Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Македонскиот ракометен стратег Горан Кузманоски официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на кипарскиот клуб СПЕ Строволу од Никозија. По успешната работа во Бутел Скопје, Кузманоски ја презема функцијата со цел да го предводи клубот кон реорганизација и излез на меѓународната ракометна сцена. „Возбудени сме што го пречекуваме нашиот нов главен тренер на машката екипа, Горан Кузманоски. Горан е многу познат поранешен играч и тренер. ...
Изјавата на Хулијан Алварез веднаш по победата на Аргентина над Австрија од 2-0 на Светското првенство во Северна Америка го потресе фудбалскиот свет, бидејќи 26-годишниот напаѓач потврди она што се шпекулираше, дека сака да го напушти Атлетико Мадрид. „Најдоброто нешто за мене е трансфер, сакам да го остварам својот сон“, рече Алварез, чиј договор со „јорганџиите“ од шпанската престолнина е до летото 2030 година. Иако „Пајакот“ не ја спомена ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Лео Меси се искаи на врвот на листата на стрелци на сите времиња на светските првенства, минувајќи го рекордот на Мирослав Клосе од кого имаше три гола помалку пред почетокот на овој мундијал. Меси сега има 18, а Клосе 16 мундијалски погодоци во кариерата. Аргентина славеше на првите два меча на еден ...
Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Столе Солбакен, изјави дека тимот ќе му помогне на Ерлинг Халанд да одигра повеќе натпревари на Светското првенство за да постигне повеќе голови. „Денеска тој пропушти отворена можност, а можеше да постигне дури четири гола. Мислам, тој е најдобриот напаѓач, не игра за Франција или Аргентина, туку постигнува за Норвешка. Сега има четири гола, по два на најголемата сцена“, рече Солбакен по ...
Голем трансфер во шпанскиот фудбал е на повидок… Барселона сака да го доведе Хулијан Алварез, но неговиот клуб Атлетико Мадрид одби понуда вредна сто милиони евра. Наводно, Барса веќе се договорила со Аргентинецот, кој е подготвен да започне ново поглавје во својата кариера, две години откако се пресели од Манчестер сити во мадридскиот клуб во трансфер вреден 95 милиони. „Најдоброто нешто за мене е трансферот, сакам да го исполнам мојот сон“, ...
Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Аргентинскиот ас постигна два гола против Австрија во второто коло од Светското првенство и уште еднаш покажа дека дури и на крајот од кариерата не престанува да пишува историја. Аргентина стигна до голем триумф преку својот капитен, а Меси дополнително го зацврсти својот статус на најголем играч што фудбалот некогаш го видел со нови голови. Неговиот настап против Австрија ...
Долго време американските медиуми пишуваа за можното заминување на Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс, а сега тоа се случи. Еден од најдобрите играчи во историјата на франшизата оди во Мајами, објавува официјалната веб-страница на НБА. Хит ги добија Јанис и Боби Портис во оваа размена, а испратија четири играчи во Милвоки. Тајлер Херо, Келел Вер, Хаиме Жакес Џуниор и Каспарас Јакучионис ќе станат нови играчи на Бакс, кои, го добија и 13-тиот ...
Фудбалерите на Алжир ја запишаа првата победа на Мундијалот, откако рано изутринава славеа со пресврт над Јордан од 1-2 во натпревар од 2. коло од групата Ј на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Дебитaнтот на шампионатите имаше предност по првото полувреме од 1-0 откако во првиот дел во листата на стрелци се запиша Ал Рашдан во 36. минута. Алжир кој беше во нокдаун по првите 45 минути успеа да се врати во вториот дел. Бенбуали во ...
Фудбалерите на Норвешка стигнаа до втората победа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во 2. коло од групата И славеа против репрезентацијата на Сенегал со 3-1. Норвежаните поведоа со 1-0 со погодокот на Педерсен во 43. минута. Во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме, Ерлинг Халанд промаши празен гол и ја погоди стативата, поради кардинална грешка на Едуар Менди. Haaland hits the post against ...
Фудбалерите на Франција стигнаа до втората победа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико по маратонот кој траеше скоро четири часа против Ирак во кој славеа со 3-0 во 2. коло од групата И. Водство од 1-0 за Французите во првиот дел донесе Килијан Мбапе уште во 14. минута. France [1] – 0 Iraq – K. Mbappé 14' byu/West_Agent4651 insoccer Со овој резултат се замина на пауза која што траеше дури два часа. Причина, поради опасност по ...
