Швеѓанката Матилда Дјерф е модел, блогер и Instagram инфлуенсер, која е многу активна на социјалните мрежи, секојдневно споделувајќи ги своите интереси поврзани со патувања и мода. Нејзиниот Instagram профил има повеќе од 2,8 милиони следбеници кои неуморно ги следат нејзините објави. Сепак она што ја издвојува од мноштвото слични ликови е тоа што оваа млада девојка, на свои 25 години е основач на моден бренд за базични модни парчиња наречен ...

Кретивноста нема граници. Таа е во тесна врска со фантазијата. Кога ќе се спојат потребно им е само малку време и љубов за да се роди нешто прекрасно. Една таква креативна и полна со љубов приказна креирале Наташа и Елена, две млади жени кои прават уникатни рачни изработки. За тоа како започнале и кој бил поттикот за Волшепство од филц, прочитајте во продолжение. Како се роди идејата за Волшепство од филц? Најчесто за да се дојде до некоја ...

Зимата знае да биде навистина убава, особено ако е обоена во бело. Многумина од нас уживаат во снегот, секој на свој начин. Во продолжение неколку прекрасни места во нашата земја, како викенд предлози, ако сакате да избегате од секојдневието. Шар планина и Попова Шапка Нашиот најдолг планински масив нуди се што ви треба за зимско уживање. Секој планинар кој е по потрага по адреналин, секој вљубеник во скијањето, па дури и оние кои помалку ...

Од светот на познатите ни доаѓа нов тренд кога станува збор за стилизирање на коса. Таканаречената French new wave фризура моментално е хит помеѓу познатите ликови. Од Пријанка Чопра и Ирина Шајк па сè до Дуа Липа, многу познати дами за претстојната сезона се одлучија за овој изглед. Познатиот лондонски стилист Сид Хејс ја опишува French new wave фризурата како нежен и кул стил, односно тренд со волуменозна и сјајна текстура. Иако наликува на ...

Новогодишните и Божиќните празници секогаш со себе носат одредена магија, чувство на надеж и среќа. Токму затоа сакаме се околу нас да биде убаво, весело и украсено на најдобар можен начин. Тука централно место зазема празничната трпеза без која што не може да помине ниту еден празник. За таа цел ви нудиме неколку интересни идеи за да ги разубавите незаборавните семејни мигови. Зеленило Секоја трпеза ќе добие празничен изглед доколку ја украсите ...

Ребека Јанковска Ристески со 15 години зад себе напорна борба за правата на лицата со попреченост, беше наградена со признанието Жена на годината во категоријата Најголеми достигнувања во развојот на општеството, на настанот што се одржа вчера по петти пат во организација на Жени претприемачи. „Благодарност до сите мои соборци, до целото мое семејство и до сите оние кои ја препознаа мојата искрена борба за сите лица со попреченост. Да сте ми ...

Дури и покрај тоа ште не глуми во „Avatar: The way of water", топ моделот Хајди Клум беше апсолутна атракција на синиот тепих на премиерата на филмот што завчера се одржа во Лос Анџелес. Причина? Таа сама по себе е појава, но овојпат воодушевувањето се однесуваше и на фустанот што го носеше на себе – вистинско ремек дело на модната етикета Lever Couture. Симболизира вода, а и изгледа така. Изработен од слоеви бел тул, ја рефлектира светлината и ...

Со својата питомост и хармонична идила, главниот град на Словенија, Љубљана, важи за еден од најпријатните и најубавите градови не само на Балканот, туку и генерално во светот. И кога на тој негов природен шарм ќе се додаде бајковитата атмосфера на празниците, тогаш овој град станува како сказна пресликана во реалност. Ништо претенциозно и сѐ дозирано до совршен баланс, под светлината на роматичните светилки, Љубљана овој период од годината е ...

Додека светот е „опседнат" со документарецот на Меган Маркл и Хари во продукција на Нетфликс, другото кралско семејство, Кејт Мидлтон и Вилијам на нивниот официјален Инстаграм профил ја објавија својата прва празнична честитка како принцеза и принц од Велс. Традиционално секоја година кралското семејство објавува божиќна честитка пред празниците, со симболична семејна фотографија. Овојпат семејната хармонија на кралското семејство ја ...

Декемврискиот календар е исполнет со убави, празнични датуми. Семејни прослави, претпразнични забави со пријателите, корпоративни забави со колегите... Ова се моменти кога кај секој од нас се буди желбата да се дотера, да се почувствува посебно во тие моменти на празнична еуфорија. И конечно, ова е сезоната кога празничната магија од нашиот плакар ги добива своите „5 минути". Доколку таму омилената кошула со светки стои на закачалка преку ...

