
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Иако односите се заладија во последниве години, САД и Русија продолжуваат да соработуваат во вселената. Американската вселенска агенција НАСА и рускиот Роскосмос ќе продолжат со заедничките напори за испраќање на екипажи во Меѓународната вселенска станица (ISS). Официјалната потврда дојде од руската агенција, а беше наведено дека партнерството ќе продолжи до крајот на 2025 година. Photo by NASA on Unsplash Оваа соработка вклучува составување ...
Од денеска учениците од четврто, петто и шесто одделение ќе ги имаат првите дигитални интерактивни учебници, станува збор за учебници кои содржат многу мултимедијални елементи како видеа, слики, илустрации, квизови и слични содржини кои, докажано го прават учењето да биде интересно за младите, информира министерот за образование Јетон Шаќири. Тој на денешната промоција на овие дигитални учебници истакна дека не станува збор за замена за ...
Богатството на 38 од 50-те најбогати луѓе и 385 од 500-те најбогати луѓе во светот годинава се зголемило, во еден случај дури седум пати. Како што пишува „Гардијан“, порастот на трошоците за живот значеше дека многумина мораа да се мачат да имаат пристоен оброк за Божиќ и Нова Година, за разлика од американските технолошки милијардери и руските олигарси, на кои празничниот период им е прилично лесен. Од Илон Маск и Марк Закерберг на врвот на ...
„Запрете ја земјата, сакам да се симнам“ – оваа и слични фрази постојат уште од 1950-тите, главно како дел од текстот на песните во класичната и модерната музика. Но, ако планетата навистина престане да се врти, последиците не би имале ни малку романтичен тон како песните, туку се повеќе би личело на апокалиптичен хорор филм. Image by Freepik Замислете како шетате на сончева плажа некаде покрај Екваторот. Земјата нормално ротира кон исток со ...
Со македонскиот пасош можете да патувате во 130 земји, од кои во 81 без виза, во 49 со виза откако ќе пристигнете и целосен виза режим за патување во 68 земји. За разлика од минатата година македонскиот пасош е во подобра позиција, минатата година со македонски пасош можело да се оди во 125 земји. Според новите податоци, на врвот на листата се Обединетите Арапски Емирати. Граѓаните можат да посетат 180 земји без виза. Второто место го делат ...
Професорот по макроекономија и финансии на берлинскиот Универзитет Хумболт, Марсел Фрацшер, анализира дали француската економија сега е посилна од германската во авторски текст за надворешнополитичкиот портал Project Syndicate. Тој истакна дека разликите меѓу француската и германската економија ретко се толку остри како што се сега. Тој посочи дека француската економија изненадувачки расте и е се попривлечна за странските и домашните ...
Во текот на годинава заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица, информираше претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на брифинг со медиумите. Посочи дека се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица во однос на претходната 2022 година во која се случиле ...
За две години преку платформата „Слободен пристап“ до институциите се испратени 162 барања за информации од јавен карактер, од кои речиси половина не се одговорени. Од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер велат дека институциите и барателите сè уште ја практикуваат класичната форма на поднесување барања преку е-пошта или лично да ги предадат наместо тоа да го направат преку порталот во ...
– Петардите се опасни, штетни и воопшто не се кул е пораката на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства „Петарди НЕ – безбедност пред сè“ која денеска ја порачаа од МВР на показна вежба која се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Оваа година кампањата ја реализираат Министерството за внатрешни работи во партнерство со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Црвениот крст. Фотот: МИА ...
Откривањето на скандалот со прислушувањето, познат и како Предаторска порта или грчки Вотергејт, беше иницирано од независните грчки медиуми како што се „Inside Story“, „Reporters United“ и про-СИРИЗА (главна опозиција во Грција, инаку левичарска партија) медиумите како што се „Efimerida ton Syntakton“ и „Documento“. Овие медиуми долги месеци се обидуваа да го истакнат проблемот така што постојано известуваа за истиот. Сепак, ова не го ...
