На 28 октомври (понеделник), во 12 часот, Кинотеката на Македонија ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот ПИСМО на филмскиот и театарски режисер Васил Христов – Вуси. А до крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј. ...

Утрото ќе биде свежи, а по одделни котлини и речни долини ќе има и појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со максимални температури од 18 до 23 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Во Скопје утрото ќе биде студено, а во некои делови од котлината и магливо. „Минималната тепература ќе биде во интервал од -1 до 7 степени, а максималната од 18 до 23 степени“, велат од УХМР. Во Скопје утрото ќе биде студено, а во ...

Уапсен е малолетник (2009) кој е осомничен за нападот, јавуваат медиумите во БиХ. „Станува збор за кривично дело тероризам“, потврди во петокот наутро Аднан Бегановиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи, откако, како што рече, заврши истрагата на Кантонското обвинителство. Според него, состојбата на вториот полицаец кој бил опериран во болница во Бихаќ е стабилна. Полициските сили сè уште се на терен. Порталот Кликс јавува дека ...

Во организација на Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје денеска ќе се одбележи Европската недела на безбедност и здравје при работа. Како што информираат од Министерството за економија и труд, на одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа ќе се обратат министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, претседателката на ...

Агенцијата за катастар на недвижности од денеска воведува нови, пониски, цени за голем дел од своите услуги. Според измените на тарифниците, цените на најчесто користените услуги се намалени за 75%. Со овие измени, на пример, доколку граѓаните купат стан или гаражен простор, за услуга ќе плаќаат 1.250 денари за четири имотни листови, наместо досегашните 5.000 денари. Исто така, наследните решенија и договорите за подарок сега ќе се наплаќаат ...

Утрото студено, по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко. Максималната температура ќе достигне до 23 степени. Информација од ова утро 24.10.2024 Минимална температура (во °C) -3 Берово, -1 Битола, 1 Струмица, 2 Демир ...

Најмалку 26 луѓе го загубија животот во тропската бура „Трами“, која го погоди североисточниот брег на Филипините, а повеќе од 150,000 ги напуштија своите домови, потврдија официјални претставници. Бурата, локално позната како силна тропска бура „Кристин“, донесе силен дожд на главниот остров Лузон, предизвикувајќи поплави и смртоносни одрони. Во невремето во изминатите неколку денови повеќето од жртвите се удавиле, а други го загубиле ...

Маестро Симон Трпчески, одржа концерт во Будимпешта со симфонискиот оркестар на Унгарското радио, под диригентската палка на италијанскиот диригент Рикардо Фрица. Тој го изведе Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс во првиот дел од вечерта, во свечената сала на музичката академија „Франц Лист“. Тој за прв пат настапи со оркестарот на Унгарското радио и тоа на покана на диригентот Рикардо Фрица од Италија, со кој веќе имаат ...

„Општината ќе даде негативно мислење во врска со намерата на инвеститорот,“ рече Стојанов. Локалното еколошко здружение „Ековита“ од Неготино, исто така, остро реагира против реализацијата на ваков проект. Според нив, планот предвидува изградба на инсталација со капацитет од 35 тони дневно во село Тремник, во објект што наводно треба да биде преместен од друг дел на земјата. Членовите на здружението посочуваат дека регионот на Неготино е ...

Сите денешни летови од аеродромот „Брисел Југ-Шарлроа“ се откажани поради штрајк на безбедносниот персонал, соопшти аеродромската управа. – Безбедноста на патниците и вработените не може да биде гарантирана поради недостигот на персонал. Патниците чии летови се откажани ќе бидат контактирани од нивната авиокомпанија за враќање на парите или нова резервација, се додава во соопштението на управата на аеродромот, од кој полетуваат и авионите на ...

Со изведба на претставата „Иднина“ вечерва во Драмски театар се затвора третото издание на фестивалот РУТА во Скопје. Претставата „Иднина“ на режисерот Жига Дивјак е работена како копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште. – „Иднина“ е претстава која ја отсликува сложената мрежа на меѓусебни влијанија на се’ и сите околу нас, се наведува во соопштението од Драмски театар Скопје. Жига Дивјак е еден од ...

Здравствените работници имаат десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација, поради природата на својата работа. Здравствениот работник може да заболи од грип од своите пациенти или колеги. Постојат студии кои покажуваат дека за време на епидемија, во здравствена установа повеќе од половината здравствени работници кои се грижат за пациентите со грип, и самите се инфицирани од вирусот, истакнуваат утрово од ...

Денешното утро во Македонија повеќе наликува на зима, од колку на Октомвриска есен. Утринава и тоа до 8 часот најстудено беше во Берово со измерена температура од -3 степени, додека највисока минимална температура утринава е измерена во Охрид, Виница и во Крушево, и тоа 6 степени. На табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава по градови и места во Македонија до 8 часот, и тоа на мерните станици на ...

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија). На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори. Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и ...

Истражувачите поставија нов светски рекорд за безжичен пренос на податоци, постигнувајќи брзина од 938 гигабити во секунда – приближно 9.000 пати поголема од сегашните телефонски мрежи 5G. Пробивот нуди поглед на новата ера на комуникации преку технологијата на следната генерација 6G, која се очекува да биде комерцијално распоредена во следната деценија. Тим од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) го постигна пробивот со комбинирање на ...

