Инстаграм мајките и нивните дечиња се секогаш глетка за уживање, а особено кога се синхронизирани во нивните стајлинзи. А токму такви преслатки парови најдовме и денес, секој со своја естетика, во свој филм, подготвен за зимата пред нас. Некои од нив се сосема идентични, други пак се дополнуваат...секој посебно уживајќи во стилската игра. Уште една причина за убаво претпразнично расположение. View this post on Instagram A post shared by Lovisa ...

Вчера, по 6ти пат се одржа манифестација „Мажи на годината" настан поддржан од Адмирал, во DoubleTree by Hilton- Скопје, на кој присуствуваа голем број претставници од бизнис секторот, јавниот живот, дипломатијата и останати гости од различни сектори. Во гламурозна атмосфера, во присуство на оваа публика беа избрани 13 најуспешни мажи, во 13 категории кои ја одбележаа 2023 година. Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се ...

Се наоѓаме во време на претпразнични забави и пред нас стои задачата да облечеме нешто интересно и поинакво од очекуваното. Сакаме да изгледаме убаво и да додадеме малку забавна нота на секојдневнието. Веќе ги споменавме светките, но има уште еден детаљ којшто е сосема во тренд оваа сезона - вештачки предуви. Овој мал нежен допир на есктраваганција ќе биде токму тоа што ќе го дополни вашиот новогодишен стајлинг. А за да го добиете вистинскиот ...

Приредете им на вашите деца едно поинакво волшебно и новогодишно искуство! На 24 декември во Арената Борис Трајковски со почеток во 17 часот ќе се случи детски музички спектакл насловен „Петар Пан и Дедо Мраз"! Убава можност за заеднички да ја испратиме старата година и со Петар Пан, Ѕвончица, Венди и неговата дружина да ја дочекаме Новата 2024 година. Ќе биде тука и Дедо Мраз со многубројни изненадувања и фантастична забава: Петар Пан во ...

Извонреден талент, безвременска убавина, нескротлив темперамент и жена што со полни гради го живее животот. Американската актерка и активистка Џејн Фонда, ќерка на актерот Хенри Фонда, денес полни 86 години и мораме да признаеме дека сè уште изгледа прекрасно. Својата долгогодишна кариера ја има закитено со голем број награди, меѓу кои два Оскари, две награди од Британската филмска академија, седум Златни Глобуси, Еми награда... Фонда ја ...

Едно од парчињата облека што ги сакаме во зима се плетените фустани токму поради нивната елеганција, комоција и толината што ни ја даваат. А кога ќе ги искомбинираме со омилените чизми и капут е тогаш самодовербата е пуштена на најјако. Во исто време добиваме деловен и стилски аутфит нагласувајќи ја нашата женственост. Макси плетените фустани се избор број еден, а должината може да варира во однос на вкусот и работниот дрес код. Можеме да ...

Фустан на принцезата Дијана се продаде за рекордни 1,1 милион долари на аукција викендов. Црно синиот вечерен фустан беше купен за сума 11 пати поголема од очекуваната, што е само показател колку принцезата е се уште обожувана и покрај фактот што не е со нас веќе 26 години. Дијана го носеше фамозниот фустан на вечера организирана од градоначалникот на Фиренца во 1985-та, а следната година на симфониски концерт во Ванкувер, Канада. Фустанот е ...

Празничните кампањи се секогаш исплатливи од причина што декември е месецот кога компаниите и брендовите се подготвени да потрошат малку екстра пари. Големите имиња во бизнисот се натправаруваат кој ќе ја направи најдобрата и најуспешната празнична кампања, кој ќе привлече повеќе внимание и поголем број на купувачи. Една од тие компании е и Nespresso која што паметно го искористи можеби најпопуларниот пар годинава Дејвид и Викторија Бекам. ...

Празничните кампањи се секогаш исплатливи од причина што декември е месецот кога компаниите и брендовите се подготвени да потрошат малку екстра пари. Големите имиња во бизнисот се натправаруваат кој ќе ја направи најдобрата и најуспешната празнична кампања, кој ќе привлече повеќе внимание и поголем број на купувачи. Една од тие компании е и Nespresso која што паметно го искористи можеби најпопуларниот пар годинава Дејвид и Викторија Бекам. ...

Главниот град на Чешка е една од омилените европски атракции, особено за Новогодишните и Божиќните празници. Оваа метропола може да се каже дека има сè - модерни, отмени и атрактивни ресторани и бутици, импресивна архитектура и голем број на трендовски доживувања. Можете да уживате во бајковити дворци и уникатни стари градби, да имате незаборавни вечерни забави и да се восхитувате на празничниот декор и атмосферата. Прага изобилива со многу ...

