По Германија, селекцијата на Холандија е втората од Европа што е елиминирана во 1/16 финалето од светскиот шампионат, и тоа по послабо изведување на пенали од својот противник. Мароко е репрезентацијата што го зеде скалпот на „лалињата“ откако во драматичен натпревар Мароканците најпрвин со гол во 91. минута се спасија од пораз (1-1), а потоа во пенал-рулетот стигнаа до пласман во следната рунда. Роналдо Куман се реши за дефанзивна тактика, ...

Холандија е елиминирана од СП 2026 по неуспехот во пенал-заавршницата со Мароко, но се можеше да биде поинаку доколку Фербруген успееше да го запре пеналот на Рахими во втората серија. Холандскиот голман ја погоди страната, ја имаше и топката кај себе, но сепак не успеа да ја запре, па за разочарувањето да биде уште поголемо, со сопствената нога ја турна кон мрежата. Мароко со тој гол израмни на 1-1 во „рулетот“, по што следеа промашувањата ...

Германците добија уште една мундијалска шлаканица откако повеќекратниот светски првак беше елиминиран уште во 1/16 финалето, и тоа од селекцијата на Парагвај, по пенал рулет откако резултатот по 120 минути игра гласеше 1-1. Голманот Хил беше парагвајски херој на овој дуел, а Германија вината за оваа елиминацијата мора да ја бара во своите редови, неефикасноста во оние 120 минути, за дното да биде допрено со првата германска елиминација во ...

Германија и Парагвај ќе мораат да играат уште најмалку 30 минути за да биде познат третиот патник во осминафиналето од овој мундијал откако регуларните 90 минути игра на „Фоксбороу“ во Бостон завршија со израмнети 1-1. Парагвај со дисцеплинираната одбрана им создаваше многу проблеми на германските офанзивци, а тандемот Ундав – Хаверџ што Нагелсман го проба за првпат на овој мундијал не го даде посакуваниот резултат. Не само што Германија се ...

Парагвај неочекувано има водство по првите 45 минути од мечот од 1/16 финалето на СП во кој оваа јужноамериканска селекција за ривал ја има Германија. Повеќекратниот светски првак се мачи да влезе во ритам, тандемот Ундав – Хаверц во нападот не се снаоѓа против парагвајскиот бункер, додека на спротивната страна Мануел Нојер повторно ја вадеше топката од својата мрежа, со што продолжи црната традиција Германија да прима најмалку по еден гол на ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елмин Растодер го комплетираше трансферот од соништата откако вечерва и официјално го стави потписот на четиригодишниот договор со Панатинаикос. Растодер е роден во Швајцарија и целата досегашна кариера ја мина во оваа земја, почнувајќи од младинската академија на Грасхоперс, потоа настапувајќи за неколку различни тимови. Врвот сепак го достигна изминатата сезона, кога со Тун стигна до титулата во ...

Соработката меѓу Струга ТЛ и Стефан Јевтоски што траеше две години и официјално заврши летово откако самиот фудбалер реши да не ја прифати понудата за нов договор и наместо тоа се реши за нов интернационален предизвик. Индонезија ќе биде следната дестинација во кариерата на Јевтоски откако тој се договори со тимот на ПСМ Макасар да го облече дресот на оваа екипа. Јевтоски ги бранеше боите на Струга ТЛ од почетокот на сезоната 2024/25, ...

Карло Анчелоти со огромна доза на олеснување се појави пред новинарите откако Бразил се спаси од срамна мундијалска елиминација, славејќи со 2-1 над Јапонија, со голот што го постигна Габриел Мартинели во 95. минута. Искусниот стратег има минато буквално се во кариерата, но не крие дека притисокот што го чувствувал на овој меч е неспоредлив. „Чувствував како нозете ми се тресат додека стоев крај аут-линијата. Не можам да се сетам дали некогаш ...

Реал Мадрид подготвува вистинска „бомба“ во европската кошарка, ќе му врачи отказ на Серџо Скариоло и на негово место ќе го доведе Педро Мартинез, врвниот стратег кој пред една седмица стана шампион на Шпанија со Валенсија. Мартинез беше најзаслужен за сезоната од соништата на Валенсија, водејќи го овој тим до Ф4 турнирот од Евролигата каде беше елиминиран токму од Скариоло и од Реал. Педро сепак заслужено беше избран за тренер на сезоната во ...

