Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, а пред првиот предизвик против Ирска, оптимизам и максимална посветеност владеат во таборот на „црвено-жолтите“. Еден од играчите од кои се очекува значаен придонес е Виктор Ефремовски. Бек-шутерот го дочека овој циклус како најдобар стрелец во МТЕЛ Супер лигата, а добрата форма ја потврди и ...

Новиот натурализиран македонски репрезентативец, Дивејн Стјуарт, од денеска и официјално е нов кошаркар на шпанскиот прволигаш Басконија. Стјуарт потпиша двегодишен договор со тимот кој се натпреварува во силната Ендеса лига и во Евролигата. Тој доаѓа како големо засилување по три успешни сезони поминати во дресот на Олимпија Љубљана. Официјализацијата на овој трансфер ја чекаше завршницата на процедурата за добивање македонско државјанство. ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Јужна Африка и Канада имаат само еден меѓусебен дуел во историјата, во 2007 година што завршил со 2-0 за африканската селекција. Канада има два порази на двата мундијалски мечеви со ...

Саудиска Арабија размислува да го замени селекторот Јоргос Донис откако беше елиминиранa од Светското првенство. Како што објавија локалните медиуми, грчкиот стручњак би можел да ја плати цената на елиминацијата веќе во групната фаза, бидејќи Саудиска Арабија освои само два бода во три натпревари. Ремито против Уругвај и Зеленортски острови, заедно со тешкиот пораз од Шпанија, не беа доволни за пласман во нокаут фазата. Дополнително, јавноста ...

Управата на Голден Стејт Вориорс внимателно ја следи ситуацијата околу Леброн Џејмс и е подготвена да се вклучи во трката за негов потпис доколку тој реши да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс, пренесуваат американските медиуми. Според инсајдерски информации од САД, односите меѓу 41-годишниот кошаркар и „езерџиите“ во моментов не се идеални. Комуникацијата е сериозно ограничена, а клубот сè уште нема доставено понуда за нов договор до ...

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство, овојпат со директна порака до португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо. Веднаш по победата на Хрватска над Гана со 2-1 на стадионот во Филаделфија, со која „коцкестите“ обезбедија пласман во шеснаесетфиналето, атрактивната Хрватка се огласи на социјалните мрежи. „Се враќаме во Торонто, Кристијано, подготви се за нас, ќе те ...

Австрија беше на работ на елиминација на уште едно светско првенство (последен пат се пласираше во нокаут фазата на СП 1982) откако во судиското продолжение влезе со негатива од 2-3 против Алжир. Рангник во 95. минута го уфрли и последниот „џокер“, Саша Калајџиќ влезе во игра, и тоа како џокер… Корпулентниот напаѓач се претвори во херој откако по само 61 секунда на теренот се најде на вистинско место во вистинско време и со удар со глава од ...

Стив Кларк поднесе оставка од функцијата селектор на Шкотска. Само еден месец откако потпиша нов четиригодишен договор со островската репрезентација, тој донесе одлука да се пензионира веднаш по елиминацијата на Шкотска во групната фаза од натпреварувањето. Кларк ја напушта клупата како најуспешен менаџер на Шкотска во модерната историја. За време на неговите седум години на функцијата (од мај 2019 година), тој ја трансформираше ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Хари Кејн стана најдобар стрелец на Англија на светските првенства со 11 погодоци, минувајќи го Гари Линекер со 10. Кејн има четири гола против Панама на СП, најмногу што еден англиски фудбалер има дадено против еден противник во историјата на мундијалите. Џордан Хендерсон стана првиот фудбалер што ...

Египетската репрезентација се соочи со нов проблем пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, бидејќи капитенот Мохамед Салах се повреди на ремито против Иран (1-1) во последното коло од групната фаза. Најдобриот фудбалер на Египет мораше да го напушти теренот во 57. минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за истегнување. Како што објави Фудбалската асоцијација на Египет, ...

Фудбалерите на Алжир ремизираа со Австрија 3-3, и со тоа двата тима обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство. Еден од највозбудливите натпревари на Светското првенство 2026 досега се одигра во Канзас Сити. По еден бод беше доволен за двете селекции да поминат, но малкумина очекуваа ваков спектакуларен исход. По мирниот почеток, Австрија поведе во 22. минута благодарение на одличната акција на двајца од најискусните играчи. ...

