Екипата на Работнички повторно славеше над Пелистер, овој пат со високи 79-50, за водство од 2-0 во четвртфиналната серија во мак-баскетот која се игра до три победи. Во следниот меч, серијата се сели во Битола. Проблемот на пелистерци на оваа средба беше слабото второ полувреме, во кое избраниците на Трајковиќ потфрлија напаѓачки. „Зелените“ од Битола во третиот и четвртиот квартал дадоа само 16 поени, или поточно пет поени во третата четвртина ...

Алкалоид обезбеди место во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ со победа по изведување на пенали над Рунар Сандефјорд од Норвешка. Македонскиот тим загуби со пет гола на гостувањето (29-34), но заради победата од пет гола во Скопје, мечот го решија седмерци. Херој на македонскиот клуб е Иван Галевски. Голманот прво пред крајот одбрани шут за плус шест на Норвежаните со „шпага“. А, потоа, следеше шоу во пенал-серијата и три одбранети удари од седум ...

Еден ден откако Воска Спорт официјално соопшти дека се повлекува од настапите во Првата македонска фудбалска лига, првиот човек на клубот, Нефи Усеини им се обрати на јавноста и навивачите на клубот и откри поради кои причини беше донесена ваква одлука. Имено, сопственикот на Воска Спорт истакна дека потрошил стотици илјади евра од лични средства, а неговата идеја била да се изгради клуб кој ќе обединува. „Од основањето на клубот Воска Спорт, ...

Екипата на Еурофарм Пелистер запиша лесна победа над Радовиш (50-28) и се пласира на завршницата од ракометниот Куп на Македонија каде ќе се игра за титулата. Избраниците на Алонсо добија два меча во два дена и си ја завршија домашната задача во Битола. Евидентна беше разликата, иако Еурофарм Пелистер комбинираше и ротираше на овој меч и шанса добија сите ракометари. eurofarm-pelister-radovis-27.4-1.jpg Најдобар стрелец кај победникот беше ...

Македонскиот ракометен колектив Алкалоид од Скопје го забележа досега најголемиот успех во кратката клупска историја и за првпат ќе игра едно европско финале. Во својата втора сезона на меѓународна сцена четата на Кирил Лазаров ја израдува Македонија, а успехот на Алкалоид го испочитуваа најголемите ривали во македонскиот шампионат Еурофарм Пелистер и Вардар, како и Ракометната федерација на Македонија. „Се радуваме на секој успех на ...

Фудбалерите на Јувентус извојуваа сигурна победа над Монца со 2-0 во Торино во натпревар од 34. коло од италијанската Серија А. „Бјанконерите“ лесно го скршија отпорот на гостите, а најзаслужни за тоа без зимското засилување Рандал Коло Муани и Нико Гонзалез. Првиот погодок го постигна Аргентинскиот офанзивец, кој во единаесеттата минута на додавање на Веига го отвори резултатот и донесе радост на трибините. Во продолжение Коло Муани пропушти ...

Екипата на Алкалоид направи голем успех за македонскиот ракомет со пласман во финалето во Европскиот Куп на ЕХФ преку норвешки Рунар Сандефјорд. Тимот предводен од Кирил Лазаров, а составен од 95% македонски ракометари, дојде до мечот за трофеј по изведување на седмерци. На радоста ѝ немаше крај, а играчите прославија со „осмиот играч“ - публиката. Стотици Македонци дадоа поддршка за Алкалоид на ова гостување, претежно нашинци кои живеат во ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи со соопштение по повод напуштањето на терен од страна на фудбалскиот клуб Гостивар на мечот со Работнички. Домашните примија гол за 1-2, па решија да покажат револт од судењето и да се повлечат. Воедно, судиите во извештајот имаат наведено дека добиле закана за ваков епилог уште од стартот на средбата. Во прилог, соопштението на ФФМ. „На денешниот натпревар од ПМФЛ меѓу Гостивар и Работнички ...

Навивачите на Ливерпул конечно по 35 години можат да прослават титула во Премиер лигата како што доликува, бидејќи претходната во сезоната 2019/20 беше во корона-време. Тогаш играчите славеа пред празните трибини на „Енфилд“, а во повеќе наврати нагласуваа дека едвај ја чекаат следната титула за да слават со своите најверни фанови. Поради тоа, во победата над Тотенхем од 5-1 емоциите беа на високо ниво. Еуфоријата се чувствуваше на култниот ...

Фудбалерите на Манчестер Сити се радуваа на победа над Нотингем Форест од 0-2 (0-1) во полуфиналеот на ФА Купот. Натпреварот на „Вембли“ го решија играчи со дефанзивни карактеристики со два погодоци на стартот на првото и второто полувреме. Само во втората минута од средбата „граѓаните“ стигнаа до гол за водство. Ковачиќ го проигра Рико Луис кој остана осамен и од 17-18 метри биеше прецизно матирајќи го противничкиот голман за 0-1. Резултатот не ...

