Австралискиот судија Шон Еванс ќе биде вратен на Светското првенствооткако ФИФА ја заврши истрагата за контроверзниот гест што предизвика широко внимание од јавноста и реакции на социјалните медиуми. Еванс беше помошник на ВАР судијата за натпреварот од Групата Г помеѓу Нов Зеланд и Египет во Ванкувер. Ова беше негов прв ангажман по инцидентот што се случи пред натпреварот помеѓу Германија и Курасао, кога телевизиските камери снимија гест на ...

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек ги скина лигаментите на левиот скочен зглоб за време на натпреварот од групната фаза против Брегот на Слоновата Коска (2-1). Иако Шлотербек го доигра првото полувреме под болки, деталните медицински прегледи и магнетната резонанца потврдија дека пред него претстои пауза од најмалку осум недели. Ова е огромен удар за репрезентацијата предводена од Јулијан Нагелсман. Шлотербек беше еден од ...

Ганскиот исцелител Нана Кваку Бонсам објави дека ќе стави проклетство врз капитенот на Англија, Хари Кејн, пред клучниот натпревар на Светското првенство во вторник. Англија се надева дека ќе обезбеди место во нокаут фазата со победа против Гана, но Бонсам тврди дека ќе ги искористи своите моќи за да го запре Кејн, кој постигна два гола во победата против Хрватска, пишува Дејли Меил. Бонсам, кој веќе ја презеде одговорноста за повредата на ...

Екипата на Тиквеш денеска и официјално ја засили својата екипа на голманската позиција со ангажманот на 24-годишниот чувар на мрежата, Марко Алчевски. За поранешниот младински репрезентативец на Македонија ова претставува враќање на домашната сцена. Тој претходните неколку сезони ги помина градејќи интернационална кариера во редовите на ОФК Белград, како и во тимот на Ерусалим во Израел, каде што настапуваше минатата сезона. Алчевски својата ...

Новата ракометна сезона 2026/27 во македонската Суперлига ќе започне со спектакуларно дерби уште во воведното коло. Денешната ждрепка донесе возбудлив судир во кој освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, на домашен терен ќе го пречека вицешампионот Е. Пелистер. Љубителите на ракометот веднаш ќе сведочат на пресметка меѓу два тима со највисоки амбиции за врвот. Од останатите натпревари во првата рунда, актуелниот шампион Вардар ја ...

Италијанскиот, Тренто објави дека македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски ја искористил опцијата да се откаже од договорот потпишан во летото 2025 година, кој ќе го врзеше со клубот и за сезоната 2026-2027. Тоа значи дека еден од најдобриот наши кошаркари во моментов наскоро ќе има нова средина. За време на неговиот престој во Тренто, Јакимовски одигра 55 официјални натпревари, со просек од 9,2 поени и 4,9 скока, со шут од 52,2% за два поени ...

Жељко Обрадовиќ повторно е тренер на Панатинаикос по 14 години. Денеска се одржа неговата официјална презентација, на која присуствуваше и сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос. На социјалните мрежи се појавија видеа од најголемата грчка сала, на кои може да се види дека многу навивачи дојдоа да го поздрават тренерот со кого Панатинаикос освои пет европски првенства во минатото. „Беа добри и лесни разговори. Никогаш не ја изгубив ...

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Лео Меси беше стрелец на последните пет мундијалски средби на Аргентина. Рекордот во оваа категорија е шест, сопственост на Жист Фонтен од Франција и на Бразилецот Жаирзињо. Австрија примила повеќе од еден гол само еднаш на последните 18 натпревари. Аргентина постигна по три погодоци на своите последни три средби. Ирак ремизираше 1-1 со Шпанија во еден од контролните натпревари во пресрет на овој мундијал. Франција претрпе ...

Репрезентативниот голман на Иран, Алиреза Беиранванд, повторно го привлече вниманието на светската фудбалска јавност, овој пат со брилијантен настап на Светското првенство 2026. Во натпреварот против фаворизираната Белгија, кој заврши без голови (0-0), тој беше клучна фигура во својот тим. Забележа дури седум извонредни одбрани, вклучувајќи неколку реакции на самата гол-линија, што му обезбеди на Иран вреден бод. Неговата интервенција во 59. ...

По четири години, РК Вардар повторно се враќа во Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација и официјално го објави списокот на учесници за следната сезона во Лигата на шампиони. А, со објавата на списокот и официјалната потврда дека Македонија повторно ќе има свој претставник, сега во името на новиот шампион Вардар кој доби вајлд-карта за елитното европско натпреварување. „Вардарци“ на специфичен начин го најавија враќањето во ...

