
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Црвениот тепих е секогаш фасцинантен, а токму таков сигурно бил и денот на холивудските ѕвезди кога за прв пат се појавиле на него. Од Одри Хепберн во далечната 1953 година, па сè до Ен Хатавеј на крајот на 90-те, еве како изгледале некои од најпознатите актери и актерки кога премиерно чекореле на фамозниот црвен тепих. Одри Хепберн 1953 Мерил Стрип 1979 Том Круз 1981 Мег Рајан 1981 Дру Баримор 1983 Џулија Робертс 1985 Џорџ Клуни 1988 Бред Пит ...
Блер Еди популарната модна блогерка од Сан Франциско, која успешно го води актуелниот моден блог Atlantic-Pacific, стана препознатлива по својата смела игра со боите кои недвосмислено се нејзин стилски печат. Всушност токму темпераментниот и ведар дух на нејзиниот имиџ, е она што ја издвојува и ја прави привлечна за оние кои бараат неконвенционалност во модниот свет. Така, колоритната динамика останува карактеристика и на нејзината зимска ...
Британскиот топ модел Твиги во 60-те години од минатиот век, го трасираше патот по кој денес чекорат многу нејзини модни наследници. Таа беше првата што го прослави андроген стилот, кој што Кејт Мос подоцна го рекреираше на модните писти. Што (не) сте знаеле за Твиги... Името Твиги е заслуга на нејзиниот фризер, партнер и менаџер Најџел Дејвис. Она по што светот ја запозна прв пат Лесли Лоусон, Твиги, беа неверојатните густи и долги трепки, ...
Шминката умее да направи чуда, особено ако е сето тоа изведено професионално. Таа пред сè треба да ја истакне вашата природна убавина, да даде свежина на вашиот изглед. Професионалната шминка секако, треба вешто да ги прекрие и евентуалните недостатоци на лицето, доколку некој смета дека ги има. Во зимскиот исто како и во летниот период пред нанесување на секоја шминка задолжително е да се стави дневен крем со заштитен фактор. Кога станува ...
Ако оваа зима се соочувате со модни дилеми во изборот на секојдневна облека, нашиот предлог е едно универзално и практично решение – плетени фустани. Од аспект на тоа што секоја зимска сезона се дел од модната понуда на брендовите, плетените фустани важат за безвременски, па токму поради тоа се сезонско парче во кое вреди да се инвестира. Дополнителна предност е тоа што изборот на модели е навистина богат, па нема да ви биде проблем да го ...
Модните трендови постојано се менуваат, а тоа најмногу може да се забележи на црвениот тепих. Таков еден тренд, од неодамна, е присутен помеѓу познатите. Станува збор за фустанот со качулка што Марго Роби гордо го носеше на премиерата на Babylon. Без разлика што велат критичарите, овој аутфит носи гламур на еден специфичен начин. Иако многу потсетува на едно парче што Кајли Миног го носеше на спотот за песната Can't Get You Out of My Head од ...
27 декември 2022 година, „Моден викенд Скопје" ќе ја презентира најновата колекција на дизајнерката Мирјана Јосифоска. Настанот ќе се одржи во 19 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба" во Скопје. Најновата колекција на шапки и додатоци за коса наречена „Циклус/Cycle" е инспирирана од боите користени во народните носии. Станува збор за урбана и шик колекција која претставува нов израз на дизајнерката Јосифоска која како што вели: ...
Убаво декориран дом секогаш зрачи со позитивна енергија, особено во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Освен задолжителната елка, вашиот простор може да биде збогатен и разубавен со повеќе детали, соодветни на приликата. Еве како и со што можете да го декорирате домот во духот на празниците. Смислете тема Ќе биде многу добро, ако целокупниот декор биде тематски. Одредете кои бои сакате да преовладуваат, односно какви украси ќе ...
Годинава што изминува бевме сведоци на многу интересни креации на црвениот килим. Дизајнерите како и секогаш дадоа се од себе за да креираат незаборавни модни изданија. Во морето од елеганција и гламур, неколку парчиња се издвоија и заслужија длабок поклон. Еве кои беа најдобрите модни моменти на црвениот тепих за годинава што изминува. Бела Хадид во винтиџ Версаче Кејт Мос во Бурбери Ким Кардашијан во винтиџ Жан Луи Ема Стоун во Луи Витон ...
Што е потребно за вистинска празнична магија? Веројатно секој има свој одговор на ова прашање и формулата за среќни празнични денови е многу интимна и лична, но приказната на ЕЛЕНА ЛУКА е бајка во која секој ќе препознае барем еден сегмент од својата среќа. Топла атмосфера, прекрасно друштво, пријатна и позитивна енергија и на сето тоа еден префинет моден раскош кој го доловува духот на празниците со сиот негов сјај. Ребека, Ирена, Вера и ...