Фудбалерите на Ливерпул убедливо славеа во дерби дуелот од 34. коло на Премиер лигата против Тотенхем со 5-1 (3-1) и на четири рунди пред крајот математички го обезбедија трофејот. Дваесеттата титула во историјата на клубот доаѓа по пет сезони пауза, а првпат по 35 години навивачите на „Енфилд Роуд“ и по улиците на Ливерпул ќе имаат масивна прослава. Причината е тоа што во 2020 година се играше пред празни трибини. Резултатот во Ливерпул го ...

Уште еден скандал го тресе македонскиот фудбал. Овој пат во фокусот е Гостивар, кој го напушти теренот на мечот со Работнички при резултат 1-2, веднаш откако „романтичарите“ дадоа гол за водство. Во извештајот по мечот на судиите е наведено дека Гостивар се повлекол по инструкции на управата, но има уште едно пошокантно признание, каде стои дека домаќинот преку лице кое носело акредитација се заканувало дека клубот ќе напушти терен ако губи со ...

Ракометот низ годините се издигна како спорт број еден во Македонија, а клуб кој се нанижа на европските успеси низ историјата е Алкалоид, кој обезбеди финале во Европскиот Куп на ЕХФ. Тимот на Лазаров стана петтата екипа од нашата земја која игра едно финале во европски рамки во машка и женска конкуренција. Алкалоид кај мажите им се придружи на двократниот европски првак Вардар 1961 и на Пелистер кој има финале во Челинџ Купот во сезоната ...

Легендите на Македонија гостуваа во Варна на „Спартак Стадион“ против легендите на Бугарија и славеа со 2-3 во хуманитарниот натпревар посветен на жртвите во трагедијата во Кочани. Македонската ветеранска репрезентација предводена од капитенот Горан Пандев успеа да триумфира против популарните „Национали 94“, односно славната генерација од 1994 на Бугарија. 1f28dcc8-040c-4fe0-9eac-1c4caa8a0c30.jpg Нашата селекција поведе во 21. минута со голот ...

Македонскиот ракометен Куп-освојувач Алкалоид го одигра реваншот со норвешки Рунар Сандефјорд на кој дојде со пет гола позитива, а патникот во финалето го решија пенали. Норвежаните во регуларниот дел победија со 34-29 и ја анулираа негативата од првиот меч, тоа донесе седмерци во кои поуспешен беше Алкалоид кој даде три пенали, наспроти противникот кој промаши три. Избраниците на Кирил Лазаров имаа лош старт во полната сала во Сандефјорд, затоа ...

Алкалоид со победа по пенали над Рунар од Норвешка обебеди финале во Европскиот Куп на ЕХФ, а таму чека двомеч со грчкиот ракометен клуб АЕК од Атина. Драмата во Сандефјорд им припадна на момците на Лазаров кои се покажаа како подобри пеналџии во серијата. Првиот натпревар Алкалоид со АЕК ќе го игра во Скопје, а реваншот е во Атина. Првиот натпревар ќе се игра 17/18 мај, се очекува сала-домаќин да биде СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот е ...

Екипите на Силекс и Струга Трим Лум одиграа цврст натпревар во едно од дербијата на 29. коло од Првата македонска лига, а на крајот ривалите ги поделија бодовите во ремито со конечни 0-0. Првото полувреме понуди прилично тврда игра на двете страни, а гостите беа тие што ја имаа иницијативата во раната фаза од мечот. Стружани имаа неколку прилики, во еден момент бараа и најстрога казна, но сепак не го отворија резултатот во првите 20 минути. ...

Фудбалерите на Пелистер ставија крај на кризата и забележаа победа по четири порази во ПМФЛ, откако на својот „Петар Милошевски“ го добија дуелот со Тиквеш со 1-0. Натпреварот од 29. коло беше израмнет, со шанси на двете страни и две различни полувремиња. Кавадарчани беа подобри во првиот, а битолчани во вториот дел и стигнаа до важна победа. Стартот на средбата беше тврд и израмнет, нешто поофанзивен беше Пелистер кој се обидуваше да се ...

Лидерот Шкендија неочекувано ремизираше на домашен терен од Шкупи не успеа да побегне на врвот на табелата. Дуелот од 29. коло на ПМФЛ заврши 3-3 (1-3), но со оглед на тоа што Силекс само ремизираше со Струга, разликата меѓу двете водечки екипи остана четири бода. Јетон Беќири го повтори тимот кој славеше на теренот на Беса пред осум дека и Тамба и Латифи му беа поддршка на капитенот Ибраими. Чаирчани среде голема резултатска криза допатуваа во ...

Гостивар го напушти теренот на натпреварот против Работнички при резултат 1-2 во 85. минута, но тоа ќе му донесе службен пораз затоа што одби да се врати и да го доигра мечот иако имаше барање од страна на гостинската екипа и судиите за такво нешто. Домашната екипа во го напушти теренот по вториот гол на Работничлки, па судиската тројка и гостинската екипа останаа на теренот. По чекање од петнаесетина минути, Гостивар не се појави на теренот и ...

