Шпанскиот репрезентативец Микел Ојарзабал доживеа две сосема различни приказни на стартот од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. На натпреварот против Зеленортските Острови не се прослави, бидејќи влезе во негативната статистика како прв играч кој во првите 30 минути од меч на Мундијал ниту еднаш не ја допрел топката. Сепак, селекторот Луис де ла Фуенте повторно му укажа доверба, а Ојарзабал возврати на најдобар можен начин во ...

Кошаркарите на Монако изборија мајсторка во финалната серија од францускиот шампионат откако на домашен терен го совладаа Париз со убедливи 96-84 и израмнија на 2-2 во серијата. Домаќините уште од самиот старт го наметнаа својот ритам и по првата четвртина стекнаа двоцифрена предност. До полувремето разликата порасна на повеќе од 20 поени, а на почетокот на последниот период Монако стигна и до највисоки +30 (85-55). Париз во завршницата успеа ...

Репрезентацијата на Белгија тргнува со сите „оружја“ на натпреварот од Светското првенство против селекцијата на Иран. Селекторот Руди Гарсија се одлучи за најсилниот можен состав, со Ромелу Лукаку во стартната постава, а слична е ситуацијата и кај неговиот колега, Амир Галенои, кој со Иранците ќе се обиде да приреди резултатска сензација. Белгија: Куртоа, Де Кујпер, Мехеле, Нгој, Мение, Тилеманс, Раскин, Де Брујне, Тросард, Салемакерс, ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја оправда фаворитската улога и убедливо славеше против Саудиска Арабија со 4-0 (3-0) во второто коло на Светското првенство. По шокантното реми на стартот против Зеленортските Острови, избраниците на Луис де ла Фуенте одиграа убедливо и покажаа зошто ги сметаа за еден од главните фаворити на овој турнир. Резултатот на „Мерцедез Бенз стадион“ во Атланта беше отворен по само десет минути игра. Микел ...

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз во пријателскиот натпревар против селекцијата на Бугарија со конечен резултат 97-68. Не одиграа македонските кошаркари лошо во првите две четвртини, и покрај поконкретниот пристап на домашниот тим. Бугарија на паузата имаше водство од 13 поени (50-37), а потоа продолжи со силен ритам и не ни дозволи ниту да помислиме на евентуално враќање во мечот. Третата четвртина Македонија ја ...

По мирниот старт на актуелното Светско фудбалско првенство, временските услови за првпат би можеле да станат сериозен фактор и да предизвикаат проблеми во распоредот на натпреварите. Имено, за утре во Филаделфија е издадено предупредување за грмежливо невреме, а токму таму од 23:00 часот по наше време ќе се одигра натпреварот меѓу Франција и Ирак во рамките на второто коло од групата И. Да потсетиме, во САД важат строги правила за одржување ...

Георгије Јанкулов е дел од тимот на Вардар и за следната сезона. Новиот репрезентативец на Македонија се подготвува со екипата во Норча, Италија, за најглавниот предизвик, враќањето на Вардар во Лигата на шампионите. „Се наоѓаме во добри подготовки и играме пријателски мечеви, а фокусот е во целост на првото коло на ЛШ. Мислам дека добивме ривал со кој може да се носиме и нијанси ќе го одлучат патникот во следната фаза. Вардар по седум години ...

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен ја загубија мајсторката за титулата во германската ББЛ лига од Алба Берлин со 81-84. Иако важеа за голем фаворит во својот дом во „БМВ Парк“ во Минхен, сепак гостинската екипа имаше повеќе нерви кога беше најважно. Алба во завршницата одигра одлично, па драмата на крајот заврши со славје на момците во жолти дресови. Баерн може да жали бидејќи имаше неверојатни „плус 20“ ...

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, го отвори резултатот на натпреварот помеѓу Шпанија и Саудиска Арабија на Светското првенство. Дуелот од групата Х започна со динамична игра на двете страни, а „фуријата“ не чекаше долго за да дојде во водство. Одлична топка подели Микел Ојарзабал, а Јамал немаше проблем да ја смести во празната мрежа на Саудијците. Шпанија е огромен фаворит на овој натпревар и чекори кон важна победа со која ќе биде ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Јапонија, Хајиме Моријасу, изјави дека е задоволен и среќен по победата против Тунис во второто коло од групата Ф на Светско првенство во фудбал. Фудбалската репрезентација на Јапонија во Монтереј ја совлада селекцијата на Тунис со убедливи 4-0, а Моријасу смета дека „самураите“ одиграле одличен меч. „Ова беше втор натпревар на Светското првенство, меч со голема тензија и еден од оние што ги следеше ...

