Декември официјално пристигна, а со тоа и празничната магија. А кога зборуваме за магични моменти ЕЛЕНА ЛУКА знае како да ги оживее. Овој пат тоа се нежни бели ракавици, надополнети со етерични бели пеперутки што ќе ве однесат во светот на безвременска мода. Тие се совршени за истакнување на индивидуалноста, носејќи со себе софистицираност на едно повисоко ниво. Уникатни креации за елегантно надополнување на најфините фустани дизајнирани од ...

Една од најпознатите елки во светот е таа во Рокфелер центарот во Њујорк. Традицијата на осветлување и китење трае речиси еден век, а почетокот бил прилично скромен. Првата елка била украсена само со лименки, хартиени венци и брусници, а за прв пат елката свечено се осветлила во 1933-та. Во 1936 имало две елки за да се прослави отворањето на лизгалиштето во центарот. Со годините Божиќното дрво стануваше сè поголемо и побогато со декорации, а ...

Џенифер Лопез е секогаш во центарот на вниманието и неуморно "скока" од еден подвиг на друг. Мега ѕвездата која се има испробано на многу полиња во шоу бизнисот го закажа својот студиски албум за 16 февруари следната година. Заедно со албумот ќе биде објавен и филмот This Is Me…Now: The Film, на стриминг платформата Prime Video. Џеј Ло го опиша овој проект како „интимен, фантастичен и наративен одраз на нејзината потрага по љубов“. Филмот е ...

Покрај безвременската црна чанта, и кафената е секогаш добра инвестиција. Може да се носи преку цела година, а особено добро прилега во есен. Чантите во кафени нијанси се составен дел од колекциите на многу дами и тоа од повеќе причини: *Кога црната чанта ни е претемна за ауфитот и приликата, кафената е токму тоа што ни треба. *Кога колоритната чанта ни изгледа како модна утка, кафената ја спасува ситуацијата. *Кога светлата не одговара со ...

Во последно време розовата боја нè асоцира на модната куќа Валентино и токму таа нијанса брендот ја одбра за последниот претпразничен маркетинг потег. Станува збор за поп-ап кафуле во соработка со Harrods во Лондон. Насекаде преовладува розовата боја, а шлаг на сето тоа е розовото топло чоколадо со потпис на Валентино. Тука е и елката со голем розов знак на брендот, комбето од каде што се нарачува, топлите ќебиња на столчињата... Instagram и Tik ...

Овој месец хидротермалниот медицински центар ЦАР САМУИЛ, бања Банско ја раситнува петтата декада и прославува 41 година од своето постоење. Последните неколку години овој бисер на бањскиот туризам кај нас, интензивно го менува и модернизира својот лик, со цел на своите корисници да им обезбеди услуги и содржини според највисоки светски стандарди. Резултатот од интензивната модернизација е веќе целосно реновираниот медицински дел за ...

Тие се ултра познати, а некои од нив сè уште доминираат на модната сцена дури и во шестата декада. Низ годините голем број на супермодели прошетале по модните писти, но неколку од нив оставиле навистина моќен впечаток кој ќе се памети долго време. Од Твиги во 60-те па сè до наследничките на првите супермодели како Каја Гербер, еве како изгледаа овие дами на нивното прво појавување на модните писти. Останатото е историја. Твиги - 1967 Иман - 1976 ...

Кога станува збор за софистицирани чизми, мора да ги споменеме оние во бургунди бојата. За тие што не се запознаени, бургунди ја има во неколку различни нијанси од бојата на сливата па сè до онаа на темното, варено вино. Не се впечатливи како црвената, а не одат ни до крајноста на црната. Токму затоа чизмите во бургунди боја ја имаат таа моќ да ја направат секоја комбинација софистицирана. Како нијанса одлично одат со сите сиви тонови, супер се ...

Новиот хит на Лего коцките – луксузни модни додатоци. Познати брендови на чанти и часовници, како Шанел, Гучи, Версаче, Еремес сега имаат нова димензија благодарение на Лего. Но, сепак мора да ве разочараме дека сепак се работи за дизајни на вештачката интелигенција, зад кои стои 33-годишниот уметник Рикардо, а неговата работа се темели на реинвенција на дизајни на добро познати брендови. Овојпат неговата идеја да направи спој меѓу Лего и ...

Европските метрополи се вистинска магична глетка за време на празниците. Улиците, излозите, рестораните, кафулињата се накитени и насекаде владее празнична еуфорија. Карактеристични за овој период во годината се и базарите коишто ги организираат поголемите градови на стариот контитент. Виена, Австрија View this post on Instagram A post shared by AlexBlock Alexander (alexblock) View this post on Instagram A post shared by FBC (francesca_brlcnt) ...