Веста дека селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, одлучил неговиот имењак Лионел Меси да не игра на почетокот од натпреварот против Јордан и да остане на клупата не ги загрижи навивачите бидејќи 39-годишниот волшебник вложи голем напор за првото место во Групата Ј. Меси влезе во игра во 60. минута против Јордан, пет минути откако Муса Тамари, капитенот на противникот, го намали водството на Аргентина на 2-1. Секако, немаше причина за паника ...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ официјално стана најстариот асистент на Светското првенство, од 1966 година, кога се следи таа статистика. Во 83. минута, во победата над Гана (2-1), со која „коцкестите“ се пласираа нокаут фазата на Светското првенство, Модриќ изведе корнер по кој Никола Влашиќ го постигна победничкиот гол со глава, а на 40-годишна возраст стана најстариот играч во историјата на Светските првенства што забележал асистенција. ...

Со одигрувањето на последните натпревари од групната фаза познати се и сите натпревари од шеснаесетина финалето на Светското првенство кое што се игра во САД, Мексико и Канада. Највозбудливо се очекува да биде на дуелот меѓу Хрватска и Португалија. Португалците по очајното реми против Хрватска само си ја усложнија работата и направија невозможна мисија во освојувањето на „Златната божица“. Доколку Кристијано Роналдо сака да го освои ...

Фудбалерите на Португалија одиграа очаен натпревар и откако ремизираа без голови 0-0 против Колумбија во натпревар од 3. коло од групата К на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. На крајот ВАР ги спаси очајните Португалци од пораз откако видоа минимален офсајд на голот на Санчез. Colombia disallowed goal against Portugal 90+1' byu/Gentle_lips insoccer Во вториот меч од овој сегмент ДР Конго испиша историја квалификувајќи се во ...

Фудбалската репрезентација на Хрватска славеше со 2-1 против Гана во натпреварот од последното 3. коло од групната фаза во Л сегментот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Водство за „коцкестите“ од 1-0 донесе младиот Петар Сучиќ со прекрасен погодок во 31. минута. Гана израмни на 1-1 преку Лукасен во 73. минута, додека конечните 2-1 ги постави Влашиќ на асистенција на Модриќ во 83. минута. Croatia [2] – 1 Ghana – Nikola Vlašić ...

Фудбалската репрезентација на Хрватска има предност од 1-0 на полувреме против Гана во натпреварот од последното 3. коло од групната фаза во Л сегментот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Водство за „коцкестите“ од 1-0 донесе младиот Петар Сучиќ со прекрасен погодок во 31. минута. Croatia [1] – 0 Ghana – Petar Sučić 31' byu/50lipaa insoccer Во вториот натпревар од овој сегмент фаворитот Англија има без голови 0-0 против Панама. ...

По елиминацијата во групната фаза на Светското првенство, хаосот во репрезентацијата на Уругвај продолжи. Уругвајската фудбалска асоцијација го откажа официјалниот чартер лет за враќање дома, па играчите патуваа со комерцијални летови одделно, секој до својата дестинација. Во фудбалот постои непишано правило дека тимовите кои не се враќаат заедно по големо натпреварување честопати имаат сериозни проблеми во соблекувалната. Токму таков ...

Ѕвездата на холандската репрезентација и Ливерпул, Коди Гакпо, доживеа голема семејна трагедија за време на Светското првенство. Само два дена пред осминафиналниот натпревар, Гакпо и неговата партнерка Ноа ван дер Биј објавија дека го загубиле синот за време на бременоста. Веста ја потврди на социјалните мрежи партнерката на Гакпо, која објави фотографија и сподели дека бебето го крстиле Елија Рафаел Гакпо. Двојката пред само неколку недели ...

Српската репрезентација ја победи Чешка со 90-76 во подготвителниот натпревар одигран во салата „Александар Николиќ“ во Белград. Најефикасен играч во домашниот тим беше Никола Јовиќ, кој постигна 20 поени, со пет скока и три асистенции. Никола Јокиќ постигна 16 поени со 14 скока и осум успешни додавања, додека Дејан Давидовац додаде 14 поени. На другата страна, Вит Крејчи беше најефикасен со 16 поени, надополнети со четири асистенции. ...