Нов скандал во најава во македонскиот фудбал! Екипата на Гостивар го напушти теренот откако Работнички направи пресврт (1-2) во дербито за Европа. Незадоволни од судиските одлуки, домашните играчи заминаа во соблекувалната. На теренот се најде и газдата на клубот Уста, еден од шефовите на стручниот штаб Панов, кои по разговор со четвртиот судија си заминаа од терен. Работнички и судиите се уште се на теренот во Маџари и чекаат расплет на ...

Фудбалерите на Рома му нанесоа сериозен удар на Интер во натпреварот од 34. коло на Серија А, победувајќи на „Џузепе Меаца“ со 0-1 (0-1). „Нераѕурите“ врзаа три порази во низа во изминатите седум дена, откако загубија во првенството од Болоња и од Милан во Купот, а овој резултат дополнително ќе ја подгрее трката за титулата и му оди од рака на Наполи. Средбата тргна со поништен гол на Давиде Фратези во шестата минута поради недозволена позиција. ...

Манчестер Јунајтед се спаси од нов пораз и успеа да освои бод кај Борнмут со голот на Рамус Хојлунд во 96. минута во натпреварот од 34. коло на англиската Премиер лига. Стрелец на првиот погодок на натпреварот беше Антоан Семењо во 23. минута, а оваа предност домаќинот ја задржа и на паузата меѓу двете полувремиња. Јунајтед имаше бројчана предност во вториот дел откако Еванилсон беше исклучен во 68. минута и силно притисна за израмнувачки гол. ...

Клупската легенда на Вардар, Влатко Грозданоски, повторно ќе биде дел од црвено-црните, овој пат како тренер во младинската школа на најтрофејниот клуб. До крајот на сезоната на клупата на пионерите, генерацијата 2009 година ќе биде Грозданоски. Во својата богата играчка кариера, поранешниот македонски репрезентативец за првиот тим на Вардар има 144 настапи, беше дел од А- репрезентацијата на Македонија на 50.натпревари. Грозданоски покрај што ...

По почетните грешки во одбрабите и два автогола, конечно видовме мајсторија на дербито од 29. коло на ПМФЛ меѓу Шкендија и Шкупи. Гостите делуваа комотно и разиграно и вторпат поведоа во 15. минута. Имери изведе перфектен слободен удар во 15. минута, го префрли „живиот ѕид“ и го принуди Амзаи на капитулација (1-2). Натпреварот е од витално значење во трката за титулата за тетовчани, а клубот од Чаир нема шанси да излезе на меѓународна сцена и ...

Барселона успеа да го добие „Ел Класикото“ со Реал Мадрид со 3-2 и со тоа го освои својот втор трофеј годинава, откако по Суперкупот дојде и до Купот на Кралот. Реал Мадрид, кој имаше револт од судиите пред мечот, остана на ист став и по него и ги изброи сите грешки на судијата Рикардо де Бургос Бенгочеу на својата клупска телевизија Во 67-та минута, играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, направи прекршок над Килијан Мбапе, кој се ...

Почетокот на дербито на двата поранешни шампиони, Шкендија и Шкупи, почна во знакот на два комични автогола. Во петтата минута Шкупи неочекувано поведе. Кадриу мина по левата страна, убаво нафрли по земја, Мерџани стигна пред Ибиши, но интервенираше несмасно и ја погоди сопствената мрежа (0-1). Минута подоцна лидерот на ист начин возврат – со автогол. Бесарт Ибраими продре по десната страна и центрираше, се сплеткаа дефанзивците на Шкупи и Гуеје ...

Шпанскиот МотоГП возач Алекс Маркез ја заврши спектакуларната трка во Херез со победа, по триесет одлични круга на асфалтот во јужна Шпанија. И не само што Алекс Маркез победи по хаосот во Херез, туку сега е и најдобар возач во Мото ГП шампионатот со 131 поен, додека неговиот постар брат Марк Маркез има 129. На подиумот му се придружија Фабио Квартараро и Франческо Бањаја. Потоа следуваат Вињалес, Диџанантонио, Биндер, Акоста, Огура, Бастианини, ...

Младата суперѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, по натпреварот со Реал Мадрид во Купот на кралот изјави дека неговиот тим заслужено го освоил трофејот и ги пофали своите соиграчи за прикажаното на теренот. Барселона успеа во продолженијата да го надигра вечниот ривал и донесе огромна радост за своите навивачи, а Јамал беше меѓу подобрите поединци на теренот. „Иако поведоа и ни дадоа два гола, ние бевме мирни и сталожени. Немаше никаков проблем во ...

Екипата на Вардар ја запиша првата победа во плеј-аутот, го совлада Шкупи со кош во финишот (87-85), но триумфот на веќе новиот второлигаш остана во сенка заради немили настани. По победата на вардарци, изби масовна тепачка на теренот. Кошот за победа го даде Христијан Настовски, па членови на стручниот штаб на двете екипи влегоа во клинч, тоа се претвори во масовна тепачка. Инцидентите траеја долго, а по некое време се смирија, благодарение на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 11ᴼ
2.57
67%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 11ᴼ
0.0
74%
1017
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.53
62%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
52%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
63%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
1.09
61%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62