните документи на него и на неговата ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар. Како што информира АМСМ, сите државни ...
Во сообраќајните контроли спроведени на 21 и 22 јануари во Гостивар, пајак службата подигнала 15 возила кои биле непрописно паркирани. Како што информира СВР Тетово, вчера (22 јануари) во контролата на возила и возачи на подрачјето што го покрива, санкционирани се вкупно 26 возачи (ТЕ-14 и ГВ-12) за непрописно паркирање, а 22 возила (ТЕ-11 и ГВ-11) се подигнати со специјално возило пајак. Санкционирани биле и 25 други видови сообраќајни ...
Асоцијацијата на превозници Макамтранс од понеделник (26 јануари) ќе ги блокира граничните премини за влез и излез од државата, како дел од регионалниот простест против новите шенген правила за транспортните возачи. Превозниците од земјава заедно со колегите од Србија, Црна Гора и БиХ целосно ќе го блокираат товарниот сообраќај кон земјите од Европската Унија, а протестот според најавите ќе трае цела недела. „Целта е да се прати порака на ...
Nokia 3310 е чиста носталгија за многумина. Ако сè уште го имате – не го фрлајте. Вашиот „антиквитет“ денес може да вреди изненадувачки многу пари. Секој што имал Nokia на почетокот на 2000-тите се сеќава колку поедноставен бил животот тогаш. Мали, забавни копчиња, симпатичен екран што не можел да се скрши и најважно, кога ќе повикате некого, тој всушност се јавува. Nokia 3310 беше толку мал што лесно можевте да го носите со себе насекаде. ...
Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година имале 122 пациентки кои по првпат со оваа дијагноза се јавиле во клиниката. ХПВ вакцинацијата го ...
Вчера (22.01.2026 година) во 09:20 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект и куќа во Добридол, сопственост на Б.Р.(33). Нема повредени лица, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, информира СВР Тетово. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар. Вчера (22.01.2026 година) во 09:20 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека настанал пожар ...
Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше поединечно. За Законот ...
„Оне Македонија“ на унгарски „Фор ај џи“, која денеска доби лиценца за трет мобилен оператор во државата од Агенцијата за електронски комуникации, најавува новини на пазарот, на кој, според раководството, има амбиции да заземе сериозен удел. Првенствено ќе почне со мрежите на постојните оператори додека да изгради сопствена. Со изградба на 5G stand alone мрежа, според АЕК треба да понуди новини што досегашните мрежи не ги поддржуваат. Се ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Намалена видливост и појава на магла во околината на Смојмирово и Буково до 50м., Ѓавато до 80м., Струмица до 100м., Тетово до 40м., Петровец до 150м. и Делчево до 50м, соопшти АМСМ. Магла утрово има и во Гостивар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 7 степени. Според метеоролошката прогноза утре (сабота) времето ќе биде променливо облачно и со услови за врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот се очекува интензивирање на ...
Финансиски мерки за поддршка на домаќинства и системска замена на фосилни горива се дел од стратегија за подобрување на квалитетот на воздухот на Општина Гостивар. Со цел намалување на загадувањето од греењето и сообраќајот годинава се предвидува субвенционирање на домаќинствата за купување инвертери со вкупен износ од 2 милиони денари, како и 1,5 милион денари за субвенции за велосипеди. Субвенционирањето ќе се одвива преку претходно ...
Јавното здравје пред комерцијалниот интерес – забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство. Новиот предлог-закон за заштита од пушење, како што се посочува во соопштението, предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби, како што се појаснува, се однесуваат на објави во медиумите, на интернет и на ...
Со доаѓањето на зимата, многу луѓе забележуваат дека болката во зглобовите им се зголемува. Иако понекогаш изгледа како случајност, постои вистинска врска помеѓу ниските температури и поинтензивната болка. Студот влијае на подвижноста на зглобовите, циркулацијата и мускулите, што заедно може да предизвика чувство на вкочанетост и непријатност. Студените месеци често носат непријатна болка во зглобовите, особено кај луѓето кои веќе имаат ...
Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до 18 јануари – во државава биле пријавени 2.062 случаја на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива моделирана од последните 15 ...
Изминатите денови на подрајче на Гостивар евидентирани се неколку одделни случаи на физички напади и заканување врз жени. Вчера (21.01.2026) во 11:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(65) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 60-годишна сопруга дека околу 10:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на ...
Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансофрмација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, ...
Вчера (20.01.2026) во ОВР Гостивар, 72-годишник Гостивар пријавил дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. „Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира АМСМ. Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. „Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на ...
Сојузот на синдикати (ССМ) во среда (28 јануари) организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе почне од 17 часот од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Од ССМ ги повикаа сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот. – Време е заедно да се избориме за ...
Старечките дамки најчесто почнуваат да се појавуваат по 40-тата година – период кога кожата веќе ги покажува последиците од сите години поминати на сонце без соодветна заштита. Дерматолозите постојано нè потсетуваат дека кожата „памети“ и секое летно ожарување, секоја изгореница и секое заборавено нанесување SPF оставаат трага. Подоцна во животот, ова се манифестира како потемни дамки, брчки, губење на еластичноста и посува кожа. Старечките ...
Турскиот Амбасадор, Фатих Улусој денеска беше во официјална посета на Општина Гостивар, кадешто оствари средба со градоначалникот Ваљбон Лимани. На средбата разговараа за натамошните активности на поддршка и продолжување на соработката во различни области. „Задоволство ми е што ни е гостин Амбасадрот Улусој, драг пријател, мој и на Гостивар. Разговаравме околу сите можни соработки и во однос на нашата општина со општини од Турција, но и на ...
Државната лотарија на Република Северна Македонија упати соопштение до јавноста, кое во продолжение ви го пренесуваме во целост: „Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и ...
Вчера (20.01.2026) во ОВР Гостивар, 42-годишник од Гостивар пријавил дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил смс порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. „Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните денеска да патуваат внимателно и само доколку тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и соодветна зимска опрема, особено на повисоките места и планинските превои. Како што информираат од ЦУК, поради временските услови можно е формирање навеви од снег, а одредени патни правци на повисоките делници повремено да бидат непроодни. Од Центарот апелираат и граѓаните кои живеат во ...
„Со започнувањето на снежните врнежи, ангажираната компанија, во координација и со поддршка од јавните претпријатија, е на терен уште од раните утрински часови. Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива без прекини.“, соопшти Општина Гостивар. Снегот на гостиварското подрачје од утрово паѓа непрестано со различен интензитет и формирана е снежна покривка. Движењето на пешаците и сообраќајот низ градските улици се одвива во зимски ...
Полициски службеници од Полициското одделение Ростуше на 20 јануари 2026 година во 20:10 часот го лишиле од слобода А.Ј. (49) од селото Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Како што е пријавено од Н.А. од селото Калиште, општина Врапчиште, осомничениот А.Ј., вработен во Основниот суд во Гостивар, преку негов пријател С.М. од Гостивар понудил за сума ...
Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатитена Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалаци, а за намирување на минималните ...
Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товварни возила. Забрана за камиони има и на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Хернинг во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство, а за пласман во главната фаза на тековното Европско првенство ќе треба да го чека исходот од завршниот дуел во групата Б и да се надева на победа со двоцифрена разлика на домаќинот Данска над Португалија. Македонските ракометари во текот на ...