Селма Блер знае како да остави впечаток каде и да се појави и не дозволува болеста да ја запре. 52-годишната актерка која страда од мултипла склероза (МС) од првиот ред ја проследи ревијата на Schiparelli, која се одржа во рамките на Париската недела на високата мода. Таа носеше бежов костум со волуменозни панталони, а наместо вратоврска имаше плетенка од коса со складна боја како нејзината. Многумина упатија комплименти за нејзиниот стајлинг. ...

Хејли Бибер мами погледи со модерен труднички стил каде и да се појави. 27-годишниот модел беше фотографиран во Њујорк, додека се упатуваше на промотивен настан за нејзината козметичка компанија Rhode. Таа го истакна трудничкото стомаче во припиен макси фустан, кој со надополни со широко сако. Таа беше придружувана од сопругот Џастин, со кого го очекуваат првото детенце. Хејли носеше асиметричен фустан во бисерна нијанса за вечерно излегување во ...

Најголем дел од жените трошат многу пари на козметички третмани, маникир, педикир, скапи креми и шминки, па некои мажи прават сè за да пронајдат начин како да заштедат барем малку на сето тоа. Посветен маж научи како да ѝ ги средува ноктите на саканата, за таа повеќе да не плаќа скапи маникири во козметички салони. Дакота го практикува ова две години и веќе стана вистински професионалец. Видеата од постапката тој ги споделува на TikTok и досега ...

Џина Роуландс се бори со истата болест која ја имаше нејзиниот лик во популарниот филм „The Notebook“. 94-годишната актерка има Алцхајмерова болест. Оваа вест беше потврдена од нејзиниот син Ник Касаветис, кој е режисер на филмот со Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс снимен по истоимената новела на Николас Спаркс. Џина ја глумеше постарата верзија на главниот лик Али. Таа страдаше од деменција, па нејзиниот сакан Ноа секојдневно ѝ читаше од ...

Со кампањата ЈАС и „СКОПСКО“ почнува одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на најпрепознатливото македонско пивско име. Со неа, „СКОПСКО“ потсетува на својата главна доблест, моќта 100 години да создава незаборавни приказни. Големината на СКОПСКО се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух. На пиварците, кои се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со ...

Тони Вард заплива во светот на мистичните волшепства. Либанскиот дизајнер се инспирираше од нежноста и сензуалноста на божиците и нимфите за да ја создаде новата колекција висока мода за сезоната есен/зима 2024. Свечени фустани кои заробуваат погледи и инстантно мамат воздишки ја сочинуваат колекцијата насловена „Nymphs Rebirth“ (Преродбата на нимфите). „Таа е сила на природата, таа е во водите што ве опкружуваат, во планините што ги искачувате, ...

Изабела Страхан војува голема животна битка. 20-годишната ќерка на водителот и спортист Мајкл Страхан се бори со тумор на мозокот и сега го одбележа завршувањето на последната, четврта хемотерапија. Изабела конечно си замина дома и ќе продолжи да се бори додека ракот не си замине комплетно од нејзиното тело. Погледнете го видеото кога таа заѕвони на ѕвончето во болницата: Минатата година, храбрата девојка ја доби страшната дијагноза дека има ...

Со сигурност веќе знаеш за големиот тропски Late Night Shopping овој петок (28 јуни) во Скопје Сити Мол. Знаеш дека ова се најголемите попусти и дека шопингот трае до полноќ, а и ги очекуваш сите концерти, настапи и диџеј сетови. Но прашањето е дали вистински си подготвен за сѐ што следува? Прочитај го овој краток шопинг-водич и провери си, времето до настанот полека истекува. Ако сево ова ти е средено, тогаш ти си и повеќе од подготвен за она ...

„Каква мајка, таква ќерка“... се коментарите за најновото појавување на Никол Кидман и нејзината ќерка Сандеј Роуз. 57-годишната актерка и 15-годишната девојка беа гостинки на најновата модна ревија на Balenciaga во Париз. Дуото мајка-ќерка привлекуваше погледи во координирани стајлинзи со црни фустани. За оваа пригода, холивудската ѕвезда избра долга блескава креација, додека Сандеј Роуз носеше краток кадифен ролка-фустан. Нема слични статии. ...

Анџелина Џоли вообичаено негува дамски стил, но одвреме-навреме отклонува од беспрекорно стилизираните аутфити. Холивудската ѕвезда беше фотографирана во стајлинг кој наиде на спротивставени коментари. Нејзината комбинација од бел летен фустан и црни чизми од велур не беше прифатена со одушевување од многу фанови, кои коментираат дека дефинитивно станува збор за моден „кикс“. Џоли беше „уловена“ заедно со 15-годишната ќерка Вивиен во Њујорк. ...

