Новоименуваниот креативен директор на модната куќа „Москино", Давид Рене почина вчера во Милано на 46-годишна возраст. Веста ја потврдија од неговата матична куќа, каде беше на водечката позиција само десетина дена. „Иако со нас беше многу кратко, Давид уживаше голема почит и симпатии меѓу вработените. Изразуваме длабоко сочуство до семејството и неговите пријатели", изјави Масимо Ферети, извршниот директор на Aeffe, компанијата која го поседува ...

Тандемот патики и костум стана тенденција што ги освои сите генерации и публиката од сите профили. Веројатно спојот на елеганција и удобност, многумина ги „купува од прва" и веќе неколку сезони наназад се работи за вирално прифатен тренд. Холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман неодамна, во неформална прилика се појави токму во такво издание кое би го карактеризирале како удобна елеганција. Комбинацијата од бел костум во полежерен крој и ...

Уште кога за прв пат ја најавија соработката јавноста беше нетрпелива да види што ќе произлезе од креативната симбиоза на Rabanne и H&M Капсулната колекција, којашто беше првично презентирана за време на Париската модна недела во ноќниот клуб Силенсио, собра голем број на ѕвезди и љубопитни модни ентузијасти. Колекцијата остана доследна на очекувањата, легендарниот материјали родоид, по којшто Rabanne е препознатлив, и овојпат доминираше во ...

Викенд е време кога сакаме малку да подзаборавиме на неделните обврски и да се опуштиме (колку што можеме). Затоа денес ви предложуваме три дестинации, недалеку од главниот град коишто вредат да се посетат и повеќе од еднаш. Козјак Доколку досега не сте го посетиле езерото Козјак, време е тоа да го направите. Тоа е најголемото вештачко езеро во Македонија, а лоцирано е помеѓу Сува Гора и резерватот Јасен. Долго е 32 километри, а далбоко 130 ...

Полека но сигурно пристигнуваат деновите кога ќе треба да ги извадиме плетивата и да ги искомбинираме со останатите парчиња од зимската облека. Она што е навистина добро е што сите плетива без разлика на моделот совршено добро одат со здолништа. Таа е стилска и елегантна комбинација што секогаш "спасува" кога немате идеја што да облечете. Токму оваа спојка е една од омилените на модните блогерки, а Инстаграм изобилува со интересни решенија што ...

Ирина Шајк е несомнено една од најубавите жени во светот. Супермоделот, 37, со својата беспрекорна појава секогаш привлекува внимание. Но, прекрасната русинка, освен со изгледот ја интригира јавноста и со својот приватен живот. Шајк беше во врска со актерот Бредли Купер, а заедно ја имаат ќерката Лиа. Ноемвриското издание на магазинот Elle ја има токму Шајк на насловна, а во интервјуто моделот зборува за нејзините ставови во врска со животот. ...

Вчеравечер со одлична коктел забава исполнета со многу позитивни вибрации, ЕЛЕНА ЛУКА го најави новото поглавје во својата успешна приказна: нов ексклузивен продажен салон во Скопје, лоциран во непосредна близина на добро познатото ателје во Капиштец. Голем број пријатели и соработници на ЕЛЕНА ЛУКА присуствуваа на официјалното отворање на нашето ново омилено место за мода и шопинг и уживаа во модерниот амбиент, ексклузивниот избор на модни ...

Послената кампања зад која што стои американскиот дизајнер Александар Ванг е навистина моќна. Главна ѕвезда е Наоми Кемпбел, а каде и да се појави црниот пантер таму секогаш се крева прашина. Несопирливата Наоми, 53, овој пат позира топлес, со метални боцки на нејзиното тело, што според Ванг само ја дополнуваат моќта што Кемпбел ја носи. За потребите на Resort 2024 колекцијата, освен топлес супермоделот и целосно се соблече на една фотографија, ...

Њујоршкиот музеј Метрополитен вчера ја најави тематика на следната изложба на костими и на популарната Мет Гала, која што традиционално се одржува првиот понеделник од месец мај. Следната година тоа ќе биде на шестиот ден од месецот, а изложбата ќе опфати некои од најстарите и ретко видени дизајнерски креации низ историјата. Гостите кои што ќе присуствуваат ќе треба да го прилагодат својот стајлинг на темата Sleeping Beauties: Reawakening ...

