Пред клучниот натпревар од третото коло од групата против Катар, Босна и Херцеговина остана без Амар Дедиќ, кој го пропушти последниот тренинг поради здравствени проблеми и многу е сигурно дека нема да биде во составот за вечервашниот меч. Неговото отсуство е сериозен проблем за тренерот Сергеј Барбарез, со оглед на тоа што е еден од важните играчи во дефанзивната линија. Дополнително, Босна и Херцеговина е без Тарик Мухаремовиќ, кој е ...

Мартин Алаѓозовски е стратегот што ја доби довербата на раководството на Беласица да ги води струмичките „сино-бели“ во новата второлигашка сезона. Неколку дена по официјализацијата на разделбата оа тренерот Стојанов, стручани денеска потврдија дека за нов шеф на стручниот штаб е именуван Алаѓозовски. Овој млад стручњак минатата сезона седеше на клупата на АП Брера, не успеа да го спаси овој тим од испаѓање по што се повлече од функцијата. ...

Англија не успеа да слави на дуелот со Гана на кој беше аутсајдер, а кога Хари Кејн промаши зицер од пет метри многумина се сетија на објавата на врачот од Гана, Нана Кваку Бонсам, кој пред неколку дена најава дека му фрла клетва на англискиот капитен за да не може да даде гол против оваа африканска селекција. Истиот врач денеска се јави со нова објава, со видео во кое ја тргнува клетвата од Англичанецот преку неговата вуду-кукла, најавувајќи ...

Доминик Ливаковиќ бранеше извонредно на голот на Хрватска и беше меѓу најзаслужните во победата над Панама, но одличниот голман веднаш по натпреварот доби лоша вест – дека нема да му се исполни желбата да застане на голот на Бешикташ. Ливаковиќ е под договор со Фенербахче, но овој турски клуб воопшто не смета на неговите услуги и веќе му порача на Доминик дека може да си бара нов клуб. Хрватот сакаше да се докаже во турскиот фудбал и ...

Миодраг Тодоровиќ, младиот стратег кој приреди огромно изненадување со пласманот во големото финале од плејофот со тимот на Маџари, изненадувачки го напушти скопскиот суперлигаш и се пресели на кормилото на Кожув. Тодоровиќ извонредно го водеше Маџари, со лимитиран буџет најпрвин влегувајќи во Топ 6, потоа и во плејофот, за таму да го елиминира ТФТ со 2-0 и да обезбеди пласман во големото финале, резултати со кои дефинитивно го заслужува ...

Екипата на Силекс денеска претстави две нови засилувања, потпишувајќи договори со Нихад Шеро и со Есмир Хусакиќ, странски фудбалери кои би требале да бидат од значајни адут на Александар Васоски во новата натпреврувачка сезона. Шеро е офанзивен фудбалер кој ќе треба да ја засили навалната линија на кратовци, тој пристигнува од босанскиот претставник Челик, а претходно ги има брането боите на уште неколку тимови од БиХ. Хусакиќ е корпулентен ...

Кристијано Роналдо на најдобар можен начин ги замолкна критичарите, откако постигна два гола против Узбекистан и ја предводеше Португалија до првата победа на овој мундијал. Големиот ас не го криеше задоволството од својот настап, потенцирајќи дека веќе се навикнал да се носи со честите критики кои пристигнуваат на негова адреса. „Зад нас беше тешка недела за сите, особено за селекторот кој беше жестоко критикуван. Имаше и коментари на моја ...

Сениорската репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Aндреј Јакимовски од вчера се приклучи на подготовките на националниот тим, се очекува крилниот кошаркар да настапи на претстојната контрола со Бугарија, а потоа и да ја предводи Македонија во завршните две средби од претквалификациите, против Ирска и Луксембург. „Не ...

Новиот тренер Ибон Наваро пред неколку дена пристигна во Белград, а Црвена Звезда денеска го претстави и првото засилување за анредната сезона. Американскиот плејмејкер Крис Џонс е ново име во таборот на белградските црвено-бели откако искусниот плејмејкер реши да си замине од Хапоел Тел Авив, а од неколкуте понуди на маса ја избра токму онаа на српскиот клуб. Џонс потпиша двогогипшен договор со „црвено-белите“ и ќе претставува замена за Коди ...

