
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Македонскиот ракометен колектив Вардар 1961 продолжува да го засилува својот ростер за следната натпреварувачка сезона. Во вардаровото семејство ќе се приклучи искусниот словенечки интернационалец Јака Малус, кој со „црвено-црните“ се договори на соработка на две сезони. Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ лигата на шампионите и Европската лига. Се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на ...
Вардар 1961 се пофали со потписот со Јака Малус, словенечкиот среден бек со завидно искуство играјќи во Лигата на шампионите. 28-годишникот стави потпис на двегодишен договор со „црвено-црните“ од Скопје и ќе се приклучи на тимот претстојното лето за следната сезона. По потписот со вардарци, Малус нагласи дека ќе му биде посебна гордост и чест да игра за клуб со таква историја. „Голема чест ми е што станувам дел од еден од најголемите ракометни ...
Предводникот на Реал Мадрид, Чус Матео, во стил на голем професионалец го призна поразот од Олимпијакос во четвртфиналето од плеј-офот на Евролигата и рече дека клубот нема да се жали на ниту една судиска одлука. Реал не успеа да ја одведе серијата во „мајсторка“ и беше елиминиран со конечни 3-1, а тренерот Матео ги пофали своите избраници и рече дека тие го дале својот максимум. „Жал ми е за навивачите, затоа што ни даваа огромна поддршка. Нема ...
УЕФА коефициентот за следната сезона 2025/26 во Лигата на шампионите им гарантира по пет учесници на Премиер лигата и шпанската Примера. Според новиот систем на натпреварувањето, двете лиги кои котираат најдобро добиваат по едно место плус, оваа сезона тоа го користеа Серија А и Бундеслигата, а следната носи промена. Бидејќи веќе имаат сигурни пет места во елитното натпреварување, ако англиски клуб ја освои Лигата на Европа ќе добие дополнително ...
Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка се пласираше во финалето на ВТА Мастерс турнирот во Мадрид. Белорусинката во два сета го доби дуелот со Елена Свитолина (2-0) по час и 33 минути борба. Првиот сет Сабаленка го доби релативно лесно со 6-3. Потоа Украинката пружи посолиден отпор, ама загуби пак го загуби сетот овојпат со 7-5. Фаворитката на тој начин си ја оправда улогата и се пласира во мечот за трофејот. За Сабаленка ова е четврто ...
Никола Јокиќ го прокоментира поразот на Денвер Нагетс од Лос Анџелес Клиперси кој ја одведе осминафиналната серија во решавачки седми меч. Српскиот центар призна дека на него и неговите соиграчи не им одело најдобро и не биле на посакуваното ниво во Инглвуд. „Имавме две серии во втората четвртина и бевме без фокус, дисциплина, па тие се вратија во мечот. Не ни одеше во напад, ниту во одбрана, секоја „втора топка“ падна кај нив. Бевме близу, ама ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја одржаа неизвесноста во серијата против Денвер Нагетс откако го добија шестиот натпревар со 111-105. Тимот од Калифорнија пронајде решение и во вториот дел успеа да го задржи Никола Јокиќ, па го доби мечот и избори мајсторка во осминафиналето на НБА лигата. Џејмс Харден со 28 и Каваи Ленард со 27 поени и 10 скока беа најдобри во таборот на Клиперси. Од друга страна, Јокиќ го заврши мечот со 25 поени од кои ...
Англискиот премиерлигаш Тотенхем официјално потврди дека го продолжи договорот со талентираниот Лукас Бергвал и тој ќе остане во Лондон до 2031 година. Деветнаесетгодишниот Бергвал пристигна минатото лето од шведскиот Ѓургарден, а оваа сезона одигра 45 натпревари за „петлите“ и остави силен впечаток во тимот на Анге Постекоглу. Иако екипата е на очајното 16. место на табелата, сепак, управата реши да не губи време и да го „врзе“ младиот Швеѓанец ...
Чарлс Леклерк даде коментар за перформансите на неговиот нов колега од Ферари, Луис Хамилтон, и уште еднаш го поддржа Британецот во неговата адаптација на болидот и работата на Скудерија. „Секогаш е тешко кога ќе се приклучите на нов тим, каде што работат на различен систем, автомобилот е нов и различен. Но, сигурен сум дека Луис ќе го направи тоа. Веќе научив многу од Хамилтон оваа сезона. Одлично е што го имаме во тимот и тој се справи со ...
Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џру Холидеј, ја доби наградата за „Спортска личност на годината“, која ја доделува раководството на НБА лигата. Холидеј доби нешто повеќе од 34 проценти од гласовите кои беа поделени за скоро 400 играчи, станувајќи петтиот кошаркар кој повеќе од еднаш се закитил со признанието „NBA Sportsmanship award". Првиот пат на Холидеј тоа му успеа во сезоната 2020/21, кога беше дел од екипата на Милвоки Бакс. Овој трофеј е ...