Животот понекогаш ни дава добри карти, но за жал се случува и спротивното. Многу луѓе понекогаш се ставени пред големи предизвици. Таква една жена беше и Хелен Келер. Пред да стане познат писател, активист и симбол за храброст, судбината сакала оваа жена да помине еден многу тежок тест. Хелен Адамс Келер се родила во богата фамилија во Алабама, САД, на 27 јуни 1880 година, како постара од двете ќерки на издавачот Артур Келер и неговата жена ...
Оскар де ла Рента под креативно водство на Лаура Ким и Фернандо Гарсија, ја презентираше новата pre-fall колекција за 2023 година која ја носи деликатноста на летната есенција интерпретирана во женственост подготвена да парадира на црвениот тепих на Оскарите. Флорални мотиви и живи бои нијансирани во омбре ефект, од една страна и елеганција и гламур од друга. И во тој комплициран концепт во кој функционираат и реси и тантела и плетенини и свила ...
Британското кралско семејство секоја година традиционално објавува Божиќни честитки, на кои што можат се видат насмеани лица, прегратки, и разни детали во стилот на монархијата. Семејните портрети се испраќаат на пријателите и на сите оние кои се на некаков начин поврзани со кралските членови. Од Елизабета II и принцот Филип па се до најмладите членови, како синовите и ќерките на принцовите Вилијам и Хари, секој има свое посебно место. Еве како ...
Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, гордо ги бодреше хрватските фудбалските репрезентативци за време на светското првенство во Катар. Облечена во црвено бели комбинации, Колинда уште еднаш потврди дека е една од најдобро облечените жени во политиката, па и пошироко. Во нејзиниот моден избор се најде и еден уникатен етно фустан кој што на суптилен начин ја покажа традицијата и елеганцијата во едно. Не изостанаа и ...
Мила Јовович е американска актерка, модел, музичар и моден дизајнер. Јавноста добро ја познава по нејзините улоги во некои од култните научно фантастични и акциони филмови. Во 2004 година таа беше прогласена за најплатен модел во светот, според Forbes. Мила е родена на денешен ден, 17 декември, 1975 година во Киев, Украина. Уште од најрана возраст добива ангажман како модел, а прв пат се појавува на насловна страна на списание кога имала само ...
Китењето на новогодишната елка е празник сам по себе. Одбирањето на украси, лампиони, светкави ленти и ред други декорации e уживање за сите сетила. Трендовите се менуваат, а со тоа и боите, формите и изгледот на лампионите. Денес можат да се видат голем број на нетрадиционални елки, елки изработени од различни материјали, а истото важи и за лампионите. Во минатото работите биле малку поинакви. Традицијата се ставала на прво место, а ...
Швеѓанката Матилда Дјерф е модел, блогер и Instagram инфлуенсер, која е многу активна на социјалните мрежи, секојдневно споделувајќи ги своите интереси поврзани со патувања и мода. Нејзиниот Instagram профил има повеќе од 2,8 милиони следбеници кои неуморно ги следат нејзините објави. Сепак она што ја издвојува од мноштвото слични ликови е тоа што оваа млада девојка, на свои 25 години е основач на моден бренд за базични модни парчиња наречен ...
Швеѓанката Матилда Дјерф е модел, блогер и Instagram инфлуенсер, која е многу активна на социјалните мрежи, секојдневно споделувајќи ги своите интереси поврзани со патувања и мода. Нејзиниот Instagram профил има повеќе од 2,8 милиони следбеници кои неуморно ги следат нејзините објави. Сепак она што ја издвојува од мноштвото слични ликови е тоа што оваа млада девојка, на свои 25 години е основач на моден бренд за базични модни парчиња наречен ...
Кретивноста нема граници. Таа е во тесна врска со фантазијата. Кога ќе се спојат потребно им е само малку време и љубов за да се роди нешто прекрасно. Една таква креативна и полна со љубов приказна креирале Наташа и Елена, две млади жени кои прават уникатни рачни изработки. За тоа како започнале и кој бил поттикот за Волшепство од филц, прочитајте во продолжение. Како се роди идејата за Волшепство од филц? Најчесто за да се дојде до некоја ...
Зимата знае да биде навистина убава, особено ако е обоена во бело. Многумина од нас уживаат во снегот, секој на свој начин. Во продолжение неколку прекрасни места во нашата земја, како викенд предлози, ако сакате да избегате од секојдневието. Шар планина и Попова Шапка Нашиот најдолг планински масив нуди се што ви треба за зимско уживање. Секој планинар кој е по потрага по адреналин, секој вљубеник во скијањето, па дури и оние кои помалку ...
