Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс продолжува со составувањето на тимот пресрет настапите кои го очекуваат во квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Кратовци денеска информираа дека ја продолжиле соработката со капитенот Дарко Анѓелески. „ФК Силекс со задоволство ја информира јавноста дека е продолжена соработката со капитенот Дарко Анѓелески, кој и во сезоната 2026/27 ќе го носи сино-црвениот дрес. Играчот од средниот ред ...

По поразот на Алжир од Швајцарија со 2-0 во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година во петок наутро, Ријад Махрез објави дека се повлекува од националниот тим. 35-годишниот крилен напаѓач повеќе нема да го носи дресот на алжирската репрезентација. Со 119 настапи, Махрез се збогува со „Зелените“ како апсолутна легенда на алжирскиот фудбал. Неговиот најголем успех беше освојувањето на Африканскиот куп на нации во 2019 година, кога ...

После демантот со Мајкл Олисе, Реал Мадрид ги демантираше шпекулациите дека преговара и со играчот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез. Фудбалерот на Аргентина веќе некое време се поврзува со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но од клубот ги демантираа најавите дека преговараат или дека ќе испратат понуда за негов ангажман. Сличен ваков демант беше испратен и во врска со Мајкл Олисе од Баерн, но тој и понатаму се поврзува со трансфер во ...

Њукасл се договорил да го потпише левото крило на Хофенхајм , Базумана Туре Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе им се придружи на „Страчките“ за вкупна сума од речиси 50 милиони евра. Ова би бил рекорден трансфер за германскиот тим. Овој играч треба да дојде како замена за Ентони Гордон кој беше продаден на Барселона. Претходно Виктор Муњоз беше пред потпис со овој тим, но на крајот тој се одлучи за Ливерпул. Минатата сезона, ...

Кошаркаскиот клуб Пелистер доби нов извршен директор. На местото на Филип Ивановски, е назначен Предраг Созовски. Од клубот најавуваат дека наскоро ќе бидат пополнети и другите места во раководните структури, а ќе биде објавен и новиот тренер. „КК Пелистер ја информира јавноста дека изврши промени во раководечката структура на клубот за сезоната 2026/27. На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, ...

Натаниел Браун, левиот бек кој играше стандарно и за германската репрезентација, потпиша петгодишен договор со најголемиот германски клуб Баерн Минхен. Со тоа продолжува политиката на „Баварците“ да ги ангажира најдобрите играчи во Бундеслигата. Браун играше стандарно на позицијата лев бек за Германија, која испадна во 1/16 финалето на Мундијалот од Парагвај. Тој доаѓа од редовите на Ајнтрахт Франкфурт. Тој е второто големо засилување на ...

Португалија ја победи Хрватска со 2-1 во 1/16 финалето на Светското првенство. Иван Перишиќ ѝ донесе водство на Хрватска во 53-тата минута. Кристијано Роналдо израмни од пенал во 68-мата минута, а Гонзало Рамос го постигна голот за Португалија во четвртата минута од судиското продолжение. Се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија бидејќи Јошко Гвардиол постигна гол во финишот од судиското продолжение. Норвешкиот судија Еспен Ескас ...

Јулијан Нагелсман од денеска не е селектор на Германија, а на негово место доаѓа добропознатиот Јирген Клоп. Екс менаџерот на Ливерпул и на Борусија Дортмунд на општо задоволство на фановите на германската репрезентација, ќе седне на клупата на Бундестимот. Деталите околу договорот треба да бидат соопштени наскоро, но се претпоставува дека на Клоп ќе му биде овозможено да ја води Германија во следните четири години, односно најпрво на ЕП ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Австралија никогаш досега не загубила од африканска селекција на СП (една победа, едно реми). „Кенгурите“ за третпат се пласираа во нокаут фазата од еден мундијал. Претходно, во ...

Двејн Вашингтон е новиот кошаркар на Баерн, потврди тимот од Минхен. Поранешниот дефанзивец на Партизан потпиша договор до 2028 година со германскиот тим и ќе остане во Евролигата во следните две години. Вашингтон важи за одличен стрелец, но сепак има и недостатоци во својата игра, особено кога станува збор за одбраната. „Сè се случува со причина. Роден сум во Германија, сега имам 26 години и ќе играм таму. Многу сум возбуден поради ...

