Актуелниот тренер на Кристал Палас, Оливер Гласнер, се наоѓа на работ да го прифати најголемиот предизвик во својата тренерска кариера – да стане нов стратег на Манчестер Јунајтед, објавија неколку англиски медиуми! Откако одби да започне преговори за продолжување на договорот со Палас, кој истекува на крајот на сезоната, Гласнер ја донесе одлуката дека сака да продолжи на повисоко ниво. Во Кристал Палас имаше извонредни успеси, вклучувајќи ...

Екипата на Прилеп со пораз од лидерот Вардар 1961 ја заврши полусезоната во ракометната Суперлига. Прилепчани оставија одличен впечаток есенва, тимот приреди неколку изненадувања и заслужено сè уште е во трката за пласман во плеј-офот. Капитенот Димитар Димитриоски ја сумираше полусезоната и верува дека Прилеп има квалитети да се натпреварува со најдобрите во пролетниот дел од шампионатот. „Екипата, реално гледано, игра на добро ниво, особено ...

АП Брера го заокружи првиот дел од првенството на седмата позиција со освоени 19 бода. Ако се земе предвид лошиот старт во првите неколку кола, потоа струмичани покажаа завиден квалитет и направија неколку пријатни изненадувања. Тимот на АП Брера славеше против Струга Трим Лум на гости, а успеа да ремизира и против лидерот Вардар во Скопје. Сето ова, надоврзано и со неколку победи пред своите гледачи, го извлекоа тимот од долниот кон ...

Актуелната сезона за Арсими претставува многу повеќе од обично деби во ПМФЛ на Македонија. Како нов тим во елитата, клубот влезе во натпреварувањето со респект кон секој противник, но без страв од имиња или предизвици, покажувајќи уште од првиот натпревар карактер, тактичка дисциплина и целосна доверба во сопствената фудбалска филозофија. Арсими го избра потешкиот, но и поискрениот пат, офанзивен, храбар фудбал со јасна идеја на игра, без ...

Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го продолжија своето партнерство и за 2026 година, со што банката и понатаму останува еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет. Со продолжувањето на соработката што започна во 2018 година, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата долгорочна посветеност на развојот на еден од најуспешните и најпрепознатливи спортови во земјата. Партнерството е насочено кон ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер ќе ја заокружи 2025 година со дуел против Кожув. Победата ќе биде приоритет за „зелено-белите“, а Пелистер како општествено одговорен клуб повторно ја потврдува својата големина и надвор од кошаркарскиот терен. „Ја продолжуваме традицијата последните натпревари да бидат од хуманитарен карактер, тоа ќе биде случај и за дуелот со Кожув, од кој сите приходи од продадените влезници ќе бидат распределени за битолскиот ...

Претставници на ракометниот клуб Вардар денеска имаа средба со новинарите, на која се разговараше на повеќе теми поврзани со најтрофејниот македонски ракометен колектив. Претседателот Михајло Михајловски откри многу детали за иднината на клубот, а меѓу другото истакна дека за следната сезона во тимот ќе мора да им се приклучат двајца Македонци. „Моментално имаме шест македонски ракометари, а за следната сезона мора да најдеме барем уште ...

Гоце Седлоски е главен кандидат за селектор на Фудбалската репрезентација на Македонија. Но, тој и понатаму ќе остане дел од ФК Вардар, без разлика од епилогот на преговорите со „куќата на фудбалот“. Информацијата ја соопшти извршниот директор Миленко Неделковски, на брифингот со новинарите. „Околу статусот на Гоце Седлоски, тој и стручниот штаб ќе го водат клубот и за време на пролетта и меѓународните настапи ова лето. Што се однесува до ...

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, го дефинира планот на подготовки кои ќе се одвиваат во Турција и ќе траат три седмици. Вардар заминува во Сиде, Турција, на 13 јануари. Ќе се играат шест пријателски средби, а на пет од нив веќе се дефинирани. 17.01 - Јаблонец - Чешка 20.01 - се бара противник 23.01 - Мотор Лублин - Полска 26.01 - Махачкала - Русија 29.01 - Акхмат Грозни - Русија 02.02 - Алашкерт - ...

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски во интервју за „sport24.pluska“ зборуваше на многу фудбалски теми, но за првпат јавно проговори и за проблемите во приватниот живот, кои влијаеја на неговата форма и поради кои размислувал да направи пауза од фудбалот. Тоа се случи кон крајот на 2023 година, кога Ристовски го носеше дресот на Спартак Трнава. Тогаш дозна дека неговата мајка е болна и поради тоа му беше многу тешко да се фокусира на ...

