
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Александар Деспотовски е дипломиран доктор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, уште од 2015 година. Кариерата ја започнува како матичен лекар во Македонија, а подоцна заминува да работи како доктор во Германија каде првенствено работи на клиника во Финстервалде (Abteilung für Chirurgie, Assistenzarzt, Krankenhaus in Finsterwalde). Неодамна д-р Александар добива и специјализација за неврологија во клиниката Carl-Thiem-Klinikum Cottbus. ...
Песна на Тејлор Свифт може да помогне да се спасат животи на луѓето, велат експертите. Американското здружение за срце ја прогласи песната „You’re Losing Me“ за совршена за изведување на кардиопулмонална реанимација (CPR), техника која спасува животи и е корисна во многу итни случаи каде што нечие срце престанало да работи. Има 103 отчукувања во минута, што се смета за вистинско темпо за рестартирање на срцето со компресија на градниот кош. ...
Овој натрепар можеби ќе биде и крај на уште една фудбалска историја помеѓу овие две фудбалски ѕвезди, Меси и Роналдо. Роналдо му се приклучи на саудиски Ал Наср на 30-ти декември минатата 2022 година, додека Меси го напушти ПСЖ на 7-ми јуни оваа година и му се приклучи на тимот од Флорида. Натпреварот против Ал-Наср е еден од трите кои Интер Мајами ќе ги одигра на азиската турнеја во пресрет на стартот на новата сезона во МЛС. Три дена пред ...
Во Југославија беше рај – денес е пекол, песните од 90-те беа музика – денес ова не е, младите порано беа разумни и имаа почит – денес се катастрофа… ова се само дел од коментари кои можат да се стават во редот на „токсична носталгија. Особено што цели општествени феномени се подведуваат под едноставни компарации. Многу често во македонското општество, а и насекаде во светот, може да се види она што научниците го нарекуваат „токсична ...
Евробарометар го истражува менталното здравје на луѓето во Европа. Еве некои од податоците до кои дошле: Луѓето со најмногу енергија се сметаат луѓето од Грција, додека пак со најмалку енергија се сметаат луѓето од Естонија. Како најсреќени луѓе се сметаат луѓето од Данска, додека пак како најмалку среќни се сметаат луѓето од Италија. За најсмирени луѓе се сметаат луѓето од Литванија, додека за најмалку смирени се сметаат луѓето од Малта. За ...
Европејците се отворени за пристапување на Украина во ЕУ, но се скептични за приемот на државите од Западен Балкан, Грузија и Турција, покажува истражувањето спроведено во шест земји членки на ЕУ пред овонеделниот Самитот на Унијата на кој ќе се расправа за проширувањето, пренесува британски „Гардијан“. Европејците генерално се отворени за идејата Украина да се приклучи на ЕУ, и покрај трошоците и ризиците, но во најдобар случај се млаки во ...
Контрастот помеѓу богат начин на размислување и „сиромав“ начин на размислување често е дефинирачки фактор во областа на личниот и финансискиот успех. Оваа разлика оди подалеку од обичната финансиска состојба, навлегува во тоа како поединците ги перцепираат можностите, се соочуваат со предизвиците и како постапуваат во одредени ситуации. Разликите не се однесуваат само за стекнување на богатство, туку се работи за негување на начин на ...
Oxford University Press, кој го издава Оксфордскиот речник, го прогласи „rizz“ за збор на годината, нагласувајќи ја популарноста на терминот што го користи генерацијата Z (zed) за да ја опише нечија способност да привлече или заведе друга личност. Се претпоставува дека „rizz“ (rizz) доаѓа од зборот харизма и може да се користи како глагол, како што е rizz up што значи „привлекува, заведува, флертува со некого“, соопшти издавачката куќа, пренесе ...
На Изборот за Песна на Евровизија кој годинава ќе се одржи во Малме, Шведска ќе учествуваат изведувачи од 37 земји, објави Европската радиодифузна унија. По победата на Лорин оваа година, одлучено е следниот избор за песна на Евровизија да се одржи во Малме од 7 до 11 мај. Утврден е и бројот на земји-учеснички. На евровизиската сцена во Малме ќе настапат натпреварувачи од 37 земји. Освен домаќинот Шведска, ќе учествуваат сите земји од „големата ...
