
Скопје
39ᴼ /
39ᴼ



Американската тенисерка Коко Гоф се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако ја победи 49. рангираната тенисерка во светот, Британката Ема Радукану, по два сета, со 6-1, 6-2. Третата тенисерка во светот славеше по само 79 минути игра. Гоф во четвртфиналето ќе игра со подобрата од дуелот помеѓу Русинката Мира Андреева и Клара Тоусон од Данска. Украинката Елена Свитолина, беше поуспешна од Даниел Колинс од САД со 6-4, 6-2, и исто ...
Прославениот српски фудбалер Дејан Станковиќ наскоро би можел за добие функција во српската репрезентација. Според руските медиуми, повикувајќи се на инсајдерот, Анар Ибрагимов, на актуелниот тренер на Спартак Москва, со кого има договор до 2026 година, му е ветена работа во српската репрезентација. Поранешниот тренер на Црвена Звезда ја смени агенцијата во ноември минатата година, а новиот агент Братислав Ристиќ му ветил на Станковиќ дека ...
Легендарниот француски голман Себастијан Фреј зад себе има неверојатна, многумина би рекле кинематографски приказна. Фреј во својата богата кариера одигра 448 натпревари во Серија А. Тој играше за Верона, Парма, Фиорентина и Џенова, а неговото најголемо достигнување е освојувањето на Купот на Италија во 2002 година со Парма. Сепак, сите најдобро го паметат како голман на Фиорентина. Поради клубот од Фиренца, или поточно од почит, Фреј откри дека ...
Фудбалерите на Венеција се изборија за огромни три бода, откако пред својата публика со минимални 2-1 славеа над Фиорентина во 36. коло од Серија А. Со оваа победа на Венеција излезе од „црвената зона“ и сега сама решава за својата судбина во последните две кола од италијанското првенство. На спротивната страна, со овој пораз, Фиорентина е сè подалеку од местата кои што водат кон Европа. Гостите подобро влегоа во натпреварот, контролирајќи ја ...
Ханси Флик има позитивна дебитантска сезона во Барселона, а за тоа е награден со продолжување на договорот. Каталонците не се подготвени да се откажат од тренерот што им помогна да останат непоразени против Реал Мадрид оваа сезона, па Германецот ќе остане во клубот до јуни 2027 година. Откако пристигна на клупата, германскиот стручњак донесе одлична атмосфера во соблекувалната на Барселона. Оваа сезона тие Барса е еден од најдобрите тимови во ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер игра одлично по враќањето на терените и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим. Првиот рекет на АТП славеше над Јеспер де Јонг со 6-4, 6-2 и со тоа закажа дуел против Франциско Серундоло во следната рунда. Италијанецот до посакуваниот триумф стигна за околу 90 минути игра и се чини не потроши премногу сила, бидејќи ќе му биде потребна во понатамошниот дел од турнирот. Меѓуоа, неочекувано испушти две ...
АБА лигата ќе биде проширена од 16 на 20 клубови, а останува да се донесе одлука кои клубови ќе добијат шанса. Постои можност за доделување на местата преку „вајлд-карта“, а наводно челниците на лигата се отворени и за клубови кои не се од регионот по примерот на Дубаи. Еден од најзаинтересираните за место во следната сезона на АБА лигата е шампионот на Еврокупот - Хапоел Тел Авив. Израелскиот клуб сака да заигра во Јадранската лига, а наводно ...
По одигрувањето на последното „Ел Класико“, Барселона стигна до бројката од 105 победи во меѓусебните пресметки со Реал Мадрид, со што се израмни со вечниот ривал, кој има забележано исто толку триумфи. Во вкупно 262 натпревари овие ривали ремизирале 52 пати, а сега се многу близу и до севкупната бројка на постигнати голови. Реал Мадрид има 443 погодоци, наспроти 439 на Барселона. Апсолутен рекордер на „Ел Класико“ е Лионел Меси со 26 голови ...
Светската ракометна федерација (ИХФ) информираше дека втората „вајлд-карта“ за настап на следното Светско првенство за жени ќе ја добие репрезентацијата на Хрватска. Оваа одлука ја разочара македонската селекција, чија федерација беше една од четирите кои аплицираа, а во игра беа уште Литванија и Словенија. ИХФ објаснува дека уште важи правилото за немање конкретни критериуми за добивање на специјална покана, но предвид секогаш се земаат неколку ...
