Македонскиот ракометен стратег Горан Кузманоски официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на кипарскиот клуб СПЕ Строволу од Никозија. По успешната работа во Бутел Скопје, Кузманоски ја презема функцијата со цел да го предводи клубот кон реорганизација и излез на меѓународната ракометна сцена. „Возбудени сме што го пречекуваме нашиот нов главен тренер на машката екипа, Горан Кузманоски. Горан е многу познат поранешен играч и тренер. ...
Македонскиот тренер Горан Кузманоски и официјално е промовиран за нов тренер на тимот на СПЕ Строволу од Никозија, Кипар. Екипата има амбициозен проект за тамошниот ракомет, а дел од него е македонскиот стратег кој ќе го има првото интернационално искуство. Горан Кузманоски работеше во Македонија, во екипите на Прилеп, Скопје и Бутел Скопје, а исто така во моментов е селектор и на У18 селекцијата. Играчката кариера поранешниот репрезентативец ...

