Германскиот тенисер Александер Зверев успешно го започна настапот на Вимблдон, откако избори пласман во второто коло со победа од 3-1 во сетови против Белгиецот Александер Блокс. Мечот заврши со резултат 6-4, 6-7 (8), 7-6 (5), 7-6 (0) и траеше два часа и 43 минути. Иако влезе во дуелот како голем фаворит, Зверев мораше сериозно да се помачи за да го скрши отпорот на 36. тенисер на АТП-листата. Белгискиот тенисер одигра одличен натпревар и во ...

Францускиот репрезентативец Силвен Франсиско и официјално е нов кошаркар на АСВЕЛ. Одличниот плејмејкер стави потпис на тригодишен договор и по пет години поминати во странство повторно ќе настапува во домашното првенство. Франсиско во АСВЕЛ пристигнува по извонредна сезона во дресот на литвански Жалгирис, каде што се етаблираше како еден од најдобрите бекови во Евролигата. Благодарение на одличните настапи беше избран и во идеалната петорка ...

Македонскиот шампион Шкендија одигра нерешено 2-2 против украинска Зорја Луганск во пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона. Украинскиот тим прв стигна до водство преку Јелавиќ, кој погоди во 21. минута. Шкендија брзо возврати, а Трумчи во 30. минута го израмни резултатот на 1-1, со што се замина на одмор. Во второто полувреме Зорја повторно поведе, овојпат преку Јањиќ во 65. минута. Сепак, тетовскиот тим не се ...

Леброн Џејмс го напушта Лос Анџелес Лејкерс, потврдена една од најголемите НБА приказни на летото По повеќемесечни шпекулации и бројни најави, пристигна и официјалната потврда за една од најголемите промени во НБА лигата. Леброн Џејмс повеќе нема да биде дел од Лос Анџелес Лејкерс и во сезоната 2026/2027 ќе настапува за нов клуб. Веста прв ја објави добро познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, чии информации речиси секогаш се покажуваат како ...

Холандија доживеа болно елиминирање од Светското првенство, откако загуби од Мароко по изведувањето пенали со 3-2. Еден од трагичарите беше Џастин Клајверт, кој промаши пенал во втората серија. Неверојатно, тоа се случи точно 26 години по сличниот момент на неговиот татко Патрик Клајверт. На 29 јуни 2000 година, во полуфиналето на Европското првенство против Италија, легендарниот напаѓач на Холандија промаши пенал во регуларниот дел од мечот, ...

Македонскиот суперлигаш Тиквеш го претстави Тоше Ончев како свое ново засилување за претстојната сезона. Искусниот среден бек во Кавадарци пристигнува од редовите на Куманово, каде настапуваше минатата сезона, а зад себе има богата кариера. Ончев ги бранеше боите на Вардар, Охрид, Голден Арт, Фруитленд Борец, како и на француските Вернолиет и Вермон, словенечки Тримо Требње, грчка Феакаш и шпански Валинокс Новакс. Со неговото доаѓање, Тиквеш ...

Финскиот тенисер Ото Виртанен приреди голема сензација на Вимблдон, откако во првото коло го елиминира деветтиот носител Бен Шелтон по спектакуларен меч во пет сета. Квалификантот и 144. тенисер на светот славеше со 3-2 во сетови (6-4, 3-6, 6-7, 6-2, 7-6), по повеќе од четири часа игра. Откако Шелтон поведе со 2-1 во сетови, Виртанен се врати со убедлив четврти сет, а победникот беше решен во супер тај-брејкот од петтиот сет. Финецот покажа ...

По осум сезони во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс донел одлука да ја продолжи кариерата во друг клуб. Според „ЕСПН“, веста ја потврдил неговиот агент Рич Пол, кој откри дека Џејмс уште пред почетокот на пазарот на слободни агенти го известил претседателот на клубот, Роб Пелинка, за својата одлука. Леброн сакал навреме да им даде можност на Лејкерси да ги планираат следните потези. Лејкерси се обиделе да го задржат четирикратниот ...

Парагвај приреди големо изненадување и ја елиминира Германија од Светското првенство. Малата јужноамериканска земја првпат постигна гол во елиминациона фаза на Светско првенство, а потоа по пенали му нанесе прв пораз во казнени удари на Германија во историјата. Селекторот Густаво Алфаро вели дека неговите избраници станаа херои откако ја елиминираа моќната Германија по изведувањето на пенали. „Никогаш не веруваме дека ќе бидеме поразени. 26 ...

