Тесното здолниште кое ја следи линијата на телото, и како резултат на таа карактеристика го има добиено називот „молив", се вбројува помеѓу оние модни класици кои никогаш не излегле од мода. Едноставноста на ова парче облека и можноста да биде стилизирано на различни начини, го прави омилено за многу дами, без разлика на пригодата и сезоната во која се носи. Фото: Pinterest Во последно време молив здолништето, кое се карактеризира со миди ...

За време на премиерата на на филмот „En los marjenes" во кој глуми силна и решителна жена,Пенелопе Круз зачекори на црвениот килим во костум позајмен од машката гардероба од Џорџо Армани. Фото: Vogue Со овој избор на комбинација која ја надополни со вратоврска и нежен пар на сатенски салонки, актерката докажува дека дури и најмажествените стилски комбинации можат да изгледаат истовремено силно, независно, моќно, но и женствено. Наедно, со овој ...

Британската актерка Џоди Тарнер-Смит комплетно го привлече вниманието на јавноста и камерите на овогодинешниот Лондонскиот филмски фестивал појавувајќи се на црвениот килим во неверојатна и смела креација со потпис на Balmain во која изгледаше како вистински суперхеројски лик. View this post on Instagram A post shared by Wayman Micah (@waymanandmicah) Со овој избор на блескав макси фустан со долги ракави кој беше надополнет со металик златен ...

Уредничката на американскиот моден магазин Vogue, Ана Винтур, неодамна сподели со јавноста дека темата на претстојниот настан Мет Гала ќе го слави делото на починатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд. View this post on Instagram A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld) Изложбата, која е во план уште од 2019 година, по смртта на германскиот дизајнер и која ќе биде поставена во музејот Метрополитан во Њујорк, ќе го носи насловот Karl ...

Од бројните трендови кои ќе ги просведочиме оваа сезона, можеме со сигурност да потврдиме дека панталоните од еко-кожа се вбројуваат помеѓу најдоминантните. Кожните панталони ниту оддалеку не се новитет во модната сфера, но бројот на различни модели, бои и начини на стилизирање растат од година в година. Фото: Pinterest Па така, оваа есен ќе бидеме сведоци на комбинации кои вклучуваат кожни панталони во црна и бела боја, но и класичната ...

Во рамките на овогодинешната Модна недела во Париз, либанскиот моден дизајнер Ели Сааб се претстави со неодоливо свежа и лесна колекција за пролет/лето 2023. Овојпат, дизајнерот одлучи да ги отфрли екстравагантните кроеви и декорации, отстапувајќи им простор на нежните линии и материјали, деликатните везови и романтични силуети. Фото: Vogue „Бев расположен за нешто што би било лесно за носење, воздушесто како летен ветер", откри дизајнерот, ...

Поканети сте на есенска свадба и не знаете што да облечете? Без грижи, тука сме да помогнеме. Летната сезона на венчавки е официјално затворена, а свадбените прослави организирани во есенскиот помирен и постуден период со себе носат малку поинаков шарм и бараат поинаква естетика. Фото: Pinterest За овие пригоди практиката да се носат лелеави и цветни летни фустани е секако намалена, па иако не постои никакво правило, едноставно временските ...

Иако за многумина дуксерот не е ништо повеќе од парче облека кое се носи само за време на спортување или прошетки во природа, добрата вест е дека тоа всушност е далеку од вистината. Дуксерот, со својата едноставност и удобност, секако не е парче облека кое го наоѓа своето место во формални или свечени комбинации, но неговите капацитети дострелуваат многу подалеку отколку сме свесни. Фото: Pinterest Есенските месеци, кога главниот фокус се става ...

Овогодинешните ревии за пролет 2023 пречекаа голем број на иманентни имиња од модната, филмската, музичката, како и бизнис индустријата. Оние кои ги добиваат почените места во првите редови, покрај тоа што добиваат привилегија да уживаат во најдобриот поглед кон она што се случува на модната писта и да фаќаат забелешки за најавените идни трендови, од се очекува да изгледаат еднакво гламурозно како и самите модели. Фото: Vogue Фото: Vogue Помеѓу ...

Принцезата од Велс, Кетрин Мидлтон, вчера беше во посета на породилиштето на болницата во округот Крал Сари. Фото: Getty Како што изјавуваат од Кенсингтонската палата, за време на посетата, принцезата имала можност да научи повеќе за „холистичката поддршка што единицата им ја дава на бремените жени и новите мајки за да се осигура дека ја добиваат најдобрата можна грижа во текот и по нивната бременост". За приликата, како што доликува на една ...

