Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира на известувањето на Министерството за образование и наука за одработувањето на деновите 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни без одработување, поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори. Откако вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков го објави известувањето на МОН кое било испратено до училиштата, денеска следува и реакција од ...

Голем Велигденски концерт на ансамблот Танец, во неговата јубилејната година кога ја чествува 75-годишнината од своето основање. На концертот ќе настапи целиот ансамбл – хорот, орестарот, солистите и играорниот кор, а ќе биде изведена раскошна програма, во која централниот дел е посветен на доаѓањето на најубавиот период на годината – пролетта. Таа оваа година ексклузивно, во исто време, ни носи два големи празника – Ѓурѓовден и Велигден. Оваа ...

Продолжува променливото и нестабилно време во Македонија, а исто така ќе бидеме и под влијанието на значително постудената воздушна маса од север и од северозапад. Нови и на повеќе места обилни врнежи од дожд ќе има во недела. Локално ќе има појава и на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. За време на овој влажен бран, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л.м2). На планините и тоа ...

Пред крајот на мандатот на актуелната Европска комисија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел официјално го номинира атинскиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија. За многумина аналитичари токму номинацијата на Рокас е резултат на тенденцијата на ЕУ да го засили својот мониторинг(контрола) во Македонија, независно од нашиот изборен резултат (исплашени од очекуваните ...

Иранската новинска агенција Fars објави дека во близина на аеродромот во иранскиот град Исфахан се слушнала експлозија, но веднаш не била позната причината за нападот. „Причината за тие експлозии сѐ уште не е позната, истрагата ќе продолжи сѐ додека не се утврдат точните детали за инцидентот“, објави агенцијата Fars. Системот за противвоздушна одбрана во иранскиот град Исфахан бил активиран против „објект за кој постои сомневање дека е ...

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба. – Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес ...

Тој нотираше дека тој сака да успее во тоа, да создаде македонско национално единство. Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум и запирање на сите напади кон партите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да пробам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога тоа и е најпотребно на ...

Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколку пати. Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите како Банди на Њујорк, Авијатичарот, Заминат, Островот затворач и Волкот од Волстрит. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 Оскари. Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е ...

Во ова мало книжевно дело се опишани долгиот пат и страдањата на стотици илјади семејства, кои сурово биле разменувани како што овчарите си го разменуваат добитокот, само затоа што така сакале „големите“, кои секогаш одлучуваат за иднината на малите. Тука ќе ги сретнете родните села на Ерменците во Кавказ, Кападокија, Измир, Трабзон, кои ја преплавија Македонија населувајќи се во селата на Македонците протерани во Струмица, Петрич, Пловдив, ...

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка, пет степени, а најтопло во Демир Капија и Гевгелија, 15 степени. Во текот на ноќта времето беше умерено до значително облачно. Од раните утрински часови на повеќе места има врнежи од дожд, кои локално во југозападниот дел од земјата беа пообилни, проследени со појава на грмежи. Дува слаб до умерен, на места засилен ветер од јужен и југозападен ...

Дождот не е вообичаена појава на Арапскиот Полуостров, па голем број улици немаат дренажа. Арапскиот Полуостров е погоден од поплави предизвикани од обилен дожд. Во надојдената вода во Оман загинаа најмалку 33 луѓе, а се трага по исчезнатите. Обилниот дожд предизвика поплави и во главниот град на Обединети Арапски Емирати. Поради силниот ветер нарушен е и авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром во Дубаи. Пред невремето во ОАЕ беа затворени ...

Работилниците се во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Стопанската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата за промоција на увозот (SIPPO) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME). Со овие активности фокусирани на одржливиот туризам, со интернационална експертиза и ресурси ќе им се помогне на бизнис ...

Тој напомена дека секоја една услуга која граѓаните треба да ја добијат како системска, од институциите е проследена со мито, кое е широко распространето. Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тие се блиски луѓе на власта, кажа претседателот и додаде: СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат ...

Утре и во четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на овој период врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период. временска ...

Индустриското производство во февруари во Европската унија е зголемено за 0,7 отсто во однос на годинешниот јануари, откриваат новите податоци на Евростат. Најголем месечен раст е забележан во Ирска (3,8 отсто), Унгарија (3,5 отсто) и Словенија (3,3 отсто), објави Даница.хр. Најголем пад на индустриското производство во февруари забележа Хрватска, дури 4,6 отсто во однос на јануари. По нив следуваат Литванија со пад од три отсто и Белгија со пад ...

Вкупно 14 редовни основни училишта се затвориле во рок од една година, односно од 976 во 2021/2022 година, овој број се намалил на 962 во 2022/2023, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени вчера. Истовремено, било затворено и едно специјално основно училиште и сега нивниот број е 35. Бројот на паралелки за една година се намалил од 11.057 на 10.997, а бројот на ученици од 184.910 на 182.245. Во меѓувреме, бројот на ...

Агрометеоролозите велат дека топлото време, невообичаено за овој период од годината, може да го забрза развојот на растенијата, но и да предизвика нарушување на водниот баланс, што, пак, може да доведе до воден дефицит и сушење. Затоа, советуваат, земјоделците да посветат поголемо внимание на наводнувањето и да продолжат со другите агротехнички мерки. -Ако временските услови дозволуваат, да се продолжи и со другите агротехнички мерки како ...

