Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ дел од својата играчка кариера ја мина во турскиот гигант Фенербахче, каде што остави длабок траг. Во двете сезони минати во Истанбул, Антиќ успеа да ја освои титулата од Евролигата, а притоа беше и еден од најомилените кошаркари на домашната публика. Доказ за тоа се и денешните овации од трибините на натпреварот меѓу Фенербахче и Панатинаикос. Кога на разгласот се изговори името на Перо Антиќ, ...

Кошаркарската федерација на Македонија, согласно член 13 oд Регистрацискиот правилник на ги извести клубовите за терминот на вториот преоден рок за кошаркари-ки во сениорските и младинските лиги од натпреварувачката сезона 2025/26. Клубовите од Суперлигата нови кошаркари ќе може да регистрираат најдоцна до десетти март следната година, додека во Првата лига овој рок ќе трае до шести февруари 2026 година. Термини за преоден рок во сениорските ...

Ракометарите на Алкалоид славеа во градската пресметка на гостински терен кај Бутел Скопје 28-33 (12-18) во натпреварот од 18. коло на Суперлигата. Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одличен меч, а победата ја најавија од самиот старт. Алкалоид тргна со серија од 0-4 со головите на Костески, Митев и Велковски. Се одржуваше гостинот во Бутел на позитивата од четири гола во првата половина на полувремето. Потоа гостите успеаја и да ја ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на свечена гала-вечер во Доха ги додели наградите за „The Best“ во машкиот и женскиот фудбал. Меѓу останатите лични награди, одбран беше и идеалниот тим за 2025 година. Најдобрите меѓу стативите ги предводи Џанлуиџи Донарума, во дефанзивата има трио од ПСЖ, а тоа се Хакими, Пачо и Мендеш, на кои друштво им прави Ван Дајк. Во средниот ред се најдоа Палмер, Белингем, Витиња и Педри, а во нападот ги нема ...

Светската фудбалска куќа - ФИФА организира свечено доделување на наградите „The Best“ во Доха. Пред гала-вечерта беа реализирани серија состаноци и разни настани, а кулминацијата беше самото доделување. Главната награда во светскиот фудбал ја потврди Усман Дембеле. Француското крило кое со ПСЖ ја покори Европа, беше главен фактор во походот кон трофејот во Лигата на шампионите и трите во Франција, сега доби уште едно големо признание. Дембеле ...

Луис Енрике ја доби наградата од страна на ФИФА за тренер на годината на свечената гала „The Best“. Шпанскиот стручњак со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, како и сите трофеи во Франција. „Светците“ во минатата сезона освен примерниот европски успех, стигнаа до титулата во Лига 1, како и двата француски купови. Поради тоа, немаше изненадување при изборот на Енрике за најдобар тренер на доделувањето во Доха. Претходната година ова признание ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ беше присутен на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА во Доха. Првиот човек на мак-фудбалот по повикот од Светската фудбалска федерација присуствуваше на состанокот, каде што присутен беше и Џани Инфантино челниот човек на ФИФА. На состнокот се разговараше за унапредувањето и координацијата на развојот на фудбалот во рамките на Олимписките игри. Македонија имаше свој ...

Екипата на Шкендија игра историски натпревар против АЕК Ларнака во Конференциската лига на УЕФА. Мевљан Мурати со оптимизам зборува за историскиот момент што го живее Шкендија, потенцирајќи дека клубот е целосно фокусиран на следните европски предизвици и на остварување на зацртаната цел. „Задоволство е да се доживеат овие настани и да се биде дел од овој прекрасен момент. Мораме интензивно да работиме, кога сите се на пауза ние се фокусираме ...

Израелскиот кошаркарски клуб, Хапоел Тел Авив, се стреми кон големи амбиции во Евролигата и има јасна цел - да се бори за врвот на европската кошарка. Клучниот дел од нивниот план е привлекувањето на најдобрите играчи, а во фокусот на вниманието е поранешниот МВП на Евролигата, Најџел Хејс-Деjвис. Иако моментално тој настапува во НБА лигата за екипата на Феникс Санс, минатата сезона не беше онаква како што се очекуваше - со ограничена ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јован Манев, конечно се врати на тренинзите со својот тим, Нови Пазар. Дефанзивецот заздрави од повредата на коленото и веќе им се приклучи на своите соиграчи, кои му посакаа добредојде на нивниот „терминатор“. Манев беше во „аут“ скоро два месеци. Последниот натпревар го одигра на 24 октомври, кога Нови Пазар загуби од Јавор на домашен терен со 1-2. Македонецот минатото лето се пресели во српското ...