Вечниот шарм на Авиатор јакните повторно во фокусот оваа сезона. Постојат одлични причини зошто Авиатор јакните уживаат статус на безвременска класика и зошто се едни од најомилените типови на јакни за есенските месеци кај секој кој ја сака модата и знае како да го препознае квалитетот. Фото: Pinterest Удобноста, топлината и лесниот начин да се стилизира во различни комбинации, ја прави Авиатор јакната уникатен избор за кој речиси и да нема ...

Есента крие неверојатна романтика во себе. Раскошната палета на бои и златниот сјај на природата; сивите облаци и есенскиот дожд; мирисот на тиква, ванила и цимет; топлите напитоци; свеќите во ентериерот и мекото плетиво кое го враќаме во гардероберот неизбежно будат топло и смирувачко чувство. Фото: Pinterest Па така, неретко, а можеби потсвесно, забележуваме дека дури и облеката која ја одбираме за секојдневните пригоди во есенскиот период ја ...

Додека голем број дизајнери се одлучија да одат во есктреми во нивните колекции за пролетта 2023 година, Шанел се одлучи да оди во поинаква насока и да се држи до својата потврдена формула за елеганција, формалност, смиреност и суптилност. На овогодинешната ревија во рамки на Модната недела во Париз, моделите на Шанел беа видени во проѕирни наметки, шорцеви од твид и мрежести чорапи до колена како дел од колекцијата инспириана од филмот „Last ...

Оваа сезона сме сведоци на многу динамично менување на трендовите, како во светот на модата, така и во сферата на убавината. Веќе покривме голем број трендови кои оваа есен ќе влијаат врз вашата фризура, почнувајќи од начинот на стилизирање, должината, формата, па сè до бојата. Сепак, се чини дека за многумина, портокаловата боја и сите нејзини нијанси се омилениот избор за есенските месеци. Фото: Pinterest Портокаловата боја е впечатлива и ...

За овогодинешната модна недела во Париз, модниот дизајнер Николас Гескиер на престижниот бренд Луј Витон се врати во Cour Carrée каде ја претстави својата колекција за прилет 2023. Модната писта за оваа ревија беше засебно ремек дело - резултат на соработката помеѓу францускиот уметник Филип Парено и холивудскиот продукциски дизајнер Џејмс Чинлунд (познат по својата работа на филмскиот гигант „Бетмен") кои создадоа сет и инсталација во форма на ...

Дакота Џонсон, актерката која стекна светска слава по улогата на Анастасија Стил во филмот „Fifty Shades of Grey" во 2015 година, денес полни 33 години. Фото: Pinterest Ќерката на Дон Џонсон и Мелани Грифит го имаше своето филмско деби на 10-годишна возраст во филмот „Crazy in Alabama" од 1999 година, а подоцна ја воодушеви филмската публика со својата извонредна телевизиска улога како Кејт Фокс во „Ben and Kate". Дакота зад себе има бројни ...

Моќта лежи во деталите! Оваа изрека е точка во различни контексти, вклучувајќи го и модниот. Вистинските познавачи на модата и вљубеници во префинетиот стил препознаваат дека едноставноста и суптилноста неретко го постигнуваат најсилниот ефект. Тајната лежи во изборот и начинот на комбинирање на модни парчиња изработени од висококвалитетни материјали, преку кои се постигнува ненаметлив луксуз. Овие парчиња се најчесто безвременски и класичен ...

Убавината на Плитвичките езера е надалеку позната. Воопшто и не е чудно што се едни од најпопуларните туристички атракции не само во Хрватска, туку и во целиот свет, привлекувајќи авантуристи и вљубеници во природата од сите страни на планетата. Фото: Unsplash Не постои сомнеж дека Плитвичките есера се прекрасни во секоја сезона од годината. Раскошната природа и богатото зеленило кое ги прегрнува езерата во пролетните и летните месеци е ...

Здравата и негувана коса е резултат на повеќе фактори, како внатрешни така и надворешни, и е секако желба на многумина. Во најголем дел од времето, главната улога во здравата, цврста, густа и сјајна коса ја имаат гените, но сепак постојат одредени животни навики кои можеме да ги имплементираме за да ѝ помогнеме на нашата коса да го постигне својот полн потенцијал. Дел од тие промени за почеток би биле да ги избегнеме најголемите грешки, како ...

Брендот за накит Tiffany & Co. ја одбра музичката икона Бијонсе за заштитно лице на најновата кампања. Преку оваа кампања, Tiffany & Co. наоѓаат начин беспрекорно да ги спојат музиката и стилот на пејачката со класичните, безвременски парчиња накит. На една од фотографиите направени за кампањата, Бијонсе носи црна креација од латекс со длабоко деколте и асиметрични детали околу рамениците. Изгледот беше комплетиран со соодветни светкави ...