Празниците зачинети со малку модна магија даваат уште поубава слика за овој период од годината кога сите блескаме со поинаква енергија. Токму во такво издание, вчеравечер празниците ги најави Лила која беше наградена за Лајфстајл инфлуенсер и ова беше совршената прилика да ја зокружи годината во посебно шармантен дизајн на ЕЛЕНА ЛУКА, екстравагантен фустан во топли, сончеви нијанси - како стилски печат на годината во заминување. Со совршената ...

Новогодишната елка е симболот на празничниот декор во сечиј дом. Празничното дрвце го дава главниот акцент во домашната новогодишна идила и токму затоа сите му посветуваме особено внимание на неговиот декор. Ако порано традиционалната зелена елка речиси без исклучок беше сечиј избор, последниве неколку години, особено под налет на трендовите што ги диктираат социјалните мрежи, се почесто во празничното украсување се користат алтернативни модели ...

На мапата на светската модна сцена, неколку клучни држави имаат посебна традиција во негувањето на модниот дизајн како уметност, како бизнис, индустрија, како начин на живот кој поставува стандарди во многу поширок контекст од сфаќањето "мода е облеката што ја носиме". Соединетите Американски Држави Поголемиот број на Американски модни куќи се лоцирани во Њуjорк , иако значителен број има и во Лос Анџелес , каде што се произведува голем процент ...

На 7-ми декември триумфално заокружувајќи ја програмата на маратонското издание, заврши овогодинешниот, исклучително успешен ТАКСИРАТ - најголемиот музички фестивал во државава! До раните утрински часови, во Арената „Борис Трајковски" во Скопје се одржуваше главната вечер на Фестивалот и тоа со осумчасовна програма и настапи на 12 музички ѕвезди пред повеќе од 7000 посетители од Македонија и сите соседни земји. Заедно со дополнителната ...

Со многу топла нарација која ве води низ една скопска шармантна животна приказна, е раскажана љубовта на Сашка и Кире Петрушевски, родителите на нашата позната актерка Весна Бејби, во книгата „Скопска животна приказна" која беше промовирана завчера пред домашната читателска публика. „Книгата зборува за една незаборавна повеќедецениска скопска љубов. Приказните на Кире и Сашка се сведоштво за љубовта, почитта и скопскиот шарм на нивната ...

Синоќа, во фоајето на Националната опера и балет се случи гала моден настан насловен„Осветлено" (Into the light). Специјална гостинка на вечерта беше светски познатата холандска модна дизајнерка Анук Випрехт (Anouk Wipprecht). Настанот беше во организација на Амбасадата на Кралството на Холандија во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на ...

Црвената боја е симболот на празниците што ни претстојат. И кога овој период од годината носиме црвено, тоа има посебна празнична нота, па неслучајно Џеј Ло деновиве го сврте вниманието на себе во комплетно црвен аутфит, позирајќи пред новогодишна елка. „Започнува да наликува на Божиќ", стои во описот под фотографиите објавени на нејзиниот Инстаграм профил. Комбинацијата се состои од црвено палто нагласено на струкот со широк ремен, црвени ...

Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева продолжува со успешните кампањи од нејзиниот последен престој во Милано. „Неодамна беа објавени фотографиите за модниот магазин Collector. Токму за ова престижно модно списание Јанушева ги претстави новите колекции на модните гиганти како Prada , Gucci , Sportmax и Alexander McQueen стилизирани од тамошниот тим. Нашата Татјана неодамна направи сериозен пробив во светскиот моделинг со последната ...

Францускиот луксузен бренд Шанел за прв пат допатува во Дакар, Сенегал со фантастично модно шоу за традиционалната Métiers d'art ревија. 800 гости меѓу кои и првата дама на Сенегал, Марием Сал, уживаа во современата проекција на Вирџин Вјард на богатата африканска култура интерпретирана преку модниот код на Шанел – раскошниот твид, повеќедимензионално искористен во духот на естетиката на 70-те години на минатиот век. Од друга страна, ...

Двете познати пријателки Викторија Бекам и Ева Лонгорија, кога се појавуват заедно во јавноста често ги освојуваат симпатиите, не само поради нивното долгогодишно искрено пријателство, туку и од моден аспект, често синхорнизирани во своите стајлинзи. Така и во една недамнешна објава на Викторија Бекам на Инстаграм, двете познати дами собраа илјадници позитивни коментари што се однесуваа на нивните модно усогласени празнични комбинации во ...