И тоа го видовме, натпревар од светското првенство мораше да биде прекинат поради опасност по здравјето на фудбалерите и на навивачите на стадионот во Филаделфија, каде вечерва се среќаваат Франција и Ирак. Уште пред мечот беше најавувано вакво сценарио, поради ураганот во регионот на Филаделфија и силните грмотевиџи кои беа најавувани во овој дел од државата Пенсилванија. Како што минуваше првото полувреме така дождот се посилно паѓаше, а за ...
Лионел Меси одигра уште еден меч за паметење на светските шампионати, уривајќи го рекордот на Мирослав Клосе и стигнувајќи до бројката 18 мундијалски погодоци, за нов апсолутен рекорд на Аргентинецот на најголемата сцена. Фановите на Меси веднаш се јавија со споредба, потсетувајќи на неуспесите на Кристијано Роналдо на светските шампионати… Статистиката вели дека Меси само на последните четири натпревари постигнал исто толку голови на ...
Хрватска претрпе пораз на првиот дуел со Англија, па „коцкестите“ на наредниот дуел со Панама (среда наутро во 1 часот) немаат право на поправен. Селекторот Златко Далиќ на прес-конференцијата говореше за оптимизам околу шансите на својата репрезентација за триумф на мечот, но и за очекувањата во домашната јавност што според него не се најреални. „Кај нас притисокот секогаш е огромен, дури и кога играме пријателски меч, камоли на светското ...
Килијан Мбапе со голoт во првата рунда против Сенегал стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација, а фантастичниот голгетер со настапот вечерва против Ирак повторно ќе испише историја за својот национален тим. Имено, мечот со Ирак ќе биде јубилеен 100. настап за него во репрезентативниот дрес, со што Мбапе станува најмлад фудбалер со ваков јубилеј ако се знае дека голгетерот стигнува до оваа фантастична бројка на само ...
Јувентус ја продолжува потрагата по нов голгетер, а на врвот на листата со желби на „старата дама“ е добро познато име, Коло Муани од ПСЖ. Францускиот напаѓач пред две сезони мина шест месеци во Јувентус и делуваше одлично, но Јуве по долги преговори со францускиот тим не успеа да се договори тој минатата сезона да го продолжи престојот меѓу „црно-белите“. Наместо тоа Французинот пред самиот крај на преодниот рок се пресели во Тотенхем, но ...
Нусер Мазрауи има успешна фудбалска кариера, преку Ајакс и Баерн Минхен стигна до трансфер во Манчестер јунајтед, а паралелно со тоа бележи и одлични игри за мароканската репрезентација. Токму затоа, 28-годишниот Мазрауи изненади со последната изјава, најавувајќи дека лесно може да се случи по завршувањето на овој мундијал да се збогува од фудбалот, за да се посвети на религијата. „Искрено, можеби ќе ја завршам кариерата по ова СП. Животот е ...
Аргентина го осигура првото место во својата група откако „гаучосите“ вечерва славеа со 2- 0 над Австрија, па последната рунда со Јордан ќе биде само рутина за актуелните светски прваци во подготовките за вистинските возбудувања што ќе следат во нокаут фазата. Овој натпревар ќе остане запишан во историјата по Лео Меси, кој токму против Австрија го урна рекордот на Мирослав Клосе станувајќи најдобар стрелец в историјата на фудбалските ...
МЗТ Скопје и во новата сезона ќе ја брани двојната круна со Васко Атанасов на клупата, откако „металците“ начелно постигнале договор за струмичкиот стратег да остане на кормилото и за сезоната 2026/27. Аеродромци доминираат под водство на Атанасов на домашната сцена, исто така играат далеку под очекувањата во АБА2, но став на управата е дека младиот стручњак е идеално решение за тренерската функција и за сезоната што претстои, за која ...
Великаните се толку големи поради начинот на кој реагираат откако ќе „паднат“. Го докажа тоа вечерва и Лео Меси, кој триесетина минути по промашениот пенал против Австрија успеа да се запише меѓу стрелците и да испише фудбалска историја – како најдобар стрелец во историјата на мундијалите, со 17 минувајќи го досегашниот рекордер Мирослав Клосе. Воедно Меси ќе остане запишан во историјата и како трет играч што постигнал погодоци на шест гола ...
Американскиот кошаркар Дивејн Стјуарr џуниор е најновиот натурализиран кошаркар што доби македонски пасош и ќе има право да настапува за Македонија во наредниот период. ЕКИПА веќе информираше дека во завршна фаза е процедурата за доделување на пасош на центарот Мозес Рајт (од Жалгирис се сели во Барселона летово), а во меѓувреме федерацијата се одлучи и за нов бек, поради постојаната неизвесност околу (не)играњето на Ненад Димитријевиќ за ...