Македонскиот младински репрезентативец Димитар Узунчев и официјално е член на Целје откако денеска го стави својот потпис на договорот со шампионот на Словенија. Узунчев важи за еден од најголемите таленти во мак-ракометот, минатата сезона ги бранеше боите на Бутел, а претходно настапуваше и за тимот на Мулти Есенс. Тој летово доби неколку понуди од странство, но го избра Целје како идеален клуб за натамошен развој во кариерата. Се очекува ...

Бразил стигна до билет за осминафиналето од СП 2026 откако „кариоките“ по огромна битка славеа над Јапонија со 2-1, и тоа со гол постигнат во 95. минута. „Резервистот“ Мартинели беше херојот на бразилскиот состав, откако асот на Арсенал мајсторски стрелаше во мрежата за огромна радост на многубројните бразилски навивачи на трибините во Хјустон Очекувано, Бразил беше репрезентацијата со далеку поголем посед на топката, но „кариоките“ се мачеа ...

Бразил влезе далеку помотивирано во второто полувреме, за десет минути игра успевајќи да израмни на 1-1 на дуелот од 1/16 финалето на СП против Јапонија. Ендрик влезе во игра на местото на Пакета, „кариоките“ тргнаа ултраофанзивно, а ваквиот прстап им донесе и израмнувачки погодок. Касемиро промаши зицер од три метри во 53. минута, но само две минути подоцна новиот фудбалер на Интер Мајами се снајде далеку подобро, по центаршутот на Габриел ...

Нецели 30 минути игра, а на повидок е големо изненадување во 1/16 финалето од СП 2026 откако Бразил се најде во негатива од 0-1 во пресметката со Јапонија. Бразилците тргнаа во полуконтра кога Данило со промашено додавање го проигра Сано, јапонскиот фудбалер ја зеде топката на половина од теренот, истрча триесетина метри и потоа милиметарски прецизно го матираше Алисон Бекер. Водечкиот погодок на Сано за Јапонија против Бразил можете да го ...

Францускиот селектор Дидие Дешамп нема да може да смета на услугите на Маркус Турам за дуелот од 1/16 финалето против Шведска откако голгетерот на Интер заработил повреда на мускулот на еден од последните тренинзи на „триколорите“. Нападот на Франција од почетокот на овој мундијал го сочинуваат Дембеле и Мбапе помогнати од Дезире Дуе или од Баркола, Турам досега влезе во игра само на вториот меч со Ирак, но се очекуваше тој да биде адут на ...

Енцо Мареска денеска и официјално беше промовиран како нов менаџер на Манчестер сити, а италијанскиот стратег веќе даде насоки околу фудбалерите што сака да ги види во дресот на „граѓаните“. Андерсон беше доведен од Нотингем Форест пред промоцијата на Мареска, но како прво засилување на итлаијанскиот стручњак во новиот клуб се очекува да биде ас од неговиот поранешен тим, Челси. Десниот бек Мало Густо се наоѓа многу блиску до потпис со ...

Џеди Осман ќе го напушти Панатинаикос во текот на летото, а според сите индикации, неговата следна дестинација е Турција. Се пишуваше дека одличниот кошаркар е на прагот да се врати во Ефес, но како што објави Јагиз Сабунџуоглу, Фенербахче и Бахчешехир се вклучија во трката за турскиот репрезентативец. Бахчешехир има високи амбиции за следната сезона, пред се да се бори за Евролигата, но и за сите домашни трофеи. Така, тие влегоа во преговори ...

Американскиот кошаркар Карсен Едвардс е нов член на Жалгирис, објави денеска литванскиот клуб. Како што беше објавено, 28-годишниот бек, кој минатата сезона играше во Виртус, потпиша договор на една плус една година. По Сејбен Ли, Мариус Григонис, Максвел Луис, Стерлинг Браун и Јонас Валанчиунас, пристигна уште едно големо засилување. На изненадување на многумина, Едвардс минатото лето заврши во Виртус и, исто како и во Баерн, беше најдобриот ...

Елиминацијата на Јужна Кореја од Светското првенство по групната фаза му го направи животот на селекторот Хонг Мјунг-бо пекол. Хонг Мјунг-бо поднесе оставка еден ден по елиминацијата на Јужна Кореја од Светското првенство, сакајќи да ја преземе целосната одговорност за неуспехот. Претседателот на земјата рече дека неуспехот е „директна последица на некомпетентно и неодговорно раководство, како и длабоко вкоренет систем на фаворизирање“. Ли ...

Поранешниот менаџер на Челси, Енцо Мареска, и официјално е промовиран во нов шеф на стручниот штаб на Манчестер сити, потег што предизвика брза реакција и јавно објаснување од неговиот поранешен клуб за лошите резултати. Челси ја заврши натпреварувачката сезона на разочарувачката 10. позиција во Премиерлигата. Раководството на лондонските „сини“ веднаш по промоцијата на Италијанецот излезе со став дека токму неочекуваната промена на ...