Најдобриот стрелец на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, дефинитивно нема да игра на натпреварот против Стразбур во недела, објавија француските медиуми. Напаѓачот е повреден од натпреварот против Арсенал пред неколку дена и тренерскиот штаб не сака да ризикува. Токму Дембеле го постигна единствениот гол на натпреварот на „Емирати“, кој ПСЖ го доби со 1-0. Дембеле има истегнување на бутниот мускул, поради што беше заменет во 70-тата минута против ...
Брентфорд го изненади Нотингем Форест и му нанесе болен пораз во битката за пласман во Лигата на шампионите, а на овој меч беше видена и една ретка ситуација кога голманот е директен асистент за погодокот на својот тим. Гостите го запечатија триумфот со голот на Жоан Виса во 70. минута, а топката до него дојде од голманот Марк Флекен, кој дегажираше од петерецот и успеа да го пронајде својот напаѓач. Рака на срце, голот оди и на душа на ...
Екипата на Олимпијакос ја заокружи четвртфиналната серија во евролигашкиот плеј-оф и славеше над Реал Мадрид со конечни 86-84, обезбедувајќи си пласман на завршниот турнир и шанса за нов трофеј од елитното натпреварување. „Кралевите“ беа силно мотивирани после победата на минатиот меч, но грчкиот гигант беше одличен во скоро сите сегменти од играта, а триумфот беше заокружен во последната четвртина. На полувремето Реал водеше со пет поени ...
Екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед имаат сезона за заборав во Премиер лигата, но затоа во Лигата на Европа се главни. Со убедливи победи, двата премиерлигаши се наоѓаат пред портите на финалето на второто натпреварување на УЕФА. Тотенхем во Лондон го пречека изненадувањето Бодо/Глимт од Норвешка и демонстрира моќ. Славеше со убедливи 3-1 (2-0) против тимот кој е дебитант во полуфиналињата на европските натпреварувања од скандинавската ...
Англискиот премиерлигаш Челзи со едната нога е веќе во финалето на Конференциската лига на УЕФА, откако славеше со убедливи 1-4 (0-2) на гостувањето во првиот полуфинален натпревар кај шведскиот Ѓургарден. „Сините“ на Енцо Мареска беа многу подобар ривал, резултатот на паузата го поставија Џејдон Санчо и Нони Мадуеке, а потоа триумфот го запечати Николас Џексон, кој биеше двапати во второто полувреме. nikolas.jpg Почесниот погодок за домашниот ...
Екипата на Барселона го издржа силниот налет на Пик Сегед во четвртфиналниот реванш од Лигата на шампионите и впиша пораз со минимални 29-30, резултат доволен за пласман на „фајнал-фор“ турнирот со севкупни 56-54. Трофејниот шпански гигант имаше водство од два гола на полувремето (16-14), но гостите од Унгарија тргнаа со многу поголема мотивација во вториот дел и делуваа дека имаат сили за подвиг. barca1.jpeg Пик Сегед го презеде водството во ...
Италијанскиот ас Лоренцо Мусети го победи изненадувањето на турнирот, Канаѓанецот Габриел Дијало, по околу час и половина тенис во „Магичната кутија“ со резултат 6-4, 6-3 и се пласира во полуфиналето во Мадрид. Новопечениот член на најдобрата десетка дојде до победа без да изгуби сет, но не лесно, против најголемото изненадување на турнирот, малку познатиот Канаѓанец кој го нокаутира Григор Димитров во осминафиналето откако спаси три меч-топки. ...
Хитот на сезоната во Премиер лигата, екипата на Нотингем Форест, загуби од Брентфорд (0-2) во заостанатиот меч од колото во англиската елита и така го доживеа третиот пораз во последните четири кола, што е голем удар за тимот во битката за Лигата на шампионите. Ливерпул и Арсенал се веќе во елитното друштво, а за останатите три места ќе следи жестока битка од пет тима. Њукасл Јунајтед е трети со 62 бода, следи Манчестер Сити со 61 бод, а Челзи и ...
Хари Мегваер е стопер, но на мечот против Атлетик Билбао направи несекојдневен потег и намести погодок на „Сан Мамеш“. При акцијата во која Манчестер Јунајтед го даде првиот гол во Баскија, стоперот беше во улога на крило. Издрибла двајца ривали и нафрли, а топката Угарте ја проследи со глава до Касемиро, за гол за „ѓаволите“. Навивачите на Манчестер Јунајтед со одушевување го проследија потегот на Мегваер на едно од најтешките гостувања во ...
