Стрелецот на победоносниот гол за младата селекција на Италија на наптреварот против Македонија, Лука Марианучи, изјави дека е задоволен од триумфот на „аѕурите“ и рече дека било тешко да се освојат бодовите во Битола. У21 репрезентацијата на Македонија долго имаше играч повеќе на стадионот „Петар Милошевски“, но мораше да се помири со минимален пораз, кој дојде по голот на младиот дефанзивец на Наполи. „Овие акции ги работевме во текот на ...

Бројни ракометни ѕвезди своите најдобри партии ги прикажувале во Лигата на шампионите, која денеска стартува со четири натпревари. Кога во прашање е вечната листа на стрелци, засега, а и до блиска иднина сигурно недостижен на врвот ќе биде нашиот Кирил Лазаров. Играјќи за Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона и Нант, легендата на македонскиот ракомет постигна 1.468 гола и е далеку пред сите други. Од активните ракометари никој не ...

Битолски Пелистер претстави уште едно американско засилување. Овој пат „зелено-белите“ ја засилија центарската позиција, откако во Битола пристигна Ленгстон Вилсон, кошаркар кој ќе биде од голема помош во предизвиците во домашното првенство, како и во европското деби што го очекува тимот оваа натпреварувачка сезона. Станува збор за центар висок 210 сантиметри кој ќе биде од огромна помош во борбата под обрачите. Тој настапуваше во НЦАА-лигата за ...

Трета сезона по ред Еурофарм Пелистер ќе биде во друштво на најдобрите во Европа. Возбудувањата од ракометната Лига на шампиони се враќаат на големата сцена, а македонскиот шампион одново ќе води големи битки со европските гиганти. Битолчани летово претрпеа промени во играчкиот кадар, но и понатаму прва ударна игла останува Филип Кузмановски. Капитенот беше вистински лидер на „зелено-белите“ во минатата сезона, а иако македонскиот тим играше ...

Битола е спремна за нови предизвици – Еурофарм Пелистер вечерва на свој терен ќе го пречека Загреб во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Дуелот во салата „Боро Чурлевски“ која одново ќе биде исполнета до последно место ќе биде и деби на меѓународна сцена на новиот тренер на „зелено-белите“ Рубен Гарабаја. Шпанскиот стратег ги отвори картите и познат е составот со кој пелистерци денеска ќе бркаат победа над хрватскиот шампион. ...

Големи имиња провејуваат низ историјата на Лигата на шампионите. Низ листата на најтрофејни се издвојуваат тренерите на Барселона, а сегашниот тренер на Каталонците, Карло Ортега е неприкосновен кога е во прашање бројот на освоени трофеи од Лигата на шампионите. Најтрофејни ракометари во Лигата на шампионите: 1. Карлос Ортега - осум титули (Барселона) - шест како играч и две како тренер 2. Андреј Шчепкин (Барселона, Кил) - седум титули 3. Давид ...

Шеснаесет најдобри екипи во Европа од единаесет различни земји ќе се борат за европската титула во ракомет. Многу повеќе земји од целиот континент се пријавени во Европската ракометна федерација за ова натпреварување. Ракометари од Африка и Јужна Америка секоја година се побројни и побројни, но доминираат ракометарите од Германија, Франција и Скандивија. Најнизок ракометар во ЛШ: Јоав Лумбросо (Динамо Букурешт) -- 172 сантиметри Највисок ...

Грчката престолнина Атина и познатата сала „О.А.К.А.“, домот на кошаркарскиот гигант Панатинаикос, и официјално ќе бидат организатори на завршниот Ф4-турнир во машката кошаркарска Евролига во 2026 година. Одлуката беше донесена денеска, по гласањето на клубовите-акционери во Евролигата. Првично гласањето беше планирано за летото, но процесот беше одложен поради административни причини и потребата за дополнителни консултации меѓу клубовите и ...

Денес се комплетира четвртфиналната фаза на Европското кошаркарско првенство. На програмата имаме два натпревари кои ветуваат интересна и тешка битка за пласман меѓу четирите најдобри, а најголемо внимание привлекува мечот меѓу Словенија на Лука Дончиќ и актуелниот планетарен влатедел - Германија. „Панцерите“ досега покажаа огромна сила и не забележаа ниту еден пораз во групната фаза, а пласманот во четвртфиналето го заверија со убедливата ...

Поради реконструкцијата на битолскиот стадион за натпреварот на Македонија У21 против Италија У21, битолски Пелистер сè уште не настапил на свој терен во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. На единствениот домашен натпревар досега, пелистерци играа во Кавадарци, но викендов се враќаат во својот дом и веднаш ќе играат во вечерен термин. Во рамки од петтото коло од новиот шампионат во Битола ќе гостува дебитантот во елитата, Арсими. ...

