
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Родителски надзор врз семејството во кое починаа двете новороденчиња во Прилепско, одреди Центарот за социјални работи по извршениот увид во домот. „Врз основа на увидот констатирано е дека во семејството има уште три малолетни деца, условите каде што живее семејството не се екстремно лоши и нехумани, како што се прикажува во јавноста, туку напротив, родителите имаат обезбедено, греење во домот, храна и облека за децата, единствено што ...
Денеска беше пуштена во употреба железничката пруга од Куманово до Бељаковце, источната делница на Коридорот 8, која е првата фаза од железницата кон Бугарија. Истата е со должина од 30,8 километри, се градеше 28 години и чини над 78 милиони евра. На неа се изградени три нови железнички станици – Ново Куманово, реконструирана е постоечката железничка станица Куманово, има шест стојалишта, пет мостови, еден тунел, пропусти со различен дијаметар, ...
Момчето на 17-годишна возраст од скопско Волково, кое вчера доживеа струен удар откако се качил на цистерна-вагон, која потоа се запалила, има изгореници и е во критична состојба. Како што велат од Ургентниот центар за државната агенција МИА, лекарите вложуваат напори за спасување на неговиот живот. Тоа е хоспитализирано на интензивна нега. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 17-годишно момче доживеало струен удар откако се качило на цистерна-вагон, по што таа се ...
Со почетокот на новата година, сите ние добиваме шанса да започнеме нешто ново. Ова е време кога размислуваме за нашите цели, соништа и желби, но и за тоа како можеме да ги прифатиме нашите уникатности. Новата кампања на dm доаѓа во вистинско време. Самиот почеток на 2025 година dm го одбележува со нова тема на комуникација: Прифаќање на различноста и славење на автентичноста и индивидуалноста на секоја личност. Едноставно кажано – да го ...
Новороденчињата близначиња од прилепското село Славеј, починале поради премрзнување, велат од болницата во Прилеп. „На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34. гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10.01.2025 година, по барање ...
На пазарот со поштенски услуги владее страшна нелојална конкуренција, а иако се едни од најбрзорастечките бизнис-сектори како последица на развојот на е-трговијата, логистиката и доставата изминативе години не добиваат никаква поддршка од државата, изјави за „Блумберг Адриа“ Игор Гешовски, сопственик на најголемата компанија за поштенски услуги Еко логистик сервис (ЕЛС). Изјавата следува по објавата на најновиот извештај за е-трговија во Западен ...
Две новороденчиња близначиња, машко и женско починале вчера во прилепското село Славеј. Јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. „Екипата на Итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за ...
По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР на Македонија, јавниот обвинител од ова обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 10 лица и едно правно лице. Седуммина обвинети како членови на злосторничко ...
Трибјут бендот Marigold Box е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл, Нирвана. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн. Се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија. Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт ...
На први февруари во Скопје, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ќе ја одржи првата седница на своето Собрание во 2025 година, на која делегатите ќе имаат можност да разгледаат и усвојат неколку предлог-одлуки кои треба да овозможат реализација на амбициозната годишна програма за работа на Институтот, усвоена на претходната седница на Собранието. Постапувајќи согласно препораките на делегатите, во период помеѓу двете ...
На 78-годишна возраст вчера почина култниот режисер Дејвид Линч. Линч имаше проблеми со здравјето, откако пред неколку години во 2020 година му беше дијагностициран белодробен емфизем, поради хронично пушење цигари, навика што ја стекнал на само 8-годишна возраст. Ги остави цигарите во 2022 година, но тоа не му помогна. Ќе го паметиме по култната серија, една од најдобрите на сите времиња, Твин Пикс, филмовите Mulholand Drive, The Elephant Man, ...
На вонредното Собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје на 17. февруари се очекува вистинска „битка“ за нов состав на Надзорниот одбор (НО) на угостителското друштво. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар предложи негово разрешување Предлогот за вонредно собрание за избор на ново раководство на НО го даде најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје, кој засега нема свои ...
Агенцијата за управување со одземен имот ги проценила конфискуваните парцели на Водно на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски, кој стана политички азилант во Унгарија, на 5,8 милиони евра, објави Фокус. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колку вреди одземениот имот на Груевски Станува збор за имот кој е конфискуван за случајот “Плацеви на Водно”, а се работи за поголема парцела од 11.000 метри квадрати (поделена на три дела) и еден ...
Како и што се очекуваше Трајче Заев, на братучедот Вице Заев, (кој е брат на поранешниот премиер Зоран Заев), му ги продаде сите свои акции во струмичките акционерски друштва Герас Цунев конфекција и Герас Цунев трговија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе ги продаде ли Трајче Заев акциите на Вице Заев во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција Тоа може да се види од дветте решенија на Комисијата за хартии од вредност, кои ги објави Македонската берза. ...
Над 600 граѓани, меѓу кои најголем број млади лица кои се на зимски распуст, го искористија бесплатниот превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, организиран од страна на Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, информираат од таму. Утре, 17.01.2025 е последниот ден од реализацијата на оваа еднонеделна активност, која со голем интерес беше прифатена од страна на граѓаните. „Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, ЈП „Стрежево“, со ...