Давањето подароци за празниците е доволно тешко за оние кои имаат список со желби, но што е со оние кои навистина го имаат сето тоа? Милионерите и милијардерите сакаат да даваат и примаат исто како и ние обичните смртници, дури и ако тие подароци чинат многу повеќе и веројатно е потешко да се најдат во локалниот трговски центар. Неколку дена пред Божиќ минатата година, Никол Полард Бајм, основач на компанијата за луксузен стил Лалалукс, добила ...
Виторија, престолнина на Баскија е град со 50 метри квадратни зеленило по глава на жител (Лондон има 31, Барселона 17). Пред неколку децении, кога многу европски градови градеа сè поголема мрежа на патишта, Виторија, град на северот на Шпанија, од асвалтот „одземаше“ зелени површини , создавајќи паркови и велосипедски патеки. Градот се нарекува зелен прстен (anillo verde), а во 2012 година Европската комисија го прогласи за зелена престолнина. ...
Во земјава вкупно недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа. Иако последниот попис на населението покажа помал број жители во земјава, а со тоа и помалку потребни минимум екипи на итната помош, сепак на половина од вкупно 33-те служби за итна медицинска помош во земјава им ...
Најголемата изборна измама во историјата, сепак не се случила на нашите простори (иако многумина така би помислиле). Годината е 1927, земјата Либерија, „кралот“ на измамата Чарлс Кинг, кој победил на претседателските избори. Победил со освоени 230.000 гласови, а имало регистирирани околу 15.000 гласачи! Очекувано, овие избори влегле и во Гинисовата книга на рекорди како најизмамнички што некогаш се случиле во историјата. Чарлс Кинг, кој и во ...
Индија тестира вештачка интелигенција (АИ) за да изгради климатски модели за да ја подобри временската прогноза бидејќи поројните дождови, поплавите и сушите се шират низ огромната земја, изјави висок метеоролошки претставник. Глобалното затоплување поттикна поекстремни временски услови во Индија во последниве години, за што независниот Центар за наука и животна средина проценува дека оваа година уби речиси 3.000 луѓе. Photo by Dibakar Roy on ...
МВР во акција за превенирање на употреба на петарди и други пиротехнички средства за време на празниците кои доаѓаат. Претставници од МВР во соработка со Клиниката за пластична хирургија од Скопје ги посетиле и основните училишта низ државата укажувајќи им на опасностите по здравјето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Според лекарите, употребата на пиротехничките средства доведува до сериозни повреди на телото на ...
Во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации насловено „Трошки за здруженија на граѓаните во општинските буџети“ се вели дека скоро сите пари наменети за невладини организации преку општините одат во спортските клубови. Истражувањето открива дека општините преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, ...
Туризмот во Македонија е во раст, а годината што изминува ја завршуваме со 600 милиони евра девизен прилив од туризам и угостителство. Директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, вели дека оваа бројка е далеку од капацитетот кој Македонија го има, но туризмот треба да се развива стратешки и систематски. Јаневски смета дека туристичката индустрија има потреба од нови вработени, кои можат да се надополнат преку увоз ...
Министерството за образование и наука потсетува дека двата јавни повика за финансиска поддршка на учениците во основните и во средните училишта, како и за студентите, се објавени на веб-страницата www.mon.gov.mk, а 24 декември 2023 е крајниот рок за аплицирање. При креирањето на мерките се водеше грижа процесот на аплицирање да биде едноставен. Сепак, со цел да се излезе во пресрет на барањата на дел од потенцијалните апликанти, процесот се ...
“Три дена на раци те носевме збрана, три дена – со тага на погледот срчен, и секоа капка од твоата рана ко крвава жар ми капеше в срце…” -Почетните стихови од песната која сите ја имаме прочитано барем еднаш во животот. Стихови од најпознатата песна на неповторливиот Ацо Шопов. Ацо Шопов Денес се враќаме еден век назад, за да му одбележиме роденден на извонредниот Ацо Шопов. Незаборавниот поет во литературните води запливал како дваесетгодишник, ...
Апелациониот суд Скопје со пресуда од 30.10.2023 година во целост ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд Скопје од 31.03.2023 година. Со оваа пресуда е утврдено дека Владата на Република Северна Македонија и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас. Фото: mhc Судот утврди дека директната дискриминација е сторена со непреземање, односно, со ...
