Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Димко Митрев АД Велес во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 89 илјади денари и истата споредено со истиот период лани е поголема за 10%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Вкупните приходи изнесуваат 59.304 илјади денари и се поголем за 6%, споредно со истиот период лани. -По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 92%, приходите од ...
ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје лани остварил оперативна добивка од 36.986 илјади денари, која е поголема од остварената претходната година, соопштија од таму преку Македонската берза. Вкупните оперативни приходи изнесуваат 222.885 илјади денари и истите се зголемени споредено со претходната година. Фото: Унсплеш ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје лани остварил оперативна добивка од 36.986 илјади денари, која е поголема од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска сподели нови детали за случајот со обезбедувач од неговото пошироко обезбедување, која ја претпепал неговата сопруга, по што заврши во притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Член на поширокото обезбедување на Мицкоски ја претепал сопругата, заврши во притвор Тој меѓу друго подвлече дека оваа е втор случај поврзан со лице од неговото обезбедување, но и дека интервенцијата на институциите била доказ дека системот ...
Тројцата полицајци обвинети во еден од трите предмети за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани денеска од страна на Основниот кривичен суд Скопје, добија условни казни. Тие беа обвинети дека пишувале казни за непостоечка фирма на првообвинетот во главниот случај за пожарот, Дејан Јованов -Деко, сопственикот на „Пулс“. Станува збор за прва пресуда за трагедијата, а полицајците не се гонеа за кривични дела како обвинетите во главниот ...
Денеска беше изречена првата пресуда за злоупотреба на парите од ИПАРД програмата од Европската унија. Службеничката Јасмина Костадинова, вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е осудена на 10 месеци затвор. Ама, во затвор најверојатно нема да оди, бидејќи во казната и е пресметан и куќниот притвор во кој беше од ноември лани. Од казната и остануваат уште три месеци, а куќниот притвор и е продолжен до ...
За условните казни за тројцата полицајци, обвинети во еден од трите предмети за трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, реагираа од “Здружението на граѓани 16 март 2025“, формирано од родителите на загинатите во пожарот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Условни казни за тројцата полицајци за „Пулс“: Прва пресуда за трагедијата во Кочани -За злоупотреба на службена должност, законот предвидува до 10 години затвор, а денес имаме условни казни – и тоа за ...
Темата предвремени парламентарни избори повторно е во фокусот на јавноста и медиумите, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски во изјава најави дека „набргу ќе има избори“, без да прецизира дали тоа ќе значи пред завршувањето на мандатот на актуелната Влада во 2028 година. Она што е јасно е дека досега Мицкоски, но и други владини функционери, не беа за предвремени парламентарни избори. Сепак дел од медиумите нејасната изјава на Мицкоски ја ...
Mакедонија денеска одбележува 123 години од смртта на Гоце Делчев, македонскиот национален херој, кој беше убиен од османлиската војска во Баница, на 4. мај. 1903 година. Ве потсетуваме на неговите најпознати цитати, актуелни и денеска: „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себе си и другите”. „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар ...
Уште не почнала летната туристичка сезона, а на влезовите во Грција, Португалија и Шпанија, најпопуларните дестинации за летување во Европа, поради новиот систем за влез и излез во Европската унија (ЕУ), односно во Шенген зоната, се создаваат гужви, а патниците чекаат за влез или излез со часови. За да си ја спасат престојната сезона овие три земји најверојатно ќе го суспендираат системот по неколку часови преку летово, опција која им стои на ...
Туризмот продолжува да биде една од најзначајните и економски најсилните гранки на Туркије и од почетокот на оваа година. Во првите три месеци од 2026 година приходите на државата остварени од туристичката дејност се доближиле до 10 милијарди американски долари. Конкретно, Туркије во првиот квартал ја посетиле 9,2 милиони туристи, а од туризмот биле остварени приходи во висина од 9,896 милијарди американски долари, што е за 4,2% повеќе во ...
Aтлантик Група продолжува да има успешна дистрибутивна соработка со брендот waterdrop® на четирите клучни пазари – Австрија, Хрватска, Србија и Словенија – и донесе одлука за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство преку инвестиција во самата компанија. Со инвестиција во износ од 11 милиони евра, Aтлантик Група стекна малцински сопственички удел во waterdrop® и обезбеди место во Инвестицискиот одбор на компанијата, што ѝ ...
Европа АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила нето добивка од 25.773.449 денари и истата е поголема во однос на претходната година за 72,7%, соопшти Фабриката преку Македонската берза. -Зголемувањето на добивката е како резултат на намалување на вкупните расходи, велат од таму. Друштвото за овој период има вкупни бруто приходи од 247.012.250 денари и истите се намалени за 8,6% споредено со истиот период лани. -Ова намалување е ...
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8% во март 2026 во однос на март 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6%. Според главните индустриски групи, ...
Како дел од пошироката регионална агенда на Владата на САД, насочена кон поттикнување на инвестициите и кон стратешко поврзување на американскиот капитал со водечките компании од Западен Балкан, висока делегација составена од претставници на Владата на САД, партнерски организации и од институции оствари работна посета на „Алкалоид“ АД во Скопје, информираат од таму. –Ентони Рандацо, извршен директор во Канцеларијата за здравство и агробизнис ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 2,50 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 2 денари одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 85 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 87 денари за литар, а на дизелот 93,50 денари за литар. За 2,50 денари се зголемува и цената на Екстра лесното ...
