Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Единтсвениот досегашен дуел меѓу Холандија и Шведска на големите натпреварувања уште се прераскажува, бидејќи заврши 0-0 иако имаше дури 77 удари вкупно кон противничкиот гол. Станува збор за пресметка од СП 1974, кога „лалињата“ беа предводени од легендарниот Јохан Кројф. Шведска прими најмалку по еден гол на своите 12 одиграни натпревари. Ниту еден од последните седум мундијалски мечеви на Швеѓаните не завршил нерешено ...
Барселона, Реал Мадрид… се само дел од тимовите за каде се поврзуваше гол машината на Баерн Минхен, Хари Кејн. Англичанецот е главен адут за успех на „Гордиот Албион“ на овој Мундијал, а тој тоа го покажа уште по првиот натпревар против Хрватска. Според германските избори, Кејн веќе донел одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. И покрај големиот интерес, тој веќе им соопштил на челниците на Баерн Минхен дека сака да остане во таборот на ...
Вардар ќе одигра уште четири натпревари на подготовките во Норчија, Италија. Закажани се четирите пријателски мечеви кои почнуваат на 23 јуни, а завршуваат на 30 јуни. Така шампионот на 23. јуни ќе одигра против селекцијата на Умбрија. На 25. јуни ќе ги одмери силите со Норчија Калчо, а на 27. јуни ќе игра со Ла Фиорита, противникот на Вардар од ланското издание на Лигата на Конференции. Пријателските натпревари се заокружуваат на 30. јуни со ...
Поранешниот член на Реал Мадрид и на аргентинската репрезентација Фернандо Гаго, доживеал срцев удар во текот на неговиот тим Универзидад де Чиле против О’Хигинс. 40-годишникот е итно опериран и вграден му е стент. Гаго првите симптоми ги почувствувал пред почетокот на натпреварот. Одлучил да ги игнорира, и сметал дека е само замор, па се фокусирал на натпреварот. Го одработи мечот кој својот тим го доби со 2-0, а потоа на прес-конференцијата ...
Баерн Минхен побрза да го осигура потписот на Исмаел Саибари од ПСВ Ајндховен на самиот почеток од овој мундијал, а сега сите гледаме зошто баварците не сакаа да губат време и да ризикуваат цената на овој офанзивец дополнително да скокне. Саибари постигна прекрасе погодок на отворањето со Бразил, на што се надоврза со одлично издание и еврогол и на синоќешниот дуел со Шкотска. Мајсторски ја избегне офсајд стапицата, а потоа маестрално ја ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Митревски, продолжува во НЦАА. Тој ќе биде дел од Универзитетот Пасифик од градот Стоктон во Калифорнија. 22-годишниот Митревски ги мина сите младински селекции на Македонија. Мина голем дел од кариерата во Феникс, а потоа една сезона играше во ТФТ, а последната сезона ја мина во битолски Пелистер. Од Универзитетот своевремено излезе некогашниот прв пик на НБА Драфтот, Мајкл Оловоканди кој беше ...
Рио Фердинанд, поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, и поранешен соиграч на Кристијано Роналдо, го сподели своето мислење околу ситуацијата во Португалија и играњето на капитенот на Светското првенство 2026 година. Поранешниот репрезентативец смета дека Роналдо треба да влегува во вториот дел кога противникот е уморен, и дека Португалија има шанси да го освои Светското првенство. „Робарто Мартинез плати висока цена за одлуката да го ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… САД е првата селекција во историјата на СП на чии мечеви противниците си дале автогол во првите две рунди од мундијалот. Австралија сега има автогола на ФИФА мундијалите, исто колку и Бугарија, Мароко и Швајцарија, На врвот на оваа листа е Мексико со четири автоголови на СП. Саибари стана втор ...
Нејмар конечно е подготвен да игра за Бразил на Светското првенство оваа година. Првата ѕвезда на тимот ќе биде подготвена за натпреварот против Шкотска во третото коло од групната фаза, откако се опорави од повредата што го мачи со недели. „Нејмар ќе тренира сам во сабота. Во недела ќе го започне процесот на работа со тимот и ќе биде во комбинација за натпреварот против Шкотска “, рече селекторот на Бразил, Карло Анчелоти. Ова е добра вест ...
Нема крај на „сапуницата“ наречена Душан Влаховиќ. Србинот во изминатиот период се поврзуваше со многу клубови. Од Реал Мадрид и Барселона, до Манчестер Јунјатед и Ливерпул, па останува и не останува во Јувентус, потоа Милан, и на крајот ништо од сето тоа. Србинот е на цена и покрај разочарувачката сезона, а сега во приказната се појавува Бешикташ. Новиот тренер Винченцо Италијано добро го познава Влаховиќ од времето кога му беше тренер во ...
