Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Флоарин Балогун е четвртиот играч кој постигна гол и доби црвен картон во нокаут фаза на СП. Претходно тоа биле Зидан (2006 финале), Роналдињо (2002 1/4 финале) и Гаринча (1962 полуфинале). Екипата на Арсенал има најмногу асистенти на овој Мундијал. Леандро Тросар е шестиот играч на „топчиите“ кој ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија е подготвена за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Вечерва, со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе ја пречекаат селекцијата на Ирска во натпревар од петтото коло во групата „А“. Македонија влегува во дуелот со максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари, меѓу кои е и убедливиот ...

Белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс, кој постигна гол во 124-тата минута и 43-тата секунда на мечот со Сенегал, го постигна најдоцниот гол во историјата на Светските првенства. Претходниот рекорд го држеше Абделмалек Жабу од Алжир, кој постигна гол во 120 минута и 49-тата секунда на Мундијалот во 2014 година против Бразил. Тилемас го постигна и голот со кој Белгијците израмнија на 2-2, откако претходно имаа негатива од 0-2 до 86-тата ...

Легендарниот поранешен германски репрезентативец Тони Крос е најновиот од низата легенди на Германија кои ја критикуваат катастрофалната игра на Бундестимот и драматичната елиминација од Парагвај по изведувањето на пенали во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година. Екс играчот на Реал Мадрид смета дека Германија во моментов нема играч од светска класа кој може да направи разлика. „Во моментов немаме ниту еден играч од светска ...

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго, Себастијан Десабре, дозна за смртта на својот татко за време на прес-конференцијата по натпреварот против Англија во 1/16 финалето на Светското првенство . Африканскиот тим загуби со 1:2 по двата гола на Хари Кејн и не можеше да ја испорача најголемата сензација од почетокот на Светското првенство во 2026 година. За време на прес-конференцијата по натпреварот, претставник на фудбалската федерација ...

Пораз од САД со 2-0 и елиминација од Светското првенство доживеа селекцијата на Босна и Херцеговина, која имаше историски Мундијал со пласман во нокаут фазата. После елиминацијата и поразот, селекторот Сергеј Барбарез не ги криеше своите емоции, па дури имаше и солзи. „Ти благодарам татковино. Овие солзи по мечот не беа солзи на тага, туку солзи на радост, среќа и гордост. Солзи на благодарност што имам можност да го правам она кое го сакам, ...

По поразот и елиминацијата на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина од Светското првенство, камерите забележаа емотивен момент во кој капитенот на репрезентацијата Един Џеко ја тешеше својата ќерка Уна. Кога играчите го напуштија теренот, видливо разочарани од пропуштената можност да го продолжат натпреварувањето, Џеко се упати кон трибините каде што беше неговото семејство. Неговата ќерка не можеше да ги скрие емоциите, а ...

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, смета дека одлуката на Сенегал да ја задржи предноста од два гола на крајот била клучната причина за големиот пресврт на неговиот тим и победата од 3:2 по продолженијата во осминафиналето на Светското првенство. Сенегалците ја имаа играта под контрола до самиот крај. Со головите на Хабиб Дијар и Исмаила Сара, тие остварија предност од 2:0, доминираа во поголемиот дел од натпреварот и речиси целосно го ...

И третиот домаќин од овој Мундијал се пласираше во 1/8 финалето. После Канада и Мексико, меѓу најдобрите 16 светски селекции патува и репрезентацијата на САД која ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0. Босанците имаа шанса да се вратат од негатива со оглед дека имаа играч повеќе, но не успеаја, па така го завршија историскиот настап на Мундијалите во 1/16 финалето. Американците беа подобриот тим, а поведоа со голот на Фоларин Балогун во ...

Фудбалерите на Белгија се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во трилер меч по продолженија славеа над Сенегал со 3-2. Сенегалците имаа се во свои раце во регуларните 90 минути откако со головите на Диара во 25. и Сар во 51. минута имаа водство од 0-2 се до 86. минута. Тогаш Ромелу Лукаку прво намали на 1-2, додека три минути подоцна Тиелеманс израмни на 2-2 и го одведе мечот во продолженија. ...

Фудбалерите на Сенегал и Белгија ќе го дадат патникот во осминафиналето, но барем по продолженија откако по 90 минути игра во Сиетл е нерешено 2-2 во шеснаесеттина финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Сенегалците имаа се во свои раце откако со головите на Диара во 25. и Сар во 51. минута имаа водство од 0-2 се до 86. минута. Тогаш Ромелу Лукаку прво намали на 1-2, додека три минути подоцна Тиелеманс израмни на 2-2 и го ...