Компанијата КАМ од мај годинава ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто. Задоволството на вработените директно влијае врз перформансите на една компанија, а тоа секако се рефлектира и со зголемена продуктивност, лојалност и креирање на еден стабилен и компактен тим во кој луѓето се задоволни и сакаат професионално да растат и да се надградуваат. КАМ е ориентиран кон потребите и интересите на вработените, а за тоа ...

Селин Дион со сите сили се бори со страшните напади кои ги има поради синдромот на вкочанета личност. 56-годишната пејачка веќе извесен период јавно зборува за симптомите, а сега објави и видео во кое доживува серија на мускулни спазми и не може да мрда и да зборува. Трогателната снимка е дел од документарниот филм кој Селин го снима за својот живот и борбата со болеста, а е насловен „I Am: Celine Dion“. Дион вели дека дава сè од себе за да се ...

На 03.07.2024 година, како дел од The Stars Symphony, ќе настапи Констракта, или Ана Ѓуриќ, која сите добро ја познаваат по нејзиниот автентичен и креативен настап на Евровизија во 2022 година, каде заврши на 5-то место со песната "In corpore sano". Со својот настап на Евровизија, таа ја освои наградата Марсел Безансон за уметничка изведба, официјална награда на Евровизија која се доделува за најдобра уметничка изведба, гласајќи од коментаторите ...

Речиси еден месец по затворањето на dm дрогеријата во ТЦ Веро Центар заради реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 27 јуни повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на Бул. Кочо Рацин бр.1. Дрогеријата на dm во ТЦ Веро Центар беше затворена минатиот месец, со цел нејзино разубавување и реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе ...

Дева Касел го промени својот имиџ и ги изненади обожавателите. 19-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел шармираше со нова фризура и ноншалантен стајлинг на ревијата на Диор во Париз. Како бренд амбасадор на Диор, Дева од првиот ред дозна што се криеше во новата колекција висока мода за сезоната есен/зима 2024. Касел носеше тегет кошула и здолниште со златни детали, а овој моден избор таа го надополни со чантичка и обувки со сламени ...

Потребна ви е инспирација за да започнете да тренирате или да се храните здраво? Сандра Коста несомнено ќе ве мотивира повеќе да се грижите за себе. Инспиративната жена, која некогаш тежела 110 килограми, успеа да симне 46 килограми за само една година. Сега, има за цел да инспирира што повеќе личности да го следат нејзиниот пример. Сандра отсекогаш била физички активна и се занимавала со бодибилдинг во минатото. Но, во 2008 година таа се ...

Дилета Леота и Лорис Кариус запливаа во брачните води. Најзгодната спортска новинарка и германскиот фудбалер се венчаа на бајковита церемонија на италијанскиот остров Вулкано. Атрактивната невеста, која се смета за една од најубавите Италијанки, блескаше во венчаница со чипка додека се упатуваше кон олтарот. Таа беше придружувана од нејзиниот татко. Вљубените младенци ја држеа во рацете нивната ќеркичка Ариа. На прославата присуствувале околу ...

Ирена Спировска зачекори во шестата деценија од својот живот. Македонската водителка го прослави својот 50-ти роденден на плажа во Црна Гора и сподели фотографии на Instagram. На нив, Ирена позира во сини бикини и изгледа фантастично. Таа доби десетици честитки во коментарите, а не изостанаа и пофалбите за нејзиниот изглед. „Добредојде 50-ка“ – напиша таа. Ирена доби специјална честитка од нејзиниот партнер Душко, кој објави заедничка ...

Мариса Тејхо руши граници. 71-годишната жена влезе во историјата како најстарата учесничка на изборот за Мис Тексас. Таа ќе се натпреварува со многу помлади девојки и вели дека со овој потег сака да ги инспирира жените да се одржуваат во најдобрата физичка и ментална форма, без разлика на годините. „Чест ми е што ќе бидам дел од ова неверојатно ново искуство како натпреварувачка на Мис Тексас. Со тоа, се надевам дека ќе ги инспирирам жените да ...

Девојка од Данска создава видеа кои ќе ви помогнат да научите како да си ја собирате косата во плетенки, дури и ако сте тотални почетници. На својот YouTube канал, талентираната креаторка на профилот EverydayHairInspiration прикажува туторијали во кои чекор по чекор објаснува како се плете косата за да ги добиете омилените плетенки. Основна плетенка, француска плетенка, плетенка-јаже, плетенка „рибина коска“... Погледнете видеа кои ќе ве ...

