Реал Мадрид е пред официјална промоција на новиот тренер на кошаркарскиот тим. Раководството на клубот, предводено од претседателот Флорентино Перез, одлучи довербата да му ја укаже на искусниот шпански стратег Педро Мартинез, кој зад себе има извонредна сезона со Валенсија. Шеесет и петгодишниот тренер ја предводеше Валенсија до шампионската титула во шпанското првенство, освојувајќи го вториот национален трофеј со клубот. Покрај успехот на ...

Десниот бек Енис Дервиши и официјално стави крај на својата соработка со Шкендија Арачиново, откако му истече договорот, а двете страни не успеаја да постигнат договор околу финансиските услови за продолжување на соработката. Дервиши беше еден од најзаслужните фудбалери во историската сезона на клубот, која заврши со пласман во Првата македонска фудбалска лига. Токму тој го реализираше решавачкиот пенал со кој Шкендија го победи Пелистер ...

Полската фудбалска легенда Роберт Левандовски и официјално ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС лига, откако потпиша договор со Чикаго Фајер. Клубот потврди дека искусниот напаѓач ставил потпис на двегодишен договор, кој ќе стане официјален по завршувањето на процедурите околу визата и меѓународниот сертификат за трансфер. Левандовски во Чикаго пристигнува како едно од најголемите засилувања во историјата на клубот. Во моментот на ...

Репрезентацијата на Парагвај обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, откако по подобро изведување пенали ја совлада Германија со 4-3. Во регуларните 90 минути, како и по дополнителните 30, резултатот беше нерешен 1-1. Парагвајците први стигнаа до предност во 42. минута преку Хулио Енсисо, кој успешно ја затресе германската мрежа. Германија успеа да возврати на почетокот од второто полувреме, кога Кај Хаверц во 54. минута го ...

Хрватскиот фудбалски стручњак Иван Јуриќ е нов тренер на Монца, соопшти денеска италијанскиот клуб. Како што е наведено на официјалната веб-страница на повратникот во Серија А, Јуриќ потпишал двегодишен договор со челниците на клубот. Искусниот тренер има долгогодишно искуство во италијанскиот фудбал. Во текот на својата кариера ги водеше Рома, Џенова, Мантова, Верона, Торино и Кротоне. Јуриќ е познат по својот интензивен стил на игра и ...

Дани Карвахал, доскорашниот капитен на Реал Мадрид, го напушти клубот и е во потрага по нова средина. По неколку сезони обележани со повреди, искусниот десен бек стави крај на својата етапа во Мадрид. Карвахал одбил повеќе понуди од Саудиска Арабија и Катар, бидејќи сака кариерата да ја продолжи во Европа. Според последните информации, неговата следна дестинација би можела да биде Интер. Италијанскиот гигант покажува сериозен интерес за негов ...

Фудбалската репрезентација на Мароко избори пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако по драматична пенал-серија ја елиминира Холандија. По 120 минути игра резултатот беше 1-1, а „Лавовите од Атласот“ славеа со 3-2 во пенал-рулетот. Холандија и Мароко одиграа цврст и тактички дисциплиниран натпревар, во кој африканската селекција беше поконкретна и создаде повеќе опасни ситуации. Во првото полувреме најголема закана кон ...

Најдобрите светски тенисери одлучија да го прекинат протестот поради распределбата на наградниот фонд на Вимблдон и повеќе нема да ги ограничуваат своите медиумски обврски во текот на првата недела од третиот Грен слем во сезоната. Како што соопшти консултантската куќа што ги застапува играчите, одлуката е донесена по „конструктивни разговори“ со организаторите на турнирот, одржани во текот на викендот. Извршната директорка на Вимблдон, Сели ...

Американскиот кошаркар Карсен Едвардс официјално е нов член на литванскиот гигант, Жалгирис, јави клубот на своите социјални мрежи. 28-годишниот бек минатата сезона играше за Виртус Болоња, каде забележа одличен евролигашки просек од 17,3 поени, 2,3 скока и исто толку асистенции. Едвардс потпиша двегодишен договор со Жалгирис и веќе беше претставен како исклучително квалиетно засилување. Пред Виртус, Американецот настапуваше уште за Баерн ...

Холандскиот судија Дани Макели ќе го суди натпреварот меѓу Франција и Шведска во осминафиналето на Светското првенство, соопшти ФИФА. Дуелот меѓу Франција и Шведска е закажан за вторник од 23:00 часот во Њујорк. За Макели ова ќе биде трет натпревар на Мундијалот како главен судија, откако претходно ја делеше правдата на средбите меѓу САД и Парагвај, како и Мароко против Хаити. Франција ќе ја има фаворитската улога на овој натпревар, но ќе ...