По М.Г. Фешн, уште еден од најголемите акционери во Македонијатурист АД Скопје, Промедика предложи свои кандидати за нови членови на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото, откако претходно најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје побара вонредна седница на Собранието на акционери за смена на НО на угостителското друштво. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив Кандидати ...
Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираа денеска од Клиничка болница-Штип. „Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот ...
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за два денари, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Иста останува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Со новата одлука, цената на дизелот ќе изнесува 75,50 денари за литар. За 1,051 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден ...
Пратеничката на “Европскиот фронт“, Илире Даути денеска поднесе оставка од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, а Собранието ја констатираше истата. Оставкатата следи откако пред неколку дена во Собранието помина интерпелацијата за нејзе. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Пратениците гласаа за разрешување на Даути Истата беше поднесена од опозициската Левица, поради блокирање на Законот за бранителите. Подршка ...
Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овој пат место на нив има за песната со наслов „Те љубам“. Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил. Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше за проодноста на патните правци по обилните врнежи од снег. РЦУК – Битола, известува дека патниот правец за с.Гопеш кој после обилните врнежи од снег не беше прооден, од вчера од 15ч. е исчистен со камион од ЈКП Нискоградба-Битола. Тројцата српски државјани кои таму биле појдени на викенд, одбиле да се вратат во Битола. Истите изјавиле дека имаат храна и огрев и дека очекуваат патот да биде ...
Бугарија по неколку неуспешни обиди конечно доби редовна политичка влада, предводена од Росен Жељазков, кадар на ГЕРБ-СДС. За новата влада во Народното Собрание „за“ гласаа 125 пратеници, а „против“ беа 114, а во истата, коалицијата ГЕРБ-СДС ќе има 11 министри, БСП – Обединета левичарска партија пет, а Има таков народ, четворица. ДПС – ДПС иако ја поддржа, нема да партиципира во новата Влада. Кои се новите министри и вицепремиери Вицепремиер и ...
На 8 април, со почеток во 20.30 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, ќе се спојат музиката и театарот, во уникатното шоу Глумците пеат. Организаторите најавуваат вечер исполнета со хумор, енергија и незаборавни изведби, а публиката ќе има можност да ужива во музички точки кои носат дух на едно гламурозно време. На Глумците пеат ќе настапат триесетина врвни актери од сите генерации, придружувани од биг-бенд составен од извонредни ...
Групацијата 4iG, водечка ИКТ компанија од Унгарија и од Западен Балкан, влезе во партнерство со компанијата Ериксон за развој на мобилна мрежа со високи перформанси во Албанија. Инвестицијата во идната инфраструктурна се базира на обезбедувањето на 5G фреквенции од ОНЕ Албанија, подружница на 4iG. ОНЕ Албанија e првиот оператор во земјата што лансираше комерцијални 5G услуги на 25 ноември 2024 година во земјата. Новите фреквенции беа купени за ...
Еден од најголемите акционери во Македонијатурист АД Скопје, М.Г. Фешн, кој поседува 11,26% од акциите, предложи свои кандидати за нови членови на Надзорниот одбор на Друштвото. Пред неколку дена најголемиот акционер во Македонијатурист, Скопски пазар АД Скопје, побара вонредно Собрание на акционери за избор на нов НО, кое е закажано за 17. февруари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека најголемиот акционер, Скопски пазар, акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје, купило дополнителни 156 акции и сега поседува 89.364 акции односно 19,76% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и ...
На 7. февруари во Филхармонија во Скопје концерт ќе има Дуке Бојаџиев. Истиот е насловен како „Кинематика“ – Во светот на филмската музика на Дуке Бојаџиев, а истиот како што соопшти тој на социјалните мрежи, е посветен на неговата дваесетгодишната кариера како композитор за филмска музика, која ќе ја одбележи со изведба на некои од најзначајните композиции што ги создал низ годиниве. Концертот почнува во 20:00 часот Билети може да се набават ...
По повеќе од 15 месеци војна радикално исламистичката група Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот. Договорот треба да стапи на сила во недела, а спроведувањето на истиот ќе го нагледуваат САД, Катар и Египет. Договорот во првата фаза вклучува првичен шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа, за да можат раселените Палестинци да се вратат, ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и ...
Годинава Македонија обележува 20 години од доделувањето на кандидатски статус за членство во Европската Унија (ЕУ), а и понатаму останува неизвесно дали земјата конечно ќе ги почне преговорите. Услов за тоа остануваат уставните измени, за да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, а тоа пред неколку дена уште еднаш го повтори еврокомесарката за проширување, Словенката Марта Кос. Таа освен што кажа дека очекува Македонија да си го смени ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот, друштвото за трговија, производство и услуги Промедика ДООЕЛ Скопје купило дополнителни 28 акции и сега поседува 53.799 акции, односно 11,90% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар предложи негово разрешување Промедика купи нови 2.000 акции на ...