На брифинг со новинарите, извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, ја сумира годината зад клубот и говореше на повеќе теми, прва од нив беше финансиите на црвено-црните и старите долгови. „Целиот долг кој ни беше презентиран кога дојдовме како раководство беше презентиран како 2,5 милиони евра и дека тоа ќе биде тоа. Мене и тогаш не ми беше тоа вистина и не ми личеше така, но излезе дека сум во право и дека тие пари не се тие кои се ...

Денес беше официјално потпишан договорот за продолжување на спонзорската соработка меѓу Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што поддршката на Халкбанк кон македонскиот ракомет продолжува и во 2026 година. Соработката меѓу Халкбанк и РФМ, која успешно трае од 2018 година, претставува стабилно и долгорочно партнерство насочено кон развојот, унапредувањето и поддршката на македонскиот ракомет на сите нивоа. Ракометната ...

Додека Усман Дембеле ја славеше наградата на ФИФА за најдобар фудбалер за 2025 година, во Барселона завладеа вистинска бура. Сопругата на Рафиња, бразилскиот напаѓач на каталонскиот клуб, јавно го изрази своето негодување што нејзиниот сопруг не е во идеалниот тим на светот. На церемонијата во Доха, Дембеле од ПСЖ беше прогласен за најдобар фудбалер, додека Луис Енрике стана тренер на годината. Речиси половина од играчите од ПСЖ беа во ...

Осман Дембеле со уште едно индивидуално признание ја затвори, за него, најуспешната и најдобра сезона во кариерата. Францускиот ас, по освојувањето на „Златната топка“, ја доби и наградата „The Best“ на ФИФА за најдобар фудбалер. Членот на ПСЖ доби најмногу гласови во силната конкуренција, а тој беше фаворитот на капитенот и поранешниот селектор на Македонија, Енис Барди и Благоја Милевски. За Дембеле гласаше и претставникот на медиумите Игор ...

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, не можеше да ги скрие емоциите по поразот од Њујорк Никс во финалето на НБА Купот. Младата ѕвезда, потресена од лична тага, ја напушти прес-конференцијата во солзи. Вембањама помина 25 минути на паркетот, завршувајќи го натпреварот со 18 поени и 6 скока. Емоционалниот товар беше дополнително зголемен од трагичната вест дека неговата баба починала во Франција кратко пред натпреварот. „Жал ми ...

Лидерот во Суперлигата, Вардар 1961, ја продолжи соработката со Џуниор Тузолана, кој останува во црвено-црниот дрес до крајот на натпреварувачката сезона 2026/2027. Тузолана пристигна во клубот во септември како краткорочно засилување на позицијата лево крило, но со својот настап, ангажман и енергија брзо се наметна како играч што дава стабилност и сигурност на тимот, поради што управата без двоумење ја активираше опцијата за продолжување на ...

Њујорк Никс е освојувач на НБА Купот, откако во финалето славеше победа над Сан Антонио Спарс со 124-113. На тој начин Никси за првпат го освоија овој трофеј. По Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс, тие се третиот тим што го освоил ова ново натпреварување. Исто така, за славниот клуб од Њујорк ова е и прв трофеј по пауза од 52 години. Оваа титула е мини-одмазда за 1999 година и болниот пораз на Никси во финалето на НБА плеј-офот од Сан ...

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се приклучи на тренинзите на Наполи по долг период надвор од терените поради сериозна повреда на бутниот мускул, која ја доживеа на пријателски натпревар за „партенопеите“. Лукаку, кој пропушти голем дел од почетокот на сезоната, сега работи на враќање на натпреварувачкиот ритам заедно со соиграчите. Се очекува дека тој наскоро би можел да биде во тимот за претстојните важни натпревари, вклучувајќи го и ...

Фудбалскиот свет се подготвува за уште еден голем континентален спектакл - Африканскиот Куп на нации, кој ќе се одржи во Мароко од 21 декември до 18 јануари. Ова ќе биде 35-то издание на најпрестижниот репрезентативен турнир на африканскиот континент, на кој ќе учествуваат 24 најдобри национални селекции, поделени во шест групи. Африканскиот Куп на нации има богата историја која започнува во 1957 година и со децении претставува сцена за ...

Селекторот на шкотската фудбалска репрезентација, Стив Кларк, упати апел до навивачите да бидат внимателни со трошоците поврзани со патувањето и следењето на Светското првенство во фудбал 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. По историскиот пласман на мундијалот, прв по речиси три децении, ентузијазмот меѓу шкотските фанови е огромен, но селекторот предупредува дека еуфоријата не смее да доведе до финансиски проблеми. Кларк ...

Во осминафиналето од Купот на Кралот ќе играат фаворитите од Примера. Најмногу проблеми имаше Барселона, која долго се мачеше, но ја совлада Гвадалахара со 0-2 (0-0). Натпреварот беше одложен за половина час поради огромна гужва пред стадионот и пропусти во организацијата, па поради безбедносни причини мораше да започне подоцна. Избраниците на Ханси Флик победија со 0-2 со многу проблеми, бидејќи првиот гол го постигнаа во 77. минута. ...