Кил експресно го реши тренерското прашање по разделбата од Филип Јиха откако денеска беше официјализирана соработката со Берге Лунд, норвешкиот стратег кој во следниот период ќе седи на клупата на германскиот ракометен гигант. Лунд своевремено и како играч ги бранеше боите на Кил во периодот од 2007 до 2010 година, освојувајќи три титули во Бундес-лигата и една во Лигата на Шампионите. По завршувањето на играчката кариера тој заплови во ...

Интер неочекувано остана со празни раце во трката по Марко Палестра, па иако десниот бек веќе беше виден како ново име на „Џузепе Меаца“, тој на крајот сепак кариерата ќе ја продолжи во дресот на Челси. Десниот бек беше главна желба на италијанскиот првак како замена за Дамфрис и се чинеше дека сите детали се веќе средени, за вкупен пакет од 50 милиони евра плус процент од следниот трансфер. Ситуацијата се промени буквално во „пет до ...

Европската куќа на ракометот по финиширањето на фајналфор турнирот ја објави и официјалната листа од десетте најубави погодоци во изминатата сезона од Лигата на Шампионите. Апсолутно заслужено, на врвот се најде македонскиот ас Дејан Манасков, со неповторливиот погодок што нашето лево крило го постигна против Барселона, фаќајќи цепелин по долгото додавање на голманот Митревски и сместувајќи ја топката во мрежата на Емил Нилсен. Зад Манасков ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? БиХ има само една победа на последните осум одиграни средби во рамките од 90 минута (пет реми два порази). Меѓу нив и ремито со Македонија на мечот одигран во Сараево во пресрет на ...

По речиси 200 порази во претходните три сезони, Вашингтон Визардс го направија првиот голем чекор кон нов почеток. Како прв избор на НБА драфтот, го избраа крилниот играч од Универзитетот Бригам Јанг, Еј-Џеј Дибанца. Визардс се одлучија за талентираниот 19-годишник пред бекот на Канзас, Дерин Петерсон, кој важеше за втор најдобар играч на генерацијата. Дибанца и Петерсон важеа за двајцата најперспективни кошаркари на драфтот во текот на ...

Селекторот на машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари за престојното ЕХФ Европско првенство кое ќе се одржи во Србија. Собирот за подготовките за настапот на европскиот шампионат ќе се одржи на 6 јули (понеделник ) со почеток од 17 часот, во спортската сала Јане Сандански во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...

Кристијано Роналдо неколку дена беше мета на жестоки критики од сите страни по оној прв дуел со Конго. И како што тоа го прави низ целата кариера, Португалецот одговори на вистински начин – со маестрално издание на терен и два постигнати погодоци, за место во историјата како прв играч што се запишал меѓу стрелците на шест различни мундијали. Оној првиот рутинерски, како безброј пати во кариерата, но многу важен за да се отвори резултатот во ...

Бутел од Скопје го промовираше искусниот македонски голман Градимир Чаневски како свое ново засилување за престојната сезона во Суперлигата. Чаневски по четири сезони повторно се враќа во Бутел каде претходно мина една година. „Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот наш тренер Стојанче Стоилов“, порачаа од Бутел Скопје. ...

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино гостувајќи на американската телевизиска станица Фокс, изјави дека по финалето на Светското првенство, трофејот на победникот ќе му го врачи американскиот претседател Доналд Трамп. „Претседателот и јас ќе уживаме во финалето заедно и, секако, заедно ќе му го предадеме трофејот на победникот“, рече Инфантино. Односот меѓу Инфантино и Трамп е исклучително пријателски, што ...

ЖРК Вардар за новата сезона се засили со една од најталентираните македонски ракометарки, младата голманка, Maрија Дуноска. Младата Дуноска, која настапуваше досега за екипата на Стружанка, беше прогласена за најдобра кадетска голманка за изминатата сезона во македонскиот ракомет, издвојувајќи се и со настапите во младите селекции на Македонија освојувајќи го и светското сребро во УС. „И посакуваме добро дојде на девојката која од Стружанка ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата што постигнал голови на шест различни мундијали, на секое светско првенство почнувајќи од 2006 па се до ова во 2026. Ова е трета победа на Португалија на СП со пе или повеќе голови разлика, по онаа над Кореја со 7-0 во 2010 и над Швајцарија со 6-1 ...