Дизајнерката и професорка Лидија Георгиева заедно со Марта Наумовска-Грнарова од „Завар Дизајн" земаа учество како претставници на Македонија на специјалната групна модна ревија „Јованка во боја" посветена на поранешната прва дама Јованка Броз, со која 50-то издание на Модната недела во Белград доби посебно вреден акцент. Ревијата симболично се одржа на 29-ти ноември, датумот кога се славеше југословенскиот Ден на Републиката, во импозантната ...

Стразбур често се нарекува „Дом на празничните светла" кои станаа белег на празничниот саем во овој француски град. Во центарот на Стразбур и годинава, почнувајќи од денес па до 25.12. можете да посетите еден од најстарите и најслатки празнични саеми. View this post on Instagram A post shared by (@udvariizolda) Градот е исполнет со симпатични улички, богато украсени со разни украси, а плоштадите во центарот на стариот град пак се опкружени со ...

Стразбур често се нарекува „Дом на празничните светла" кои станаа белег на празничниот саем во овој француски град. Во центарот на Стразбур и годинава, почнувајќи од денес па до 25.12. можете да посетите еден од најстарите и најслатки празнични саеми. View this post on Instagram A post shared by (@udvariizolda) Градот е исполнет со симпатични улички, богато украсени со разни украси, а плоштадите во центарот на стариот град пак се опкружени со ...

Сезоната на забави и прослави започнува, а тоа подразбира подновување на вашата гардероба со впечатливи парчиња кои нема да ве остават незабележани во просторијата. Оваа сезона, особено популарни се светкавите модни парчиња кои се совршен озбор за празничниот период кој следува. Фото: journal.h Но, покрај светкавите парчиња, претстојната сезона на прослави ќе биде во знакот на сината боја. Оваа боја е класика која никогаш не излегува од мода, а ...

Алесандро Микеле најави дека ќе ја напушти функцијата креативен директор на Gucci во средта оваа недела. Дизајнерот ја извршуваше својата главна улога повеќе од седум години, а работеше во компанијата повеќе од две децении. Во објавата на Инстаграм, Микеле напиша: „Во овој долг период, Gucci беше мојот дом, моето посвоено семејство. На ова пошироко семејство, на сите поединци кои се грижеа за него и го поддржаа, ја испраќам мојата најискрена ...

Предимензионираните ролки имаат особено драго место во нашите срца, а оваа есен и претстојната зимска сезона, тие ќе бидат едни од најпосакуваните парчиња облека, кои имаат моќ да направат да се чувствуваме топло и удобно и да изгледаме одлично. Фото: Pinterest Кога температурите опасно се приближуваат до нулата, модните правила почнуваат да се менуваат, а функционалноста наеднаш станува приоритет. Меките и топли парчиња облека кои овозможуваат ...

Миди здолништето е едно од оние модни парчиња на кои секогаш можете да се потпрете. Предноста на овој модел на здолниште е што веднаш создава софистициран изглед во комбинација со класична кошула, едноставна ролка, салонки, чизми и елегантна чанта. Едноставноста и верситалноста на ова здолниште го прави совршен избор при создавање на комбинации за на работа. Дамите особено го сакаат бидејќи миди здолништето ја издолжува силуетата и му дава ...

Поп ѕвездата Шакира се најде во центарот на најновата кампања на Burberry Holiday 2022 наречена „The Night Before". Таа моделираше две различни комбинации за снимањето, кое го режираше и фотографираше Торсо, додека Џулија Сар-Жамоа беше одговорна за стајлингот. Фото: fashiongonerogue Фото: fashiongonerogue Првата комбинација ја прикажува 45-годишната пејачка облечена во сезона во проѕирен фустан украсен со блескави кристали и преголеми написи, ...

Првата асоцијација со карминот е црвената боја, која многу жени ја обожаваат, што не е чудно бидејќи изгледа моќно и на секоја облека и дава белег на гламур. Тоа е класика и симбол за убавина што го одзема здивот, без разлика дали се работи за мат или сјајни, појаки или помеки тонови, компактна структура или течна. А секоја дама која знае како да го носи се трансформира во дива која зрачи со сексапил. Фото: Pinterest Црвениот кармин е несомнено ...

Уредувањето на домот е активност која бара многу истражување, проучување и вечна потрага по референци. Но, дали некогаш сте се запрашале како живеат супермоделите во моментов и како можеме да се инспириаме од нив? Во таа смисла, имињата како Џиџи Хадид, Елса Хоск и Емили Ратајковски имаат одличен вкус кога станува збор за дизајнот на ентериер, па затоа и претставуваат одличен пример од кој можеме да научиме и да се инспирираме во секое време. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
77%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1017
weather icon

Софија

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
60%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.71
93%
1019
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.0
97%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.12
80%
1014
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
5.81
91%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.79
86%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793