Директно повлекувајќи инспирација од планината Винукунка (Виножито Планина) во Перу, Солената купола на Загрос и Мермерната пештера во Патагонија, Зухаир Мурад не носи во волшебно колоритен свет. Фото: zuhairmurad.com Фото: zuhairmurad.com Неговата нова колекција за пролет-лето 2023 година се карактеризира со извајани силуети инспирирани од оваа карпеста природа издлабена од ветровите низ вековите. А од попатно собраната пена на Тихиот Океан, ...

Сведоци сме на безброј нови трендови кои доаѓаат со секоја нова сезона, па така и оваа есен. Но, не можеме да одречеме дека колку и да им се радуваме на модните новитети, секогаш ќе постојат моменти кога радо ќе им се вратиме на омилените класични парчиња облека чија сестраност ги прави совршен избор при планирањето на секојдневната гардероба, без разлика на пригодата. Фото: Pinterest Такво парче е незаменливиот кариран блејзер, познат по ...

За некои од нас збогувањето со летото сè уште оди тешко, но секако ги има и оние кои со нетрпение го планираат следното патување за да нурнат во златното море од пожолтени листови. Вљубениците во есента знаат дека нејзината магија најубаво се чувствува в природа, помеѓу позлатените дрвја и бајковитите планински и шумски пејсажи. Дочекот на новата сезона со себе повлекува и одредени ритуали, како што е пиењето топол чај во удобен ентериер со ...

Новата сезона ни носи многу новитети, како во модната сфера, така и во сферата на убавината и маникирот. Следејќи ги дизајните кои се најпопуларни во последен период на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека минимализмот победува на повеќе полиња, вклучувајќи ги и ноктите. Па, затоа што сме во чекор со трендовите, денес одличивме со вас да споделиме еден во кој ќе се вљубат минималистите. Фото: Pinterest Оние кои претпочитаат едноставен ...

Канје Вест (или Је како што сега се нарекува) беше гостин ѕвезда на вчерашната ревија на Balenciaga за лето 2023 година во рамките на модната недела во Париз која се одржа во париското предградие Вилпет! Модната писта изградена од шпанскиот уметник Сантијаго Сиера претставуваше постапокалиптична сцена покриена со кал (како симбол за топењето на снегот) на која беа претставени креациите на креативниот директор на модната куќа, Демна Гвасалиа. ...

Првиот ред на ревијата на Yves Saint Laurent во Париз беше исполнет со поранешни супермодели. Ѕвездите како Амбер Валета, Карла Бруни, Шалом Харлоу и Кејт Мос со нетрпение ја очекуваа новата колекција на дизајнерот Ентони Вакарело. Фото: elle.hr Очекувано, сите се појавија во класични и совршено елегантни вечерни тоалети, но се чини дека сепак Кејт Мос беше таа која што успеа да го привлече сето внимание на себе со малиот црн фустан во спој со ...

За многумина идејата од повеќеслојна облека за време на студените месеци во годината предизвикува непријатно чувство. Неретко замислата која ја имаме во главата е поврзана со невкусно и неатрактивно „натрупани" слоеви парчиња облека кои ја кријат нашата силуета. Но, воопшто не значи дека модата и стилот треба да страдаат во името на удобноста и топлината. Сè што ви е потребно е храброст и желба да експериментирате, и неколку корисни трикови кои ...

Првата ревија на Викторија Бекам во Париз се одржа во петокот попладне во рамките на париската модна недела. Поканета заедно со неколку авангардни модни гиганти, Бекам - која започна во Њујорк и ја пренесе својата ревија во Лондон за 10-годишнината од нејзиниот бренд, конечно стигна до Париз. Фото: Vogue „За мене е од големо значење да имам ревија во Париз. Тоа беше мој сон, и затоа колекцијата мора да го одрази тоа", изјави Бекам. Фото: Vogue ...

Себастиен Мајер и Арно Вајлан се дуото кое функционира како креативен мускул зад ултрамодерниот париски моден бренд Coperni, кој за колекцијата пролет/лето 2023 вчера докажа дека е способен да ги помести границите на модната технологија уште повеќе. Одржана во Salle des Textiles во Musée des Arts et Métiers во Париз, на ревијата дизајнерите покажаа дека сакат да си играат со историските пропорции, од пренагласени колкови, до прекумерна драперија ...

Слично како и машката облека за пролет 2023 година, модниот бренд на Рик Овенс во колекцијата за зима/пролет 2023 која ја претстави на ревијата во рамки на Модната недела во Париз, вметна многу креации со широки рамена, наметки со качулки и необични дизајни на чизми. Фото: Vogue Сепак, во оваа колекција за женска облека доминираа посмирени силуети и бои. Моделите кои чекореа по скалите и модната писта поставена околу фонтаната на Palais de ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.1
48%
1009
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.45
75%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
56%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.37
55%
1010
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.54
48%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
69%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
59%
1007
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.61
54%
1009
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.03
58%
1009
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.34
55%
1012
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
33%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.05
44%
1010
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62