Напаѓачот Марко Арнаутовиќ се повлекува од австриската репрезентација , објави тој. 37-годишниот напаѓач последен пат настапи во поразот на тимот од Шпанија во финалето на Светското првенство во Лос Анџелес во среда . Арнаутовиќ заврши како рекордер за најмногу настапи со 137 и голови со 49 за репрезентацијата, од кои три на Светското првенство во 2026 година. Тој исто така стана еден од само четирите австриски играчи, заедно со Ивица Вастиќ ...

Штипска Брегалница повторно се избори за место во, за новата сезона, сега скратената Прва лига на Македонија, по одличната година која ја остави зад себе во второлигашката конкуренција. А, штипските „сини“, се чини изминатава сезона беа водени на крилјата на еден од најталентираните македонски фудбалери, младиот офанзивен креативец од средниот ред, Лука Георгиев. Извонредната сезона за Георгиев во синиот дрес и тоа како не остана и ...

Португалците во драматичен и до крај неизвесен натпревар обезбедија пласман во 1/8 финалето на Светското првенство. Натпреварот ќе остане запаметен по „драмата над драмите“ во последните мигови, откако на Хрватска им беше поништен гол за 2-2, а претходно им беа поништени уште два. Вкупно на овој меч беа поништени четири гола, и со тоа влезе во аналите на Мундијалите со меч со најмногу поништени голови. Кулманација на разочарувањето на ...

Шпанија има доминантен среден ред, опасни крила, но наоѓањето на напаѓач што ќе се вклопи во тој мозаик беше проблем за „црвената фурија“ уште од повлекувањето на Давид Виља. Веќе тој проблем не постои, откако селекторот Де ла Фуенте го претвори Микел Ојарзабал во машина за голови, играч што одлично се снаоѓа во шеснаесентикот, постигнува погодоци, но и беспрекорно се движи отворајќи простори за соиграчите. Сведоци на тоа бевме и против ...

Кристијано Роналдо го трогна светот по вчерашната победа на Португалија над Хрватска и пласман во осминафиналето на Светското првенство 2026. Роналдо по мечот го облече дресот на Диого Жота, и низ солзи се потсети и му оддаде признание на својот репрезентативен колега кој на денешен ден точно пред една година трагично го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа. 🚨🚨| Cristiano in tears as he wears the Diogo Jota shirt at the end of the ...

Во одличен натпревар од осминафиналето, Хрватска загуби од Португалија со 1-2, во меч во кој во последните моменти од натпреварот неоправдано им беше поништен гол поради офсајд позиција. По болниот пораз, хрватскиот селектор Златко Далиќ истакна дека може само да им честита на неговите момци. „Прво, им честитам на Португалија и им посакувам се најдобро во иднина. Планот за првото полувреме беше да ја зачуваме мрежата, иако нашиот одбранбен ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Шпанија даде повеќе од еден гол на меч од нокаут фазата на мундијалите за првпат по СП 1994 кога во осминафиналето ја совлада Швајцарија со 3-0. Ова беше прва нокаут победа на Шпанците уште од финалето на СП 2010 против Холандија. Шпанија се уште е без пораз под водство на Луис де ла Фуенте на големите ...

Златан Ибрахимовиќ го коментираше дуелот меѓу Хрватска и Португалија на Светското првенство. Португалија ја победи Хрватска со 2-1 и се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство. Но, на Хрватите неоправдано од ВАР-системот им беше поништен гол поради офсајд позиција. Ибрахимовиќ го изрази своето мислење за поништениот гол на Хрватска и смета дека тие биле оштетени. „За мене, тоа е гол. Фудбалот се врти околу тоа што всушност се ...

Со максимални пет победи од исто толку натпревари, Македонија го завери првото место во групата А и обезбеди пласман во следната фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029. По убедливиот триумф над Ирска, Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена. „Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на следниот меч ...

Само еден ден откако ја шокираа НБА со потпишувањето на Џејлен Браун од Бостон Селтикс, Филаделфија се приклучија во трката и за Леброн Џејмс. Челниците на Филаделфија веќе се обидуваат да го убедат најдобриот стрелец во историјата на НБА да ја продолжи својата импресивна кариера во Пенсилванија. Покрај Филаделфија, Голден Стејт, Кливленд и Мајами се исто така заинтересирани за потписот на Леброн, и се очекува дека четирикратниот МВП нема да ...

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, ги искажа своите впечатоци по пласманот во осминафиналето на СП 2026. Роналдо беше стрелец, од пенал, на првиот гол за својот тим во победата над Хрватска (2-1). Ова е неговиот 146-ти репрезентативен гол во 232-от настап, и во двете категории тој е светски рекордер. „Ова беше тежок натпревар. Знаевме дека Хрватска е одличен тим. Доминиравме во првото полувреме, а во ...