Парагваецот Мигел Алмирон испиша историја на начин на кој ќе сака да го заборави што е можно поскоро, откако стана првиот играч на Светско првенство кој беше исклучен затоа што си ја покриваше устата додека разговараше со противнички играч. Инцидентот се случи кон крајот на првото полувреме од натпреварот од Групата Д помеѓу Парагвај и Турција. По прекршок врз соиграчот на Алмирон, Исидро Пита, избувна тепачка и жестока расправија меѓу ...
Фудбалската репрезентација на Турција го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. Поразите од Парагвај и од Австралија ги остави без бодови Турците, кои сега имаат меч со САД, но и ако победат, нема да бидат на едно од првите три места, така што тие веќе почнаа да се подготвуваат за назад. Капитенот Хакан Чалханоглу не го криеше своето ...
За само 65 секунди игра, селекцијата на Парагвај дојде до гол во дуелот против Турција. На крајот тоа ќе се покаже како победнички гол, откако Турците во продолжението на натпреварот, па дури и со играч повеќе во вториот дел не успеаја да извлечат добар резултат од овој дуел, со што веќе полека ги пакуваат куферите за пат накај дома. Се чинеше дека после голот, ќе се гледа еден отворен фудбал, со многу голови, но на крајот остана резултатот ...
Со триумфот од 1-0 над Шкотска, фудбалерите на Мароко направија голем чекор кон пласман во 1/16 финалето на Светското првенство. Мароканците дојдоа рано до предност, а потоа истата ја задржаа до крајот на натпреварот. Во 71. секунда Саибари по една одлична акција и додавање од Брахим Дијаз успеа да ја матира шкотската одбрана, и да донесе предност, а потоа и победа на својата селекција. И во продолжението на мечот Мароканците беа подобри. ...
Петкратниот светски првак Бразил ја оствари првата победа на Мундијалот, откако го совлада Хаити со 3-0 во Филаделфија, со што собра четири бодови кои ќе бидат доволно да се пласира во 1/16 финалето, само останува дилемата дали како прва или втора селекција во групата. Хаити пружи отпор само во првите 20 минути, а потоа до крајот на првиот дел Бразилците постигнаа три гола, и го одлучија победникот. Бразил поведе во 23-тата минута преку Куња. ...
Репрезентацијата на САД по само две кола го осигура пласманот во следната фаза од СП 2026 откако во првиот меч од вечерашната програма ја совлада Австралија со резултат 2-0. Првото полувреме се покажа клучно, домаќинот носен на крилјата по одличната победа над Парагвај во првото коло повторно тргна фуриозно, а таквиот пристап им донесе рано водство. Одличниот продор по левата страна донесе и опасно нафрлување во петерецот, каде дефанзивецот ...
Атлетико Мадрид е на добар пат да заврши одличен трансфер откако шпанскиот гигант ги договори условите со Алехандро Грималдо, левиот бек на Баер Леверкузен кој е подготвен да се врати назад во татковината. Грималдо лани остана покажувајќи лојалност кон „фармацевтите“ кога главните ѕвезди Вирц, Џака и Фримпонг решија да си заминат, тој сега има само уште една година од договорот, а Баер ќе му излезе во пресрет и ќе дозволи негово заминување за ...
Во ноќта кога во фокусот е мундијалскиот фудбал, пристигнува неверојатна вест што не е поврзана со СП 2026. Легендарниот Роналдињо е подготвен за камбек на фудбалските терени, и тоа во италијанската Серија Ц како член на Равена. Газда на овој клуб е милијардерот Игнацио Чиприани, Равена сезонава за малку не влезе во Серија Б, што беше само мотив плус за управата да тргне во создава на уште посилен играчки кадар, почнувајќи од потписот на ...
Ненад Димитријевиќ и Баерн Минхен ќе мора да играат мајсторка во обид да стигнат до титулата во Бундес-лигата откако го загубија вечерашниот четврти финален дуел со Алба, во Берлин со резултат 71-61. Баерн влезе со водство од 2-1 во овој дуел, охрабрен по последниот триумф во Берлинг, но Димитријевиќ и соиграчите овојпат потфрлија во нападот во второто полувреме (само 16 поени за 20 минути), што се покажа како клучен фактор за Алба да слави ...
Фенербахче го претстави првото засилување за наредната сезона, откако потпиша тригодишен договор со Ведат Муричи. Најдобриот косовски голгетер ги бранеше боите на Фенербахче во сезоната 2019-20 по што се пресели во Лацио, а Муричи од неколкуте понуди по заминувањето на Мајорка за избра токму онаа за камбек во Фенер. Тој потпиша тригодишен договор со турскиот вицешампион, не криејќи го задоволството што станува дел од овој турски фудбалски ...
