Прада со фокус на креативната мајсторија и (не)следењето на трендовите

22 септември 2023

Мучија Прада не отстапува од својата посветеност на "грдото", коешто според неа е неистражена територија, полна со уметност што ги ослободува жените од линиите што ги задушуваат.

Таа исто така стои цврсто до својата визија дека облеката на Прада нема потреба да следи тренд или истиот да го адаптира.

За колекцијата пролет/лето 2024-та Мучија и Раф Симонс се фокусираа на мајсторијата, односно на местата каде што се изработува самата облека со помош на напредна и деликатна техника.

Прекрасни пастелни нијанси од органза покриени со свила која што им дава слободно, лелеаво движење на фустаните, коишто ги следеа микро шорцеви, предимензионира блејзери, високи чорапи, волуменозни кошули и проѕирни миди здолништа.

А посебна беше приказната со чантите, коишто наместо рачка имаа мала скулптура од човечка глава, која што за прв пат ја дизајнираше дедото на Мучија Прада во 1913-та.

Фото: Vogue

Објавено:
22 септември 2023
Категорија: 
Колекции