
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Џошуа Кимих треба да ја знае судбината за продолжување на соработката со Баерн во наредните недели, но клубот од Минхен не брза да донесе одлука. Планот на германскиот репрезентативец беше да донесе одлука до следната репрезентативна пауза, но баварскиот клуб не го стори тоа барем до овој момент. Кимих и Баерн влегоа во преговори околу нов договор и германскиот репрезентативец не би имал ништо против да остане на „Алијанц Арена“, но … Во игра не ...
Црвена Звезда во битката за директен пласман во четвртфиналето во Евролигата ја очекува тежок натпревар против Баерн Минхен во Германија, а пред истиот навивачите на „црвено-белите“ добија добри вести. Дел од тимот ќе биде Филип Петрушев, одличниот крилен центар кој оваа сезона е еден од лидерите на тимот на Јанис Сферопулос. Постоеше неизвесност дека Петрушев ќе ја пропушти денешната средба поради болест, и покрај тоа што отпатува со составот ...
Бразилскиот чувар на мрежата, Алисон Бекер одигра фантастичен натпревар против ПСЖ во осминафиналето во Лигата на Шампионите, бранејќи девет обиди на противникот. За неверојатниот настап во Париз доби пофалба и од страна на тренерот Арни Слот кој го нарече најдобриот голман на светот. „Алисон е најдобриот голман на светот. Никогаш не сум видел некој да брани на такво ниво. Беше неверојатен во секој момент од натпреварот“, изјави Слот. Крадењето ...
Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни осум натпревари по кои на победи се радуваа Бостон, Минеоста, Кливленд, Вашингтон, Милвоки, Денвер, Оклахома и ЛА Клиперс. Меѓу најубавите потези на вечерта место имаше и за Никола Јокиќ, српскиот центар на Денвер кој имаше одлична асистенција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е ...
Лаутаро Мартинез имаше причина да биде горд на себе откако со голот постигнат во Ротердам против Феенорд стана најдобар стрелец во историјата на Интер кога станува збор за број на погодоци во Лигата на Шампионите. Синоќешниот гол беше вкупно 18. на Лаутаро за Интер во ЛШ, со што тој ја остави зад себе клупската легенда Сандро Мацола со 17 погодоци. Веднаш по мечот, Лаутаро уште еднаш ја потенцираше лојалноста кон „нероаѕурите“ истакнувајќи дека ...
Ракометарите на Е. Пелистер вечерва во 20.45 часот во Битола го пречекуваат ПСЖ во рамките од последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите, меч што нема да има преголемо резултатско значење за македонскиот првак ако се знае дека „пелистерци“ не успеаја да излезат како победници во трката со Висла за место кое води во нокаут фазата од елитното европско натпреварување. Без оглед на фактот што нокаут фазата остана недостижна, ...
Њукасл се надева на освојување на трофеј во англискиот лига-куп откако „црно-белите“ се пласираа во големото финале во кое на 16 март за противник ќе го имаат Ливерпул. Лидерот во Премиер-лигата секако ќе ја има фаворитската улога, а шансите на Њукасл дополнително се намалуваат откако Еди Хау се здоби со сериозни проблеми околу составот, и тоа на петнаесетина дена пред големото финале. Главоболките почнаа со црвениот картон што Ентони Гордон го ...
Ненад Димитријевиќ не го крие разочарувањето што со македонската репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Евробаскет 2025. Според него, повредите на важни играчи оставија трага врз нашата игра, а Димитријевиќ го критикуваше и системот за натпреварување на ФИБА, ако се знае дека ние бевме во група со Полска, која како ко-домаќин имаше обезбедено билет за ЕП и без посебна мотивација ги играше своите натпревари. „Сите толку многу сакавме да ...
Харви Елиот можеби го постигна победничкиот гол за Ливерпул во Париз, но нема дилема кој беше човек на одлука на мега-пресметката на „Паркот на Принцовите“. Алисон Бекер бранеше фантастично во текот на сите 90 минути, запирајќи ги сите девет удари кои одеа во рамките на неговиот гол. Комплименти за изданието на голманот на Ливерпул доаѓаат од сите страни, а и тој самиот не го криеше воодушевувањето од изданието на овој исклучително тежок ...
Стратегот на Бенфика, Бруно Лаж не го криеше разочарувањето по поразот на неговиот тим од Барселона со 0-1, во меч во кој португалскиот гигант околу 70 минути имаше играч повеќе на теренот по црвениот картон на Кубарси. Бенфика пропушти бројни шанси, а на спротивната страна една грешка на Антонио Коста и подарена топка на Рафиња придонесе Бразилецот да постигне гол од над 20 метри и да донесе голема победа на каталонскиот гигант. „Ова беше ...