Сервирано е првото големо изненадување во нокаут фазата на Севтското првенство. Германија првпат загуби на пенали и Парагвај слави осминафинале. Натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1, па по пеналите јужноамериканските фудбалери славеа со 4-3. Нагелсман му даде доверба на Ундав од првата минута, а Енцисо се врати во стартниот тим на Параггвајците. Инерцијата на натпреварот од првата минута понуда превласт на средината на теренот на ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер Ал-Мисехал, поднесе оставка по елиминацијата на националната репрезентација од Светското првенство. Саудиска Арабија во групата Х освои само два бода, ремизирајќи против Уругвај и Зеленортските Острови, додека претрпе убедлив пораз од Шпанија. „Неуспехот на нашата репрезентација да се пласира во следната фаза од Светското првенство е резултат што не ги исполнува нашите ...

Најтрофејниот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ загуби еден сет, ама се пласира во втората рунда на Вимблдон откако го победи Јибинг Ву со 3-1. На Србинот му беа потребни три часа и 17 минути за во четири сета да го реши мечот против кинескиот противник во првото коло на турнирот. Ѓоковиќ отвори одлично, со „брејк“ во првиот гем на мечот кој подоцна го одбрани до крајот на сетот. Во десеттиот гем српскиот ас одбрани две брејк-топки на Ву за ...

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер го комплетира трансферот и официјално стана нов фудбалер на Панатинаикос. Грчкиот великан вечерва го потврди неговото доаѓање, а напаѓачот стави потпис на договор со важност од четири години. Растодер целата своја кариера ја мина во Швајцарија каде што е и роден. Тој тргна преку академијата на Грасхоперс, а настапуваше и за Цирих и Вадуц, пред да експлодира во дресот на Тун. Зад себе има одлична ...

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес е единствениот македонски претставник на меѓународниот фудбалски турнир што викендов се одржa во Торино, Италија. Турнирот е во организација на италијанскиот клуб Сит Турин ЛДЕ, со поддршка на програмата Еразмус плус спорт. Покрај велешкиот клуб, на турнирот настапија екипи од Италија, Франција, Словачка и САД. Меѓу учесниците се домаќините Сит Турин ЛДЕ и АСД Борго Виторија, словачкиот Татран Прешов, ...

Изненадувањето Јужна Африка е елиминирана од Светското првенство, но нивниот селектор собори рекорд. Уго Брос стана највозрасниот селектор во историјата на Светското првенство кој водел некоја репрезентација во нокаут-фазата. Брос стана најстариот главен тренер со 74 години и 79 дена. Репрезентацијата на Јужна Африка, под негово водство, вчера беше елиминирана од Канада по поразот од 1-0. Брос го надмина рекордот на Оскар Табарез, кој го ...

Фудбалерите на Парагвај први стекнаа предност во дуелот со Германците во шеснаестинафиналето на Светското првенство. Иако „панцерите“ повеќе ја имаа топката и се обидуваа да креираат предност, не беа доволно опасни во завршната зона. Од друга страна, Паргвајците ја искористија првата вистинска шанса и поведоа во 42. минута преку Хулио Енцисо. На голот му претходеше акција по десната напаѓачка страна, Алмирон проигра кратко со Галарза, а овој ...

Бразил со драматична победа над Јапонија од 2-1 обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, а херој на „кариоките“ беше Габриел Мартинели. Напаѓачот го постигна победничкиот гол во петтата минута од судиското продолжение и покрај тоа што го одведе својот тим меѓу 16-те најдобри, влезе и во историјата на Мундијалите. Имено, погодокот на Мартинели во 95. минута е најдоцниот победнички гол во нокаут фазата на Светските првенства ...

Шпанскиот гигант Реал Мадрид и италијански Комо постигнаа договор околу иднината на младиот аргентински репрезентативец Нико Паз, кој и во сезоната 2026/27 ќе продолжи да настапува за италијанскиот прволигаш. Од „кралскиот клуб“ соопштија дека одлуката е донесена на барање на самиот фудбалер, кој сака да продолжи со својот развој во Комо, каде што добива значајна минутажа. Иако ќе остане во Италија уште една сезона, Реал Мадрид не се откажува ...

Екипите на Германија и Парагвај ја продолжуваат програмата од 1/16-финалето на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а тренерите Јулијан Нагелсман и Густаво Алфаро ги одредија стартните тимови. Од првата минута на овој меч ќе почне јунакот од групната фаза Дениз Ундав, кој ќе биде во офанзивниот дел на „панцерите“. Германија (4-2-3-1): Нојер; Кимих, Рудигер, Тах, Браун; Нмеча, Павловиќ; Сане, Ундав, Вирц; Хаверц Парагвај ...