Видеото на „Business Insider“ покажува кои градови во тој случај би исчезнале под вода. Дали климатските промени се реалност, а глечерите на планетата се топат брзо, дури и побрзо од очекуваното? Има доволно мраз на планетата за овие факти да предизвикаат загриженост. Имајќи ги предвид двете најголеми ледени плочи на Земјата, онаа на Антарктикот и онаа на Гренланд, кои заедно се протегаат на повеќе од 15,54 милиони квадратни километри , јасно ...

Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврди дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија денеска турските медиуми. Фетулах Ѓулен изгради моќно исламско движење внатре и надвор од Турција, но ги помина последните години обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, обвиненија кои тој ги негираше. Ѓулен одреден период беше ...

Во Велес денеска е Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес. Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција врз телата на тројцата загинати, со цел утврдување на причините. Четворица од повредените во несреќа кај тунелот во близина на Катланово се пренесени на КАРИЛ, двајца од нив се уште се во критична состојба. ...

Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка. Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз ...

„Потребно е да се инвестира во рехабилитација на патот којшто води до регионалната депонија и на тоа се работи. Се додека ние не покажеме дека имаме посветеност и си ги извршуваме нашите задачи од којшто ќе зависи работењето на таа идна инсталација. Во меѓувреме ги усогласивме сите работи и тендерот, се очекува во најскоро време да биде објавен„ изјави Ана Лашкоска, заменик министер за животна средина Во меѓувреме проектот регионална депонија ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Јужна Кореја е „странска и јасно непријателска земја“, објави утринава официјалната агенција КЦНА. Тој исто така рече дека детонирањето на патиштата и железничките пруги што ги поврзуваат Северна и Јужна Кореја го означува „крајот на штетните односи“ со Сеул. Ким подвлече дека не станува збор само за „физичко затворање“ на пристапните патишта „туку за крај на штетните односи со Сеул“. Во ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Информација од ова утро 18.10.2024 Минимална температура (во °C) 6 Попова Шапка, Крива Паланка, 7 Лазарополе, Берово, 8 Маврови Анови, Крушево, 9 Дебар, 10 Прилеп, Виница, 11 Тетово, Претор, 12 Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица, Куманово, 13 Штип, Скопје-Зајчев ...

Републиканскиот кандидат за американски потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп не загубил на претседателските избори во 2020 година, по неколку недели избегнување да одговори на прашањето. „За време на изборите во 2020 година, на ова прашање директно одговорив милион пати. Не! Мислам дека имаше сериозни проблеми во 2020 година. Значи, дали Доналд Трамп ...

Словенечката полиција поднесе кривична пријава против премиерот Роберт Голоб за наводно „мешање во полициските работи“, пишува Политико. Извештајот доставен до Специјалното државно обвинителство се заснова на тврдењата на поранешната министерка за внатрешни работи Татјана Бобнар и поранешниот в.д. Иако не е објавена точната природа на кривичното дело споменато во извештајот, Голоб е обвинет за „корупциско злосторство“, пренесуваат медиумите. ...

Три роботски раце стоеја на подиум, секоја со блескава палка во нивните апарати кои личат на раце. „Чудото“ доби задача да диригира со светски познатиот симфониски оркестар на Дрезден на концерт. Тоа беше идејата на уметничкиот директор Маркус Риндт за уникатен начин да се прослави 25-годишнината на оркестарот. „Многу сум заинтересиран за технологијата, сакам да експериментирам и да гледам како може да се развиваат вакви проекти“, изјави тој ...

Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа, е нормализиран, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Во Музеј на македонска борба вечер од 20 часот ќе биде одржан концерт на Весна Ѓиновска Илкова – сопран и Кристина Светива – пијано. На програма се дела од Т. Прокопиев, Р. Аврамовски, С. Стојков, Т. Зографски, Т. Скаловски, С. Голабовски, Ј. Андреевска, Б. Светиев, А. Џамбазов. Весна Ѓиновска Илкова е водечки драмски сопран во Македонија, позната по својата софистицирана вокална техника, музикалност и сценска присутност. Илкова има богата ...

Современата македонска книжевност се претставува на Саемот на книгата во Франкфурт 2024 Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) оваа година по четврти пат ќе ја претставува современата македонска книжевност на 75. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври. Претставувањето на современата македонска книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото оваа година ќе биде под мотото „Одеци на ...

Илон Маск ѝ дал околу 75 милиони долари на својата организација која се бори за победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Америка ПАК (Политички акционен комитет) се обидува да ја зголеми излезеноста на гласачите кои ќе го поддржат Трамп на изборите во клучните сојузни држави, а во периодот од јули до септември потрошил околу 72 милиони долари, покажуваат податоците доставени до федералната изборна комисија. Тоа е повеќе од ...

Од утре (четврток) па во деновите потоа, вклучувајќи го и викендот ќе имаме зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Поради продор на значително постудена воздушна маса од истокот и од североистокот на Европа, температурите позначително ќе опаднат, и тоа за 7 до 8 степени во однос на денешните. Заладувањето најмногу ќе го почувствуваме за време на викендот, кога и температурите ќе бидат најниски и ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
998
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
75%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
88%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
62%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.47

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Бакар

11.66

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28