Писа тестирањето покажува каде се наоѓаат со знаењата македонските ученици во однос на учениците од другите земји на ОЕЦД. Оддалеченост на планетите во Сончевиот Систем, економичност на автомобил, просек на поени на кошаркарски меч, полнење на кутии во камион за селидба… Ова се дел од прашањата по математика од најновото ПИСА 2022 тестирање, кои беа поставувани на 15-годишници од 81 држава и територија низ светот, меѓу кои и во Северна ...
Во 40 улилишта низ државата е поставено нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до интернет со цел полесно да ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопшти Министерството за образование и наука. Image by Freepik МОН појаснува дека пристапот е овозможен преку безжични пристапни точки во сите училници, а пребарувањето на содржините е ограничено ...
Најдобрите универзитети во светот нудат акредитирани програми и повеќе се фокусираат на развој на лидери кои прават глобална промена. Ако барате иднина полна со можности и признанија, тогаш треба да размислите да студирате во институција која нуди образование од светска класа. Добрите универзитети во светот се посветени на предавање, учење и истражување. 1. Harvard University Универзитетот Харвард е на врвот на листата на најдобри универзитети ...
November run Gevgelija сигурно не би била така успешна како што е, ако во неа не се вклучени младите волонтери од Гевгелија Најмасовниот спортски настан одржан во Гевгелија уличната трка насловена November run Gevgelija 2023 заврши во знакот на беспрекорната организација на настанот од страна на организаторот Атлетски клуб “7-ми Ноември” Гевгелија. Посебен белег на овој настан даде масовното учество на младите волонтери вклучени во организација ...
Македонските ученици постигнаа пониски резултати од просекот на ОЕЦД (Организацијата за економска соработка и развој) на меѓународното ПИСА-тестирање во сите три полиња – читање, математика и наука, покажува најновиот извештај за 2022 година. Од 81 држава, учениците од Македонија се на 71. место по јазична писменост, а на 61. место со знаење по математика, соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавувајќи ги резултатите од ПИСА ...
Мета наскоро ќе ја отстрани функцијата што ви овозможува да разговарате со пријателите помеѓу Facebook и Instagram. Врз основа на известувањето од Instagram, функцијата веќе нема да биде достапна некаде во средината на декември, со тоа што сите постоечки разговори и пораки меѓу платформите ќе останат само за читање. Како до “детоксикација“ од социјални мрежи Најавена во 2019 година, меѓуплатформска интеграција започна да се применува една ...
Rockstar Games синоќа го објавија првиот трејлер за GTA VI, новата видеоигра од популарниот серијал Grand Theft Auto. Според најавите играта се очекува да излезе во 2025 година на Плејстејшн 5 и Икс-бокс сериите S и Х. Во првичните информации не се споменува дека играта на самиот старт ќе биде достапна за корисниците на персонални компјутери. Девелоперите на „Rockstar“ велат дека се свесни поради поголемата популација на играчи која им е на ...
Што ново може да се понуди во наставата и дали е можно обмислување на нови начини на тестирање и оценување со користење на вештачка интелигенција – ВИ (AI) и на системот ChatGPT, кој е слободен за употреба од ноември минатата година. Дали може нешто да се адаптира, што да се задржи, а што да се смени – на овие прашања истражувале неколку професорки од Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет на УКИМ поттикнати од развојот ...
Во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци” денеска е отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14 годишната Вања Ѓорчевска. На службениот влез на училиштето блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит доаѓаат да се потпишат во Книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата Вања. Фото: МИА.МК Менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози денеска се во целосна спремност со цел ...
Ви пренесуваме Есеј насловен „Задачата на светот за време на војната“ од познатиот светски историчар ЈУВАЛ НОА ХАРАРИ. Есејот е објавен во магазинот Тајм и фрла интересна перспектива на тоа што светот треба да направи во врска со војната меѓу Израел и Хамас. Јувал Ноа Харари Авив Куц, жител на Кибуц (н.з. еврејска заедница во Израел), Кфар Аза, беше пријател од детството на еден мој многу близок пријател. Авив и неговата сопруга Ливнат и нивните ...
Изминатите три години, нивото на инвестирање во превенција на ХИВ инфекцијата постојано опаѓа. Тоа укажува дека имаме уназадување на одговорот на национално ниво и не се справуваме добро со ХИВ инфекцијата, беше истакнато денеска на прес-конференцијата што во Скопје се одржа по повод 1 декември – Светскиот ден за борба против СИДА. Фото: МИА Елизабета Божиноска, в.д. директорка на „ХЕРА“ рече дека според проценките во 2021 во државава живеат ...