Бразил со голем пресврт обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако ја совлада селекцијата на Јапонија со 2-1 во возбудлив натпревар. Јапонците приредија изненадување во првото полувреме и поведоа во 29. минута преку Каишу Сано, кој ја искористи големата грешка на Данило, ја пресече топката и со прецизен удар од дваесетина метри го совлада Алисон. Избраниците на Карло Анчелоти имаа голем посед на топката, но тешко ...

Македонскиот фудбалер Стефан Јевтоски ја заврши својата двегодишна етапа во Струга Трим Лум и кариерата ќе ја продолжи во Индонезија, каде што потпиша за ПСМ Макасар. Стружани официјално потврдија дека соработката со Јевтоски е завршена, откако играчот решил да прифати нов предизвик во азискиот фудбал. Јевтоски пристигна во Струга Трим Лум во јули 2024 година, а своето деби во Првата македонска лига го имаше на 11 август против Тиквеш. Во ...

Македонскиот репрезентативец Димитар Узунчев ја продолжува кариерата во еден од најтрофејните европски ракометни клубови, словенечки Целје. Дваесетгодишниот десен бек, кој важи за еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет, потпиша договор со Целје до 2028 година, со можност за продолжување на соработката. Во словенечкиот клуб, Узунчев ќе ја пополни празнината што настана по повредата на Мај Маргуч. Узунчев во новиот клуб ќе го носи ...

Младата српска тенисерка Теодора Костовиќ го заврши својот дебитантски настап на Вимблдон уште во првото коло, откако убедливо беше поразена од светската рекет број еден Арина Сабаленка со 2-0 во сетови (6-2, 6-3). Белоруската тенисерка уште од самиот почеток ја наметна својата игра и брзо поведе со 4-0, откако направи два брејка во воведните гемови. Тоа практично го реши првиот сет, а Костовиќ успеа само да освои два гема и да избегне „нула“ ...

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски во првото коло на ITF M25 MACEDONIAN OPEN 2026 ќе игра против првиот носител Андреј Чепелев. Секако ова треба да претставува и „дерби меч“ првото коло, но можеби и финале пред финалето особено што Ивановски на турнирот доаѓа со финале од неделата во Загреб. Чепелев во Загреб каде беше рангиран како втор носител во четвртфиналето загуби од Хрватот Божо Барун, кој потоа беше поразен од ...

Иако во изминатиот период се појавија шпекулации за можно заминување, Роберто Гарсија Парондо и понатаму останува дел од плановите на Мелсунген, а сè помалку се зборува за негов трансфер во ПСЖ ова лето. Спортскиот директор на германскиот клуб, Јеспер Ларсон, истакна дека во клубот и понатаму сериозно сметаат на шпанскиот тренер и за следната сезона. Според него, Мелсунген не добил никакви сигнали ниту од други клубови, ниту од самиот ...

Синот на легендарниот Василис Спанулис, Танасис, полека тргнува по стапките на својот татко и веќе го привлекува вниманието во грчката кошарка. 16-годишниот кошаркар, кој настапува за младинските категории на Олимпијакос, беше прогласен за МВП на традиционалниот турнир „Панхеленик“ во Флорина. Интересно е што пред точно 25 години истото признание на истиот турнир го доби и неговиот татко, тогаш како член на Керванос. Танасис одигра одличен ...

Екипата на Башкими во новата сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ќе има нов тренер. Главната желба е веќе позната, тоа е некогашниот репрезентативец на Македонија со богата интернационална кариера, Муарем Муарем. Муарем е релативно млад тренер, има 37 години, но во прволигашкото друштво веќе водеше неколку екипи. Последен клуб му беше Работнички, кој успеа да го издигне од дното, беше на прагот на опстанок, но не успеа ...

Италијанецот Јаник Синер многу потешко од очекуваното дојде до победа над Србинот Миомир Кецмановиќ во првото коло на Вимблдон, славејќи по голема борба со 3-2 во сетови (). Кецмановиќ пружи силен отпор и поведе со 2-1 во сетови, но потоа Синер ги презеде нештата во свои раце и не дозволи непријатна елиминација уште на стартот на престижниот Грен слем. Првиот светски рекет се врати со одлична игра во четвртиот и петтиот сет, со што само го ...

Некогашниот шампион на Македонија, екипата на Работнички, минува низ најголемата криза во поновата историја. Екипата испадна од Првата лига и сега ја чека голем предизвик да го врати стариот сјај. По заминувањето на скоро цел тим и на стручниот штаб по разочарувачкото испаѓање, дебармаалци ќе ги враќа на старите патеки Баже Јанакиевски. Се работи за човек кој ги познава случувањата во Работнички, затоа што претходно таму работеше како ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Загреб

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.89
78%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76