Патрик Демпси, актерот кој јавноста најмногу го знае по неговата улога во популарната серија Grey's Anatomy ја понесе годинешната титула за Најсекси маж на планетава според магазинот People. Признаниево доаѓа во вистинско време, добро е за моето его, знаете секогаш бев "деверица". Пред речиси две децении се појави како згодниот или "McDreamy" доктор Дерек Шепард измамувајќи воздишки со својот лик во серијата. Шепард, 57, е во брак со сопругата ...

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазиja (Queen EURASIA 2023), каде Македонија ја претставуваше 17-годишната Мелани Трајковска од Делчево, која успеа да ја освои титулата Кралица на модата (Queen of fashion). Победничка на изборот е претставничката на Унгарија. Ова е уште една од низата титули кои девојките од Модното студио „Црнокрак“ ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина кои се одржуваа ширум ...

Уште еден легендарен дизајнер ќе добие свој филмски запис. Овој пат станува збор за Кристобал Баленсијага чијшто живот ќе биде прикажан во истоимената серија која ќе стартува во јануари следната година. Серијата е во продукција на Disney и ќе биде прикажана на нивниот канал. Првиот трејлер е веќе објавен, а во него се наѕира дел од содржината. Ќе биде ставен акцент на почетокот на неговата карира, односно настаните од 1937, па наваму, кога од ...

Со претставата „Декамерон", во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 48 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар - МОТ. „Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон", со триумфот на потребата за живот. Животот радоста и среќа, овде и сега" – изјавува режисерот Кочовски кој „Декамерон" го постави на ...

Французинките се секогаш инспирација кога станува збор за мода. Можеме да кажеме дека овие дами, без разлика на возраста, се секогаш беспрекорно стилизирани и го прават вистинскиот моден избор. Ова особено важи за 50+ дамите кои го имаат одамна изградено својот стил и никогаш не прават утка. Низ годините тие постојано докажуваат дека се најдобро облечените жени во светот, а за тоа да биде така клучни се неколку базични парчиња во нивните ...

Дождот и не ни е така омилен особено кога имаме обврски во текот на денот. Но, за среќа, тука се гумените чизми кога најмногу ни требаат, а што е уште подобро ги имаме во различни бои и дезени и сите подеднакво го сакаат дождот. Треба само да ја одбереме омилената топла облека, џемпер, кардиган, шал, капа омилениот мантил, капут или јакна и она што ќе ја заокружи есенската комбинација за врнежлив ден – гумени чизми. Можеби порано важеле за само ...

Креаторот на денешниот ентериер работи и живее во Сингапур, а според она што можеме да го видиме на неговиот Инстаграм профил, неговиот дом е совршен спој на елеганција и функционалност. @madspatial прикажува разновидни архитектонски стилови, од модерни и елегантни структури до рустични и безвременски парчиња. Овој стан е поим за иновативен дизајн и беспрекорно поврзување на формата и функцијата. Освен тоа сопственикот на профилот дава лекции и ...

Есенцијата во гардероберот на секоја жена – црниот фустан. Независно каков е вашиот личен стил и модни преференции, црниот фустан е НЗС во сечиј плакар. Од едноставниот макси црн фустан во прав крој до заводливиот мини црн фустан за посвечени прилики, оваа модна класика е неизбежна. Но, под влијание на тенденциите, секоја сезона ни се сервираат различни варијации на ова засекогаш омилено модно парче. Оваа доцна есен, актуелни се плетените ...

Едни од омилените девојки кога станува збор за мода ни се сканди девојките. Нивниот стил е секогаш добредојден, допадлив, модерен и практичен. Тој е совршен сублимат на сè што ја прави секојдневната мода полн погодок.. Така и сега кога веќе длабоко навлеговме во есента, сканди модата е тоа што ни го привлекува вниманието на социјалните мрежи. Капути, кожни јакни, класични панталони, комбинирани материјали и елегантни чанти е она што може да се ...

Таксират, македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал годинава прославува јубилејно 25-то издание! Овој голем јубилеј, најголемиот зимски урбан музички фестивал во Југоисточна Европа го одбележува со бројни концерти и настани, а денеска ја најавува и програмата за финалната вечер со која на 7-ми декември ќе биде заокружена прославата за четврт век Таксират во Скопје. Главната вечер годинава ги собира Таксират резидентите, имињата ...

Кој би рекол дека подзаборавената уметност на гоблените ќе се најде на облеката на денешните модни инфлуенсерки. Корсети и мини здолништа што неодоливо потсетуваат на бабините гоблени што ги гледавме закачени по ѕидовите. Романтичните сцени од 18-от век се пресликани на овие парчиња облека, а младите инстаграмџики го присвојуваат овој старо-нов тренд. Зад дизајнот на уникатните корсети и здолништа што ја преплавија социјалната мрежа стои ...