Прецизното бирање на бои е клучен момент во стајлингот. Доколку паметно ги искомбинирате добивате тренди look без многу вложувања. Годинава беше наклонета кон неутралната палета, со исклучок на црвената боја која што им се приклучи на црната, крeмавата, кафената, сивата, како и розовата која се најде во гардероберите благодарение на филмот Barbie. Зимава нема да биде поразлична, а ова се петте комбинации на бои што ќе доминираат. Црвена + црна ...

Најпознатата италијанска блогерка Кјара Ферањи ги отвори вратите од својот нов дом. Нејзините 29,7 милиони следбеници имаат можност да погледнат како изгледа новиот луксузен пентхаус, којшто воедно е и првата купена недвижнина на семејството Ферањи. Нејзината модна и козметичка линија дополнително придонесоа за уште поголема популарност на Кјара низ годините, која што кулминираше со ријалити шоу The Ferragnez. Кјара на Инстаграм сподели ...

Барселона важи за град со исклучителна архитектура, импозантни ремек дела, особено кога станува збор за модерната архитектура. Каталонската престолнина изобилува со градби коишто меѓусебно се разликуваат по стилот и заедно ја создаваат уникатната панорама на градот. Една таква градба е библиотеката наречена Габриел Гарсија Маркез, која воедно е прогласена и за најдобра јавна библиотека во светот. Зданието се наоѓа во населбата Сант Марти, а ...

Зина Чаркоплија е модна блогерка која што поседува и своја туристичка агенција. Оваа дама е позната на Инстаграм по тоа што креира совршени деловни комбинации, особено за зимските денови. Во нејзиниот гардеробер преовладуваат топли, земјени тонови, а омилено парче облека и се долгите капути, елегантните одела и кожните здолништа. Зина е голема инспирација за оние кои сакаат да покажат самодоверба со софистициран стајлинг. Кожните здолништа ...

Откако пред неполна година соопшти дека стана мајка за прв пат, Парис Хилтон повторно ја изненади јавноста со веста дека со сопругот добиле уште едно бебе. Ќеркичката парот ја доби од сурогат мајка, исто како и синчето Феникс пред 11 месеци. View this post on Instagram A post shared by Paris Hilton (parishilton) Наследничката на империјата Хилтон веста ја објави на Инстаграм споделувајќи фотографија од розова бебешка облека на која е испишано ...

Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените го одбележува почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство", која завршува на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Оваа година е под мотото „Обединете се! Инвестирајте за да го спречите насилството врз жените и девојчињата!" Секоја трета жена во светот, барем еднаш во животот била изложена на физичко или сексуално насилство од интимен ...

Модните ентузијасти денес повеќе придаваат значење на неконвенционални и автентични стилови кои ни ги презентираат познатите дами. Одличен бенефит од дигиталниот свет е што можеме да погледнеме во гардероберите на модните инфлуенсерки и да украдеме по некоја идеја која што ќе ја прилагодиме на нашиот буџет. Социјалните мрежи се секогаш тука за инспирација, па така и денес одвоивме неколку улични стајлинзи на некои од познатите дами кои важат за ...

Познатата стоковна куќа Сакс, која се наоѓа на Петтата Авенија во Њујорк и француската модна куќа за оваа празнична сезона создадоа неверојатна инсталација. За да се создаде овој магичен декор наречен Вртелешка од соништата, потребни беа 10 месеци и 100 работници. Ова е досега најголемата украсна инсталација во историјата на стоковната куќа. Декорациите беа изработени во Италија и донесени специјално за оваа прилика во Њујорк. Свеченото ...

Од зимските бајковити дестинации денес ја извојуваме Алта Бадија. Станува збор за живописен ски-центар сместен во покраината Јужен Тирол на Доломитите во северна Италија. Местото воодушевува со природна убавина, свеж воздух и има прекрасна понуда за сите вкусови. Алта Бадија зрачи со автентичен алпски амбиент од типот на колиби и изобилува со сончеви денови, дури 300 годишно. Се состои од шест мали села, огромно пространство ливади, пасишта, ...

Новогодишните и божиќните празници се одлична можност да се подарат прекрасни и уникатни ракотворби, призводи од македонски занаети, уметности и креации. По тој повод на 9-ти декември во Public Room ќе се одржи DMWC Бaзар под наслов "Во ритамот на македонски традиционални занаети и креации". На базарот ќе бидат изложени рачно плетени производи за деца и возрасни, рачно плетени дамски чанти, персонализирани чанти и шапки, плетени детки играчки, ...