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе ...

Речиси 6 500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија. Популарниот водител – маскотата Поки актерот Мартин Јорданоски на маестрален начин ги водеше децата низ фестивалска приказна, а овациите и задоволството не престанаа до самиот крај на фестивалскиот репертоар. Новите 15 песни ги опфатија сите сегменти од детскиот свет и со својата мелодичност и ...

Согласно последната одлука на РКЕ, сите горива поскапеа. За еден денар поскапе ЕУРОСУПЕР БС-98, за 1,5 денари се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-95. За два денари поскапе дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Ова се моменталните цени на горивата: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,00 (денари/литар) – Масло за ...

„Оваа година имаме 6 интернационални натпревари, од кои што 3 се национални првенства на други држави. Оваа година за прв пат се одржува „German Open“, германско национално првенство, тоа е едно од најголемите натпревари во Европа и светот затоа што Германија е една од водечките земји во овој спорт со над 100.000 параглјадеристи и очекуваме по одржување на тој натпревар и зголемен број на туристи следните години кои што доаѓаат и од Германија“, ...

Имено, Иран никогаш не го нападнал Израел, без разлика што тензиите меѓу двете земји постојано се на највисоко ниво. -Иран испрати многу сериозно предупредување до Израел. Не би сакал да навлегувам во тоа дека се работи за некаква ескалација која не е однапред осмислена, направена и спроведена, на некој начин. Мислам дека Иран имаше намера да му го испрати на Израел последното предупредување пред посериозна ескалација, рече Огорец. -Се надевам ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток. „Ги повикувам сите страни да покажат максимална воздржаност за да избегнат каква било акција што може да доведе до големи воени конфронтации на повеќе фронтови на Блискиот Исток“, напиша Гутереш во серија твитови на X. Светот се подели, а овие изнесени ставови ги потврдуваат двете страни и кој со кого е во војна: Американскиот претседател Џо ...

Иако и претходно се вршени проценки на количините на микропластика, студијата „Пластиката во длабокото море – Глобална проценка на акумулацијата на дното на океаните“, с езанимава со поголеми предмети како мрежи, чаши или пластични кеси. Со оглед на тоа дека се очекува удвојување на користењето на пластика до 2040 година, за заштита на морските екосистеми и животинскиот свет клучно е да се разбере како и каде отпадот се преместува во океаните, ...

„Единството е мртво, нема сигурни граници. Унгарија нема да попушти пред лудилото на масовната миграција. Потребни се промени во Брисел за да се запре миграцијата“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х. Пактот за миграција и азил предвидува правила за управување со приемот и преселувањето на барателите на азил. Шолц го поздрави усвојувањето од страна на ЕП на миграцискиот пакт, а Туск предупреди дека Полска нема да прифати преселување имигранти ...

Повеќе од половина од вкупното население во Албанија се Македонци. – Нашиот извештај детализира низа инциденти кои предизвикуваат сериозна загриженост за спроведувањето и интегритетот на пописниот процес, особено фокусирајќи се на притисокот, заканите и заплашувањата Овие дејствија ги поткопаа правата и слободите на македонската заедница во Албанија, прашање што се наоѓа директно во рамките на мандатот на Комитетот за елиминација на расната ...

Најчести симптоми се иритација на очите, носот и грлото. Постојаното течење на носот, кивањето, кашлањето или чешањето околу очите може дури и да го нарушат сонот, оставајќи ве целосно исцрпени. Д-р. Хелен Вол дава стручен совет за справување на напад на алергија. 1. Внимавајте на прозорците По долга, влажна зима, примамливо е да се отворат прозорците и да се пушти малку свеж воздух на првиот знак на пролетта, но др. Вол вели дека тоа навистина ...

Европските производители во 2020 година ѝ платиле на Европската Комисија казни во висина од 510 милиони евра, поради пречекорување на ограничувањето за емисијата на ЦО2. Тогаш беа воведени построги ограничувања, што бараа производителите значително да ја зголемат продажбата на целосно електрични и хибридни возила. Меѓу поголемите компании што платиле казни се концернот Фолксваген и Јагуар Ланд Ровер. Вкупната казна што им била изречена на ...

По топлите сончеви денови со температури и до 29 степени, од средината на овој месец ни доаѓа голема промена на времето, а се поизвезен е и првиот задоцнет зимски удар на Балканот, па и во Македонија, најавува метеорологот Славчо Попоски. За промена на времето и снежен зимски бран предупредува и познатиот хрватски метеоролог Дино Дундиќ. Според него, снежната граница би можела да се спушти дури и до 800 метри надморска височина. временска ...

„Сè уште имаме шанса да се намали емитувањето гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина со новата генерација на национални планови за климата“, рече Стил, истакнувајќи дека „секој човек на планетата има две години да го спаси светот“. Тој оцени дека се повеќе луѓе ширум светот сакаат борба против климатските промени бидејќи „го чувствуваат нивното влијание во секојдневниот живот и во буџетот на домаќинствата“ и додаде дека ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
43%
1028
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
68%
1027
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
0.0
71%
1027
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1029
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.99
44%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
94%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
41%
1023
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
53%
1025
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
1.34
66%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
55%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941