Фудбалската репрезентација на Норвешка се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако вечерва славеше над Брегот на слоновата коска со 2-1. И двете репрезентации тргнаа многу внимателно, па по првите 15 минути не видовме ниту една шанса на двете страни на теренот. Првата шанса на натпреварот ја имаше Брегот на Слоновата Коска, откако во 20. минута Конан стрелаше покрај голот на Норвежаните. Нова шанса ...

Искусниот стратег Борче Христов е назначен за нов тренер на македонскиот фудбалски второлигаш Пелистер. Христов има повеќе ангажмани во минатото, последно го водеше Тиквеш, а претходно работеше во Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека во меѓународната кариера работеше во Карабах и Зира. Христов ќе има тешка задача да го врати битолскиот гигант во елитата следната сезона. Крадењето авторски ...

Фудбалерите на Шкендија ги завршија летните подготовки во Словенија, ремизирајќи 2-2 против украинскиот прволигаш Зорја во последниот контролен натпревар. Украинскиот тим прв поведе во 21. минута со голот на Јелавиќ, но тетовци експресно се вратија во игра и израмнија преку Трумчи во 30. минута од средбата. Во второто полувреме двете екипи постигнаа по уште еден погодок. Стрелец за македонскиот претставник беше Тамба во 72. минута, ...

Аргентинскиот капитен Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата хумана страна, донирајќи пет милиони долари за помош на жртвите од разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Покрај финансиските средства, по иницијатива на Меси се испратени и три авиони со неопходна медицинска помош за настраданите региони. Овој хуманитарен гест доаѓа во време кога 39-годишниот капитен на Аргентина блеска на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. ...

Фудбалската репрезентација на Норвешка има предност од 1-0 на полувреме против Брегот на Слоновата Коска во натпревар од шеснаесеттина финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. И двете репрезентации тргнаа многу внимателно, па по првите 15 минути не видовме ниту една шанса на двете страни на теренот. Првата шанса на натпреварот ја имаше Брегот на Слоновата Коска, откако во 20. минута Конан стрелаше покрај голот на Норвежаните. ...

Драган Стојковиќ Пикси е на листата на потенцијални кандидати за нов селектор на Шкотска, репрезентација која ќе биде противник на Македонија во новата сезона од Лигата на нации. Заминувањето на 62-годишниот Стив Кларк како селектор на Шкотска ја натера репрезентацијата да бара нов тренер. Кларк ги предводеше Шкотланѓаните на три големи натпреварувања, но одлучи да се повлече по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство. Работата ...

Македонскиот ракометен суперлигаш, Тиквеш денеска го промовираше Тоше Ончев за свое најново засилување во трката за што подобар пласман следната сезона на домашен план. Ончев во Кавадарци доаѓа од редовите на МКК Куманово каде ја мина последната сезона. Претходно во Македонија, настапуваше и за Вардар, Пелистер, Работнички, Охрид, Голден Арт… Во странство беше дел од словенечки Тримо Требње, шпански Новас, како и француските Вернуј и Сент ...

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, ги напушта Лос Анџелес Лејкерс по осум сезони и ќе ја продолжи кариерата во друг НБА клуб. Како што објави ESPN, повикувајќи се на менаџерот на Леброн, Рич Пол, четирикратниот шампион на НБА ги информираше челниците на Лејкерс дека повеќе не сметаат на него и дека ќе ја дочека сезоната 2026/27 во нов дрес. Лејкерс му кажаа на Џејмс дека го сакаат назад, но најдобриот стрелец на сите ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин едно од најголемите имиња во македонската фудбалска историја, Бобан Бабунски. Поранешниот македонски репрезентативец, но потоа и селектор на сениорската и младата репрезентација на Македонија, се присети и на одлуката на ФК Вардар и тогашниот тренер Андон Дончевски да не му дозволат да патува за Чиле на Светското првенство 1987 со младата репрезентација на Југославија која стана ...

Еторе Месина не е повеќе претседател на кошаркарските операции на Олимпија, објави клубот од Милано. Во 2019 година, Месина (66) беше назначен за тренер и претседател на кошаркарските операции на миланскиот клуб. Сепак, тој се повлече од функцијата тренер на Олимпија во ноември 2025 година, но ја задржа позицијата претседател на кошаркарските операции. „На крајот од продуктивната соработка што траеше седум сезони, Олимпија сака да му се ...