Хрватска го заврши Светското првенство, а капитенот Лука Модриќ не го криеше своето разочарување по поразот од Португалија (2-1). Иако не сакаше да зборува за евентуално збогување со репрезентацијата, беше многу суров кога ги коментираше одлуките на судиите и употребата на ВАР технологијата. „Не е време сега да зборуваме за тоа. Ќе дознаете многу наскоро“, кратко одговори на прашањето за продолжувањето на неговата репрезентативна кариера. ...

Јулијан Нагелсман доби отказ од функцијата селектор на Германија по неуспехот на Светското првенство 2026. Така одлучи Германскиот фудбалски сојуз, објави „Билд“, а Фабрицио Романо денеска потврди. Вториот извор пред неколку дена објави дека Јирген Клоп (59) е подготвен да ја преземе клупата на Германија и со тоа да ја заврши својата двегодишна пауза од тренерската работа. Нагелсман од јуни 2023 година е на клупата на Германија. Тековното ...

Фудбалерите на Швајцарија се пласираа во осминафиналето на Светското првенство, со победа од 2-0 над Алжир. Во Ванкувер, Швајцарците го „заверија“ својот пласман меѓу 16-те најдобри селекции, по петти пат во последните шест планетарни мисии. Стрелци беа Брил Емболо во 10. минута и Дан Ндои во 46. минута од натпреварот. На истото ова место, во вторник од 22 часот, Швајцарија ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Гана.  Крадењето ...

Поништениот гол на Хрватска на крајот од натпреварот против Португалија е сè уште главна тема меѓу навивачите и фудбалските аналитичари, а во центарот на дискусијата е технологијата вградена во самата топка. Според информациите што циркулираат по натпреварот, сензорот во топката го регистрирал контактот на Игор Матановиќ со топката, поради што бил активиран офсајдот и поништен голот на Јошко Гвардиола за 2-2 во 103. минута. Сепак, снимките ...

Кристијано Роналдо и натаму ќе има шанси да дојде до трофејот на Светското првенство. Португалија ја совлада Хрватска со 2-1 во интересен и возбудлив натпревар со три поништени голови, со многу шанси. Така Роналдо и другарите го продолжија патот на Мундијалот, додека полуфиналистот од изминатото Светско заминува дома. Португалците дојдоа до победата во судиското надополнување, благодарение на „џокерот“ Гонзало Рамош кој најдобро се снајде, и ...

Тотален хаос во Мексико по триумфот над Еквадот од 2-0 и пласманот во осминафиналето на СП 2026. Четири лица загинаа за време на прославите на улиците на Мексико Сити а стотици се повредени, информира мексиканската полиција. Мексико по 40 години повторно успеа да дојде до осминафинале на Мундијал. Па сето тоа доведе до прослави на стотици илјади лица, при што поради бројни „стампеда“ и непримерна прослава загинал, засега официјално, четири ...

Шпанија триумфираше лесно со 3-0 против Австрија во 1/16-финалето на Светското првенство 2026. „Црвената фурија“ покажа огромна разлика во класа против Австријците лесната победа најавувајќи ја со голот на Ојарзабал во 37. минута. Шпанците има можност и за поубедливо водство, но ја погодија само гредата од противничкиот гол. 🇪🇸 Spain 1-0 Austria 🇦🇹 Oyarzabal pic.twitter.com/1CrCYHGO2I — TalkFoot X | ₮₣✘ (@TalkFootX) July 2, 2026 Во ...

Силекс триумфираше убедливо со 4-0 против екипата на косовски Балкани на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот „Железарница“ во Скопје. Стрелци на головите за кратовци беа Илија Донов, Марко Николовски, како и Никола Богдановски и Есмир Хасукиќ кои ги запишаа своите деби голови во „сино-црвениот“ дрес. За седум дена следува првиот двомеч од квалификациите за УЕФА Конференциската лига. Силекс ќе гостува против белорускиот Динамо ...

Србија ја декласираше Швајцарија на гостински терен со 97-73, во петтото коло од квалификациите за Мундобаскет. „Орлите“ славеа и на првиот дуел против Швајцарците со 90-86 во Белград. Србија го контролираше текот на натпреварот од самиот почеток, но оствари убедлива победа само благодарение на четвртата четвртина, каде што засилија на крај за убедлив триумф. Србите до победата ги предводеше Никола Јокиќ со 22 поени со 14 скока и седум ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75