Кил комплетираше катастрофална сезона во која поранешниот европски првак не само што не стигна до ниту еден трофеј, туку и не успеа да се избори за излез во ракометна Европа. Цената за тој неуспех на крајот ја плати тренерот, откако „зебрите“ попладнево објавија дека му е врачен отказ на Филип Јиха, легендата на клубот кој осум години како играч настапуваше за Кил, за потоа уште осум години да го води тимот како шеф на стручнот штаб. „Јас сум ...
Лео Меси имаше можност да стане само трет фудбалер во историјата што постигнал гол на шест мундијалски мечеви во низа откако Аргентина доби пеналл во раната фаза од дуелот со Австрија. Лаутаро доби топка и влета во шеснаесетникот, на него тргнаа двајца противнички дефанзивци, а по долгата судиска анализа и повикот од ВАР-собата беше покажано на белата точка во корист на „гаучосите3. И кога сите очекуваа рутински погодок на великанот и ...
Барселона летово остана без Дика Мем, но каталонскиот гигант успева да ги задржи останатите клучни играчи од ростерот што стигна до титулата европски првак пред десетина дена. По Лудовик Фабрегас и Тимоти Нгесан, нов договор со Барса денеска потпиша и Блаж Јанц, извонредниот словенечки ракометар кој е важна алка во составот на тренерот Ортега. За Јанц имаше понуди од уште неколку клубови од Лигата на Шампионите, но Словенецот не ја криеше ...
Кристијан Грчевски повеќе нема да биде селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија откако раководството на РФМ реши да не ја продолжи соработката со овој стратег, кој ја водеше Македонија на претходното европско првенство, а сега обезбеди пласман и за наредниот континентален собир. Сепак, огромните осцилации во играта на последните натпревари надополнети со неочекуваниот пораз од тоталниот аутсајдер Белгија придонесоа ...
Кошаркарскиот клуб МВП Скопје успешно го организираше летниот камп, со кој членовите на овој спортски колектив ја заокружија оваа сезона, најуспешна во клупската историја. Над 150 деца поделени во две смени имаа можност да уживаат во перфектните услови во ексклузивниот „Кронвел ресорт“ во Платамона, на исто место да се релаксираат на плажа, во базен и аква-парк, но и да тренираат кошарка на теренот што е дел од самиот комплекс. Беспрекорната ...
Во Кутрал Ко, град во Патагонија со 35.000 жители, откриена е џиновска статуа посветена на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, висока 26 метри и тешка 70 тони. Ова монументално дело е создадено од локалниот уметник Алдо Бероис и го прикажува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во дресот на аргентинската репрезентација, како клекнува со крената и стегната десна тупаница, а пред него се наоѓа реплика од ...
Тунис би можел да се раздели со Ерве Ренар по Светското првенство. Африканската репрезентација беше елиминирана од Светското првенство по тешкиот пораз од Јапонија, па последното коло против Холандија ќе биде без натпреварувачки карактер за нив. Според неколку туниски медиуми, искусниот француски стручњак ќе ја напушти клупата на репрезентацијата веднаш по завршувањето на последниот натпревар од групната фаза против Холандија. Така, неговата ...
Женската селекција на Македонија за кошаркарки „Под 17“ години остави одличен впечаток на меѓународниот турнир „Рисинг старс“ во Букурешт, Романија. Избраничките на селекторот Виктор Петровски прикажаа квалитетни настапи во конкуренција на силни противници, остварувајќи две победи – против врсничките селекции на Романија и Молдавија, а единствениот пораз го претрпеа од домашниот тим кој настапи со нешто постара генерација. Освоеното второ ...
Фудбалската суперѕвезда Нејмар го заврши својот прв целосен тренинг со Бразил. Се очекува 34-годишниот напаѓач да игра на последниот натпревар од групната фаза на Бразил против Шкотска во Мајами, откако ги пропушти првите два натпревари поради повреда на десниот лист. Најдобриот стрелец на бразилската репрезентација на сите времиња го изрази своето задоволство од учеството на тренинзите со своите соиграчи во објава на социјалните мрежи. „Фала ...
Најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, за читателите на ЕКИПА.МК, ги коментира комплетните настани на најголемиот светски спортски собир – фудбалскиот Мундијал 2026! Ако се осврниме на двете балкански репрезентации кои настапуваат на актуелниот Мундијал 2026, објективно кажано, апсолутно ништо не е изгубено кога е во прашање БиХ, и покрај убедливиот пораз од Швајцарија, со оглед на тоа што осумте најдобри третопласирани ...