Познати се стартните состави за првиот денешен натпревар од шеснаесеттинафиналето на Светското првенство меѓу Брегот на Слоновата Коска и Норвешка. Африканската селекција од првата минута ќе се потпре на капитенот Франк Кеси, како и на офанзивците Николас Пепе, Јан Диоманде и Арно Бони. На спротивната страна, Норвешка настапува со својот најсилен состав и во тимот се враќаат Ерлинг Халанд, Мартин Одегард и Александер Сорлот. Брегот на ...

Актуелната шампионка Ига Швјонтек успешно ја отвори одбраната на титулата на Вимблдон, но многу потешко од очекуваното. Полската тенисерка во три сета ја совлада Американката Тејлор Таунсенд со 6-1, 2-6, 6-3. По мечот, Швјонтек призна дека зад себе има тежок период и дека оваа победа има големо значење за неа. „Ова беа неколку тешки недели. Не е сезона во која сè одеше како што посакував. Среќна сум што успеав да победам во три сета токму ...

По натпреварот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Норвешка, вечерва на Светското првенство следува уште една пресметка, во која силите ќе ги одмерат Франција и Шведска. „Триколорите“ влегуваат во нокаут-фазата со максимален ефект од групната фаза и важат за едни од главните фаворити за светската титула. Избраниците на Дидие Дешан ги совладаа Сенегал (3-1), Ирак (3-0) и Норвешка (4-1), покажувајќи моќ и во нападот и во одбраната. Шведска, пак ...

Македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го одигра својот прв меч на главен турнир на Гренд слем и на тој начин испиша историја за македонскиот тенис. Таа стана прва од Македонија со настап во сингл на еден од четирите големи турнири (претходно настап во двојки имаше Александар Китинов). „Дури и ако не сакам да слушам пред мечот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се случуваат дома, па ова беше навистина голема работа за сите ...

Елиф Елмас и официјално ја заврши својата позајмица во Наполи, откако денес, 30 јуни, истече договорот со италијанскиот гигант. Наполитанците со емотивна објава на социјалните мрежи се простија од македонскиот репрезентативец, посакувајќи му многу успех во продолжението од кариерата. „Секогаш ќе бидеме со тебе“, порачаа од Наполи, со што практично потврдија дека нема да ја активираат клаузулата за негов целосен откуп. Елмас сега се враќа во ...

Американскиот тенисер Тејлор Фриц без поголеми проблеми се пласира во второто коло на Вимблдон, откако го совлада Душан Лајовиќ со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-4, 6-3. Фриц привлече внимание уште пред почетокот на мечот, кога се појави во бело одело, потсетувајќи на легендарниот стајлинг на Роџер Федерер. Потоа и на теренот одигра мирно и сигурно, со по еден клучен брејк во секој сет. Лајовиќ имаше моменти во кои се обиде да се врати во ...

Светското првенство денес продолжува со уште еден исклучително интересен дуел, во кој Брегот на Слоновата Коска и Норвешка ќе се борат за место во осминафиналето. Натпреварот се игра на стадионот во Далас, а победникот ќе се соочи со Бразил во следната рунда. Норвежаните влегуваат како благ фаворит, предводени од Ерлинг Халанд, кој блескаше во групната фаза со четири постигнати гола на првите два натпревари. Селекторот Столе Солбакен ги ...

Поранешниот германски репрезентативен голман Јенс Леман упати остри критики кон селекторот Јулијан Нагелсман по елиминацијата на Германија од Светското првенство, посочувајќи дека токму изборот на селектор е една од главните причини за неуспехот на „панцерите“. Иако Нагелсман важи за еден од најталентираните германски тренери и зад себе има успешни епизоди во Хофенхајм, Лајпциг и Баерн Минхен, Леман смета дека работата со репрезентацијата е ...

Од денеска до недела на терените на ТК Југ се одржуваат мечевите од Macedonian Open 2026, турнир кој оваа година е со награден фонд од 30.000 американски долари, а победникот ќе освои 25 поени. Денес, според програмата, треба да биде комплетирано последното квалификациско коло, а ќе се играат и мечеви во конкуренција на двојки – 1.коло, а сингл мечевите главен турнир ќе стартуваат утре (среда). „Овој момент е голем настан за македонскиот ...

Прес конференцијата по повод турнирот Macedonian Open што се одржува во Скопје не можеше да ги остави и другите актуелности од тенисот на страна пред се настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон. Покрај директорот на турнирот Горан Шевченко, свое видување имаше и македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски. „Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако ...

Новак Ѓоковиќ, по успешниот старт на Вимблдон и пласманот во второто коло, не зборуваше само за случувањата на теренот, туку испрати и силна порака за состојбата во професионалниот тенис. Српскиот ас предупреди дека бројот на повреди кај тенисерите постојано расте, а како главна причина го посочи пренатрупаниот календар и сè поголемата комерцијализација на спортот. „Добро прашање. Точно е дека статистиката покажува сè повеќе повреди. Постојат ...