Барселона нема намера да го ангажира Мајк Џејмс откако каталонците во последен момент ги променија плановите за летниот преоден рок и ги откажаа преговорите со извонредниот поентер на Монако. Искусниот Американец беше виден како „сигурно засилување“ за Барса, но неговиот темперамент и проблемите што ги правеше во последните клубови на крајот се покажаа како клучен фактор – каталонскиот тим да се премисли и вниманието да го насочи кон други ...
Златан Ибрахимовиќ и Тиери Анри веќе извесен период се фудбалски пензионери, но легендарните голгетери денеска покажаа дека се уште се велемајстори на оваа игра. Двајцата се дел од СП 2026 како стручни аналитичари, а слободното време пред денешната програма го искористија за да покажат за какви мајстори станува збор. И направија шоу за сите присутни… Class is permanent 😮💨👌 🎥 @Ibra_official @FOXSoccer pic.twitter.com/8EgikvctFD — 433 ...
Легендата на фудбалот во поранешна Југославија и екс-селектор на БиХ, Сафет Сушиќ, упати отворена критика околу тактиката на селекторот Сергеј Барбарез на синоќешниот дуел со Швајцарија. Босанците не заслужија така убедлив пораз од 1-4, но Сушиќ како и голем дел од јавноста во оваа земја беа преразочарани од слабата креација на својата селекција. „Штета, да не беше црвениот картон најверојатно ќе завршеше 1-0, овие 4-1 дефинитивно се резултат ...
Фудбалерите на Шкендија успешно ги стартуваа подготовките за новата сезона, славејќи на првиот контролен натпревар што македонскиот вицепрвак го одигра во Терме Чатеж, Словенија. Ривал на тетовските црвено-црни беше словенечкиот прволигаш Копер, кого Шкендија успеа да го совлада со 2-1, со два гола постигнати во второто полувреме. Копер имаше предност по првиот дел со голот на Ирабор во 11. минута, но Шкендија направи целосен пресврт, ...
Врие во португалската репрезентација по слабото издание и ремито во првото мундијалско коло против Конго. И додека голем дел од јавноста вината ја насочува кон Кристијано Роналдо обвинувајќи го големиот ас за себичност, дополнителен хаос создаде неговата сестра Катја Авеиро, која јавно ги критикуваше останатите португалски ѕвезди… Таа преку објава на социјалните мрежи ги обвини останатите репрезентативци дека не го проигрувале нејзиниот брат, ...
Поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт, се извини откако за време на телевизискиот пренос од натпреварот меѓу Холандија и Јапонија на Светското првенство изјави дека јапонските играчи „сите личат еден на друг“, објавија британските медиуми. Ван дер Варт, кој работеше како стручен коментатор за холандската телевизиска станица НОС, даде контроверзен коментар анализирајќи ја ситуацијата за време на израмнувачкиот гол на ...
Македонската футсал репрезентација ги дозна своите противници за главната квалификациска рунда за Светското првенство во футсал 2028 година, по денешната ждрепка која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Нашата селекција се најде во исклучително силна група, каде за противници ќе ги има велесилата Шпанија и секогаш незгодната Финска. Квалификациските натпревари е предвидено да се одиграат во периодот од декември 2026 година до март 2027 ...
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукурела е едно од најголемите засилувања на Реал во овој преоден рок. Барселона, каде што порасна, исто така беше заинтересирана, но тој сепак го избра својот најголем ривал. Иако Kукурела ја посетуваше познатата Ла Масија, тој никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим. Но, во меѓувреме, тој се прослави во Премиерлигата, како и во репрезентацијата. Двата најголеми шпански клуба се бореа за него, а тој го ...
Ракометниот суперлигаш Прилеп го потврди враќањето на Стефан Лозаноски во клубот. По една сезона помината во Грција, Лозаноски повторно се враќа во својот матичен клуб, носејќи со себе дополнително искуство, зрелост и квалитет стекнати на меѓународната сцена. Стефан е добро познато име за прилепската публика, ракометар кој секогаш го дава максимумот на теренот и со голема посветеност ги брани боите на својот клуб. „Неговото враќање ...
Иран планира да поднесе жалба до ФИФА поради ограничувањата за патување со кои се соочува нејзината репрезентација во САД на Светското првенство. Поради неизвесноста околу визите и конфликтот со САД, иранската репрезентација патува од својата база во Мексико, ко-домаќин на турнирот, за своите три натпревари од групната фаза во САД. Американските власти бараат од нив да влезат на територијата на САД во рок од 24 часа пред натпреварот и да ...