Од светот на познатите ни доаѓа нов тренд кога станува збор за стилизирање на коса. Таканаречената French new wave фризура моментално е хит помеѓу познатите ликови. Од Пријанка Чопра и Ирина Шајк па сè до Дуа Липа, многу познати дами за претстојната сезона се одлучија за овој изглед. Познатиот лондонски стилист Сид Хејс ја опишува French new wave фризурата како нежен и кул стил, односно тренд со волуменозна и сјајна текстура. Иако наликува на ...
Новогодишните и Божиќните празници секогаш со себе носат одредена магија, чувство на надеж и среќа. Токму затоа сакаме се околу нас да биде убаво, весело и украсено на најдобар можен начин. Тука централно место зазема празничната трпеза без која што не може да помине ниту еден празник. За таа цел ви нудиме неколку интересни идеи за да ги разубавите незаборавните семејни мигови. Зеленило Секоја трпеза ќе добие празничен изглед доколку ја украсите ...
Ребека Јанковска Ристески со 15 години зад себе напорна борба за правата на лицата со попреченост, беше наградена со признанието Жена на годината во категоријата Најголеми достигнувања во развојот на општеството, на настанот што се одржа вчера по петти пат во организација на Жени претприемачи. „Благодарност до сите мои соборци, до целото мое семејство и до сите оние кои ја препознаа мојата искрена борба за сите лица со попреченост. Да сте ми ...
Дури и покрај тоа ште не глуми во „Avatar: The way of water", топ моделот Хајди Клум беше апсолутна атракција на синиот тепих на премиерата на филмот што завчера се одржа во Лос Анџелес. Причина? Таа сама по себе е појава, но овојпат воодушевувањето се однесуваше и на фустанот што го носеше на себе – вистинско ремек дело на модната етикета Lever Couture. Симболизира вода, а и изгледа така. Изработен од слоеви бел тул, ја рефлектира светлината и ...
Со својата питомост и хармонична идила, главниот град на Словенија, Љубљана, важи за еден од најпријатните и најубавите градови не само на Балканот, туку и генерално во светот. И кога на тој негов природен шарм ќе се додаде бајковитата атмосфера на празниците, тогаш овој град станува како сказна пресликана во реалност. Ништо претенциозно и сѐ дозирано до совршен баланс, под светлината на роматичните светилки, Љубљана овој период од годината е ...
Додека светот е „опседнат" со документарецот на Меган Маркл и Хари во продукција на Нетфликс, другото кралско семејство, Кејт Мидлтон и Вилијам на нивниот официјален Инстаграм профил ја објавија својата прва празнична честитка како принцеза и принц од Велс. Традиционално секоја година кралското семејство објавува божиќна честитка пред празниците, со симболична семејна фотографија. Овојпат семејната хармонија на кралското семејство ја ...
Декемврискиот календар е исполнет со убави, празнични датуми. Семејни прослави, претпразнични забави со пријателите, корпоративни забави со колегите... Ова се моменти кога кај секој од нас се буди желбата да се дотера, да се почувствува посебно во тие моменти на празнична еуфорија. И конечно, ова е сезоната кога празничната магија од нашиот плакар ги добива своите „5 минути". Доколку таму омилената кошула со светки стои на закачалка преку ...
Празниците зачинети со малку модна магија даваат уште поубава слика за овој период од годината кога сите блескаме со поинаква енергија. Токму во такво издание, вчеравечер празниците ги најави Лила која беше наградена за Лајфстајл инфлуенсер и ова беше совршената прилика да ја зокружи годината во посебно шармантен дизајн на ЕЛЕНА ЛУКА, екстравагантен фустан во топли, сончеви нијанси - како стилски печат на годината во заминување. Со совршената ...
Новогодишната елка е симболот на празничниот декор во сечиј дом. Празничното дрвце го дава главниот акцент во домашната новогодишна идила и токму затоа сите му посветуваме особено внимание на неговиот декор. Ако порано традиционалната зелена елка речиси без исклучок беше сечиј избор, последниве неколку години, особено под налет на трендовите што ги диктираат социјалните мрежи, се почесто во празничното украсување се користат алтернативни модели ...
На мапата на светската модна сцена, неколку клучни држави имаат посебна традиција во негувањето на модниот дизајн како уметност, како бизнис, индустрија, како начин на живот кој поставува стандарди во многу поширок контекст од сфаќањето "мода е облеката што ја носиме". Соединетите Американски Држави Поголемиот број на Американски модни куќи се лоцирани во Њуjорк , иако значителен број има и во Лос Анџелес , каде што се произведува голем процент ...