Празниците секогаш со себе носат одредена магија. Без разлика каде се наоѓате и што правите, самата помисла на Нова година носи чувство на надеж дека следната ќе биде поубава. И кога ќе чукне 12 часот честитки ќе притигнат од сите страни, прегратки од тие што се до нас и пораки за среќа и здравје од останатите. А токму тие пораки што сега ни стигнуваат на социјалните мрежи и телефоните, порано се пренесуваа на малку поинаков начин. Честитките ...

Канадскиот архитект Френк Гери којшто има импресивна 65 годишна кариера на свои 90 години соработуваше со модната куќа Луј Витон на лимитирана колекција од ексклузивни чанти. Гери стои зад некои од најпознатите градби во светот, како концертната сала на Дизни во Лос Анџелес, Гугенхајм музејот во Билбао, Танцувачката куќа во Прага, Фондацијата на Луј Витон во Париз и други. Френк е препознатлив по неговите заоблени фасади, па така и овој пат ги ...

ЕЛЕНА ЛУКА вчеравечер во Тетово приреди вистински моден спектакл! Со импресивна модна ревија, по светски стандарди, го најави отворањето на новиот ексклузивен продажен салон на одлична локација во центарот на Тетово, во трговскиот центар Ремол. ЕЛЕНА ЛУКА уште еднаш докажа дека е бренд со безвременски квалитет, секогаш пред времето, предводник на тенденциите, а тоа го потврди и присутната публика која уживаше во една бајковита модна сказна ...

Актерката Кели Радерфорд ја познаваме од нејзината улога од серијата Gossip Girl. Таа исто така важи за дама со префинет вкус, а она што одлично го дефинира со својата естетика е тивкиот луксуз или quiet luxury. Под овој термин подразбираме истенчен моден стил којшто се базира на минималистички пристап наспроти мегаломанскиот израз со којшто се настојува да се покаже богатство и луксуз. Тивкиот луксуз е ненаметлив, барем не со дизајнот и дезенот ...

Пепелашка, Медо, Спајдермен, Елза, Бетмен, беа дел од јунаците што се дружеа со дечињата од Детската клиника во Скопје Под мотото „Да подариме насмевка", по шести пат, Тимот за одговор при катастрофи (Тим за спасување на планина) на Црвен крст на град Скопје, со јажиња се спуштија на клиниката за Детски болести и ги израдува децата, облечени во костимите на детските херои. Настанот веќе прераснува во хумана традиција на Црвениот крст на град ...

Марија Бранјас Морена во март годинава наполни 116 години и моментално е најстарата жена во светот според Гинис. Таа е родена во Сан Франциско, а со семејството се преселила во Каталонија уште во раното детство. Марија сега живее во старечки дом во Олот, Каталонија. Оваа старица, што заслужува секаква почит има преживеано две светски војни, Шпанската ѓраѓанска војна и неодамнешната Ковид пандемија. Марија е и најстариот ковид пацинет, откако во ...

Зимата не можеме да ја замислиме беа јакната или капутот. Во зависност од стилот и потребите овие две парчиња си наоѓаат свое место во зимскиот гардеробер. Сезоната на слоевито облекување е рај за модните ентузијасти, а тука голема улога играат токму капутите и јакните. Од долги пуфкасти јакни па сè до меки, teddy капути, изборот е навистина голем. За креирање на елегантна, деловна естетика помагаат капутите од еко-крзно коишто одлично ќе се ...

Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?", Македонското модно здружение - Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке" - Виница, во петок 15.12.2023, приреди изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница", во Домот на културата „Тошо Арсов" – Виница. Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Неговата Екселенција Џанг Ѕуо и ...

Белата боја секогаш ја поврзуваме со зимата и снегот, којшто го очекуваме. Освен тоа белата од секогаш се поистоветувала со софистицираност и елеганција а токму затоа е и бојата на венчаниците. Одлична е за комбинирање буквално со секоја друга боја, а со црната се одамна во моден сојуз којшто е еден од најсилните. Со првите снегулки доаѓа и желбата да бидеме во тон со снегот, па затоа целосно белиот аутфит е избор на многу дами. На пример ...

Предпразничните прослави се вистинското време кога можете да заблескате како вистинска ѕвезда. Потребен ви е добар party аутфит, весело расположение и насмевка на лице. А она што ја издвојува облеката за забави се секако светкавите комбинации. Тие го даваат оној магичен допир правејќи да изгледате како сјајна ѕвезда. Доволно е само мала доза на светки за впечатокот којшто треба да го постигнете. Бојата што секогаш доминира е црната, а годинава ...