Џенифер Лопез зрачеше со ведра насмевка на најновото модно шоу на Диор. На ревијата во Париз, 54-годишната пејачка и актерка мамеше погледи во шик стајлинг со гламурозен шмек. Таа избра креација со складна наметка од Диор, која ја искомбинира со кожени ракавици и препознатливата чантичка „Lady Dior“ од францускиот бренд. Лопез од првиот ред го проследи прикажувањето на колекцијата висока мода на Диор за сезоната есен/зима 2024-2025. Нема ...

Линдзи Лохан и Џејми Ли Кертис се обединија повторно. Повод за тоа е снимањето на продолжението на нивниот филмски хит „Freaky Friday“. Славните актерки повторно ќе влезат во улогите на Тес и Ана Колман, мајка и ќерка кои си ги заменија телата, принудени да искусат како е да го живееш животот на другата личност. Филмската екипа ја објави првата фотографија од снимањето. На неа, Џејми и Линдзи позираат заедно држејќи се за рака. View this post on ...

Кејт Мос со децении ја владее умешноста да изгледа шик, а нејзиното појавување на ревија во Париз не отстапуваше од стилската формула кон која се придржува. 50-годишниот супермодел со ноншалантен стајлинг привлекуваше внимание на машката ревија на Диор во Градот на светлината и љубовта. Облечена во сив комплет со кратки панталони и сако, Мос седеше во првиот ред. Долгоногата убавица беше придружувана од нејзиниот партнер, грофот Николај фон ...

Џенифер Лопез се насладува на убавините на Италија. 54-годишната музичка ѕвезда посети места како Позитано, Соренто и Нерано, каде уживаше и се забавуваше со пријатели. Атрактивната пејачка и актерка изгледаше фантастично во бел костим за капење и летни модни комбинации. Она што го привлече вниманието на јавноста е тоа што Џеј Ло е без својот сопруг Бен Афлек. Постојано кружат гласини за нивни развод, а тие сè поретко и поретко се фотографирани ...

Новак и Јелена Ѓоковиќ имаа многу специјални моменти на нејзината роденденска забава, која се одржа пред неколку дена. Во ново видео кое исплива на социјалните мрежи, славниот тенисер ја прегрнува саканата и ѝ ја пее песната „Јужњаци“ од Здравко Чолиќ. Среќниот пар со страст се бакнува и зрачи со љубов и милост. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Novak Djokovic and Jelena Djokovic dancing together on the day ...

На 13 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во срцето на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска Пиварница. Основана во 1924 година, Прилепска Пиварница е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни се ...

Елејн Хол конечно ја облече венчаницата што отсекогаш посакуваше да ја носи. Среќната невеста, која тврди дека никогаш не е предоцна за љубов, се омажи на 88-годишна возраст со симпатијата од детските денови, Роланд Пасаро. „Вљубувањето е возможно на која било возраст“ – тврдат сега тие. Вљубените старци првпат се запознале пред 74 години, кога учеле во средно училиште. Таа била мажоретка, а тој играл бејзбол и бил мошне популарен. „Кога ја ...

Џеф Безос и Лорен Санчез периодов престојуваат во Грција. 60-годишниот милијардер и неговата 54-годишна вереница беа фотографирани на грчките острови Миконос и Хидра. На Миконос, парот беше пресретнат од папараците додека шеташе низ шармантните улички. Лорен носеше жолт фустан кој го истакна нејзиниот сексапил. Зад нив чекори еден од синовите на Безос. Лорен, Џеф и неговиот син уживаа во ручек во ресторанот Sunset на Хидра. Безос има четири деца ...

Уникондиларна ендопротеза на колено е минимално инвазивна процедура во однос на тоталната ендопротеза, при која што само оштетениот дел на коленото се заменува со имплант. Се нарекува уште и парцијална, односно делумна ендопротеза на колено. Гонартроза претставува хронично, дегенеративно оштетување на рскавицата на коленовиот зглоб која предизвикува болка, воспаление и ограничување на движењата. Симптомите се јавуваат постепено и со текот на ...

За фотостареењето сè повеќе дознаваме од дерматолошките истражувања кои се попрецизно го лоцираат фотостареењето односно предвременото стареење на кожата во 90% при незаштитеното изложување на сонце. Сонцето, иако е витален извор на енергија и живот, има и значителна негативна страна а тоа е влијанието врз кожата. Долготрајната изложеност на сончевите ултравиолетови (УВ) зраци е примарна причина за фотостареење. Студиите сугерираат дека ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
0.0
62%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
45%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.97
46%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
84%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
6.17
48%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
60%
1013
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
36%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
60%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.03
53%
1015
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
10.8
53%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048