Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Да се применуваат соодветни агротехнички и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, но и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, препорачуваат агрометеоролзите согласно најавите на УХМР дека под влијание на циклонска активност утре и за време на викендов ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Дождот, нагласуваат, е потребен, зашто влажноста на почвата по ...
Силното заладување веќе го зафати поширокото подрачје на Алпите.Ќе врне пороен дожд, а во крајбрежните области се очекуваат силни грмежи. Во исто време снег веќе провејува на повисоките делови на Алпите, од француските Алпи на запад до словенечките Алпи на исток. На овие предели веќе провејува многу обилен снег, а снежната линија е сè пониска. Снег ќе провејува на овие предели во наредните два дена, особено денеска и утре. Се очекува да ...
Секоја година од 4 до 10 октомври, луѓе од целиот свет се обединуваат за да ги прослават достигнувањата во истражувањето на вселената и да ги едуцираат и инспирираат младите, вели Марина Таневска, национален координатор на Светската недела на вселената во Македонија Овие датуми одбележуваат два историски настана: -4 октомври 1957 година: Лансирањето на првиот човечки направен сателит, Спутник 1, со што започна ерата на истражување на ...
Бејрут повторно беше цел на големи воздушни напади од страна на израелската војска. Од главниот град на Либан се јавува за силни експлозии. Непотврдени извештаи велат дека цел на нападот бил Хашим Сафи ал-Дин, шеф на Извршниот совет на милицијата Хезболах. Тој претходно се сметаше за најверојатен кандидат за наследник на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, кој неодамна беше убиен од страна на Израел. Тројца израелски владини функционери за ...
Во сабота (5 октомври) ќе се одржи јубилејното 20. издание на „Бела ноќ“ во Скопје. Настанот ќе се одржи на повеќе локации, а организаторите посочија дека граѓаните ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси. Во прилог погледнете ја целата програма: ЈУ Универзална сала Младински културен центар ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци” ...
Во некои делови на Хрватска се очекува да бидат најавени мерки за одбрана од поплави поради порастот на водостојот во пониските делови на речните сливови по обилните врнежи од дожд, а можни се и поројни поплави и одрони, особено на планинските патишта и на јадранската магистрала, пишуваат хрватските медиуми. Поради силниот дожд што го донесе циклонот кој синоќа преку Јадранот пристигна во Хрватска, постои закана од поројни поплави, а први на ...
Првите 100 дена на новата Влада, власта ги оценува како успешни. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од сработеното, и покрај како што вели лошата позиција наследена од претходната Влада на СДСМ. Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува и ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур. Во годината кога Советот на Европа ја одбележува 75-годишнината од своето основање, министерот Муцунски, на покана на претседателот на Парламентарното собрание, Теодорос Русопулос, ќе се обрати пред парламентарните ...
Гаснењето на пожарот се одвиваше отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. Легени, кофи, пластични чинии, чаши, играчки, саксии сè само дел од предметите кои се наоѓале во магацинот кој беше зафатен од пламените јазици. Запалената пластика предизвика многу високи температури кои сериозно ја оштетија бетонската конструкција на зградата, а тоа ...
Полицијата во Хамбург нареди итна евакуација на возот кој пристигна од Франкфурт поради сомнение дека две лица во возот се заразени со вирусот Марбург, објавија денеска германските медиуми. Патниците се загрижиле бидејќи студент и неговата девојка имале симптоми кои наликувале на тешка настинка, пренесуваат германските медиуми. Полицијата веднаш реагирала со евакуација на возот и затворање на две железнички пруги на станицата во Хамбург, а ...
Откако случајно ја пронашол сликата во подрумот на куќата во 1962 година, Луиџи Ло Росо го однел платното дома во Помпеја, каде што висело на ѕидот од дневната соба во следните неколку децении, иако неговата сопруга ја сметала сликата „страшна“, пишува Гардијан. Денес, се верува дека тоа е портрет на Дора Маар, француска фотографка и сликарка која била долгогодишна муза и љубовница на Пикасо. Во горниот лев агол на сликата е карактеристичниот ...
Ноам Шазир се вработил во „Гугл“ во 2000 година и поминал повеќе од две децении во компанијата. Дал отказ во 2021 година за да се впушти во сопствената стартап-авантура. Ја основал компанијата „Карактер АИ“, која овозможува интеракција со чет-ботови кои глумат замислени ликови или познати и јавни личности. Го напуштил „Гугл“ затоа што одбил јавно да го објави неговиот чет-бот за вештачка интелигенција наречен „Мина“, наведувајќи загриженост ...
Денеска ќе имаме претежно стабилно и суво време, со многу сончеви периоди. Утрото ќе биде студено, додека преку ден температурите ќе бележат тенденција на не многу голем пораст. По студенoто утрo, во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе се искачи до 24-от степен. Во утре попладне претежно во западните ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт. Меѓу активностите што го одбележаа работењето на Владата, покрај транзициите на функционерските позиции и ребалансот на Буџетот, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ известува дека ќе се изведува реконструкција на десната тунелска цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – ...
