Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста дека е реализирана втората распределба на средства од заедничката сметка за донации, која беше формирана по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Оттаму истакнуваат дека во согласност со принципите на целосна транспарентност, отчетност и правна усогласеност, сите пристигнати средства од оваа фаза се распределени исклучиво на лица кои беа директно погодени од трагедијата. ...

Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ги минува своите први денови во федералниот затвор „Форт Дикс“. Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи. Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено губење ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност. – ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или ...

HBO официјално работи на нова телевизиска адаптација на „V for Vendetta“, дознава ексклузивно Variety. Серијата ќе ја пишува Пит Џексон, номиниран за БАФТА за драмата Somewhere Boy, додека Џејмс Ган и Питер Сафран од DC Studios ќе бидат извршни продуценти. Проектот е во рана фаза на развој под покровителство на Warner Bros. Television и британската продуцентска куќа Wall to Wall Media. Иако HBO и DC сè уште не коментираат официјално, извори ...

Европската комисија го поздравува регулираното и инклузивно спроведување на локалните изборите во Косово во неделата и повикува на брзо потврдување и спроведување на изборните резултати, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. Во однос на санкциите воведени кон Приштина поради ескалацијата на состојбите на северот од Косово, Хипер истакна дека Комисијата веќе презеде некои чекори за постепено ...

Во сенка на војната и политичките тензии, израелскиот парламент усвои два контроверзни закони што го менуваат односот на државата кон правдата и медиумите. Едниот ја отвора вратата за враќање на смртната казна, другиот ѝ дава на владата право да замолчи странски медиуми без судска одлука. Одлуките на Кнесетот ја отвораат дебатата: дали Израел ја зајакнува својата безбедност — или ја губи својата демократија? Во еден од најконтроверзните потези ...

Шпанскиот напаѓач Ламин Јамал поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Грузија и Турција во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Медицинскиот персонал на шпанската репрезентација изразува изненадување и загриженост што на 10 ноември, денот на официјалниот почеток на тренинг кампот со репрезентацијата, фудбалерот Ламин Јамал беше подложен на инвазивна радиофреквентна процедура за лекување на непријатност во препоните. ...

Германија ќе ја зголеми помошта за Украина во 2026 година за три милијарди евра, со што вкупната поддршка ќе достигне повеќе од 11,5 милијарди евра,покажува најновиот нацрт-буџет подготвен од Министерството за финансии за последната расправа на Буџетскиот одбор на Бундестагот. Овие дополнителни средства, што ќе бидат издвоени за одбранбени цели, ќе бидат насочени кон набавка на артилерија, беспилотни летала, оклопни возила и замена на два ...

Обвинетиот за убиството на шест лица при напад со автомобил на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург соопшти дека започнал штрајк со глад на вториот ден од неговото судење, кое се спроведува под високи безбедносни мерки. – Започнав штрајк со глад вчера. Планирам да трае три недели. Не очекувам физичка штета, изјави Талеб ал-Абдулмохсен во судницата. Претседателот на судскиот совет, судијата Дирк Штернберг, нагласи дека судењето ќе ...

Блокадата на исплатите од европската програма ИПАРД 3, вредна 128 милиони евра, го потресе македонското земјоделство и повторно ја отвори темата за корупцијата и слабите контролни механизми во институциите. Иако Владата инсистира дека станува збор за времен прекин со цел ревизија и заштита на легалноста на исплатите, дел од поранешните функционери и опозицијата предупредуваат дека суштината е суспензија која може да ги загрози илјадниците ...

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, му упати јавна порака на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за, како што вели, „лажни тврдења“ за долговите на Градот и бројот на вработени. „Кога се лаже, се држат рачињата во формација извежбана од медот“, напиша Арсовска во својата објава, додавајќи дека градоначалникот треба јавно да ги објави сите фирми со долг, заедно со фактурите и датумите, „за да знае народ ...

Европската вселенска агенција (ESA) објави сензационални нови снимки од својата сончева мисија Solar Orbiter, кои за првпат откриваат крупен план на магнетното „срце“ на Сонцето во движење — токму кај неговиот јужен пол. Составената фотографија, направена во март 2025 година од осумдневни набљудувања, покажува светлечки лакови што се виткаат околу поларната област — траги од магнетни структури кои се движат со изненадувачка брзина кон рабовите ...

Компанијата „Костал“ во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и ќе бидат отворени нови 200 работни места. На средба со извршниот директор „Костал Аутомотив“ Каи Кникман и Виктор Мизо, директор на „Костал“ Македонија, претпладнево беше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази задоволство, што „Костал“ верува во Охрид и во Македонија, и продолжува да го зголемува своето производно портфолио. ...

Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови во ...