Низ историјата на Лигата на шампионите неприкосновена е Барса, која има единаесет титули на стариот континент, а играла значајна улога скоро во секоја сезона од натпреварувањето. Македонските тимови играле важна ролја и оставиле трага. Вардар е дванаесетти на вечната листа со две европски титули и едно четврто место на стариот континент. Еурофарм Пелистер е 73-ти, а и Металург играше значајна улога, иако денес не е рангиран во ЕХФ. Вечна листа ...

Младинскиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Мартин Ѓорѓиевски, заминува во Чешка, каде ќе потпише договор со второлигашот Збројовка Брно. За него ова ќе биде прв меѓународен предизвик, а претходно настапуваше за екипата на Брера од Струмица. Ѓорѓиевски вчера настапи за У21 селекцијата на мечот против Италија во Битола. Се шпекулираше дека е пред преселба во шкотската лига, каде се очекуваше да го засили Данди Јунајтед, но сепак, реши да ...

Фудбалската федерација на Македонија и Битола го положија тестот и стадионот „Петар Милошевски“ под Тумбе кафе мина без забелешки од строгите очи на Европската фудбалска унија (УЕФА). Натпреварот на младите селекции на Македонија и Италија мина во најдобар ред, а нашата земја доби стадион од втора категорија, кој може да биде од голема корист и за целиот македонски фудбалски систем. Натпревари кои може да се играат на стадионот „Петар ...

Битола повторно ќе биде дел од ракометната мапа на Европа. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по третпат во низа ќе ја брани честа на Македонија во Лигата на шампионите, а вечерва „зелено-белите“ ќе го имаат првиот тест. Битолчани да посакуваа можеби немаше да добијат подобар противник во воведното коло од новата сезона. Хрватски Загреб гостува во „Боро Чурлевски“, противник кој им е добро познат на пелистерци. Летово составот на Загреб не ...

Екипите на Пинар Каршијака и Бора ќе играат во финалето на меморијалниот турнир „Боби Петковски“, откако во полуфиналните средби излегоа како победници против македонските претставници на собирот во Гевгелија, екипите на Работнички и Кожув. Екипата домаќин на турнирот во Гевгелија има за што да жали по одигрувањето на полуфиналниот меч против Бора од Приштина чиј капитен е македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ. Кожув по голема драма загуби од ...

Јужноамериканските квалификации за следното Светско првенство завршија. Познати се шесте директни патници на Мундијалот, како и селекцијата која што ќе игра бараж. До почетокот на последното коло речиси никој не веруваш во вакво сценарио, но во фудбалот често пати се случуваат чуда. Венецуела имаше бод предност во однос на Боливија и домашен дуел против веќе пласираната Колумбија, додека „зелените“ имаа натпревар со Бразил. Овие две селекции се ...

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека првиот домашен натпревар во новата сезона ќе го одигра на стадионот „Естади Јохан Кројф“, каде во недела ќе биде домаќин на тимот на Валенсија. Стадионот, кој располага со капацитет од околу 6.000 седишта, е редовен дом на Барселона Атлетик и на женскиот тим на клубот, но овојпат ќе послужи како привремено решение за првиот состав. Причината за оваа одлука е продолженото реновирање на легендарниот „Камп ...

Убедливата победа на Англија од 5-0 над Србија во Белград беше засенета од срамните сцени на трибините, каде што полицијата мораше да интервенира поради масовна тепачка меѓу домашните навивачи. Екипата на Томас Тухел одигра доминантен натпревар и практично обезбеди место на Светското првенство следното лето. Хари Кејн го отвори резултатот, по што следеше првиот гол на Нони Мадуеке за репрезентацијата. Езри Конса и Марк Геи, кои исто постигнаа ...

Екипата на Мекларен е на чекор од тоа да ја завери својата втора последователна шампионска титула кај конструкторите во Формула 1, а тоа може да се случи веќе на претстојната трка за Големата награда на Азербејџан во Баку. Тимот од Вокинг доминира во тековната сезона благодарение на фантастичните настапи на своите пилоти Оскар Пиастри и Ландо Норис, кои во 16 трки досега остварија неверојатни 12 победи. По триумфот во Монца, Мекларен изгради ...

Ноќва се одиграа сите пет натпревари од осумнаесеттото коло од јужноамериканските квалификации за претстојното Светско првенство, во кое имаше две големи изненадувања. Првото го приреди селекцијата на Еквадор, која на свој терен го совлада светскиот шампион Аргентина со минимални 1-0. Аргентина настапи без Лионел Меси, но секако во многу квалитетен состав. Текот на натпреварот се промени кога дефанзивецот на гостите, Николас Отаменди, доби ...

Шпанската тениска репрезентација ќе мора да настапи без своите најистакнати имиња на претстојниот плеј-оф од Дејвис Купот против Данска, кој ќе се одигра на 13 и 14 септември во Марбеја. Како што пренесува „Марка“, новиот број 1 на АТП-листата и актуелен шампион на УС Опен, Карлос Алкараз, како и победникот во двојки во Њујорк, Марсел Гранојерс, нема да бидат дел од националниот состав. Алкараз, кој викендов во драматично финале го совлада Јаник ...

