
Меѓународниот ден на пријателството се обидува да ја промовира улогата што ја игра пријателството во сите култури.
Историја на Меѓународниот ден на пријателството:
-Меѓународниот ден започна да се одбележува во 2011, така што Обединетите нации сакаа да го потсетат светот колку е значајно пријателството и колку бенефити имаме од него. Првично основан од Халмарк во 1919 година, требаше да биде ден кога луѓето ќе го прослават своето пријателство испраќајќи меѓусебни картички. Но, до 1940 година, пазарот пресушил и на крајот овој ден целосно изумрел.
Моќта на пријателството е меѓународна моќ која допира до сите краишта и култури на земјината топка. Овој Меѓународниот ден на е за промовирање на заедништво и добрина, зближување на луѓето.
Ја подобрува емоционалната отпорност (споделувањето на добрите и лошите моменти со луѓето што ги сакате)
Ја зголемува моќта на мозокот (истражувањата докажаа дека дружењето со други луѓе дури и само за десет минути, ќе ја подобри вашата способност за решавање проблеми и моќта на вашиот мозок)
Може да го подобри сонот (научниците тврдат дека луѓето се понемирни за време на спиењето ако не се дружат)
Ги прави луѓето поздрави (студиите покажаа дека луѓето без силни врски имаат повисоки стапки на обезитас и зголемен крвен притисок)
Photo by Hannah Busing on Unsplash
Како да се прослави Меѓународниот ден на пријателството?
Не постојат одредени правила за тоа како да се прослави овој Ден , но еве неколку идеи :
Правете убави работи за луѓето
(посетете ги пријателите и направете нешто што ќе предизвика насмевка на нивното лице. Ова може да биде сè, од заедничко уживање на кафе до едноставно испраќање СМС порака на некој со кој не сте разговарале подолго време. Поминете го денот правејќи убави работи за луѓето, предизвикувајќи насмевка на нивните лица)
Одете во кино (заеднички изгледајте филм кој ве поврзува)
Организирајте настан со пријателите (вечерата е одличен избор за тоа)
“Пријател е оној кој ве познава такви какви што сте, разбира каде сте биле, прифаќа она што сте станале и сепак, нежно ви дозволува да растете”-Вилијам Шекспир