Египет не знаеше за победа од постоењето на светските шампионати, но „фараоните“ со победата над Нов Зеланд не само што се израдуваа на првиот триумф, туку и си го трасираа патот кон нокаут фазата на светските шампионати. Мохамед Салах повеќе од една деценија се носи со очекувањата на нацијата на своите плеќи, но екс-фудбалерот на Ливерпул рано утринава блесна кога беше најважно, и донесе еуфорија меѓу „фараоните“. Еден гол, една асистенција, ...

Натпреварот меѓу Франција и Ирак на Светското првенство би можел да биде прекинат. Пред Светското првенство, многу навивачи стравуваа дека натпреварите често ќе бидат прекинати поради бури. ФИФА претходно одлучи дека секој натпревар на првенството ќе биде прекинат половина час ако има удар од гром во радиус од 13 километри околу стадионот. Во тој случај, за време на 30-минутниот прекин, гром не треба да се слушне уште еднаш за да продолжи ...

Фудбалерите од Зеленортските острови постигнаа историски, прв гол на светските првенства во натпреварот од 2. коло од Групата Х против Уругвај. Тие одиграа 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар обележан со пресврти и драматична завршница. Во 21-та минута од натпреварот, Капе Верде поведе, а стрелец за историјата беше Кевин Пина. Пина стана првиот стрелец на својата земја на светските првенства откако постигна гол од фантастичен слободен удар ...

Европската ракометна федерација и официјално го објави списокот на учесници за следната сезона во Лигата на шампиони. А, со објавата на списокот и официјалната потврда дека Македонија повторно ќе има свој претставник, сега во името на новиот шампион Вардар кој доби вајлд-карта за елитното европско натпреварување. „Вардарци“ по четири години повторно се враќаат во европската елита, со нова предизвикувачка сезона пред себе, како двократен ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Шпанија не знае за пораз на последнит 32 средби во сите натпреварувања (23 победи и девет реми). „Црвената фурија“ е на само три меча од израмнување на сопствената најдолга серија на непобедливост во историјата (35 меча, од февруари 2007 до јуни 2009). Јамал даде гол на возраст од 18 години и 343 дена, ...

Фудбалската репрезентација на Иран по ремито со Белгија, согласно наредбите, веднаш го напушти Лос Анџелес притоа оставајќи емотивна порака која брзо дојде до медиумите. Во рачно напишана белешка во која се споменува и трагичното бомбардирање на училиште за време на иранско-американската војна, Иранците оставиле благодарница во соблекувалната на стадионот СоФи пред да се упатат кон Сиетл, каде што ќе се соочат со Египет. „Од древната Персија ...

Рoj Кин е познат по својата изрека „тоа е негова работа“, а легендарниот Ирец повторно ја употреби денес како стручен коментатор на натпреварите од Светското првенство 2026. Пред натпреварот меѓу Белгија и Иран, Кин се осврна на победата на Англија против Хрватска. Тој верува дека пофалбите за тренерот Томас Тухел за неговиот говор на полувремето се претерани. Англија ја победи Хрватска со 4-2 во Арлингтон, но на полувремето резултатот беше ...

Светското првенство уште еднаш покажа дека најголемите приказни честопати не се само за голови и резултати. Откако Зеленортските острови одиграа спектакуларни 2-2 против Уругвај, вниманието на светската јавност го украде еден трогателен момент на главниот херој на оваа репрезентација – голманот Возиња. Искусниот 40-годишен голман стана еден од симболите на ова Светско првенство по првото коло, кога го водеше Капе Верде до историско реми ...

Белгиската репрезентација не успеа да го скрши отпорот на Иран во натпреварот од второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, а по натпреварот, зборовите на селекторот Руди Гарсија го привлекоа вниманието на јавноста. Многумина очекуваа дека Гарсија ќе биде незадоволен по новиот неуспех на неговата селекција, но овој стручњак изненади со својата изјава по натпреварот. „Не ме интересира резултатот, повеќе ме интересира ...

Египет го победи Нов Зеланд со 3-1 во натпреварот од второто коло од Групата Г на Светското првенство. Иако „фараоните“ први примија гол, успеаја да го свртат резултатот со одлично второ полувреме и да направат голем чекор кон пласман во осминафиналето, забележувајќи ја својата прва победа на Светските првенства во деветтиот натпревар. Нов Зеланд го отвори натпреварот подобро и покажа во првите минути дека нема да игра споредна улога. По ...

Фудбалерите на Уругвај и Зеленортските острови одиграа нерешено 222 во второто коло од Групата Х на Светското првенство. По освоениот бод против Шпанија, африканската селекција стигна до уште еден одличен резултат на Мундијалот, и ја продолжи серијата без пораз на пет натпревари (три победи и две нерешени), додека двократниот светски шампион повторно разочара. Уругвај прво се закани преку Федерико Валверде, но она што следеше беше момент за ...

