Научните податоци во последните години покажуваат дека недостатокот на витамин Д е поврзан со болести не само на мускулно-скелетниот систем, туку и со нарушувања на имунолошкиот систем, психата и дигестивниот систем. Иако доказите за причинско-последична врска се контроверзни, се препорачува одржување на нормално ниво на витамин Д. Упатствата за суплементи варираат од земја до земја, но помал акцент се става на добивањето витамин Д од ...

Северна Кореја пушти 90 балони со пропагандни летоци и ѓубре над две погранични провинции на југот , што ги натера властите да ги предупредат жителите да останат внатре и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив, бидејќи содржат „валкан отпад и ѓубре“. пишува Би-Би-Си. Северна и Јужна Кореја користат балони во нивните пропагандни кампањи уште од Корејската војна во 1950-тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена ...

Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година. Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година. Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни ...

Порано наречен „Линдберг Филд“, меѓународниот аеродром во Сан Диего има само една писта долга 2.8 километри, што го прави најпрометниот аеродром со една писта во САД. Рекордни 25,2 милиони патници го користеа аеродромот во 2019, и додека бројките значително се намалија за време на пандемијата, тие се вратија на 24,06 милиони патници во 2022. Пристапот за слетување овде е познат по тоа колку авоните се приближуваат до облакодерите во центарот на ...

Во раните утрински часови, на 3 и 4 јуни 2024 година, Меркур, Марс, Јупитер, Сатурн, Нептун и Уран ќе се појават во една рамна линија во порамнување познато како „парада на планетите“. Во ова порамнување само Венера ќе биде отсутна. Порамнувањето на пет или шест планети е познато како големо порамнување, но порамнувањата на пет планети се значително почести од порамнувањето на шест. Овие порамнувања не ги претставуваат планетите кои се наредени ...

Според пиротехничарот Ѓорги Стеафнов од Битола, се очекува бројката да достигне до 3.000. „До крајот на неделата се очекува теренот да биде исчистен од заостанато оружје од Балканските војни“, рече Стефанов. Во саботата, во Могила била подигната артилериска граната од 155 милиметри тешка 60 килограми. Денес пиротехничар од Струмица кој доаѓал за Битола да помогне во расчистувањето на старото оружје во Касарната, во близина на Росоман, по ...

„Депонија горела во општина Центар кај месноста Автополигон под Кале. Ниска вегетација горела кај селото Горно Оризари во општина Битола. Додека пак, сено горело во регионот на село Пеширово, општина Свети Николе“, појаснуваат од ЦУК, додавајќи дека сите пожари се изгаснати. „Таа била на 50 метри зад фирмата Гулф БС, крај стариот пат Градско кон Неготино. Повикувачот ја пронашол во негова нива. По вчерашната координација на ЦУК со субјектите од ...

Туризмот е потенцијален извор на приходи за нашата земја. Доколку се формира Министерство за туризам, со компетентни луѓе кои ќе се зафатат со решавање на проблемите во секторот, можеме да го искористиме овој потенцијал. Но, важно е да се управува соодветно, да се инвестира во маркетинг и да се поддржуваат локалните заедници. Со формирање на Министерство за туризам, може да се подобри координацијата меѓу различните сектори, да се развиваат нови ...

За ова можете да искористите решение кое сами ќе го направите од само три состојки кои веќе ги имате во вашата кујна. Еве што ви треба: 1 лажица сув квасец 1 лажица сода бикарбона 1 литар топла вода Постапка: Измешајте ги сите состојки. Оставете да отстои два часа. Разредете со 10 литри вода и наводнете ги растенијата. Квасецот содржи витамин Б, минерали и други состојки. Со додавање на квасец во почвата, концентрацијата на азот и фосфор се ...

Имено, во литературните дела на нобеловецот се наѕираат фрагменти од една сложена личност. Три децении откако својот татко го нарекол кукавица затоа што се застрелал, Хемингвеј се самоубил пукајќи со ловечка пушка. Неговата сопруга Мери го пронашла на прагот од семејната куќа. За него пишувале бројни експерти, како и неговите синови, но тоа никој не можел да го одгатне. Една од неговите најцитирани реченици е: „Среќата кај интелигентните луѓе е ...

Денеска и во петок во Македонија ќе имаме постабилна aтмосфера. Времето ќе биде сончево и топло насекаде со мала локална облачност и со слаб до умерен, а денеска особено Долж Повардаието повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Сепак во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми ...

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од Папата Франциск по повод нејзиниот избор за Претседател и истакна дека ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, да ја предводи државно-црковната делегација на овој значаен настан. Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во ...

Настанот го отвори Бен Нупнау, заменик-шеф на мисијата при Делегацијата на ЕУ во Македонија кој се наврати на почетоците на мрежата. „Пред точно 32 години Европската Унија ја усвои Директивата за живеалишта и Програмата Life. Тоа беше и сѐ уште е пионерски чекор во законодавството кој го претставуваше зачетокот на Натура 2000, најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја во светот и со тоа се истакна важноста на биодиверзитетот за ...

Комисијата за проценка на штети од општина Липково веќе е на терен помеѓу населението, кое вчера претрпе штети од интензивниот дожд и град кој го зафати североисточниот регион во државата, соопштија денеска од општина Липково за МИА. – Општина Липково беше зафатена од интензивни врнежи од град и дожд. Може да кажеме дека сите населени места беа погодени почнувајќи од Лојане до Никуштак. Граѓаните веќе почнаа да ги пријавуваат штетите. Од ...

Авиопревозникот „Еџиан ерлајнс“ најверојатно поради незаинтересираност ја запре продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни со линијата Атина – Скопје – Крф – Скопје – Атина. Летовите “требаше(?)” да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а кракот Скопје – Атина да се одвива во среда и недела наутро. Поради незаинтересираност „Еџиан“ целосно ги откажа двата неделни ...