Фудбалската репрезентација на Сенегал има водство од 0-1 на полувреме против Белгија во шеснаесеттинафиналето на Светското првенство, кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Сенегалците беа подобар противник во текот на целото прво полувреме, а подобрата игра ја материјализираа со погодокот на Хабиб Диара за 0-1 во 25. минута. Belgium 0 – [1] Senegal – Habib Diarra goal 24' byu/Ihattaren insoccer Крадењето авторски текстови е казниво со ...

Пет години по заминувањето од Орландо, Никола Вучевиќ повторно ќе го носи дресот на Меџик. Црногорскиот центар беше слободен да избере нова средина и долго време се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата, како и дали враќањето во Евролигата е реална опција. Поранешниот член на Бостон потпиша едногодишен договор со франшизата од Флорида, за време на кој ќе заработи 3.9 милиони долари. Според информациите од ЕСПН, тој одбил финансиски ...

Шест децении, Англија чекаше конечно да ја прекине непријатната традиција на Светските првенства. Во моментот кога ДР Конго поведе во седмата минута, Би-би-си спорт објави лоша информација што ги замрзна сите англиски навивачи: „Англија не победила во ниту еден од последните 13 натпревари на Светското првенство кога прва примила гол. Последниот пат кога го сториле тоа беше пред точно 60 години, во финалето во 1966 година против Германија.“ За ...

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ летово ќе биде дел од НБА Летната лига како член на стручниот штаб на Сан Антонио Спарс. Рајковиќ веќе престојува во Тексас, каде што се во тек подготвителните тренинзи на тимот за претстојниот турнир во Лас Вегас, закажан во периодот од 9 до 19 јули. Нашиот стручњак ќе ја има улогата на гостин-тренер во таборот на „мамузите“. Овој ангажман претставува вообичаена пракса за НБА франшизите, кои ...

Иако се уште не е познато каде Леброн Џејмс ќе ја продолжи кариерата, се повеќе се шпекулира за можните дестинации, а меѓу нив сега се појави и Денвер. Според новинарот на „ЕСПН“, Брајан Виндхорст, Денвер би можел да влезе во трката за четирикратниот шампион на НБА, доколку Леброн е подготвен да прифати помал договор за да игра со Никола Јокиќ. „Долго време верував дека ако постои изненадувачка опција за Леброн Џејмс, под услов да е подготвен ...

Премиерлигашот Тотенхем постигна договор со Њукасл за трансферот на италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали за сума од 100 милиони фунти. Лондонскиот клуб обезбеди огромно засилување во средниот ред по интензивни преговори кои завршија со дефинитивен договор меѓу двете премиерлигашки страни. Фиксната отштета која Тотенхем ќе ја исплати веднаш изнесува 92.5 милиони фунти, додека преостанатите 7.5 милиони фунти се предвидени преку ...

Оливер Гласнер го крена трофејот во Конференциската лига на УЕФА со Кристал Палас, го напушти лондонскиот клуб во обид да осигура посериозен ангажман, се споменуваа Милан и Баер Леверкузен, но тој на крајот реши да остане во Премиер-лигата. Нотингем Форест ќе биде новиот клуб на австрискиоот стратег, кој веќе ги договори условите за тригодишна соработка со „шумарите“. Витор Переира успеа да го разбуди Нотингем во финишот од сезоната, но ...

Англија е најновиот осминафиналист на СП 2026 откако по голема борба, со резултатски пресврт во второто полувреме успеа да слави над Конго со 2-1. Во главна улога беше Хари Кејн, голгетреот презеде одговорност кога беше најважно и со два гола го разбуди заспаниот џин, спречувајќи огромна сензација на стадионот во Атланта. Мечот почна со шок за фаворитот, откако Коного поведе во седмата минута преку Чипенга. Англичаните се мачеа и до 30. ...

Навиката на раководството на Олимпик Марсеј за чести промени на тренерската функција останува и летово откако гигантот од „Велодром“ се реши за именување на нов шеф на стручниот штаб за наредната сезона. Бруно Женесио е изборот на челниците на Олимпик откако овој 59-годишен стратег потпиша договор со тимот од „Велодром“. Женесио доаѓа во Марсеј по успешната сезона со Лил, откако со овој тим го освои третото место во француското првенство и ...