Долгонајавуваниот филм за дизајнерот Александар Меквин конечно ќе се реализира. За прв пат биопикот беше најавен во 2016-та година. По седум годишен молк од страна на продуцентот Демијан Џонс, неодамна протекоа информации дека биографскиот филм за Меквин ќе биде прикажан на големото платно. Филмот ќе го покаже дизајнерот во она светло како што навистина и беше. Првобитната замисла на продуцентот за филмот не е променета, а она што за овие ...

Џемперите не можеме да ги заобиколиме во зима, па како и сите претходни, така и оваа што следи ќе посегнеме по оние најмеките, најтоплите и најубавите плетените парчиња. Еднобојните секогаш доминираат, а годинава тие ќе бидат и нешто пошироки и поопуштени. Сепак тоа не значи дека нема да се носат и потесни модели. Пастелните тонови ќе бидат најзастепени, а по нив секако ќе следи хит бојата за сезонава – црвената. Сивите тонови се исто така во ...

Машничките или панделките секогаш се во служба на женственоста, но со мала доза на детинест шарм. На некој начин сезонава овој мал но моќен моден детаљ повторно се враќа на сцената. Ги гледавме на ревиите на Валентино и Џембатиста Вали во чиишто креации е и честопати главен мотив, но застапени беа и на раскошните фустани од Нина Ричи, на блузите од Сан Лоран, на мини здолништата на Балман... View this post on Instagram A post shared by ...

Ice Castles е прекрасен зимски феномен во форма на снежни кралства кои навечер светат во сите бои. Изгледаат навистина бајковито и примамуваат посетители од секоја возраст. Постојат од 2011 и секоја година имаат по некоја нова зимска авантура. Овие кралства ги има во Минесота, Њу Хемпшир, Њујорк и Висконсин, а идејата за нив дошла сосем случајно. Зад нивната приказна стои Брент Кристенсен, кој за прв пат направил ледена креација во дворот за да ...

Ice Castles е прекрасен зимски феномен во форма на снежни кралства кои навечер светат во сите бои. Изгледаат навистина бајковито и примамуваат посетители од секоја возраст. Постојат од 2011 и секоја година имаат по некоја нова зимска авантура. Овие кралства ги има во Минесота, Њу Хемпшир, Њујорк и Висконсин, а идејата за нив дошла сосем случајно. Зад нивната приказна стои Брент Кристенсен, кој за прв пат направил ледена креација во дворот за да ...

Полека се наближуваме до периодот од годината кога се собираме да ги прославиме достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на мажите кои навистина направија разлика во нашата заедница. Титулата „ Маж на годината" често се поврзува со престижни награди или признанија доделени на поединец кој има направено значајни придонеси или достигнувања во одредена област или на поширок план. Па додека се наближуваме до 6тиот избор „ Мажи на ...

Анин Бинг, во модниот бизнис позната како кралица на минимализмот, во својата актуелна зимска колекција ја користи добро познатата и воедно успешна формула – црно, бело и едноставно. Минималистичката естетика е нејзина препознатливост, која и самата одлично ја носи. Нејзината актуелна зимска колекција „изложена" и на нејзиниот Инстаграм профил, е допадлива од повеќе аспекти: парчињата меѓусебе може лесно да се комбинираат, што е функционално, а ...

Откако за прв пат почна да се прикажува документарецот за животот на Дејвид Бекам, истиот привлече големо внимание кај јавноста. Меѓу разните сцени и приказни за Бекамови, еден момент беше прилично интересен, а тоа е кога Викторија зборува за тоа дека потекнува од "работничка" класа. На ова се надоврзува и Дејвид и ѝ вели да биде искрена со изјавите. Викторија се обидува да докаже дека не ѝ било од секогаш лесно, но Дејвид инсистира таа да ...

Еден од најголемите изведувачи на сите времиња, Стинг, доаѓа во Загреб. Добитникот на 17 Греми награди ќе одржи посебен концерт во рамки на својата светска турнеја во загрепската Арена на 27 мај следната година. На сцената на музичарот ќе му се придружи и неговиот рок бенд со којшто заедно ќе ги изведат најголемите хитови од неговата кариера како дел од бендот The Police, но и како соло артист. Стинг на концертот меѓу другото ќе ги испее ...

Славните потпетици со црвен ѓон, ремек делото на Кристијан Лобутин прославија 30 години. Многу познати дами се поклонуваат пред неговиот легендарни лобутинки како на пример Памела Андерсон, Лејди Гага и Блејк Лајвли. Низ годините чевлите се појавија во многу серии и филмови – Кери ги носеше во Sex and the City, а еден пар специјално беше дизајнеиран за Мис Пиги од филмот The Muppets во 2011-та. Тејлор Свифт носеше верзија со кристали на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Загреб

7ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1023
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.24
78%
1024
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1023
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
84%
1017
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
71%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
85%
1025
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.24
83%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
94%
1019
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209