ЕЛЕНА ЛУКА со спектакуларно модно шоу како специјална гостинка го отвори Скопскиот моден фестивал

29 септември 2023

ЕЛЕНА ЛУКА како специјална гостинка, со атрактивно модно шоу, вчеравечер го отвори третото издание на Скопскиот моден фестивал.

Луксузната модна куќа која е од суштинско значење за домашната модна сцена и е заслужна за нејзиниот прогрес и созревање, ни прикажа врвен „моден коктел" од уникатни дизајнерски парчиња од повеќе нејзини препознатливи колекции и линии што оставиле силен моден печат.

Од париски шик до луксузни свечени тоалети, дводелни трендовски костуми во диско фазон и авангардни капути, како и смели и атрактивни аутфити, ЕЛЕНА ЛУКА успеа да направи моден микс преку кој ни раскажа приказна за една модерна дама која не се плаши да одговори на сите предизвици во животот, а притоа знае да се забавува и да ужива во сите негови убавини.

„ЕЛЕНА ЛУКА сите овие години наназад изгради животен стил со своја исклучителна вредност и препознатливост и стана дом и семејство на многумина, што ми е особено значајно. Навистина сум горда, среќна и задоволна што го донесовме духот на светската мода кај нас, а со секоја наредна колекција и проект, го надрагдуваме. На Скопскиот моден фестивал се појавуваме на покана на организаторите, како специјални гости, па во тој контекст направивме една симболична компилација со препознатливи и авангардни модни парчиња од повеќе линии, секое со своја уникатна приказна, прикажувајќи ја моќната, успешна, смела жена која самоуверено чекори низ сите предизвици во животот. Би рекла, еден „моден коктел" помеѓу актуелните тенденции и силната дизајнерска препознатливост на ЕЛЕНА ЛУКА", изјави г-ѓа Елена Пандева, дамата визионер која го изради ЕЛЕНА ЛУКА како бренд – столб на домашната модна сцена.

ЕЛЕНА ЛУКА успеа да изгради животен стил, кој стана симбол на артистичната мода и на слободата на креативната мисла интерпретирани преку исклучително квалитетен, моќен и уникатен моден дизајн.
Исто како и дамата за која креира и која беше прикажана на оваа модна ревија, самоуверено чекорејќи низ сите години наназад, ЕЛЕНА ЛУКА изгради бренд кој е наша гордост – светска, а наша.

Објавено:
29 септември 2023
Категорија: 
Актуел