Белгија прераснува во едно од најнепријатните изненадувања на овој светски шампионат откако „црвените ѓаволи“ и по вториот меч во групната фаза се уште не знаат за победа. Откако во првото коло одиграа 1-1 со Египет, избраниците на селекторот Гарсија вечерва потфрлија и против Иран, играјќи 0-0 против оваа азиска селекција. Гарсија на овој дуел не можеше да смета на Доку, шанса од првата минута доби Ромелу Лукаку, но белгискиот џин не беше на ...

Интер уште во јануарскиот преоден рок покажуваше сериозен интерес за Куртис Џонс, но „нероаѕурите“ не успеаја во намерата да го доведат плејмејкерот на Ливерпул во своите редови. Планот не е откажан, па Интер денеска испрати и официјална понуда во висина од 25 милиони евра, но истата беше експресно одбиена од страна на англискиот гигант. Имено, понудата од загарантирани 20 милиони плус пет милиони преку клаузула е прениска за „црвените“, кои ...

Поранешниот шампион Струга ТЛ објави дека се разделува од уште еден фудбалер, откако беше донесена одлука да биде прекината соработката со Киријакос Мазулуксис. Грчкиот интернационалец минатото лето пристигна во Струга ТЛ од редовите на Паниониос и беше стандарден во таборот на овој тим. Мазулуксис одигра 24 натпревари во дресот на стружани, успеа да постигне и еден гол, но тоа беше недоволно за да се убеди управата да ја продолжи соработката ...

Иран го постигна најубавиот гол досега на овој светски шампионат откако азиската селекција маестрално изведе слободен удар, ја изненади целата белгиска репрезентација со додавање ниско по земја до Тареми, кој мајсторски го совлада Куртоа. За жал, ова ремек-дело на крајот беше поништено, и тоа поради минимален офсајд од стрелецот Тареми, чиј задник беше зад линијата на последните белгиски дефанзивци. Погледнете ја оваа иранска мајсторија, што ...

Жељко Обрадовиќ денеска потпиша тригодишен договор со Панатинаикос, а трофејниот стратег покрај рекордната плата од 3,5 милиони евра по сезона од газдата Јанкопулос добил и ветување за значителни инвестиции во играчкиот кадар. Не е тајна дека Обрадовиќ сака од Партизан да го доведе Бонга, но вистинската трансфер-бомба беше најавена вечерва – Богдан Богдановиќ ќе ја скрати својата авантура во НБА-лигата за да се врати назад во Европа, и тоа ...

Микел Ојарзабал на првиот меч со Зеленортските острови стана прв фудбалер што 30 минути немал допир со топката, но асот на Реал Сосиедад затоа блесна во сиот свој сјај на денешниот меч со Саудиска Арабија. Ојарзабал стартуваше со асистенција до Јамал при водечкиот погодок за „црвената фурија“, на што се надоврза со два постигнати гола, во 21. и во 24. минута, со што Шпанците практично за половина полувреме го решија прашањето на победникот на ...

Слабото издание на Кристијано Роналдо на првиот дуел со Конго (немаше ниту удар во рамките на противничкиот гол) се уште е главна тема во фудбалската јавност. Сестрата на Роналдо ги обвини соиграчите на Кристијано за себичност бидејќи не додавале на неговиот брат, а во целата дискусија се вклучи Консеисао, крилниот офаннзивец кој е задолжен токму за упатување на топки кон шеснаесетникот. „Ние сме среќни што го имаме Кристијано во своите ...

Шпанија лесно и убедливо славеше над Саудиска Арабија со 4-0, во вториот обид стигнувајќи до првата победа на СП 2026. Разочарувачките 90 минути со Зеленортските острови остануваат само во спомените, Шпанците денеска излегоа на терен максимално мотивирани, со бројни удари од самиот почеток торпедирајќи го противничкиот гол. Целата работа беше завршена уште во првото полувреме, а во главна улога беше Ојарзабал. Шпанскиот напаѓач најпрвин му ...

Сениорската репрезентација на Македонија беше поразена со преубедливи 97-68 на денешниот контролен меч со Бугарија што „црвено-жолтите“ го одиграа во Самоков. Селекторот Берокал имаше крајно лимитиран ростер, ако се знае дека во тимот ги немавме Јакимовски, Димитријевиќ, а во последен момент отпадна и капитенот Војдан Стојановски, кај Бугарите недостигаше нивниот најдобар играш Саша Везенков, но домашниот состав сепак издоминира во текот на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
79%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
77%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25