Фудбалскиот клуб РБ Лајпциг одбил понуда од дури 100 милиони евра за репрезентативецот на Брегот На Слоновата Коска, Јан Диоманде, јавија повеќе британски медиуми. Ливерпул е сега подготвен да испрати уште побогата понуда за негов трансфер, а се претпоставува дека Германците би се задоволиле со сума од околу 130 милиони евра. 19-годишниот Диоманде пристигна во Лајпциг минатата година од шпанскиот Леганес за само 20 милиони евра, а потоа ...

Аргентинскиот тенисер Франсиско Серундоло го освои турнирот во Квинс откако во финалето го совлада Томи Пол со 2-1 во сетови, односно 6-7(4), 6-4, 6-3. Аргентинецот подобро го отвори мечот и рано направи брејк, но Пол успеа да се врати и преку тај-брејк да го добие првиот сет со 7-4 во доигрувањето. Во вториот сет се водеше голема битка. Серундоло во деветтиот гем спаси две брејк-топки, а потоа во следниот гем му го одзеде сервисот на ...

Американскиот тенисер Тејлор Фриц не успеа да ја оправда фаворитската улога и загуби во финалето на турнирот во Хале од сонародникот Френис Тиафо со 2-0, по сетови 4-6 и 4-6. Мечот за трофејот траеше само еден час и осум минути. Во првиот сет, доволен беше само еден брејк на Тиафо, а во вториот, Фриц прикажа подобра игра, но не беше фокусиран во клучните моменти. За Тиафо ова беше четврта АТП титула во кариерата и сигурно ќе има скок на ...

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Гаго, доживеа срцев удар и беше подложен на операција во градот Сантијаго. Лекарскиот тим се огласи со кратко соопштение во кое вели дека Гаго е во стабилна состојба, но ќе мора да биде под постојан надзор во чилеанската болница. Аргентинецот е тренер на клубот Универзидад де Чиле, од каде упатија пораки со поддршка за нивниот кормилар. Неговата работа привремено ја презема асистентот Фабрицио ...

Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса, изјави дека паузите за хидратација на Светско првенство во фудбал не придонесуваат ништо за фудбалот. ФИФА воведе задолжителни паузи за хидратација за време на натпреварите на Светското првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, со образложение дека целта е заштита на здравјето на играчите во услови на високи температури. „Играњето натпревари во ...

Селекторите на Шпанија и Саудиска Арабија, Луис де ла Фуенте и Георгиос Донис, ги открија своите адути за меѓусебниот дуел од групата Х на Светското фудбалско првенство. По неочекуваниот кикс со Зеленортските Острови, Шпанија ќе истрча на теренот со најсилниот тим, а таму ќе се најде и можеби најголемата ѕвезда - Ламин Јамал. Саудијците ќе се обидат да се спротивстават на моќниот ривал, но мисијата нема да биде воопшто лесна. Шпанија: Симон, ...

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, оствари победа на трката за Големата награда на Чешка, која се возеше во градот Брно. Шпанскиот мотоциклист стигна до својата 101. победа во богатата кариера, уште еднаш потврдувајќи дека е меѓу најголемите личности во историјата на овој авто-мото спорт. Аи Огура стартуваше од пол-позицијата, но бргу го загуби водството, а потоа следуваше битка помеѓу Маркез и Франческо Бањаја. Во последниот дел од ...

Легендарниот словенечки фудбалер, Златко Заховиќ, се врати на местото на своите најголеми успеси и повторно ја прифати функцијата спортски директор на Марибор, потпишувајќи договор до 2028 година. Поранешниот фудбалер на Партизан, Порто, Олимпијакос и Бенфика, во својот прв мандат на , оваа функција помина 13 години и беше еден од најзаслужните за најголемите успеси на клубот од стадионот „Људски врт“. Во меѓувреме, Марибор, кој 16 пати беше ...

Искусниот Горан Закариќ го продолжи договорот со Вардар, останува во клубот и понатаму и со нетрпение го очекува новиот предизвик. По подготовките во италијанска Норча, за тимот следат квалификациите во Лигата на шампионите. Подготовките во Италија се најава за двомечот со фински КуПС во првото квалификациско коло на елитното друштво. Закариќ вели дека клубот работи по планот, а мисијата е јасна, тоа е да се мине финскиот првак. „Сите знаеме ...

Шампионот на Хрватска во ракомет, Загреб, продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а најново име во редовите на хрватскиот шампион е искусниот репрезентативец Марко Мамиќ. Станува збор за 32-годишен лев бек кој зад себе има богата интернационална кариера и повеќе од сто настапи за националниот тим на Хрватска. Мамиќ во Загреб доаѓа од германскиот Лајпциг, каде настапуваше во изминатиот период. Ракометниот пат го започна во ...