Аутомакедонија АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил поединечна нето добивка од 5,1 милиони денари, која е поголема за 4% од остварената истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Оперативни приходи изнесуваат 113,7 милиони денари, и истите бележат раст од 2%, споредено со лани. -Растот е резултат на зголемен обем на продажба на возила на домашниот пазар, велат од таму. Оперативните расходи изнесуваат 107,3 ...
Град Скопје склучи договор за изградба на булеварот “Љубљанска“ (фазна реализација), со друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги Битем увоз-извоз ДООЕЛ Скопје. Договорот е во вредност од 113.952.502 денари или 1.852.886 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор вреден 813 илјади евра склучи Град Скопје со “Мегаконс“ Договор од 1,9 милион евра склучи Град Скопје со „Вато“ Договор од 2,2 милиони евра склучи Град Скопје со „Вато“ Град ...
На престојното Собрание на акционери на Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа цел се предвидени 92.655.529 денари бруто, обезбедени од акумулираната нераспределна добивка на Друштвото од претходните и тековната година. Висината на дивидендата по акција е 101 денар бруто или 8.18% од номиналната вредност на една акција. Последен ...
ЗК Пелагонија АД Битола во првите три месеци од годинава остварила добивка пред оданочување од 43.230 илјади денари и иста е зголемена за 15% во однос на истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Како што информираат од таму, истата е зголемена поради зголемените оперативни приходи во апсолутен износ од 7.184 илјади денари и капитализираното сопствено производство зголемено во апсолутен износ за 3.915 илјади денари. ...
Хотели-Метропол АД Охрид во првите три месеци од годинава остварил нето загуба од 26.051 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Со оглед на сезонскиот карактер на дејноста на хотелите, остварениот негативен финансиски резултат е во нормални рамки споредбено историски низ последните 10 календарски години и истиот како се навлегува во главната сезона се проектира да премине со позитивна вредност, велат од таму. Приходите ...
Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил добивка од 932 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Добивката е минимална поради каматирањето на трошоците за топлинската енергија за задоцнето плаќање за претходната 2025 година и исплатата на јубилејните награди на вработените кои се законска обврска според Колективниот договор на Друштвото, а се однесуваат за 2023, 2024 и 2025 годна, а ...
Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи, кој заврши во затвор за настаните во македонското Собрание од 27. април 2017 година, условно е пуштен од затворот во Штип. Информацијата ја објави државната агенција МИА. Тој излегол од затворот денеска во 10 часот. Беше осуден на 18 години затвор за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Чавков, кој е и поранешен прв човек на Бирото за јавна безбедност, бараше ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека Основното јавно обвинителство дало негативно мислење на барањата за укинување на куќниот притвор на обвинетиот службеник од Министерството за економија, Беким Хаџиу, и на мерката притвор на обвинетиот Тодор Јованов, брат на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, сопственик на “Пулс“. Одбраната на обвинетите Јане Јанчевски и Мартин Георгиев ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна mvr.govmk.cam/mk, информираат од ...
Министерството за правда денеска му одговори на бегалецот Никола Груевски, поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој во Фејсбук статус побараа од министерот за правда Игор Филков, наместо да собирал документација за негова екстрадиција од Унгарија, каде стана политички азилант, да ги преиспитал “монтираните судски процеси“ против него. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Груевски се јави за екстрадицијата, му порача на министерот Филков да ги истражи ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани беа прочитани исказите на сведоците на Основното јавно обвинителство, Александра Пепеларова и Дарио Трифунов, кои ги дале во текот на истрагата. Тие требаше да сведочат на претходните рочишта, но беа недостапни на органите на прогон. Трифунов бил во странство го информирал Обвинителството негов родител и нема да можел да сведочи и во иднина. За Пепеларова не беше соопштено ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани сведочеше и директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Тој меѓу друго како сведок на Основното јавно обвинителство, кажа и дека кај 33 лица кои загинале во пожарот било утврдено присуство на водороден цијанид, но тоа според него било дополнителен, а не доминантен фактор за смрт. Потврди и дека количина до 0.6 микрограми на милилитар водороден цијанид е ...
Македонија и земјите од регионот разговараат со земји членки на Европската унија (ЕУ) за гужвите на граничните премини со нив, кажа денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што е познато метежот на границите настана поради новиот систем за влез и излез во Шенген зоната, а се очекува за време на летната сезона тој да се зголеми. Муцунски рече и дека се очекува во летниот период да бидат преземени ...
Член на поширокото обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски добил притвор од осум дена поради семејно насилство, објави телевизијата 24. Станува збор за лицетото Р.Р. (39), а во полицијата го пријавила сопругата (37) на 2. мај, откако била физички нападната во нивниот семеен дом. Тој е остранет од работното место и му се заканува затвор од шест месеци до три години. Од Владата за телевизијата велат дека тој не бил дел од непосредно ...
Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила добивка од 55.2 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани во истиот период Друштвото имало добивка од 7.9 милиони денари. За овој период Друштвото има приходи од 491,2 милиони денари, кои се намалени за 1,7%, споредено со истиот период лани и расходи од 435,7 милиони денари, кои се намалени за 12,8%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како ...