Саудискиот фудбалски клуб, Ал Кадисија, потврди дека нов тренер на клубот е искусниот Брендан Роџерс. Некогашниот тренер на Ливерпул, Лестер и Селтик го пронајде својот прв ангажман надвор од Велика Британија, само шест недели по раскинот на соработката со шкотскиот гигант. Роџерс го напушти клубот од Глазгов на 27 октомври, а неговиот втор мандат заврши по острите критики од главниот акционер Дермот Дезмонд, кој изјави дека „неговото ...

Фудбалерите на Челзи ја оправдаа улогата на фаворит и го продолжуваат настапот во Карабао Купот на Англија. Во првиот четвртфинален натпревар „сините“ извојуваа сигурна победа на гостувањето кај Кардиф во Велс, со резултат од 1-3 (0-0). Некогашниот премиерлигаш кој сезонава игра во Лига 1, одлично се држеше во првото полувреме. Кардиф на моменти беше и подобриот ривал на теренот, креираше шанси, но не успеа да го најде патот до гостинската ...

Фудбалерите на Валенсија се пласираа во осминафиналето од Купот на Кралот, откако на гостински терен извојуваа триумф од 0-2 против Спортинг Хихон. „Лилјаците“ иако мака мачат да се вратат на старите патеки во Примера, вечерва немаа проблеми против тимот од Сегунда, а до сигурната победа стигнаа со по еден гол во двете полувремиња. Резултатот го отвори Белтран по само четири минути игра, додека во вториот дел конечниот резултат го постави ...

Кошаркарите на Црвена Звезда загубија уште една драма во Евролига. По епската против Партизан во претходното коло, вечерва кошаркарите на Обрадовиќ во драматичен финиш загубија на гостувањето кај Напоел Тел Авив со 84-78. За „црвено-белите“ кои до пред неколку кола беа при самиот врв на табелата во Евролигата, ова беше трет пораз во низа, а вкупно седми сезонава во елитата, додека Хапоел го забележа дванаесеттиот триумф и останува на ...

Бруно Фернандез, капитенот на Манчестер Јунајтед за првпат се реши јавно да проговори за случувањата во клубот од „Олд Трафорд“. Летово се шпекулираше дека капитенот може да го напушти кормилото и по седум години да се раздели со „ѓаволите“. Тој смета дека раководството на клубот гледало токму кон таа насока, но сепак, неговата конечна одлука била да остане дел од новиот проект предводен од Рубен Аморим. „Почувствував како клубот да сака да ...

Сериозен скандал во најава во африканскиот фудбал само неколку месеци пред интерконтиненталните квалификации за Светското првенство. Според информациите објавени од „Arise News“, Нигериската фудбалска федерација официјално поднела жалба до ФИФА поради сомневања дека Демократска Република Конго во квалификациите користела играчи кои што немале право на настап. Нигеријците тврдат дека дури девет фудбалери на ДР Конго го промениле своето ...

Реваншот од ланското полуфинале во Евролигата не разочара. Панатинаикос му се одмазди на Фенербахче и забележа триумф среде Истанбул со 77-81, во рамки од 16. коло од европската кошаркарска лига. Првите две четвртини минаа во израмнета игра, а по паузата Фенер го најде лекот за противничкиот напад и го остави на само девет постигнати поени, а со тоа се избори и за предност од седум поени (57-50). Сепак, кризата во таборот на грчкиот тим не ...

Екипата на Вардар според планот го заврши есенскиот шампионат во ракометната Суперлига. По поразот во Битола од шампионот Еурофарм Пелистер, единствен оваа полусезона, „црвено-црните“ го совладаа Радовиш пред својата публика, а вечерва не видоа мака ниту на гостувањето кај Прилеп, против кого извојуваа триумф од 25-31. Сè беше јасно уште по првите триесет минути. Иван Чупиќ шанса им даде и на ракометарите со помала минутажа, но тоа не се ...

Битолски Пелистер имаше позитивен старт на сезоната во ПМФЛ, но една црна серија од 77 дена без победа му ја искомплицира позицијата на табелата, по што битолскиот клуб се најде во борба за опстанок. Промената на кормилото вроди плод, па со доаѓањето на Милан Стојаноски, нештата се нормализираа и „зелено-белите“ продолжија да освојуваат бодови и да се прикажуваат во подобро светло, а малку недостигаше во последното коло од есенскиот дел да ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
91%
1007
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.09
93%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
1.26
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
75%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
92%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
80%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2497.79

Злато

159436.20

Алуминиум

3.07

Иридиум

215504.98

Калај

46.06

Платина

67484.42

Кобалт

64.04

Паладиум

54077.56

Бакар

11.83

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Родиум

336779.07