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев во интервју за италијанските медиуми ја пофали играта на Интер против Барселона и истакна дека е навистина штета што „нераѕурите“ не победиле на гостувањето во Шпанија каде дадоа три гола (3-3). „Неверојатен меч, штета што не победивме. Интер одигра луд дуел, не секој може да се покаже така. Интер заслужи многу повеќе. Го држеа теренот доста добро, сите беа поставени според план, имаа и одлични ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска одигра два маратонски меча на ИТФ фјучрс турнирот во Лопота, Грузија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа одигра вкупно шест сета и мина четири часа и 30 минути игра на терените, притоа постигна победа во двојки и пораз во сингл конкуренција. Во второто коло од поединечна конкуренција Ѓорческа загуби од Анастасија Тихонова од Русија со 2-1 во сетови (6-7(3) 6-4 6-4). Првиот сет ...
Германскиот бундеслигаш Магдебург патува на завршниот Ф4-турнир во Лигата на шампионите. Тимот во супер-драматичен меч успеа да слави над Веспрем како гостин (27-28) и така дојде до виза за место во Келн, а ја продолжи агонијата на унгарскиот гигант кој константно вложува големи средства. Веспрем започна моќно и носен од Родриго Коралес (четири одбрани во раната фаза), се одлепи на +3. Разиграно делуваа Ремили и Косоротов, а и во играта во ...
Американската тенисерка Коко Гоф се пласира во финалето на ВТА турнирот во Мадрид, откако денес во полуфиналето ја победи Полјачката Ига Швјонтек со 6-1, 6-1. Натпреварот траеше 64 минути. а Гоф е четврта рангирана тенисерка во светот, додека Швјонтек е на второто место на ВТА листата. Ова беше петнаесетти дуел помеѓу полската и американската тенисерка, а четврти триумф за Гоф. Гоф во финалето ќе игра против победничката од натпреварот помеѓу ...
Одбранбениот фудбалер Ерик Дајер, чиј договор со минхенски Баерн истекува на 30 јуни, кариерата ќе ја продолжи во Монако, објавија британските медиуми. Според истите извори, преговорите со францускиот прволигаш се во завршна фаза, а 31-годишниот Дајер треба да потпише тригодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона. Поранешниот англиски репрезентативец пристигна во баварскиот клуб во јануари минатата година, а оваа сезона одигра ...
Првиот човек на Меѓународната автомобилска федерација, Мохамед Бен Сулајем, на својот инстаграм профил објави дека од следната сезона ќе се промени правилото за пцовки во најпрестижниот циркус, Формула 1. После сите информации што ги добивме од тимовите кои се натпреваруваат во седум светски шампионати, сфативме дека мораме да направиме одредени промени и да го намалиме притисокот врз возачите. Можам точно да ги разберам затоа што и јас сум ...
Шпанецот Јулен Лопетеги официјално ја презема репрезентацијата на Катар и ќе ја води оваа азиска земја низ сите следни предизвици, а дебитантскиот натпревар ќе го има на 5 јуни, кога неговата селекција ќе се сретне со Иран во квалификациите за Светското првенство. Катар во моментов е на позицијата која води во плеј-офот за пласман на Мундијалот, со дури десет бода заостанување зад следниот ривал, а потоа го очекува и меч против Узбекистан, кој е ...
На денешен ден пред 31 години легендарниот Формула 1 возач, Аиртон Сена, го загуби својот живот на трката за големата награда на Сан Марино. Бразилецот кој беше еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња, почина на 34-годишна возраст откако ја загуби контролата над својот болид при брзина од над 300км/ч и удри директно во ѕид на патеката „Енцо и Дино Ферари“. Легендарниот Сена во својата богата кариера извојува 41 победа во Формула 1 и ...
Кристијано Роналдо никако не можеше да се помири со испаѓањето на Ал-Наср од азиската Лига на шампиони. Тоа беше очигледно и веднаш по завршувањето на полуфиналниот натпревар, кога Португалецот се критикуваше самиот себеси и зборуваше со себе додека уште беше на теренот. Првата ѕвезда на тимот пропушти неколку одлични шанси, а најзрелата ја имаше во судиското надополнување, но не успеа да го спаси својот тим од елиминација. Саудискиот клуб беше ...
Сезоната за големите европски клубови нема да заврши во јуни, тукку во јули. Причината е првиот Мундијал за клубови на ФИФА; на кој ќе настапат 32 екипи. Манчестер Сити е еден од фаворитите, а по неуспехот во Премиер лигата и Лигата на шампионите ќе се обиде да надополни со добар турнир. Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб. ...
Полската тенисерка Ига Швјонтек имаше малку арогантен однос кон дел од новинарите на прес-конференцијата во Мадрид и рече дека „не сака да одговара на глупави прашања“. Швјонтек беше прашана дали мисли дека АТП турнирите стануваат многу слични на оние во женска конкуренција и тешко е да се предвиди победникот, на што имаше прилично дрзок и неочекуван одговор. „Не знам зошто правите вакви глупави споредби. Ова се глупави прашања, а можеби и јас ...