Актерот Џејкоб Елорди ја презема една од своите најпредизвикувачки улоги досега во новиот филм „Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо, минувајќи низ 10-часовна дневна трансформација со протези за да се претвори во Суштеството. Елорди се приклучил на проектот само девет недели пред почетокот на снимањето, заменувајќи го Ендрју Гарфилд. Тимот за специјални ефекти, предводен од Мајк Хил, секојдневно нанесувал 42 индивидуални протетски парчиња — од кои ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. – Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија. -Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно закон, а за тоа да го направиме треба прво да добиеме известување од Државната изборна комисија (ДИК) дека изборите се завршени и дека во тие четири општини изборите се неуспешни и потоа Владата ќе ...

Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката ...

Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на нејзина објава на Фејсбук. -Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес, порача ВМРО-ДПМНЕ. Видовме дека, се додава во соопштението, ...

Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание, ќе бидат изложени дела од три циклуси на Андријана Мациев: „Живот во бои“, „Женски Приказни“ и „Шарени ...

Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси, она што го констатирала Европската Комисија е и наше видување, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, коментирајќи го Извештајот на ЕК за напредокот на земјата. Според Коцевски, за да има успех во борбата против криминалот треба да се создадат и услови. -Во конкретниот случај во Јавното обвинителство, тоа го истакнувам повеќе пати, работиме со јавнообвинителска служба од ...

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. – Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни ...

Секој ноември, кога календарот ќе покаже 11.11, интернетот се полни со зборови како „портал“, „вибрации“ и „енергија на будење“. Луѓе од целиот свет тврдат дека токму во тој момент чувствуваат некаква поврзаност со универзумот — дека „вратите“ на можностите се отвораат, а мислите полесно се претвораат во реалност. Но што навистина се крие зад оваа фасцинација со броевите? Во нумерологијата, бројот 11 се нарекува „мастер број“. Тој симболизира ...

Американскиот Сенат доцна синоќа го одобри законот за финансирање за да се стави крај на најдолгата блокада на владата во историјата на САД, а актот сега треба да се најде и во Долниот дом на Конгресот, јави ДПА. Шеесет сенатори гласаа за законот, додека 40 беа против. Со мерката американската Влада сега ќе се финансира до крајот на јануари. Гласањето означува политички пробив по 41-дневниот застој, што остави стотици илјади федерални службеници ...

На 07.11.2025 година, во концертната сала „Фердинанд Деда“ при Националната телевизија на Албанија- РТШ, во организација на Македонскиот културен центар во Тирана и во соработка со фестивалот „Магична флејта“, се одржа концерт на македонското трио Анимато. Триото го сочинуваат двете флејтистки Даниела Неделковска и Симона Марочковска Манојловска и пијанистката Светлана Димитриевска. Во вториот дел од концертот следуваше изведба на оркестарот на ...

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се ...

Иран сака да постигне „мирен“ нуклеарен договор со САД за решавање на децениски спор, но нема да ја загрози својата национална безбедност, изјави денеска иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Саид Хатибзаде. Хатибзаде на 12-тата Стратешка дебата во Абу Даби изјави дека Вашингтон му испраќа на Техеран контрадикторни пораки за нуклеарните разговори преку трети земји. -Техеран не бара нуклеарни бомби и… е подготвен да го убеди светот во ...

Милиони бегалци и раселени лица ширум светот се подготвуваат за студена зима со многу помалку помош отколку во претходните години, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Доминик Хајд од УНХЦР изјави дека, поради наглото намалување на помошта од Германија, САД и многу други земји, поддршката за бегалците оваа зима ќе биде „многу помала“. – Хуманитарните буџети се растегнати до крајни граници и зимската помош што ја нудиме ќе биде многу ...

Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шара синоќа ја исклучи можноста за директни разговори за нормализирање на односите со соседен Израел, барем засега, јави ДПА. На прашањето за желбата на американскиот претседател Доналд Трамп Сирија да се приклучи на Абрахамските договори – дипломатска иницијатива иницирана во неговиот прв мандат, преку која неколку арапски земји воспоставија односи со Израел од 2020 година, Ал-Шара посочи на ...

Специјално возило кое превезува патници помеѓу терминалот и авионот се урна во платформа на меѓународниот аеродром Вашингтон Далес во државата Вирџинија, поради што 18 лица беа хоспитализирани. Инцидентот се случил околу 16:30 часот по локално време, кога возилото се приближило до платформата, местото за качување на патници. Повредените немаат повреди опасни по живот. Аеродромот продолжил да работи нормално. Ваквите специјални возила можат да ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
7.72
69%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
5.14
86%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
9.37
94%
1025
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.34
98%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
1.34
91%
1015
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
13.38
84%
1029
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.63
73%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
76%
1021
Currency

61.545

Currency

52.1668

Currency

70.5371

Currency

35.0381

Currency

38.2156

Currency

66.2688

Currency

7.43314

Currency

0.66136

Currency

0.3354

Currency

0.52426

Currency

1.21929

Currency

0.58206

Калај

43.79

Рутениум

29192.88

Родиум

263636.12

Платина

73500.79

Алуминиум

2.95

Паладиум

59028.77

Злато

144308.60

Иридиум

145787.60

Бакар

11.33

Цинк

3.09

Сребро

2314.89

Кобалт

58.42