Екипата на прволигашот Пелистер беше на последниот натпревар против Силекс беше освежена со неколку млади таленти кои добија шанса да настапат во сениорска конкуренција. Од клубот велат дека тоа само ја потврдува клупската филозофија за промовирање на млади и перспективни играчи, а на мечот со Силекс шанса добија неколку фудбалери од младинска и кадетска категорија. Во Кратово настапија Натаниел Димовски (роден 2006 година), Христијан ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и неколку негови соработници денес беа во посета на Битола и стадионот „Петар Милошевски“, каде извршија увид на состојбата на објектот. Целта е да се исполнат условите на УЕФА за одигрување на квалификацискиот натпревар помеѓу У21 репрезентациите на Македонија и Италија, па затоа се работи на добивање лиценца од комисиите на Европската фудбалска куќа. Натпреварот треба ...
Фудбалската федерација на Македонија покрена дисциплинска постапка против седум фудбалери на Кожув поради сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот против Башкими, кој се одигра на шести мај. Од „Куќата на фудбалот“ информираат дека постапката се темели на досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица ...
Карло Анчелоти и официјално е нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација. Она што се најавуваше долго време, конечно доби потврда, а тоа значи дека искусниот италијански стратег ќе ги предводи „кариоките“ во поход кон нови светски успеси. Бразилската федерација потврди дека Анчелоти го презема официјално националниот тим нма 26 мај годинава и веднаш ќе се посвети на плодотворна и успешна работа. Славниот „Дон Карло“ го напушта Реал ...
Македонскиот фудбалер од редовите на Борац Бања Лука, Бобан Николов, беше избран во тимот на 30. коло во босанскиот шампионат. Николов се најде во одбраното друштво заедно со својот соиграч, Себастијан Херера, кој порано настапуваше за Работнички и штипска Брегалница. Борац во минатото коло славеше со минимални 1-0 над екипата на Вележ, а нашиот Николов му асистираше на Ѓорѓе Деспотовиќ, кој стрелаше во 24. минута. Забележителен настап имаше и ...
Македонската судијка Ива Пројковска доби огромна чест и признание во кариерата, откако беше делегирана како четврти судија на финалниот натпревар во Лигата на шампионите за жени. Пројковска ќе работи на мечот за трофејот заедно со помошничките Сања Роѓак-Каршиќ и Маја Петравиќ од Хрватска, а главен судија ќе биде нивната сонародничка Ивана Мартинчиќ. Во ВАР-собата ќе седат Тиаго Бруно Мартинс од Португалија и Момчило Марковиќ од Србија. Ова е ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на најважните натпревари во сезоната. Финалето во Лигата на шампионите му припадна на романскиот судија Иштван Ковач од Романија, а нему ќе му помагаат сонародниците Михаи Марика и Ференц Тунјоги. Четврти судија ќе биде Жоао Педро Пињеиро од Португалија. а главен во ВАР-собата ќе биде Холанѓанецот Денис Јохан Хиглер. 40-годишниот Ковач првпат ќе суди финале во ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, во краток разговор со италијанските медиуми изјави дека неговиот тим ќе се бори до последен здив за шампионската титула и нема да се откаже од сонот за одбрана на тронот. Инзаги малку комбинираше со составот на последните два натпревари против Верона и Торино, но успеа да забележи две победи, а во прилог му оди и ремито на Наполи против Џенова. Разликата на табелата сега изнесува само еден бод, по што тренерот ...
Хрватскиот репрезентативец Звонимир Срна доживеа хорор-повреда на квалификацискиот натпревар за Европското првенство против селекцијата на Луксембург. Срна во еден момент беше силно соборен од противнички играч кој стартуваше со лакт директно во неговото грло, по што остана да лежи на паркетот. Откако дојде до клупата почна да искашлува крв, што беше јасен сигнал дека нешто не е во ред и веднаш беше пренесен во болница, каде било востановено ...
Навивачката група на ФК Сараево, „Хорде зла“, изнесе сериозни обвинувања за управата и стручниот штаб и најави дека нема намера да го слави „однапред договорениот трофеј во Купот на Босна и Херцеговина. На овие обвинувања се огласи тренерот Зоран Зекиќ, кој рече дека навивачите извршиле удар врз неговото достоинство и ги отфрли сите наводи за евентуална „местенка“ на било кој натпревар. „Сакам јасно да ставам до знаење дека имам потполна ...
Антонио Конте не беше задоволен по ремито на Наполи против Џенова во 36. коло на Серија А, истакнувајќи дека чувствува огорченост и разочарување за конечниот епилог од мечот. „Партенопеите“ направија мал кикс и му дозволија на Интер да се доближи на само еден бод во шампионската трка, а Конте смета дека на мечот со Џенова неговиот тим заслужил да го освои целиот плен. „Чувствувам огорченост и мал гнев, но ја прифаќам ситуацијата. Имавме мал ...