Ашраф Хакими не го криеше своето задоволство откако мароканската репрезентација се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство, истакнувајќи дека менталната сила е клучот за успехот против Холандија. Мароканците ја елиминираа Холандија во осминафиналето по изведувањето на пенали. По 90 минути и продолженија, резултатот беше 1-1, а потоа мароканската селекција беше поуспешна по пенал-рулетот. Капитенот на африканската репрезентација ...

По три сезони пауза, РК Вардар повторно се враќа во Лигата на шампионите. Во групната фаза „црвено-црните“ ќе играат против Нант, Мелсунген и Висла Плоцк, а враќањето во елитата носи нов предизвик, но и нова можност клубот повторно да се покаже на највисоката европска сцена. Тренерот Иван Чупиќ зборува за првите впечатоци по ждрепката, за силата на ривалите, за тоа каде ја гледа шансата на Вардар и каква порака им испраќа на навивачите пред ...

Неуспехот на јужнокорејската репрезентација на Светското првенство се претвори во сериозна криза што ја потресе целата земја. По елиминацијата веќе во групната фаза, разочарувањето на навивачите се претвори во гнев, а легендарниот Мјунг-бо Хонг се врати дома веќе како поранешен селектор – со строги полициски безбедносни мерки. Корејската експедиција слета на аеродромот Инчеон околу четири часот наутро, очигледно за да избегне голем број ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? „Слоновите“ се наоѓаат во одлична форма и имаат шест победи и едно реми на своите последни седум натпревари. Само две африкански репрезентации ја минале пречката на своето деби во ...

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. По повредата на раката која го спречи да дебитира во февруарскиот ФИБА „прозорец“, силното крило максимално подготвен го дочека новиот повик и веќе е дел од подготовките на избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал. Играчот со евролигашко искуство веднаш се стави во функција на тимот кој ги одработува последните подготовки пред клучните ...

Германските фудбалери беа во шок откако не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога против Парагвај и по пенал-рулет беа елиминирани уште во 1/16 финалето од овој светски шампионат. Капитенот Јосуа Кимих беше брутално искрен во својата изјава по натпреварот. „Чувството е ужасно, апсолутно ужасно… Сепак, заслуживме да ни се случи вакво нешто, да бидеме елиминирани. На последните три натпревари игравме со селекции што не се највисока класа, и ...

Интер преку клупско соопштение ја потврди разделбата од четири искусни фудбалери кои беа дел од успешната ланска сезона, но летово ќе ги променат клупските бои. Голманот Јан Зомер ја предводи листата на заминувања, заедно со дефанзивците Ачерби, Дармијан и Де Фрај. Искусниот Зомер дојде во Интер во 2023 од редовите на Баерн и настапи на 100 средби во Серија А, давајќи значаен придонес во освоеното скудето минатата сезона. Ачерби (38 години ) ...

Најпроблематичниот кошаркар во НБА-лигата во последните неколку сезони, Џа Морант има нов клуб откако Мемфис конечно даде зелено светло за тој да ги напушти „гризлите“. Портланд трејл блејзерс е новата екипа на експлозивниот бек, кој имаше импресивен почеток на својата НБА-кариера, но во последните години многу поголемо внимание привлекува со испадите надвор од терените, поради што неколку пати добиваше жестоки суспензии и од НБА-лигата и од ...

Охрид стигна до историски успех минатата сезона, по што уште повеќе се зголемуваат амбициите на „гладијаторите“ во текот на летово. Охриѓани денеска го официјализираа и седмото засилување за овој преоден рок, потпишувајќи договор со Мартин Ивановски, охриѓанеот кој пред неколку години си замина од клубот, а сега се враќа откако мина една и пол сезона во дресот на РК Алкалоид. „Мартин Ивановски е седмото официјално засилување на ГРК Охрид за ...

Јулијан Нагелсман ја имаше поддршката од целокупната јавност, но младиот стратег потклекна – Германија е елиминирана уште во 1/16 финалето од СП 2026, па на поранешниот тренер на Баерн Минхен не му се пишува ништо добро кога се говори за долгорочната иднина во националниот тим. А кога станува збор за германската јавност, за фановите нема никаква дилема – Јирген Клоп треба да биде селекор на Германија почнувајќи од летово. Стратегот на ...