Француската Фудбалска Федерација го казни Пауло Фонсека со неверојатна деветмесечна суспензија поради црвениот картон што тренерот на Лион го доби на неделниот дуел со Брест. Фонсека влезе во жесток дуел со судијата Беноа Мијо, фудбалерите на Лион спречија уште поголем инцидент, а дисциплинската комисија му ја одреди највисоката санкција на португалскиот стратег. Според неа, Фонсека до 30 ноември нема да може да седи на клупата, додека до 15 ...
Баерн Минхен со доминантна победа на домашен терен над Баер Леверкузен од 3-0 широко си ја отвори вратата кон четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Дамка на триумфот остави единствено повредата на Мануел Нојер, и тоа максимално бизарна откако искусниот голман самиот се повреди трчајќи при прославата на вториот гол за баварскиот гигант и сега ќе мора да паузира извесно време. „Точно е дека Ману се повреди при прославата на голот, но немам ...
Луис Енрике не го криеше разочарувањето откако ПСЖ загуби на домашен терен од Ливерпул со 0-1, во дуел во кој неговиот тим целосно доминираше, но не успеа да го најде патот до мрежата крај извонредниот Алисон Бекер. „Секако дека сме разочарани, со она што го прикажавме на теренот заслуживме резултатот на семафорот да биде сосема поинаков. Ливерпул никогаш не изгледал вака сезонава, тоа не беше по нивна желба, туку затоа што ние направивме да се ...
Ливерпул ја забележа најсреќната победа оваа сезона откако „црвените“ триумфираа со 0-1 на гостувањето против ПСЖ, со единствениот шут кон противничкиот гол што го реализираше „резервистот“ Харви Елиот. Голманот Алисон Бекер беше убедливо најдобар поединец на натпреварот, а Арне Слот по мечот даде искрена проценка за случувањата на теренот. „Во првото полувреме како да седевме и да чекавме да ни дадат гол. Проблемот беше очигледен, па направивме ...
Џејмс Харден беше во главна улога на дуелот меѓу ЛА Клиперс и Детроит, што домашниот тим го доби со 123-115 токму благодарение на извонредното издание на својот поентер. Клиперси во тимот ги немаа Паулер, Ленард, Џонс џуниор и Симонс, што беше причина Харден почесто да ја има топката во своите раце. Тој знаеше како да го искористи тоа, постигнувајќи 50 поени за прекин на серија од три порази на ЛА Клиперс. Ова беше прва „50-ка“ на кошаркар на ЛА ...
Фудбалерите на Ливерпул на неверојатен начин стигнаа до победа на гостувањето кај Пари Сен Жермен (0-1) во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Домаќините имаа преку 30 шута на натпреварот, еден гол поради минимален офсајд (Квараскелија) им беше поништен, а на крајот гостите по својот прв удар кон голот на Донарума стигнаа до полн плен. Клучниот момент се случи во 87. минута, само една минута откако Харви Елиот ...
Фудбалерите на Барселона во еден интересен натпревар стигнаа до победа на гостувањето кај Бенфика (0-1) во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. По само 25 минути игра гостите останаа со фудбалер помалку откако младиот Пау Кубарси доби директен црвен картон. Напаѓачот на Бенфика излезе пред противничкиот голман, а младиот Кубарси сакајќи да ја исправи грешката се обиде да ја освои топката, но го фаулираше Павлидис ...
Ти Џеј Шортс и неговиот Париз забележаа нов пораз недела во Евролигата. Откако во понеделникот во заостанатиот натпревар беа поразени од Фенербахче, вечерва тие доживеаја пораз на домашен терен од Монако 79-91 во француското дерби како дел од 28. рунда. Гостите во текот на целиот натпревар беа подобар противник и во ниту еден момент не му дозволија на домаќинот да се понадева дека може да стигне до поволен резултат, па на крајот и повеќе од ...
Ракометарите на Алборг ремизираа 29-29 на гостувањето кај Нант и со тоа го освои второт место во групата Б и обезбеди директен пласман во четвртфиналето од новата сезона во Лигата на шампионите. Домаќините многу подобро го отворија натпреварот и по 30 минути игра имаа позитива од четири гола 18-14. Гостинскиот тим заигра многу подобро во вториот дел и успеа да го одведе натпреварот во неизвесна завршница откако на минута до крајот израмни на ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФАО) подготвува награден фонд од милијарда долари за клубовите кои ќе учествуваат на годинашното Светско клупско првенство, прво што ќе се игра во нов формат. Повикувајќи се на повеќе извори, Би-Би-Сипишува дека 32 клуба, од кои 12 се од Европа, ќе поделат една милијарда долари на овогодинешното Светско клупско првенство. Тоа секако би било клупско натпреварување со најголем награден фонд. ФИФА се бореше да ...