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, се обиде да најде позитивни аспекти по неочекуваното реми со репрезентацијата на Гана (0-0) во второто коло од Групата Л на Светското првенство. По две кола, и Англија и Гана имаат сега по четири бода, додека Хрватска има три. Посебно ќе се памети големата пропуштена можност на капитенот на Англија, Хари Кејн, на крајот од натпреварот, кога ја пропушти клучната можност да му донесе победа ...

Селекторот на Гана, Карлос Кеирош, не го криеше своето незадоволство по ремито без голови против Англија на Светското првенство, велејќи дека неговата репрезентација е оштетена за чист пенал и исклучување. Иако Англија доминираше во поседот на топката и ја имаше топката во свои нозе дури 79% од времето, репрезентацијата на Гана успешно се спротистави на притисокот и стигна до важен бод во Групата Л. Сепак, Кеирош верува дека неговата ...

Шкендија Арачиново за новата сезона, во кој ќе игра во прволигашката конкуренција, се засили и со крилниот офанзивец Вилдан Керим. 31-годишниот Керим доаѓа од екипата на Пелистер, каде настапуваше изминатава сезона. Претходно во својата кариера има настапи и за турските екипи Караман и Сарајону, како и за Скопје, Вардар, Гостивар, Детонит Плачковица во македонските шампионати. Има настапи и за Дукаѓини и Дреница во косовското првенство. ...

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието откако ги замолчи критичарите со два гола во победата на Португалија, а Златан Ибрахимовиќ ја коментираше неговата изјава дека се „вратил“. По бледата игра и ремито 1-1 против Конго во првиот натпревар, португалската јавност и аналитичарите бараа 41-годишниот напаѓач да биде преместен на клупата. Дебатата за улогата на Роналдо во тимот на тренерот Роберто Мартинез стана главна ...

Англиски репрезентативец Џед Спенс одби да се ракува со фудбалерот на Гана, Томас Парти пред натпреварот на Светското првенство меѓу Англија и Гана. Англиската фудбалска асоцијација (ФА) претходно им даде слобода на играчите сами да одлучат дали да се ракуваат со контроверзниот играч од средниот ред. Тврдења за силување во позадина на инцидентот Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Томас Парти, чека судење во Лондон по обвинение за ...

Завршен е вториот круг натпревари на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Па, веќе се познати седум репрезентации кои обезбедија пласман во елиминациската фаза од натпрварите, место во 1/16-финалето на шампионатот. Тоа се двете селекции домаќини Мексико и САД, како и Франција, Норвешка, Аргентина и Колумбија. Познати се веќе и шест селекции кои се елиминирани од првенството, а натпреварите од последното, трето, коло по групи за ...

Хрватска со победата од 1-0 над Панама успеа да го спаси Мундијалот 2026 за себе, останувајќи во последното коло да ја брка и натаму можноста за место во елиминациската фаза. Единствениот гол на натпреварот го постигна Анте Будимир во 54. минута, со што Хрватска освои вредни три бода пред одлучувачките натпревари во групата. Средбата дополнително го одбележа големиот јубилеј на капитенот Лука Модриќ, кој го имаше својот 200-ти настап во ...

Колумбија го победи Конго со 1-0 во последниот натпревар од 2. коло на Светското првенство, во рамките на групата К. Колумбијците го задржаа својот максимален учинок, го обезбедија своето место во осминафиналето на Светското првенство и го освоија првото место на табелата со шест бода, кое ќе треба да го бранат против Португалија во недела од 01:30 часот и, доколку останат непоразени, ќе „изберат“ полесен пат низ продолжението на турнирот. ...

Хрватска ја победи Панама со 1-0 во натпреварот од 2. коло од Групата Л на Светското првенство, и на тој начин го преживеа Мундијалот. Во случај на пораз, а секако и нерешено, Хрватите ќе ги загубеа сите шанси за нокаут фазата. Вака, со три бода од два натпревари, тие го чекаат третото коло против Гана во уште еден натпревар од изданието „да се биде или не“. Победа или бод би го обезбедиле второто место за Гана, додека само победа и гарантира ...

По победата над Хрватска од 4-2 на отворањето на Светското првенство 2026, репрезентацијата на Англија „удри во ѕид“ во 2. коло од натпреварите во Групата Л. Англичаните, и покрај огромната фаворитска улога, не успеаја да го оправдаат квалитетот на хартија ремизирајќи без голови со селекцијата на Гана. Во малку интересен натпревар, Англија повеќе напаѓаше во желбата за три бода, посебно во второто полувреме, но сето тоа максимално јалово без ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
79%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
77%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07