Ракометарот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ, го најави претстојниот натпревар против Радовиш во македонската Суперлига, каде неговиот тим ќе важи за голем фаворит. Охриѓани се осоколени после големата победа над Еурофарм Пелистер, а Бојаниќ посакува успешната серија да продолжи и екипата да ја заокружи најдобрата полусезона во историјата на клубот. „Знаеме дека Радовиш нема ниту една победа, но тоа нема да го залаже нашиот колектив и ќе ...

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Јувентус, Арон Ремзи, го напушти Мексико по краток престој во Пумас, откако пропушти неколку натпревари и тренинзи додека го бараше своето изгубено куче. Ремзи потпиша едногодишен договор со Пумас на први јули, но повредите го попречија неговиот напредок, при што имаше само шест настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол. „Би сакал да им се заблагодарам на мексиканскиот народ за ...

Легендата на НБА лигата, Крис Пол, ненадејно ја заврши својата соработка со Лос Анџелес Клиперс по само 21 одигран натпревар оваа сезона. Очекуваниот емоционален „кам-бек“ и најавената последна сезона во клубот се претворија во изненадувачки и сосема непријатен крај за славниот плејмејкер кој вкупно осум сезони го носеше овој дрес. Причината за раздорот е различното гледање на улогата на Пол во тимот. Иако тој сакаше активно да учествува и да ...

Работнички имаше очајна есен, освои само седум бода во шеснаесет првенствени натпревари. Тимот од Дебар Маало го заокружи првиот дел од сезоната со само една победа и четири ремија, а дури 11 пати ја почувствува горчината на поразот. Сезоната ја стартуваше рано, со настап во квалификациите за Конференциската лига и веднаш доживеа два порази и елиминација. Сепак, никој не очекуваше дека ќе следат многу слаби игри и резултати и во првенството. ...

Репрезентацијата на Македонија до 15 години беше последната која имаше обврски во оваа година. Избраниците на селекторот Горан Станковски во изминативе денови имаше две силни контроли против репрезентацијата на Турција и во двете соочувања нашите фудбалски надежи имаа половичен успех. Во првиот натпревар избраниците на Станковски забележаа победа од 3:2 додека во вториот гостите славеа со 1-0. „Задоволен сум од прикажаното на двете средби и ...

Аргентинскиот напаѓач Сантијаго Монтиел ја освои престижната „Пушкаш“ награда на ФИФА за 2025 година, за својот неверојатен гол со „ножички“, кој го постигна за тимот на Индипендиенте. Голот постигнат во мај 2025 година во рамките на аргентинската лига ја одушеви јавноста. 25-годишниот Монтиел, роднина на аргентинскиот светски шампион Гонсало Монтиел, со левата нога постигна спектакуларен погодок од околу дваесет метри, предизвикувајќи восхит ...

Докторот Андреас Харлас‑Нојкинг, 63‑годишниот лекар на германскиот Регнсбург, ја добива престижната награда „ФИФА Фер‑плеј“ за својата херојска интервенција која му го спаси животот на еден навивач. На натпревар во Втората германска Бундеслига, на 20 април оваа година, навивач на Магдебург се почувствува крајно лошо и беше во бессознание. Благодарение на брзата и навремена реакција на докторот Харлас‑Нојкинг, инцидентот не заврши трагично и ...

Италијанскиот репрезентативец Џанлуиџи Донарума ја освои престижната награда на ФИФА „The Best“ за најдобар голман во светот за 2025 година. Ова признание го доби по извонредната сезона во која беше клучен за успехот на својот претходен клуб, ПСЖ, за кого одигра неверојатни натпревари и покажа извонредна сигурност на голот. Донарума ги победи светски реномираните голмани како Алисон Бекер, Тибо Куртоа и Мануел Нојер, потврдувајќи ја својата ...

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен е должен да му исплати на Французинот Килијан Мбапе околу 60 милиони евра поради неисплатени плати и бонуси од неговиот претходен договор. Судската одлука утврди дека клубот не ги исплатил последните три месечни плати, како и бонусите за потпис и други договорени финансиски обврски. Спорот се појави откако Мбапе замина во Реал Мадрид како слободен играч, барајќи поголема компензација за ненаплатените средства. ...

ФИФА го суспендираше белградскиот клуб Партизан и му забрани да регистрира нови играчи во следните три преодни рокови. Ова значи дека „црно-белите“ нема да можат да доведуваат никакви засилувања до летото 2027 година. Причината за суспензијата е неплатена обврска кон поранешниот играч Патрик Андраде, за која Партизан загуби спор пред Судот за спортска арбитража. Износот на долгот е околу 270.000 евра, плус трошоци. Казната од ФИФА важи само ...