Светлана Шопова, сопруга на великанот на македонската поезија, Ацо Шопов се присетува на моментите поминати со својот сопруг во родниот Штип. Ацо Шопов е роден штипјанец, но дел од детството поминал во тешки услови, грижејќи се за својата болна мајка. Светлана сведочи за моментите кога Шопов направил дел од своите најзначајни дела, а секако и за нејзината улога во создавањето на поезијата. Во Штип, Светлана се врати по повод промоција на нова ...
Помина една година откако калифорниската компанија OpenAI го лансираше Chat GPT. Со четботот со вештачка интелигенција, за само два месеца по неговото лансирање, над сто милиони корисници „четуваа“, иако се работи само за виртуелен асистент чии креатори ветуваат наскоро „турбо“ верзија. Истакнавме шест факти што треба да ги знаете за Chat GPT. Ве сакаме. Создадовте нешто магично, со овие зборови, во пресрет на првиот роденден на Chat GPT, на ...
Декември е месец на празниците. Магијата се шири низ воздухот. Украси и светилки насекаде околу нас. Мирис на колачи и костени. Топло вино, добра музика и убава забава ,тоа е она што не потсеќа на Божиќ. Насекаде низ светото во Декември се шири празничната магија ,а најмногу низ Божиќните маркети. Во Европа има многу популарни вакви маркети а ние ги издвојуваме нашите ТОП 3 кои би можеле да ги посетите наредниот месец. 1.Будимпешта, Унгарија ...
Шпанската репрезентативка и член на Барселона, Алексија Путељас, се очекува да стане првата фудбалерка во историјата која ќе потпише договор вреден повеќе од еден милион евра, јавија вечерва шпанските медиуми. Шпанската репрезентативка и член на Барселона, Алексија Путељас, се очекува да стане првата фудбалерка во историјата која ќе потпише договор вреден повеќе од еден милион евра, јавија шпанските медиуми. Според весникот „Ел Мундо ...
Суперѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс забележа трипл-дабл во поразот рано утрово од Сакраменто со 110:125. Џејмс мечот го заврши со 28 поени, 12 асистенции и 10 скока. Четирикратниот НБА-шампион со 38 години и 320 дена стана вториот најстар играч во историјата кој забележал трипл-дабл на еден натпревар. Карл Мелоун имаше 10 поени, 11 скока и 10 асистенции за 26 минути на 28 ноември 2003 година против Сан Антонио – имаше 40 години и ...
Сообраќајот со изменет режим, без настава и без работа на државната и јавна администрација се дел од работите кои ќе бидат изменети попладне и утре во Скопје. Ова е како резултат на посетата на околу 1.000 гости, меѓу кои и највисоките политички претставници од САД и Русија. Посетата доаѓа како резултат на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој утре официјално ќе започне во адаптираната спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Она што на ...
Универзитетот Гоце Делчев, последниве неколку години примамува се’ повеќе домашни и странски студенти. Најголем број од странските студенти на Универзитетот доаѓаат од Турција, а од нив најмногу се запишуваат на Факултетот за Медицински науки. Овој факултет секако е еден од најатрактивните и за домашните и за странските студенти. Од разговорите со студенти од Турција успеавме да идентификуваме неколку заеднички причини поради кои доаѓаат во ...
Борбата против корупција е важен дел од градењето подобро општество за идните генерации. Децата, како идни лидери и граѓани на утрешниот свет, имаат важна улога во оваа борба. За почеток, важно е децата да разберат што е корупција и кои се нејзините последици за општеството – од малото секојдневно поткупување до големите корупциски скандали кои ги засегаат цели општества. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, осврнувајќи се на нивното ...
МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје откако вчера во 08.35 часот нејзината мајка пријавила дека е исчезната. Мајката на исчезнатото девојче, за „Макфакс“ раскажува дека и таа и полицијата го прегледувале нејзиниот компјутер, но дека не пронашле ништо. Ѓорчевска појаснува дека полицијата ги прегледувала и камерите и сите достапни материјали и докази што би можеле да помогнат во пронаоѓање на исчезнатата Вања. Мајката ...
Во НБА лигата кошаркарите на Филаделфија го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 138:94 што е убедливо највисокиот пораз во 21 сезоната во кариерата на Леброн Џејмс. Џоел Ембид ја предводеше Филаделфија до победата со 30 поени, додека Леброн Џејмс вчера го доживеа најтешкиот пораз во кариерата. Досега никој не го победил со 44 поени разлика, колку што изнесуваше синоќа во Филаделфија, а ова воедно е седми пораз по ред на Лејкерс против Филаделфија. ...