
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Таа е моментално една од најпопуларните женски изведувачи во светот која што има скршено голем број на Гинисови рекорди. Мега талентираната Тејлор Свифт е родена на денешен ден 1989 година во Пенсилванија. Нејзиниот талент за пишување на песни и овозможува да ја започне својата кариера на 14 годишна возраст. За многу кратко време успева да стане популарна најпрво во кантри круговите, за потоа да се вивне и на поп сцената експериметирајќи и со ...
Поради својот минималистички стил, светлите бои и префинетите детали сканди начинот на уредување е прилично популарен. Светлите бои како на ѕидовите, така и на мебелот му даваат на домот отвореност и транспарентност коишто се од голема важност. Да не ги заборавиме и плетените корпи, цвеќињата и вазните коишто дополнително и даваат шмек на сканди естетиката. Доколку светлината недостасува ова може да се реши со огледала поставени на стратешко ...
Есента ја најави популарноста на црвената боја, а зимата полека ја потврдува, особено кога станува збор за модните блогерки. Дури магично го истисна оној Barbie изглед, симнувајќи ја розовата боја од модниот трон. Ријана уште минатата зима со својот целосно црвен аутифит на суперболот можеби ја најави нејзината популарност, за тоа и навистина да се случи неколку месеци подоцна. Тука ги вбројуваме, капите, шаловите, хулахопките, џемперите и сите ...
„Ледени" новогодишни елки, е најновиот тренд што вирално се шири на социјалните мрежи во пресрет на новогодишните празници. Декорирани со стаклени лампиони, украси во форма на снегулки и ледени стапчиња, кристални детали – доловуваат ефект на магични празнични дрвца. View this post on Instagram A post shared by David Lawson Design (@davidlawsondesign) Доколку се уште не сте ја накитиле вашата елка, еве една малку проазлична идеја од ...
Кога станува збор за креативност во пристапот Жакемус е еден од најдобрите дизајнери. Познат е по одбирање на ултра интересни локации за своите ревии, а овој пат тоа го направи и за својот поп-ап бутик. Како дестинација ги одбра снежните француски Алпи,односно адресата Courchevel 1850. Станува збор за населба позната по луксузниот животен стил, на којшто сега се надоврзува уште една атракција. Местото е прилично посетувано од голем број на ...
Кога станува збор за зимски деловни комбинации, капутот и чизмите се речиси задолжителни. Тие се практичниот и елегантниот дел од стајлингот и само треба паметно да ги искомбинираме. Не секогаш мораме да ги носиме заедно, тука секако ни доаѓаат и панталоните, патиките, фустаните и здолништата... Единствена разлика е што одбираме подебел материјал или хулахопки во зависност од комбинацијата. Џемперите се исто така едно од омилените зимски ...
Додека со нетрпение го очекуваме настанот што свечено и со заслужени признанија ќе ја заокружи 2023 година, ве запознаваме со некои информции за истиот. Мажи на годината, по успешните 5 изданија, годинава ќе се одржи по 6ти пат, и уште еднаш ќе се погрижиме да организираме една незаборавна вечер посветена на славење на успехот ,софистицираноста, стилот и сè што е гламурозно. И оваа година ќе бидат доделени 13 награди во различни категории, меѓу ...
Новата генерација креативци, многу умешно знае да го искористи потенцијалoт на дигиталните медиуми во продуктивни цели. Многу такви позитивни примери ќе најдете и кај нас, кои најчесто функционираа во еден свој, но многу релевантен социјален круг. Маја Атанасоска е исклучителен креативец од новата генерација, девојка која своите вештини во сферата на UX/UI дизајнот ги споделува несебично со својата заедница и следбеници на нејзиниот инстаграм ...
Капутите се речиси и задолжителни во студените зимски денови. Тоа е парчето облека (заедно со јакната) без кое што не можете да излезете во зима. Затоа денес ќе го разгледаме сивиот капут, којшто заедно со беж варијантите го преплавија Инстаграм деновиве. Со својата неутрална елеганција сивата боја е синоним за софистицираност. Долгиот сив капут не е само практичен, тој е и стилско модно парче и особено ценет од модните инфлуенсерки. Оваа боја ...
Новата кампања на Ботега Венета го вклучи партнерот на Ријана, Ејсап Роки, односно неговиот уличен стил од внимателно одбрани парчиња од брендот. Фотографиите веднаш наидоа на прилично позитивен фидбек. И самиот музичар на својот Инстаграм профил напиша дека станува збор за папараци фотографии случајно направени додека тој извршувал секојдневни обврски. Дали е тоа навистина така или станува збор за внимателно исценирани моменти всушност и не е ...