Кристијано Роналдо е една од најкоментираните личности на Светското првенство, но засега повеќе поради критиките отколку поради настапите на теренот. По ремито на Португалија против ДР Конго (1-1) во првото коло, легендарниот напаѓач се најде на удар на јавноста, но соиграчите застанаа во негова одбрана. Дефанзивецот на Португалија, Диого Далот, откри дека во репрезентацијата дури и очекувале ваков развој на настаните пред почетокот на ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галенои, изјави дека, иако Соединетите Американски Држави и понатаму неправедно го третираат неговиот тим на Светско првенство во фудбал, е оптимист дека ФИФА следната недела ќе ги убеди американските власти да ублажат дел од ограничувањата. „Многу сум среќен што иранскиот народ е со нас. Нашите маченици во Иран, играме за нив. Знам дека ваквото однесување го повреди нашиот народ. Дури и ...

Победата на Бразил над Хаити од 3-0 во второто коло на Светското првенство остана во сенка на повредата на Рафиња, кој мораше предвреме да го напушти теренот поради проблем со мускулот на десната нога. Ѕвездата на Барселона почувствува болка во финишот на првото полувреме и веднаш побара замена, а загриженоста дополнително се зголеми по неговата реакција при напуштањето на теренот. Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) денеска ги објави ...

Еден од најтрофејните тренери во историјата на европската кошарка, Жељко Обрадовиќ, и официјално се врати на клупата на Панатинаикос. Атинскиот гигант ја потврди веста во неделата и објави дека српскиот стратег потпишал тригодишен договор. „Како да не поминал ниту еден ден“, порачаа од Панатинаикос преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од Обрадовиќ заедно со сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос. „Панатинаикос потврдува дека ...

Светското првенство во САД, Мексико и Канада веќе влезе во историјата како едно од најефикасните во модерната ера на фудбалот. По првите 36 натпревари на турнирот постигнати се дури 109 гола, што носи импресивен просек од 3,03 погодоци по натпревар. Според статистичките податоци на „Опта“, ваков голгетерски просек не е забележан уште од Светското првенство во Шведска во 1958 година, кога Бразил предводен од легендарниот Пеле ја освои својата ...

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години забележа убедлива победа на турнирот „Rising Stars“ во Букурешт, откако ја совлада селекцијата на Романија (жолти) со високи 93-26. Избраничките на Виктор Петровски уште од стартот го наметнаа својот ритам и по првата четвртина водеа со 27-8, а на полувремето веќе имаа недостижни 62-17. Посебно импресивна беше последната четвртина во која Македонија му дозволи на противникот да ...

Фудбалската селекција на Холандија се поправи за нерешениот резултат со Јапонија на почетокот на 23. Светско првенство со уништување на Шведска и заземање на врвот на табелата во групата Ф, но селекторот Роналд Куман не им упати комплименти на своите избраници по натпреварот. Тој не ги критикуваше, туку со избалансиран коментар привлече внимание на добрите и лошите работи, сметајќи дека без подобрување нема основа за врвен резултат на ова ...

Македонскиот ракометен вицешампион го затвори кругот на засилувања за новата сезона, откако денеска претстави уште едно име во својот ростер. Нов член на битолскиот клуб ќе биде Алекса Колаковиќ, среден бек од Србија со богато интернационално искуство. 28-годишниот српски репрезентативец со пелистерци се обврза на едногодишен договор, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона. „Мозаикот за сезоната 2026/27 го комплетираме ...

Фудбалската репрезентација на Белгија ќе биде значително ослабена за вечерашниот натпревар против Иран на Светското првенство, откако стана јасно дека Џереми Доку нема да биде во комбинација за настап. Во изминатите денови се шпекулираше дека крилниот напаѓач на Манчестер Сити би можел да го напушти кампот на репрезентацијата за да присуствува на раѓањето на своето прво дете, но од белгискиот табор соопштија поинаква причина за неговото ...

Долго време Германија беше во резултатска негатива во натпреварот со Брегот на Слоновата Коска, но на крајот се избори за пресврт и забележа втората победа во групата Е која ѝ обезбеди учество во втората фаза од Светското првенство. Селекторот Јулијан Нагелсман како да едвај чекаше последниот свиреж на судијата за да им се обрати на германските медиуми, поради сите критики кон „панцерите“ за време на подготовките за овој Мундијал. „Не треба ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
1.03
60%
1020
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1022
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
72%
1022
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.97
51%
1022
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
79%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
4.6
66%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
64%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
24%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.92
61%
1023
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 16ᴼ
1.34
47%
1023
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
6.17
92%
1017
Currency

61.5217

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Паладиум

43178.45

Калај

56.26

Сребро

2106.74

Злато

141408.63

Платина

55942.30

Родиум

280515.26

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Бакар

13.17

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.31