Динамичниот дух на латино танците го размрда ноемвриското есенско сивило во главниот град. Светското првенство во латино танци вчера започна во хотел „Александар Палас" во Скопје и предвидено е да трае до 10ти ноември 2023. Скопје е почесен домаќин на годинешното Светско првенство во латино танци, на коешто учествуваат над 2.000 танчери од 22 различни земји во светот, а истите се натпреваруваат во повеќе категории, како соло изведби, рутини за ...

Њујорк вчера беше местото каде се собра модниот и холивудски крем на свеченото доделување на CFDA наградите или познати уште како модни оскари. Водителка на настанот посветен на американските модни дизајнери беше актерката Ен Хатавеј, која и самата важи за модна икона. Ова е прво доделување на награди откако претседателската функција ја има дизајнерот Том Браун којшто годинава и самиот беше номиниран. Доделувањето се случуваше во Американскиот ...

На годинешната LACMA гала вечер, што се одржува во Музејот на уметноста во Лос Анџелес, меѓу другите гости посебно се истакна Џенифер Лопез, која што пристигна заедно со сопругот Бен Афлек. На настанот, чија што цел е да собере донации коишто ќе одат во фондот за поддршка на филмската уметност, Џеј Ло, 54 и Афлек, 51 се појавија во стајлинг на Гучи. Лопез со поѕирниот, златен фустан со тантела, којшто ги потенцираше нејзините нозе и деколтето ...

Џена Лајонс стана позната на почетокот на 2010 година кога беше работеше како главен дизајнер на американската модна куќа J.Crew. Таа тогаш застана зад популаризација на концетот "high-low dressing" со што ја заслужи титулата "Жената која ја облекува Америка". Џена ја престави идејата за мешање на дезените и за носење на облека според расположението, а не според приликата. На таа позиција остана се до 2017 кога и се повлече од светот на модните ...

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу" со што ќе се одбележи „Моември" – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот. Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите. Овој забавен настан организаторите ...

Ѕвездата на Matrix Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант се појавија заедно на LACMA гала вечерта во Лос Анџелес. Ривс, 59 и Грант, 50 пристигнаа држејќи се за рака и во одлично расположение на настан којшто дава поддршка на филмот и уметноста. Актерот за оваа прилика носеше костум со потпис на Гучи, додека неговата партнерка, 50, се појави во макси црн фустан со интересен исечок во форма на клучалка. Освен нив меѓу другите на гала ...

Празничната атмосфера веќе се насетува преку првите маркетинг кампањи на светските брендови во различни индустрии. H&M Home веќе е подготвен за новата празнична сезона, а нивниот профил на инстаграм е претворен во разгледница како од новогодишна бајка. Шведскиот бренд го објави својот специјализиран новогодишен каталог со празнични производи и може да претпоставите дека секоја страница е исполнета со новогодишна магија. Светкави украси и ...

Таа едно безвременско парче моден додаток што прилега секогаш и секаде. Практична, тренди одличен финиш за секој стајлинг во секое време од годината - нејзиното височество црната чанта. Не постои жена што не поседува барем една. Независно од големината или формата таа е секогаш потребна, присутна и го нагласува стилот на најдобар начин. Вложувањето во една квалитетна црна чанта е секогаш паметна идеја. Ќе ја носите со години и никогаш нема да ...

Американската ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан го роди своето четврто дете. За Кортни, 44 и музичарот Тревис Баркер, 47, ова е прво заедничко дете. Според тамошните медиуми, Кортни е пресреќна што повторно е мајка, откако за малку ќе го изгубеше бебето пред неколку месеци. Најстарата ќерка од кланот Кардашијан ги сподели вестите за бременоста за време на концерт на групата Blink-182 додека Тревис имаше настап. Двојката стапи во брак минатиот ...

Кога индивидуалноста говори преку стилот, нема простор за досада. Затоа секогаш со задоволство му се навраќаме на инстаграм профилот на шпанската уметница, 58-годишната Кармен Гимено, која истовремено е и популарна модна блогерка. Интересно е што и покрај тоа што во нејзиниот стил доминираат парчиња што често се среќаваат во сечиј гареробер, таа секогаш умешно наоѓа начин како да ги комбинира во една поинаква димензија што го носи нејзиниот ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
60%
1010
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
86%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
89%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1010
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.61
78%
1008
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
93%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
73%
1009
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
87%
1011
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
53%
1012
Currency

61.525

Currency

54.2311

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78