По три сезони пауза, Вардар 1961 повторно се враќа во Лигата на шампионите. Во групната фаза „црвено-црните“ ќе играат против Нант, Мелсунген и Висла Плоцк, а враќањето во елитата носи нов предизвик, но и нова можност клубот повторно да се покаже на највисоката европска сцена. Тренерот Иван Чупиќ зборува за првите впечатоци по ждрепката, за силата на ривалите, за тоа каде ја гледа шансата на Вардар и каква порака им испраќа на навивачите пред ...

Германија на драматичен начин го заврши настапот на Светското првенство, откако беше елиминирана од Парагвај по изведувањето пенали (4-3), а по натпреварот еден од најгласните беше Јирген Клоп. Германците сметаат дека биле сериозно оштетени во продолженијата, кога во 101. минута Џонатан Та со удар со глава ја затресе мрежата за водство од 2-1. Сепак, главниот судија Џалал Џајед, по консултација со ВАР-собата и преглед на снимката, го поништи ...

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. По повредата на раката која го спречи да дебитира во февруарскиот ФИБА „прозорец“, силното крило максимално подготвен го дочека новиот повик и веќе е дел од подготовките на избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал. Сестина вели дека првите впечатоци од новата средина се одлични и дека со нетрпение го очекува моментот кога ќе го облече ...

Американската тенисерка Аманда Анисимова имаше само пофални зборови за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нивниот дуел во првото коло на Вимблдон, кој го доби со 6-3, 6-2. Иако ја оправда фаворитската улога и без поголеми проблеми обезбеди место во втората рунда, Анисимова истакна дека Ѓорческа пристигнала во Лондон во добра форма и дека одиграла квалитетен меч. „Ѓорческа одигра неколку натпревари тука, имаше ритам и игра одличен тенис. ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го забележа својот најголем успех во својата кариера, откако обезбеди пласман во првото коло од главната ждрепка на престижниот Вимблдон. По фантастичните квалификации и трите врзани победи, нашата тенисерка немаше многу среќа во ждрепката, затоа што за ривалка ја доби ланската финалистка Аманда Анисимова, против која немаше сили за надигрување и загуби со 2-0 во сетови. На теренот број два Лина се покажа ...

Изминатиот викенд, селекцијата на Ирска гостуваше во Лос Анџелес, каде одигра и еден контролен натпревар, против сениорската селекција на Ерменија. А пред доаѓањето за Скопје, Ирците, кои се нашиот нареден противник во претквалификациите за Евробаскетот 2029, убедливо загубија со 59-74 од Ерменија. Најефикасен играч во репрезентацијата на Ирска на оваа „контрола“ бил Шон Флод, кој реализирал 18 поени. Од оние кои играа против Македонија на ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра на Грен Слем турнирот Вимблдон за првпат во кариерата, а дуелот започнува наскоро. Ѓорческа ќе истрча на терен и ќе се соочи со шестата светска тенисерка и ланска финалистка во Лондон, Аманда Анисимова. Натпреварот помеѓу Македонката и Американката ќе можете да го следите во живо на каналот АРЕНА ПРЕМИУМ 5 со почеток нешто по 12:00 часот. Стартот е закажан од 12:10 часот. Најдобрата ...

Македонскиот репрезентативец Мартин Ивановски и официјално е нов ракометар на ГРК Охрид. Средниот бек се враќа во својот матичен клуб и претставува седмо засилување на охридскиот тим во пресрет на сезоната 2026/2027. 25-годишниот Ивановски потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката и за сезоната 2027/28. Ракометарот, кој е висок 182 сантиметри, во новата сезона ќе настапува со дресот со број 34. По потпишувањето на ...

Напаѓачот на Холандија, Коди Гакпо, го постигна еден од најтрогателните голови на Светското првенство, но наместо вообичаена радост, погодокот против Мароко во осминафиналето беше проследен со солзи и силни емоции. Фудбалерот на Ливерпул ја доведе Холандија во водство, а веднаш по погодокот клекна на тревникот и не можеше да ги задржи солзите. Причината за неговата реакција е големата семејна трагедија што ја доживеа само неколку дена пред ...

Голманот на Парагвај, Орландо Хил, е еден од највпечатливите херои на Светското првенство, а неговата животна приказна е доказ дека упорноста и вербата можат да ги надминат и најтешките препреки. Само пред неколку години, Хил беше далеку од големата фудбалска сцена. Во 2018 година настапуваше во аматерскиот фудбал во Парагвај, а откако не доби вистинска шанса во клубот од својот роден град, реши да замине во Аргентина во потрага по подобра ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
79%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
77%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34