Во вчерашниот ирански напад врз Израел, најголем досега, биле испукани околу 180 балистички проектили и најголем дел биле пресретнати. САД кажаа дека два брода на американската морнарица учествувале во одбраната на Израел, испукувајќи десетина пресретнувачки ракети. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека нападот бил одбранбен, а цели биле израелски воени објекти. Техеран кажа дека нападот бил одмазда за израелската агресија врз ...
Наутро студено, а преку ден сончево со мала локална облачност – ова е временската прогноза за денешниот ден според Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе биде од нула до 10 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 25 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен ...
Токсини од бактеријата стафилокока причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје. Ова го потврдија резултатите од земените примероци од храната која им била послужена на учениците од прво до трето одделение и кои пред четири дена се пожалија на силни стомачни болки. Од Институтот за јавно здравје прецизираат дека траги од опасната бактерија биле најдени во мусаката и колачот, односно бомбиците кои ги добиле дента како ...
„Израел би направил сѐ што е потребно за да го обезбеди враќањето на луѓето кои избегаа од ракетите на Хезболах во речиси една година прекугранично војување. Ќе ги употребиме сите средства, од воздух, копно и од море“, изјави претходно министерот за одбрана Јоав Галант, најавувајќи нова фаза од војната. ИДФ ноќеска потврди дека трупите ја преминале границата со тенкови и оклопни возила. Извор од либанските безбедносни служби кажа дека ...
Во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок на 30 септември ќе биде отворено четвртото издание на Лешочкиот камерен музички фестивал, на кој во рамките на двете фестивалски вечери ќе се одржат по два концерта. На свеченото отворање на 30 септември, на првиот концерт во 18:00 часот ќе настапи дуетот гитари „Милонга“ во состав Дејан Лазаревски и Александра Кировска, а на вториот концерт од 19:00 часот ќе настапат Дајана Малорари ...
Бројот на загинати од ураганот Хелена, кој го погоди југоисточниот дел на САД, се искачи на 116, оставајќи илјадници луѓе без покрив над главата во погодените области. Официјалните лица набрзина доставуваат основни материјали за настраданото население, го обновуваат снабдувањето со електрична енергија и ги расчистуваат блокираните патишта, јавува CBS News. Ураганот Хелена предизвика големи разурнувања и прекин на електричната енергија кај ...
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека во денешен израелски напад е убиен нивниот водач во Либан Фатех Шериф Абу ел-Амин. Тој бил убиен заедно со неговата сопруга, син и ќерка, во нападот што бил насочен кон нивната куќа во палестинскиот бегалски камп во јужниот град Тир, пренесува Ројтерс. Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП), милитантна група која учествува во борбата против Израел, пак, соопшти дека тројца негови ...
Либан е една од најголемите оперативни области на Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). Првата канцеларија во земјата беше отворена во 1964 година. Оттогаш, оваа организација на ОН обезбедува поддршка за локалното население, бегалците и лицата без државјанство. Од нападот на Хамас врз Израел во октомври 2023 година и ескалацијата на конфликтот, според податоците на УНХЦР, најмалку 1.540 луѓе загинале во Либан, вклучително и ...
На 1.ви октомври 2024 година во вторник ќе биде исплатена септемвриската пензија која ќе биде зголемена за 2.500 денари за сите пензионери линеарно. Така на пример оние пензионери кои добиваа 20.000 денари пензија ќе добијат 2.500 денари повеќе односно 22.500 денари. Исто така на пример и пензионерите кои добиваа пензија од 40.000 денари сега ќе добиваат пензија од 42.500 денари/месечно. Некои од македонските банки пензијата ја исплаќаат и ...
Во Лаарополе утрово се измерени минус еден, а на Попова Шапка нула степени, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.) Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе ...
„Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации ...
Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната ...
Пет пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација, како и шума. Скопската Бригада за противпожарна заштита од 2:50 до 3:40 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и ѓубре на обиколница – клучка кај Оризари. Било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари. ...
Хелена синоќа стигна во северозападна Флорида како бура од четврта категорија. Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека Хелена синоќа ја погодила областа во близина на реката Аусила во областа Биг Бенд во Мексиканскиот залив. Брзината на ветрот била 225 километри на час. Поради Хелена властите издадоа предупредувања за урагани и поплави кои се проширија во северна Џорџија и западна Северна Каролина. Повеќе од милион домови и ...
Викендов на сила треба да стапи законот за нефер трговски практики, а со него опфатени се околу 2.500 производи на кои профитната маржа не смее да им биде поголема од 10 отсто. Со негова примена, според очекувањата, трајно треба да се стави ред во хаосот со цените. Контролата за тоа дали се применува од страна на трговците ќе ја спроведува комисијата за заштита на конкуренцијата.Со законот, покрај органичен рабат, трговците нема да смеат да ...