Дигиталните, нереални женски модели создадени од вештачката интелигенција стануваат се почести, што е причина многумина за анализира и критика на стереотипното претставување на жената во уште една сфера. Оливија Петер, новинарка која е специјализирана за теми за меѓучовечки односи, мода, поп-култура и насилство врз жените, неодамна напиша во статија за британски Индепендент за жените – модели создадени од вештачката интелигенција, чии лица и ...
Звуците на Новата година е новото остварување од Светот на Биби. Детската фантазија и искреност се непроценливи и токму поради истото се одлични судии, точно знаат што им се допаѓа, а што не. Кога нешто е добро, веднаш препознаваат и со уживање се препуштаат кон нови авантури. „Светот на Биби“ е дел од светот на секое детенце и веќе неколку години по ред на забавен начин преку едукација и интерактивност ги води низ целиот универзум на Биби и ...
Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни мерки во Македонија добиваат дронови за да се борат со шверцот и организираниот криминал. Дроновите се донација од Обединетото Кралство, со коишто ќе ракува специјален тим кој поминал обуки организирани од страна на експерти од Обединетото Кралство. Ова е од големо значење за зголемување на ефикасноста на институцијата, превентивно делување, како и обезбедување докази и зајакнување на ...
Група јужнокорејски средношколци и потенцијални бруцоши бараат од државата отштета од 15.400 долари по лице бидејќи нивниот приемен испит завршил 90 секунди порано. Висината на надоместокот се совпаѓа со трошоците за една година студирање за да може повторно да го полагате приемниот испит. Suneung, приемен испит кој со текот на времето стана познат по својата тешкотија, трае осум часа за време на кои повеќе предмети се полагаат без пауза. ...
Еден од поголемите проблеми со кои се соочуваа студентите во текот на студиите е начинот на регулирање на здравствено осигурување и остварување право на здравствена заштита. Начинот на остварување на право на здравствено осигурување е различен за редовните и вонредни студенти. Со Законот за здравствено осигурување, се регулирани правата, обврските и начинот на спроведување на здравственото осигурување. Видови здравствено осигурување ...
Отворена е прва истрага за прекршување на новите прописи за социјалните медиуми. Властите на Европската унија истражуваат дали онлајн платформата ,,Х”, ги прекршила строгите нови прописи за социјалните медиуми во првата ваква истрага откако стапија на сила правилата дизајнирани да ја направат содржината на интернет помалку токсична.Потпретседателката на Европската комисија, Маргрет Вестагер изјави: „Секое прекршување на нашите правила го сфаќаме ...
Поради големиот број на сензори кои следат што се случува со телефонот и неговиот сопственик, и ред други функции што денешните телефони ги извршуваат, нивните батерии се под големо оптоварување. Покрај тоа, има уште цела низа работи што корисниците ги прават што дополнително ја уништува батеријата на нивниот телефон. Грижата за вашиот паметен телефон со одржување на здрав статус на батеријата е секогаш задолжителна. Сепак, ваквите вообичаени ...
Средношколците од Штипските средни училишта прво и второ место на натпревар во Изборологија. Изборологија е игра преку која подобро се запознавате со политичкиот систем и служи за политичка едукација. Турнирот кој се одржа вчера заврши вака: СОУ”Јане Сандански” – Штип – 1 место СОУ”Коле Нехтенин” – Штип – 2 место СОУ”Кузман Јосифовски-Питу” – Прилеп 3 место СОУ”Јане Сандански” – Струмица – 4 место СОУУД”Димитар Влахов” – Струмица – 5 место ...
Сите седум проекции за населението во Република Северна Македонија до 2070 година на Државниот завод за статистика (ДЗС) упатуваат на намалување на вкупното население во земјава. Набљудувано по проекциски варијанти населението на земјата, од појдовните 1.832.000 во 2022 година, до крајот на проекцискиот период би се движело во интервал од 501.200 (константна варијанта), до 1.485.700 (варијанта без миграции). Доколу ништо не се промени и останат ...