Најдобрите 32 селекции почнаа да разигруваат за што повисок пласман на овој мундијал, а во меѓувреме значаен дел од оние репрезентации кои не се пласираа во нокаут рундата веќе почнаа со „ремонт“, почнувајќи од селекторската функција. Мирослав Коубек е последниот во низата стратези што добија отказ на овој мундијал, откако 74-годишниот стратег со Чешка испадна во првата фаза. Групата навидум не беше премногу тешка, но Чесите загубија од ...

Германците прерано го завршија настапот на овој мундијал и како што тоа вообичаено се случува, вината не ја бараат во сопствените редови, туку во судиските одлуки. Во овој конкретен случај, во поништениот гол на Тах за 2-1 постигнат во првото продолжение, погодок што беше поништен поради контактот на Антон со парагвајскиот голман во противничкиот петерец. „Видовме многу полоши ситуации, поочигледни контакти што не се свиреа на ова светско ...

Кога Лирој Сане реши да си замине од Баерн и го избра Галатасарај за нова дестинација во кариерата, бројни стручњаци порачаа дека тоа треба да биде и крај на неговата репрезентативна кариера бидејќи нивото на игра во оваа земја е далеку под она за да се биде во топ-ритам цела сезона. Нагелсман реши да не ги послуша, па не само што го вклучи Сане во својот список, туку на поранешниот миленик од Баерн гледаше како на прва опција за десно крило. ...

Никола Портнер стави крај на повеќегодишната авантура во Магдебург, но швајцарскиот голман и во следната сезона ќе биде дел од Лигата на Шампионите откако потпиша договор со Пик Сегед. Унгарскиот вицепрвак беше во потрага по нова опција за голманската позиција, Портнер беше на врвот на листата со желби, а двете страни најдоа заеднички јазик и во текот на вчерашниот договор беше потпишан договор со важност до јуни 2029 година. „Свесен сум за ...

Орландо Хил е херојот на Парагвај во историската победа над Германија со која оваа јужноамериканска селекција се најде во осминфиналето од СП 2026. Хил бранеше одлично цел натпревар, беше немоќен при погодокот на Хаверц за 1-1, но со неколку интервенции спречи Германците да направат целосен пресврт. И за крај – блесна кога беше најважно, ги запре ударите од белата точка на двајцата напаѓачи кои важат за „специјалисти“ за пенали, Хаверц и ...

Богдан Богдановиќ од доцна синоќа е слободен играч на кошаркарскиот пазар откако капитенот на српската репрезентација не доби продолжување на договорот со ЛА клиперс. Клубот имаше можност да ја активира клаузулата за продолжување на договорот за уште една сезона, за плата од 16 милиони долари, но раководството на ЛА клиперс вечерва објави дека се раскинува договорот со Богдановиќ, како и оној со францускиот ветеран Николас Батум. Српскиот ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Само Пеле во 1970 година имал повеќе асистенции за Бразил (6) на едно светско првенство од Бруно Гимараеш на еден мундијал (4 досега). Касемиро стана втор највозрасен стрелец на Бразил на мундијалски меч (34 години и 126 дена). Рекордер се уште е Бебето, кој на СП 1998 стрелаше против Данска на возраст ...

Орландо Хил е името што секој Парагваец го знае од синоќа како свој личен херој, откако 199 сантиметри високиот голман го имаше мечот на кариерата, носејќи ја оваа репрезентација до триумф над големата Германија. Хил со неколку одлични одбрани спречи Германците да слават по 120 минути игра, а потоа блесна во пенал-рулетот, запирајќи ги ударите на противничките напаѓачи Хаверц и Волтемаде и трасирајќи го патот до осмнафиналето. Животната ...

Златан Ибрахимовиќ не ги штедеше критиките кон Роналд Куман, посочувајќи го холандскиот селектор како главен виновник што „лалињата“ испаднаа во 1/16 финалето од овој светски шампионат. Холандија играше одличен фудбал во групната фаза и заслужено беше прва, но Куман се реши целосно да ја промени тактиката, против Мароко почнувајќи со пет одбранбени фудбалери со јасна цел да се одбрани наместо да се обиде да даде гол повеќе од противникот. „За ...

Мануел Нојер се врати од репрезентативна пензија за да ја чува мрежата на Германија на овој мундијал, при што германскиот ветеран испишува историја на терените во САД, Канада и во Мексико. Германецот стана голман со најмногу мундијалски настапи уривајќи го рекордот на Уго Љорис, а со настапот синоќа против Парагвај тој урна и рекорд на својата репрезентација кога станува збор за светските шампионати. Имено, вчерашниот меч беше вкупно 23. ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Калај

46.54