Официјално е потврдено дека Големата награда на Португалија ќе се врати во календарот на Формула 1 и ќе се вози во сезоните 2027 и 2028 година. Трката ќе се одржува на патеката во Портимао, која последен пат беше дел од календарот во 2021 година. Тогаш трката во Португалија се врати привремено поради промените на календарот за време на пандемијата. Пред тоа, Португалија беше домаќин на Формула 1 трки во периодот од 1984 до 1996 година на ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изрази разочарување по спектакуларното реми со Борнмут на „Олд Трафорд“ (4-4), натпревар во кој неговиот тим водеше трипати, но на крајот не успеа да победи. „Навистина сме разочарани. Играта беше луда и можеби ќе изгледа дека загубивме две бода во второто полувреме, но мислам дека ги изгубивме уште во првиот дел“, рече Аморим по натпреварот. Тој воедно истакна дека Јунајтед доминирал со ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го комплетира ростерот за продолжението од сезоната со враќањето на Душан Танасковиќ, кој повторно ќе го носи „сино-белиот“ дрес, откако клубот од Аеродром ја доби трката со грчки ПАОК за неговиот потпис. Искусниот центар ќе претставува значително засилување во рекетот, особено во клучната фаза од сезоната во која МЗТ Скопје ќе се бори за остварување на примарната цел – враќање во елитната АБА лига. ...

Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во својот последен билтен ги соопшти казните за немилите настани по натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер во салата „Билјанини Извори“. Имено, двете екипи им е изречена парична казна од по 45.000 денари, а суспензии добија и актерите во инцидентот Крсте Андоновски и Дејан Манасков. На помошникот на Ројевиќ му е изречена дисциплинска санкција од забрана за настап на ...

Еден од најдобрите играчи од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и прв стрелец на Вардар, Роџерс Мато ќе биде единствениот фудбалер од мак-фудбалот кој што ќе настапи на претстојниот Африкански Куп на Нациите. Токму напаѓачот на Уганда е во центарот на африканската фудбалска јавност, а неговото име се најде меѓу фудбалерите на кои ќе треба да се обрне внимание на шампионатот на најдобрите африкански селекции. Меѓу мноштвото големи имиња, ...

Игор Ангеловски и официјално повеќе не е тренер на Етникос Акна, откако кипарскиот клуб му ја прифати оставката и ја потврди разделбата. Од Етникос му се заблагодарија на Ангеловски за неговата работа во првата полусезона од шампионатот. Исто така, благодарност му упатија и на Милан Илиевски кој беше негов асистент. „Тренеру, ти благодариме. Ти благодариме за целата напорна работа и професионализам, но и за етиката и коректниот однос кон ...

Двократниот европски првак Вардар 1961 се пофали со ново име за бековската позиција, а тоа ќе биде Жоао Педро да Силва. Бразилскиот универзалец кому примарната улога му е среден бек доаѓа од Војводина шест месеци порано од планираното. Да Силва требаше да стане вардарец налето, меѓутоа промените наложија реакција пред зимската пауза, па Бразилецот уште во јануари ќе ја задолжи црвено-црната опрема на Вардар. Средниот бек на Војводина може да ...

Фудбалерите на Шкендија ги очекува последниот натпревар од Конференциската лига, а тоа ќе биде гостување кај АЕК Ларнака во шестото коло. Тетовци се во борба за плеј-офот, па од огромна важност ќе биде да се нападне бод или три на Килар. Европската фудбалска федерација (УЕФА) веќе ги делегира официјалните лица за натпреварите од ова натпреварување. Одбрани се литвански судии за мечот во Ларнака. Главен судија ќе биде Манфредас Лукјанчукас, а ...

Македонската јавност тешко ја прими веста дека и со проширувањето на Лигата на шампионите, нашата Суперлига нема да има сигурно место меѓу учесниците и ќе мора да бара „вајлд-карта“. Но, таквото сценарио може да трае само една сезона. Имено, вкупното бодување на ЕХФ се базира на последните три сезони (2021/22, 2022/23, 2023/24), исклучувајќи ја тековната, Така, Македонија испадна од „десетката“, која ги дава сигурните учесници и падна на ...

АТП одобри воведување на ново правило поврзано со екстремно високите температури, кое ќе стапи на сила од сезоната 2026 година, со цел подобра заштита на здравјето на тенисерите. Новото правило се базира индексот на сончеви зраци и предвидува задолжителни мерки за ладење кога температурата ќе достигне 30,1 степени или повеќе во мечевите што се играат на два добиени сета. Во таков случај, по вториот сет може да се побара пауза од 10 минути, ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
91%
1007
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.09
93%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
1.26
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
75%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
92%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
80%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Родиум

336779.07

Злато

159436.20

Рутениум

45750.51

Иридиум

215504.98

Алуминиум

3.07

Паладиум

54077.56

Бакар

11.83

Кобалт

64.04

Сребро

2497.79

Платина

67484.42

Калај

46.06