Природата на Шар Планина до 2038 година мора да биде заштитена. Сите села да имаат организирано собирање на сметот, канализација и пречистителни станици за отпадни води. Месните заедници да имаат одлучувачка моќ и нивниот глас да се вреднува и слуша. Во идното заштитено подрачје сите чинители работат здружено со иста цел а тоа е заштита на природата и благосостојба на локалното население. Ова е визијата на претставниците на локалното население ...

РЦУК – Куманово, известува дека вчера на 112 во ЦУК е добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во с. Опила во Општина Ранковце има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода, и од зголемен водостој на речното корито на Крива Река постои опасност да поплави домови што се во близина на речното корито. Од ЦУК се известени градоначалникот и контакт лицата од Општина Ранковце за настаната состојба. Повратно ...

Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија. Институтот забележа десетици послаби потреси на земјата во следните часови. Вкупно, околу 150 земјотреси ја погодија областа за помалку од пет часа, почнувајќи од 19:50 часот. Според претставникот на Институтот, Мауро Ди Вито „ова е најмоќната серија земјотреси во ...

Во саботата вечерта небото над Португалија и Шпанија беше осветлено наводно од метеор, предизвикувајќи сведоците масовно да споделуваат видеоснимки од оваа спектакуларна сина огнена топка на социјалните мрежи. Португалските власти информираа дека добиле известувања за пад на објект од небото, но досега не успеале да откријат што точно паднало на земјата. Во продолжение може да погледнете едно од многуте видеа од неверојатната глетка кои беа ...

До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Во краткото стабилизирање на времето, ...

Британскиот суд денеска треба да донесе конечна одлука за тоа дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж треба да биде екстрадиран во Соединетите држави поради откривање на мноштво американски документи, што кулминираше 13 години правни битки и притвор. Двајца судии во Високиот суд во Лондон ќе треба да одлучат дали веруваат во гаранциите на САД дека Асанж нема да се соочи со смртна казна и дали може да се потпре на правото на слобода на говор ...

Гери Доерти за медиумите изјави дека неговата куќа е целосно покриена со штурци и дека не може да ги исчисти, додека Келси Мерчант е сопственичка на една од локалните цвеќарници и вели дека нивното присуство ја расипува естетиката на компанијата. „Ова е најлошото нешто што сум го видел откако живеам овде“, изјави таа за медиумите. Овие инсекти го добија својот прекар откако ги нападнаа полињата на доселениците на Мормон во 1800-тите од Невада и ...

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни места расте. Ваква е сликата на пазарот на трудот со години, се жалат работодавците и агенциите за посредување. Се почесто се соочуваме со ситуација во која не можеме да најдеме соодветни квалификувани кадри за позициите кои ги нудиме. Во угостителските и инженерските позиции се помалку се инвестира, а недостасува и медицински персонал. „Бројот на отворени работни места е доста голем, се ...

Изминативе денови, тие вежбаа под будното око на активот за спорт при СОУ „Јосиф Јосифовски“, на чело со Јулија Беќарова. Матурантите најнапред беа поздравени од директорот на училиштето, Александар Делиџаков. – Гевгелија е горда на вас! Овој танц нека биде ваш и наш момент да блеснеме и да му се радуваме на сето она што го постигнавме заеднички, изминативе четири години. Ви посакувам лична среќа, успех во натамошното школување, храброст и ...

Од 10 до 16 мај пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од трипати споредено со претходниот седмодневен период. Заклучно со 16 мај во државава се регистрирани вкупно 597 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите 44 случаи, пријавени се во рамките на епидемијата во Скопје – 39, ...

Јавните претпријатија, приватните фирми, основните и средните училишта, месните и урбаните заедници и граѓаните, од утринава масовно во Битола ја спроведуваат акцијата „Генералка викенд”. -Трета година по ред, Општина Битола е дел од оганизираната пролетна акција за чистење и селектирање на отпад која има за цел да придонесе за подигнување на еколошката свест и одговорноста кај населението за заштита на животната средина и спречување на ...

Погрешните античовечки политики кои се спроведуваат насилно и со терор (како ЛГБТ проектот, т.н. мигранти, закони за конфискација под превез на климатски промени….) под лажно име за “права” ги тераат младите во Европа масовно да се вртат кон екстремната десница како надеж за спас и опстанок во иднина. Неодамнешното германско истражување покажа дека 57 отсто од младите ги апсорбираат вестите и политиката преку социјалните мрежи. Повеќе од 90 ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо е во стабилна, но сериозна состојба откако вчера беше застрелан неколкупати, објавија лекарите од болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран. Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба синоќа кажа дека Фицо веќе не е во животна опасност. „Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на премиерот. За жал, таа и натаму е многу сериозна, зашто повредите се сложени“, рече министерот за одбрана ...

Научниците претходно објавија дека 2023 година била најтоплата година на глобално ниво од почетокот на евиденцијата во 1850 година, но новото истражување сугерира дека климатските промени предизвикани од човекот ги потиснале летните врвови многу подалеку од било што во изминатите два милениуми. „Не треба да бидеме изненадени од тоа“, изјави за AFP Јан Еспер, главен автор на студијата и професор по климатологија на германскиот универзитет ...

Употребата на терминот Македонија од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, не само што не е во спротивност со одредбите од таканаречениот “Договор” од Нивице и не може да се оквалификува како негово прекршување, туку е целосно во согласност со Член 7 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1027
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
69%
1027
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
0.0
69%
1027
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1028
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
37%
1026
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
92%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
39%
1023
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1023
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1025
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1025
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
58%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
52%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941