Во пресрет на новогодишните празници, од 16 до 31 декември ќе се одржат три последователни настани на првиот кат во Скопје Сити Мол со повеќе од 90 учесници. Разноврсната понуда на Новогодишниот базар ќе започне утре, 16 декември со еднодневен саем на македонска традиционална храна „Домашно, природно, вкусно" на кој ќе бидат изложени домашно произведени продукти направени од македонските рурални жени, млади земјоделци и лица со попреченост. ...

Кога станува збор за уредување на домот советите од професионалците се секогаш добредојдени. Архитектите од ELENA LUKA HOME имаат неколку одлични решенија за уредување на дом од 56m2, којшто ќе биде дел од новиот проект FUTURA 2. Нивниот предлог за уредување на стан FLORA става акцент на модерниот дизајн којшто одговара на удобноста на урбаното живеење. FLORA е ремек-дело за ефикасно искористување на просторот, исполнет со живописни бои и допир ...

Одржливоста е повторно во централен фокус во новата колекција „Синхронија" на дизајнерката Ирина Тошева. Колекцијата беше премиерно претставена на културниот дел на Експо 2023 во Доха, Катар и ја доби наградата за најдобра одржлива мода. Во „Синхронија" суровите линии и робусните геометрии како дел од урбаниот пејзаж на Скопје наоѓаат мирен пандан во бујната прегратка на природата. Секое парче од колекцијата служи како доказ за хармоничната ...

Во вистинскиот дух на дарувањето, English Language Academy (ELA) ве поканува на срдечен настан - Божиќен базар „ELA во Погон". Талентираните ученици од English Language Academy (ELA) ја вложија својата креативност и изработија извонредни новогодишни украси и картички кои не само што ќе ве воодушеват и разнежнат, туку и ќе придонесат за благородна цел. Сите изработки ќе бидат изложени во @pogon.bar на Божиќниот базар во недела 17 декември од 11 ...

Американската глумица Грета Ли, која е со корејско потекло е прогласена за модна икона на годината. Одлуката наиде на изненадување кај луѓето, со оглед на тоа што Ли не користи социјални мрежи и многу ретко може да се види во јавноста. Актерката играше во сериите Russian Doll и The Morning Show, но она што ја прослави е улогата на Нора во филмот Past Lives. Ли е родена во Лос Анџелес и веќе има добиено голем број на награди меѓу кои за Најдобра ...

Глумицата и пејачка Ванеса Хаџенс минатиот викенд се омажи во Канкун, Мексико, во интимна церемонија. Ѕвездата дури нареди присутните да ги остават телефоните, за да можат слободно да уживаат во свадбата и да се посветат едни на други. Нејзин избраник е безбол играчот Кол Такер, а двојката е заедно од 2020 година. Пред да биде со него Ванеса беше во 10 годишна врска со актерот Остин Батлер, познат по улогата во филмот за Елвис Присли. Хаџенс за ...

Германската блогерка Леони Хана е една од првите инфлуенсерски на Инстаграм, а зад неа стои бројка од пет милиони следбеници. Таа и нејзиниот партнер Александар Галиевски, кој е задолжен за сите нејзини креативни објави, направија мала имерија. Леони ја сакаат и челните луѓе на светските модни куќи и таа е чест гостин на нивните ревии. Поради својата обемна работа мораше да ја смени адресата на живеење од Хамбург во Лондон за да биде поблиску до ...

Празниците се моменти за паметење, за надеж, за убави желби и за споделување на среќа со најблиските. Секој ги прославува на свој начин, некој поскромно, некој опкружен со луксуз. За оние чијшто буџет е прилично голем празниците изгледаат малку поинаку. Богатите воопшто не штедат кога станува збор за украсување на нивните домови и секогаш сакаат да направат нешто ново, возбудливо и невидено. Адел Грегсон сопственичка на британската компанија за ...

Кога станува збор за празничен декор, секогаш ги одбираме најубавите места во светот. За денес тоа е - Хохшварцвалд којшто се наоѓа во сојузната германска држава Баден-Виртемберг во југозападна Германија. Местото е познато по својата прекрасна планинска природа, богатите шуми и големиот број на езера. Некаде во таа магична природа е сместен и бајковитиот божиќен саем којшто е отворен од 24 ноември до 17 декември 2023. Посетителите таму ќе најдат ...

Ситно броиме до највозбудливиот настан, останаа само уште 7 дена до официјалниот избор на кој ќе ги откриеме најуспешните мажи во Македонија за 2023 година. Во среда (20.12.2023) во DoubleTree by Hilton -Скопје со почеток од 20 часот ќе се бираат Мажите на годината и оваа година во 13 категории и тоа: Маж на годината за 2023, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Менаџер странец на годината, Млад менаџер ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1028
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
70%
1027
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1029
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.98
45%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
41%
1023
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
46%
1026
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1026
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
59%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941