Време е за украсување на елки и празнично декорирање на домот. Некои од вас веќе ја внесоа Новогодишната атмосфера во домот секој според желбите, можностите и креативноста. На празничната понуда со декорации се приклучуваат и модните куќи коишто нудат свое издание на лампиони и останати украси. Преку нив тие го изразуваат својот препознатлив печат, а она што ги одвојува од останатите е секако и цената. Во продолжение издвоивме неколку лампиони ...
За прв пат Британските модни награди или British Fashion Awards се одржаa во 1989 година. Годинешниот настан 34-ти по ред исто како и тогаш помина во знакот на екстравагнатни толаети, елегантни костуми и блескави сетови од познати дизајнери. Оваа година наградата за најдобар дизајнер ја понесе Џонатан Андерсон. Најдобар дизајнер за машка облека е Мартин Росе, додека за женска Максимилијан Дејвис, а Палома Елсесер е првата жена со облина која што ...
Крзнените еко-капути, односно капутите од вештачко крзно се парче топла облека која ни дава луксузен допир и ja "крева" целата комбинација на едно повисоко ниво. Еден ваков капут ѝ става акцент на женственоста, префинетоста и елеганцијата. Секако, најпопуларни се кремавите, окер и сивите нијанси, но тука некаде се и црните и кафените капути. Одвреме навреме во понудите ќе најдеме и крзнен капут во некоја друга, впечатлива боја наменети за ...
ЕЛЕНА ЛУКА се најде и во Куба. Модниот фотограф Бет Стеф низ егзотични фотографии ја донесе магијата на две креации од нашиот моден бренд и на оваа далечна дестинација. Станува збор за мантил со светки во тиркизна боја, надопонет со златен елек, црвена постава и ракавици којшто е одличен избор кога сакате да бидете впечатливи. Празничните забави се идеален момент да заблескате, а со овој мантил го добиавте токму тоа. Втората ЕЛЕНА ЛУКА ...
Кога станува збор за празнична магија Загреб се наоѓа на врвот во Европа. Базарот што со години го организира главниот град на Хрватска три години по ред беше прогласуван за најдобар на континентот. Загреб посебно внимание посветува на декорот на улицте, плоштадите, кафулињата, рестораните и токму поради тоа е една од омилените туристички атракции за време на празниците. Базарот којшто таму го нарекуваат „Advent u Zagrebu" нуди забава за сите ...
Плетените сетови се како измислени за зимскиот период. Истовремено практични, тренди, комфорни и топли - сето она што ни треба за да се чувствуваме убаво во еден ладен ден. Одлично решение се за секоја пригода од формална до секојдневна, во зависност од тоа со какви чевли ќе ги споите. Со плетените сетови не мора да размислувате со што да ги комбинирате, веднаш добивате целосен аутфит. Само треба да ги додадете вашите омилени чизми и капут и ...
Ози Озборн познат и како Прицот на темнината се појави на јануарското издание на магазинот Rolling Stone UK. Ози, 74 чија кариера се протега повеќе од 50 години, позира во својот преознатлив хеви метал стил,облечен како и најчесто во црно. За него многумина кажеле дека е еден вид на генетски мутант, а на јавноста и е познат и по турбулетниот живот стил и долгогодишната употреба на наркотици и алкохол. И покрај се, Ози и понатаму е легендарен ...
Во Хрватска, во местото наречено Горни Долац се наоѓа вистинска празнична бајка која што го носи името Божиќно село. Годинава оваа светлосна атракција се отвора по петти пат со повеќе од 3,8 милиони светилки. Освен светлосните инсталации, посетителите ќе можат да уживаат и во вкусни специјалитети. Во Божиќното село ќе најдете и 87 животни како коњи, магариња, гуски, лами, патки и слично, а најмладите ќе имаат прилика да го видат и Дедо Мраз. Ова ...
Хидротермалниот медицински центар „ЦАР САМУИЛ", бања Банско ја заокружи оваа година со бројни награди и признанија што ги освои на гала настанот „Вечер на шампиони" што минатата недела се одржа во Нови Сад, Срвија во пресрет на Меѓународниот саем за туризам. Пехар за „Врвно ниво на развој на бањскиот и медицинскиот туризам ", вака гласи едно од вкупно седумтте престижни признанија што нашиот хидротермален медицински центар ЦАР САМУИЛ ги освои ...
Изминатиот викенд во Лос Анџелес се одржа Academy Museum галата, која што е трета по ред. Настанот којшто е проследен со импресивни изданија на црвениот тепих има за цел да собере средства за едукативните програми и останатите активности во музејот. Освен тоа на галата се промовираат и новите филмски проекти на дел од присутните гости. Годинава почесни гости беа легендарните Мерил Стрип, Опра Винфри, Мајкл Џордан и Софија Копола. Настанот е ...
Нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА со посебно задоволство облече уште една дама од нашата естрада. Пејачката Ленче Кукиќ заблеска во елегантна тоалета која е епитом на софистицираната привлечност. Македонската музичка легенда изгледа прекрасно во дизајн изработен од фин американски сатен, којшто зрачи со луксуз со својата длабока сина нијанса. Дизајнот се одликува со грациозно контурирано V - деколте и елегантни ракави изработени од органза ...
Постојано сретнуваме интересни идеи за тоа како да го уредите вашиот дом. Инстаграм е преполн со прекрасни фотографии од коишто можеме да црпиме инспирација давајќи наш личен печат. Од мноштвото на бои коишто можеме да ги примениме денес ја одбираме пастелното зелената. Без разлика дали ќе бојадисате цели ѕидови или ќе ја употребите во форма на детали, оваа нијанса дава една посебна свежина и носи смирувачки тонови во домот. Пастелно зелената ...
Демна Гвасалија на еден сатиричен начин со своето последно модно шоу го исмеја начинот на живот во Лос Анџелес. Главни личности беа богати жители од градот, а самата ревија се случуваше на авенијата Вилшир. Публиката имаше ретка можност да ги гледа моделите како се движат по улицата, а зад нив ѕиркаше знакот Холивуд. Моделите беа облечени во две крајности – хеланки со спортски јакни и вечерни фустани. Според изјавите на Демна тоа се двата типа ...
Освен што е една од најпознатите супермодели во светот, таа е и водителка, актерка, писателка, продуцентка и ТВ лице. Тајра Бенкс, која е исто така позната и како BanX е родена на 4 декември и денес полни 50 години. Со моделинг започнува на 15 годишна возраст, а нејзината ретка убавина ја носи на многубројни ревии од најпознатите модни дизајнери. Тајра е првата афроамериканка која што се појавила на насловните на GQ и Sports Illustrated ...
Кога ќе го пронајдеме парчето облека во кое што ќе се чувствуваме удобно и убаво чувството е прекрасно. А кога истото парче можеме да го споиме во безброј комбинации тогаш имаме моден џекпот. Едно од тие омилени парчиња облека е oversized ролката, односно безвременската долчевита во комотно издание. Инвестиција во квалитетна ролка е секогаш добра одлука, а со паметно одржување може да трае со години. Нема да згрешите ако ја комбинирате со ...
Бритни Спирс е родена на 2 декември 1981 во Мисисипи, а нејзиниот прв настап го имала на само пет години. Пред да стане дел од тогашниот популарен Mickey Mouse Club, каде ќе пее заедно со Џастин Тимберлејк и Кристина Агилера, Бритни била одбиена. Благодарение на нејзиниот мега хит Baby One More Time, Спирс станува голема тинејџерски ѕвезда. Пејачката важи за една од најуспешните женски изведувачи во светот со продадени над 100 милиони копии во ...
Декември официјално пристигна, а со тоа и празничната магија. А кога зборуваме за магични моменти ЕЛЕНА ЛУКА знае како да ги оживее. Овој пат тоа се нежни бели ракавици, надополнети со етерични бели пеперутки што ќе ве однесат во светот на безвременска мода. Тие се совршени за истакнување на индивидуалноста, носејќи со себе софистицираност на едно повисоко ниво. Уникатни креации за елегантно надополнување на најфините фустани дизајнирани од ...
Една од најпознатите елки во светот е таа во Рокфелер центарот во Њујорк. Традицијата на осветлување и китење трае речиси еден век, а почетокот бил прилично скромен. Првата елка била украсена само со лименки, хартиени венци и брусници, а за прв пат елката свечено се осветлила во 1933-та. Во 1936 имало две елки за да се прослави отворањето на лизгалиштето во центарот. Со годините Божиќното дрво стануваше сè поголемо и побогато со декорации, а ...
Џенифер Лопез е секогаш во центарот на вниманието и неуморно "скока" од еден подвиг на друг. Мега ѕвездата која се има испробано на многу полиња во шоу бизнисот го закажа својот студиски албум за 16 февруари следната година. Заедно со албумот ќе биде објавен и филмот This Is Me…Now: The Film, на стриминг платформата Prime Video. Џеј Ло го опиша овој проект како „интимен, фантастичен и наративен одраз на нејзината потрага по љубов“. Филмот е ...
Покрај безвременската црна чанта, и кафената е секогаш добра инвестиција. Може да се носи преку цела година, а особено добро прилега во есен. Чантите во кафени нијанси се составен дел од колекциите на многу дами и тоа од повеќе причини: *Кога црната чанта ни е претемна за ауфитот и приликата, кафената е токму тоа што ни треба. *Кога колоритната чанта ни изгледа како модна утка, кафената ја спасува ситуацијата. *Кога светлата не одговара со ...