Грчката престолнина Атина и познатата сала „ОАКА“, домот на кошаркарскиот гигант Панатинаикос, се издвојуваат како водечки фаворити за организација на завршниот Ф4-турнир во машката кошаркарска Евролига во 2026 година. Одлуката треба да биде донесена по гласањето на клубовите-акционери во Евролигата, кое е закажано за утре, 10 септември. Првично гласањето беше планирано за летото, но процесот беше одложен поради административни причини и ...

Францускиот напаѓач Висам Бен Једер има нов клуб во својата кариера. По неколку месеци без ангажман, 35-годишниот поранешен репрезентативец на „триколорите“ потпиша договор со турскиот второлигаш Сакаријаспор. Клубот од Сакарија, кој моментално е на 15. позиција во втората лига, соопшти дека постигнал договор со Бен Једер и му посака многу успеси во зелено-црниот дрес. Бен Једер минатото лето се раздели со Монако и оттогаш беше без клуб, а во ...

Кошаркарската селекција на Италија остана без селектор по поразот во осминафиналето на Евробаскетот, а „Тутоспорт“ открива дека главен кандидат нов предводник е Лука Банки, додека се споменува и Александар Ѓорѓевиќ. Италијанците во последно време имаат голем број експерти во најсилните европски тимови. Еторе Месина е со години на клупата на Армани, Серхио Скариоло беше селектор на Шпанија, а сега оди во Реал Мадрид, а тука се и Андреа Тринчиери, ...

Фудбалската репрезентација на Англија забележа убедлива победа кај Србија (0-5) и така Томас Тухел ја продолжи серијата без пораз на чело на Гордиот Албион - пет меча, пет победи и без примен гол. Англичаните славеа сигурно во Белград, а во вториот дел го распарчија ривалот. Хари Кејн и Нони Мадуеке во 33. и 35. минута донесоа 0-2, а потоа погодија Конса, Рашфорд и Гуеје за убедлива радост. Португалија се соочи со Унгарија, мечот заврши 3-2 за ...

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година претрпе втор пораз во квалификациите за Европското првенство. По неуспехот на гости во Полска, надежите на Горан Станиќ загубија на домашниот дуел од фаворитот Италија со минимални 0-1 (0-1). Средбата која се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола пред речиси исполнети трибини и околу 8.000 навивачи, за жал им припадна на гостите иако играа повеќе од едно полувреме со ...

Кошаркарската репрезентација на Грција ја оправда фаворитската улога и со победа над Литванија (86-76) обезбеди место во битките за медал на Евробаскетот кој се игра во Летонија, Финска, Полска и Кипар. „Хелените“ важеа за фаворити пред средбата и предводени од најголемата ѕвезда Јанис Адетокумбо ја потврдија добрата форма и моментум на овој шампионат. Имаше јужниот сосед цело време предност, а на полувремето резултатот гласеше 44-38 за Грците. ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе остане во Романија и ќе настапи на силен турнир во Букурешт. Тетовчанката освои титула во оваа земја изминатиот викенд, а сега ќе игра на фјучрсот вреден 60.000 долари и ќе напаѓа нов успех. Ѓорческа ја има улогата на четврта носителка и тргнува од првото коло. Ривалка на Лина Ѓорческа на стартот е домашната тенисерка Георгиа Андреа Кракјун, а во следната рунда победикот од овој меч ќе игра со ...

Фенербахче официјално објави дека 39-годишниот Доменико Тедеско е новиот предводник на тимот. Италијанскиот стратег потпиша договор на две години и ќе го наследи Жозе Мурињо, кој беше отпуштен по елиминацијата на клубот во плејофите за Лигата на шампионите. Асистент на Тедеско ќе биде поранешниот капитен на „жолто-сините“, Ѓокан Ѓонул. Со ова назначување, Тедеско се враќа во клупскиот фудбал по речиси двегодишна пауза, откако последно ја ...

Тажни се младите фудбалери на Македонија затоа што иницијативата во вториот дел не им донесе барем бод со силната Италија. У21-тимот во Битола загуби од „аѕурите“ со 0-1, во вториот меч од циклусот за евро-квалификациите. Дуелот го анализира Матеј Ангелов. „Прво, сакам да се заблагодарам за навивачите што дојдоа да не поддржат. Ни беше чест и задоволство што имавме шанса да играме меч во ваква атмосфера, со ваков противник. Знаевме каков тим е ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1029
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1028
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
0.0
85%
1028
weather icon

Софија

15ᴼ / 7ᴼ
1.54
44%
1029
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.62
55%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
57%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
48%
1024
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
59%
1025
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 16ᴼ
1.59
79%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
37%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976