Баерн Минхен има предност од 1-0 на полувреме против Баер Леверкузен во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот погодок досега на мечот беше Хари Кејн кој го матираше противничкиот голман во 9. минута. Bayern Munich [1] – 0 Bayer Leverkusen – H. Kane 9' byu/dotuan211 insoccer На преостанатите два меча од вечерашната понуда стојат почетните 0-0. Барселона остана со фудбалер помалку на ...
Фудбалерите на Барселона по само 25 минути игра остануваат со фудбалер помалку откако младиот Пау Кубарси доби директен црвен картон на гостувањето кај Бенфика во осминафиналето од Лигата на шампионите. Напаѓачот на Бенфика излезе пред противничкиот голман, а младиот Кубарси сакајќи да ја исправи грешката се обиде да ја освои топката, но го фаулираше Павлидис по што доби директен црвен картон. Pau Cubarsi (Barcelona) straight red card against ...
Реал Мадрид славеше со 2-1 во градското дерби против Атлетико Марид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампиони, во меч кој го одбележа Федерико Валверде. Уругваецот кој стандардно е во средината на теренот го прифати предизвикот да ја покрие проблематичната позиција десен бек и фантастично се снајде на неа. Покрај тоа што беше одличен во одбраната, успеа и да асистира за голот на Родриго па доби големи пофалби од страна на ...
Едно од најдобрите леви крила во 21. век, Русинот, Тимур Дибиров вечерва го одигра својот последен натпревар во Лигата на шампионите за неговиот ППД Загреб. По крајот на мечот против Кјелце почнаа да стигаат пораки на благодарност од целиот ракометен свет, а порака имаше и двократниот европски шампион, македонскиот РК Вардар кој токму со Русинот ги освои двете титули во Лигата на шампионите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Фудбалерите на Интер направија голем чекор кон пласман меѓу осумте најдобри на „стариот континент“ откако во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите славеа на гостувањето кај „десеткуваниот“ Феенорд со 0-2. Холанѓаните имаа големи проблеми на овој меч бидејќи дури 14 фудбалери му недостасуваа на Робин ван Перси, а за мечот мораше да пријави дури пет фудбалери од младинскиот тим. Турам во 38. минута донесе водство од 0-1 за ...
Ракометарите на Kјелце некако успеаја да се пласираат во нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако вечерва во последното коло од групната фаза славеа на гостувањето кај ППД Загреб со 26-27. Kaдах и Наи со по пет гола беа први имиња кај победникот, додека кај Загреб Главаш постигна исто така пет гола. Овој натпревар беше последен во Лигата на шампионите за легендарниот руски ракометар Тимур Дибиров кој во кариерата единствените две титули во ...
Српскиот репрезентативец Филип Петрушев се чини дека ќе му биде на располагање на тренерот на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос за тешкото гостување кај Баерн Минхен во 28. коло од Евролигата. Еден од клучните кошаркари на белградскиот евролигаш не се чуствуваше добро пред авионското патување за Минхен и се очекуваше дека ќе остане во Белград, но е дел од експедицијата која замина во Германија. Петрушев оваа сезона бележи просек од 13.8 поени и ...
Орландо Меџик се соочува со огромен проблем бидејќи остана без услугите на најдобриот кошаркар, Џејлен Сагс до крајот на сезоната поради повреда. И покрај тоа што постоеше голем оптимизам дека Сагс ќе се врати на теренот по поведата на левото колено, тој почувствувал нови болки пред натпреварот против Кливленд по што деталните медицински прегледи утврдиле голем проблем во пределот каде што се составуваат бутната коска и чашката на коленото. ...
Јувентус веќе го договори првиот трансфер за наредната сезона откако „старата дама“ ги среди сите детали околу ангажманот на Давид Ханко од Феенорд. „Црно-белите“ го имаа 27-годишниот Словак на врвот на листата со желби кога станува збор за одбраната и во текот на зимскиот преоден рок, но Феенорд одбиваше воопшто да преговара за зимски трансфер во ситуација кога голем дел првотимци на холандскиот гигант се повредени. Двата клуба уште во февруари ...
Џошуа Кимих е се поблиску до заминување од Баерн Минхен по повлечената понуда за нов договор од управата на баварскиот гигант. Последните информации велат дека германскиот репрезентативец е многу блиску до преселба во ПСЖ, откако францускиот првак испратил понуда што медиумите во Германија ја опишуваат како „неодолива“. Имено, 30-годишниот Кимих ќе може да потпише четиригодишен договор со ПСЖ за плата од над 20 милиони евра по сезона, сума ...