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од подготовките пред клучните натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Македонија утревечер од 18 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска, додека три дена подоцна следува гостувањето кај Луксембург. Во ростерот на селекторот повторно е и Тома Стојаноски, кој е подготвен да го даде својот придонес во сениорскиот ...

Ненад Димитријевиќ за првпат во својата богата кариера ќе настапува во грчкиот шампионат и тоа како член на Арис, откако македонскиот плејмејкер денеска го потпиша двогодишниот договор со клубот од Солун. Баерн денеска и официјално се збогуваше од Нено решавајќи да не го задржи Македонецот во своите редови, Зенит уште пред една седмица го раскина договорот со македонскиот репрезентативец, по што немаше никаква пречка за тој да се пресели во ...

Англија има негатива од 0-1 по првото полувреме против Конго, а фановите на „гордиот албион“ покрај во слабото издание на своите миленици вината за ваквиот резултат ја бараат и кај судијата Махадмех од Јордан, и тоа за недосудениот пенал над Хари Кејн пред крајот на полувремето. Англискиот голгетер истрча зад одбраната, стигна прв до топката и потоа падна во шеснеаетникот… постоеше контакт меѓу неговата нога и раката на голманот, но судијата ...

Баерн Минхен денеска го официјализираше трансферот на Исмаел Саибари, новата ѕвезда на мароканскиот фудбал што блеска на СП 2026. Баварците начелно го имаа договорено трансферот на одличниот офанзивец уште пред почетокот на мундијалот, ПСВ Ајндховен ја прифати понудата од почетни 55 милиони евра, а Саибари дополнително го привлече вниманието на гигантите по одличните игри во дресот на Мароко, постигнувајќи голови на трите средби во групната ...

Брајтон излезе како победник од трката по Лука Вушковиќ, откако неколку клубови од Англија и од Германија покажаа сериозен интерес за хрватскиот суперталент, кој на крајот сепак ќе се испроба во Премиер-лигата. Тотенхем го доведе Вушковиќ како нов хрватски фудбалски бисер од Хајдук, но дефанзивецот беше испратен на позајмица во Хамбургер, каде беше импресивен и го привлече вниманието на бројни тимови. Тој се врати назад во Тотенхем, но Де ...

Мохамед Салах од денеска и официјално е слободен играч по истекот на договорот со Ливерпул, а информациите поврзани со 34-годишната суперѕвезда говорат дека Салах веќе ја избрал и следната дестинација во кариерата. Саудиска Арабија ќе биде државата каде „фараонот“ ќе настапува во наредната сезона, и тоа во дресот на Ал Ахли, тим со кој Салах ќе потпише тригодишен договор. Станува збор за екипа за која своевремено настапуваше и Џани Алиоски, ...

Репрезентативците на Конго најавија сензација на 1/16 финалето во Атланта во кое за противник ја имаат моќната Англија откако африканските фудбалери први поведоа на пресметката со еден од главните фаворити за златото. Англија воопшто не игра брилијантно во последно време, но никој не очекуваше ваков старт на дуелот, откако Конго веќе во 7. минута повеќе преку Чипенга, офанзивецот на Касстељон одлично се снајде, со силен удар го изненади ...

Денеска е 1 јули, останува само уште половина месец до истекот на конечниот рок даден од Македонската Кошаркарска Федерација до сите клубови кои имаа долгови кон неа, за да можат да добијат лиценци за натпреварување во сезоната 2027/28. За потсетување, предводниците на „куќата на кошарката“ беа и повеќе од коректни во целата ситуација, нудејќи попуст од 40% за оние кои ги покрија долговите до 31 мај, додека попустот до 20 јуни изнесуваше 20% ...

Тотенхем минатата сезона едвај успеа да се спаси од испаѓање, а управата реши да го награди Роберто де Зерби со „неограничен буџет“ за засилувања во овој преоден рок. Или барем се чини неограничен, со оглед на потезите што „спарси“ ги повлекуваат на почетокот од летово. Како слободни играчи, но со богати бонуси за потпис беа доведени Робертсон и Сенеси, додека Ван Хеке беше ангажиран со трансфер од Брајтон. Де Зерби само се загреваше со тие ...

Милан Ристовски ќе ги менува клупските бои во текот на летово откако македонскиот напаѓач реши да си замине од редовите на Бохемијанс. Чешкиот клуб денеска објави дека не постигнал договор за продолжување на соработката со македонскиот интернационалец, по што Ристовски е слободен по истекот на договорот на 30 јуни. Милан Ристовски ги мина последните две и пол сезони во дресот на Бохемијанс, тој настапи на 69 средби во овој период, а ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42