Крајно возбудлив, интересен, на крајот и драматичен беше финалниот натпревар во М12 лигата во машка конкуренција. Финалистите, Вардар и Борец Баскет прикажаа игра која ги задоволи двете страни од трибината во салата „8.септември“ во Тетово, каде овој викенд се играше завршницата од оваа возрасна категорија од младинските лиги. На крајот вардарци извојуваа победа од 80-76. Наградата за најкорисен играч на „фајнал-фор“ турнирот ја доби најдобриот ...
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) наскоро ќе ги соопшти земјите кои ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2029 година. Според информациите на „Live Sport", во најтесна конкуренција се Литванија, Шпанија, Словенија и Грција. Сите земји имаат неколку „адути во ракавот“, а најинтересен е предлогот на Шпанците, кои сакаат неколку мечеви да се играат и на легендарниот „Сантиаго Бернабеу“, каде би присуствувале над 70.000 гледачи! Грција ...
Барселона и Реал Мадрид одиграа уште едно супер-возбудливо „Ел Класико“ во кое како поумешен се покажа каталонскиот гигант, кој славеше со конечни 4-3 и скоро ја обезбеди титулата во Примера. Младите ѕвезди на Барса беа во одлично расположение и на моменти имаа тотална доминација на теренот, а тоа се потврдува и со еден неверојатен факт - Реал Мадрид во првото полувреме не мина на противничката половина скоро 23 минути! Од асистенцијата на ...
Фудбалерот на скопски Вардар, Горан Закариќ, после победата над Работнички го сподели своето мислење за натпреварот и очекувањата во црвено-црниот табор. Избраниците на Гоце Седлоски продолжија со добрите резултати во пролетниот дел од сезоната, а Закариќ смета дека тимот се прикажал во одлично светло и на мечот со градскиот ривал. „Остваривме заслужена победа и се прикажавме во добро светло. Ни останува да се подготвиме за последниот предизвик ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот М75 челенџер во Загреб, откако беше поразен во последното квалификациско коло од Босанецот Мирза Башиќ со конечни 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 7-6/1. Ивановски пружи голема борба против ривалот кој е дури 500 места подоброрангиран на АТП листата, го освои вториот сет и израмни на 1-1, но немаше сили во тај-брејкот од третиот сет и мораше да се помири со елиминација. Мечот ...
Младиот дебитант во тимот на Реал Мадрид, Виктор Муњоз, мораше да го затвори својот инстаграм профил откако доби лавина навредливи и заканувачки коментари по нереализираната голема шанса во финишот од мечот против Барселона. Муњоз истрча сам пред голманот Шчесни и биеше силно, но топката заврши крај десниот дирек и на тој начин „кралевите“ ја испуштија најголемата можност да останат непоразени во вечното „Ел Класико“. 21-годишниот Муњоз првпат ...
Кошаркарите на Ангели го направија првиот посериозен чекор кон пласманот во Првата лига откако во првиот полуфинален натпревар од серијата, беа многу подобри од штипски Соколи 1933. Тимот на тренерот Игор Гацов славеше со повеќе од убедливи 10-57, за почетно водство од 1-0 во серијата во која нов прволигаш ќе биде екипата која ќе реализира две победи. Многу работи станаа јасни на овој натпревар уште во првиот период од играта во кој екипата од ...
Трката за „златната копачка“ се разгорува со секое изминато коло во националните шампионати, а најсериозни кандидати за признанието во моментов се Мохамед Салах од Ливерпул и Виктор Ѓокереш од Спортинг. Зад нив е Килиан Мбапе од Реал Мадрид, кој постигна хет-трик на дербито со Барселона, но не успеа да спречи пораз на својот тим. Со вкупно 27 погодоци, Мбапе сега е на само три бода зад Ѓокереш, кој впиша асистенција на мечот со Бенфика, додека ...
На едно коло до крајот на првенството пионерите на Брера со победата над градскиот ривал Беласица ја заверија шампионската титула. Генерацијата 2008, предводена од тренерот Мартин Алаѓозовски, покажа најмногу оваа првенствена сезона во својата конкуренција, оставајќи го Вардар зад себе, независно од епилогот во последното коло. Ова е прва титула за школата на Брера оваа сезона, а од струмичкиот табор очекуваме нови трофеи до крајот на сезоната. ...
Нотингем Форест не успеа да ги освои сите три бода против веќе испаднатиот Лестер Сити. Ова ја искомплицира нивната борба за Лигата на шампионите, што го принуди Евангелос Маринакис да слезе на теренот за да му каже нешто на својот менаџер. Нуно Еспирито Санто не може да биде задоволен од настапот на својот клуб, кој во последните три натпревари не забележа ниту една победа против послабо рангирани тимови. „Шумарите“ беа поразени од Брентфорд и ...