Додека Зеленортски острови го слават својот историски влез во втората рунда на Светското првенство, од националниот тим се појавија шокантни вести. Капитенот на селекцијата Рајан Мендес, е под истрага на полицијата на Нов Зеланд поради жалба за силување поднесена против него од страна на Бразилка која работела како преведувач за националниот тим за време на турнирот од серијата на ФИФА во февруари. Наводниот инцидент се случил во хотелот каде ...

Македонскиот прволигаш Силекс продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, официјализирајќи го трансферот на Никола Манојлов од редовите на Работнички. Младиот офанзивен играч за врска пристигнува во Кратово како петто летно засилување за клубот. Манојлов зад себе има одлична сезона во која одигра 24 првенствени и три куп натпревари за Работнички, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Неговите квалитетни партии му донесоа и ...

Фудбалерите на Шкендија претрпеа минимален пораз од 1-0 против словенечкиот прволигаш Целје, во рамките на својот трет пријателски натпревар за време на летните подготовки. Мрежите мируваа во првото полувреме, а прашањето на победникот беше решено во финишот од средбата. Единствениот погодок на мечот го постигна Суховрсник во 80. минута. За тетовските „црвено-црни“ ова е втор пораз во Словенија, по претходниот неуспех против сплитски Хајдук ...

Екипата на Струга Трим Лум денеска го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на летните подготовки за новата сезона. На стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, стружани загубија од албанскиот прволигаш Динамо Сити и претрпеа пораз со резултат 2-3. Струга ТЛ го започна натпреварот со еден состав, но до крајот на средбата стручниот штаб им даде шанса за настап на речиси сите фудбалери кои му стојат на располагање. Крадењето авторски ...

Фудбалерите на Вардар одиграа нерешено 1-1 против тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, во претпоследниот контролен натпревар во рамките на подготовките во Италија. Единствениот погодок за „црвено-црните“ на овој меч беше дело на новото засилување Жерсон Родригес, кој погоди по асистенција на Данев. Ова е уште еден дуел меѓу овие две екипи, откако минатата сезона се соочија во Конференциската лига, каде Вардар славеше во Скопје со 3-0, а на ...

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години продолжува со позитивни резултати во подготвителниот период. Нашите младинци ја забележаа и првата гостинска победа, откако во Стара Загора беа подобри од Бугарија со 95:86, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции. Избраниците на селекторот Никола Велев имаа одличен почеток на средбата и уште во првата четвртина покажаа дека се подготвени за силен предизвик. Со ...

Новата ера на „Стамфорд Бриџ“ под водство на Чаби Алонсо носи радикална промена во трансфер филозофијата на Челси уште пред неговиот официјален старт на 1 јули. Наместо купување на млади таленти, првата голема желба на шпанскиот стратег е докажаниот лидер на средината на теренот, Гранит Џака, за кого Челси веќе испрати официјална понуда од 30 милиони евра до Сандерленд. По одличната сезона и изборениот пласман во Лига Европа, 33-годишниот ...

Повремениот македонски репрезентативец, голманот Игор Алексовски има нов клуб. Алексовски ќе остане во Албанија откако потпиша договор со прволигашот Елбасан. Тој стави потпис на договор со клубот од централна Албанија во важност од две години. Претходно тој го раскина договорот со Фљамуртари за кого од 2025 година запиша 35 настапи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како ...

Репортерката на АБЦ7 предизвика скандал со својата изјава за Босна и Херцеговина пред натпреварот со САД. Фудбалерите на Босна и Херцеговина направија огромен подвиг пласирајќи се во нокаут фазата на Светското првенство, а ноќта помеѓу среда и четврток ќе имаат можност за нов историски резултат, бидејќи играат против домаќинот на турнирот, Соединетите Американски Држави. Американците влегуваат во овој дуел исклучително самоуверени. Тие се ...

Шпанија е во проблеми по триумфот против Уругвај во последното коло од групната фаза. Имено, јужноамериканската селекција темелно ја „претепа“ црвената фурија, а за тоа е виновен и судијата Исмаил Елфат, кој дозволи екстремно груба игра, па Џереми Пино и Нико Вилијамс се повредија. Офанзивниот играч на Атлетик Билбао пројде малку подобро, одејќи со тешкотии по натпреварот во ходникот на стадионот, а се сомнева на проблем со мускулот на левата ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34