Од 19 часот не очекува нов натпревар од шеснаесетиинафиналето на Светското првенство, кој носи судир меѓу Бразил и Јапонија. Јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу изјави дека неговиот тим верува дека може да го изведе едно од најголемите изненадувања на турнирот. „Целосно сме подготвени да му се спротивставиме на Бразил со се што имаме. Нашите играчи работеа исклучително напорно, а целиот тим пристигна на ова Светско првенство подготвен за ...

Англискиот великан Манчестер сити денеска и официјално го промовираше Енцо Мареска за нов тренер. Мареска на клупата на „граѓаните“ доаѓа по десетгодишната ера на Пеп Гвардиола, во која премиерлигашот ги испиша најубавите години од своето постоење, а како круна дојде освојувањето на Лигата на шампионите во 2023 година. Мареска кој своевремено токму во Сити беше помошник на Гвардиола, на почетокот на годинава доби отказ во Челси по слабите ...

Македонската репрезентација ќе влезе во завршните натпревари од претквалификациите за Евробаскет 2029 со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска одигран во Даблин. Селекторот на националниот тим, Жозеп Мариа Берокал, ќе треба да направи сериозни корекции во играчкиот ростер пред двата клучни натпревари од јулскиот ФИБА прозорец против Ирска и Луксембург. За разлика од мечот одигран на 30. ноември во Даблин, каде Македонија ...

ФК Силекс официјално го промовираше Марио Ричков како свое најново засилување за натпреварувачката сезона 2026/27. Кратовскиот прволигаш продолжува со активниот ремонт на тимот, обезбедувајќи го потписот на еден од најперспективните дефанзивци во домашниот шампионат. Станува збор за 22-годишниот фудбалер кој пристигнува од редовите на Македонија Ѓорче Петров, каде што се истакна со своите одлични партии во одбраната. Ричков зад себе веќе има ...

Никола Јокиќ ќе игра следната сезона за Денвер Нагетс, чиј член можеби нема да е неговиот најпознат соиграч Џамал Мареј. Според медиумите во САД, сериозно се разгледува голема размена помеѓу тимот од Колорадо и Бостон Селтикс. Ол-стар бекот Џејлен Браун и крилото Сем Хаузер треба да тргнат кон Денвер, додека Џамал Мареј и Кем Џонсон треба да завршат во најтрофејната франшиза во историјата на НБА. На крајот од минатата сезона, Џош Кронки, ...

Според „БаскетЊуз“, Никола Миротиќ би можел да го напушти Монако ова лето, бидејќи клубот се соочува со сериозни финансиски проблеми што би можеле да предизвикаат заминување на неколку од неговите најплатени играчи. Искусниот кошаркар пристигна во Кнежевството од Олимпија Милано минатото лето со желба да му помогне на Монако да ја освои својата прва титула во Евролигата, но сезоната не помина како што се очекуваше. Финансиската криза, ...

Елиминацијата во групната фаза на Светското првенство доведе до оставка на првиот човек на Фудбалската асоцијација на Саудиска Арабија. Претседателот на САФФ, Јасер Ал Мишехал, одлучи да се повлече и да стави крај на својот седумгодишен мандат. Одлуката дојде веднаш откако националниот тим го заврши натпреварувањето како последен во Групата Х, со само два освоени бода, по ремито без голови против Зеленортски острови. Тој резултат значеше и ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Бразил нема пораз во првата нокаут фаза на мундијалите уште од 1990 година (0-1 од Аргентина со голот на Каниџа во 80. минута). Јапонија никогаш не славела на нокаут натпревар на ...

Тетовска Шкендија креирајќи го составот за новата сезона денеска официјално го промовираше крилниот напаѓач Алмир Криезиу. 27-годишниот фудбалер потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, веднаш приклучувајќи се на подготовките на тимот. Криезиу доаѓа од редовите на косовскиот Балкани, како еден од најбараните фудбалери во овој преоден рок, со сериозни понуди и од Европа. Но, како што информираат тетовци, сепак ја избрал Шкендија и ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин едно од најголемите имиња во македонската фудбалска историја, Бобан Бабунски. Поранешниот македонски репрезентативец, но потоа и селектор на сениорската и младата репрезентација на Македонија, меѓу другото, се потсети и на славните денови со онаа шампионска генерација на Вардар од 1987 година со која стигнаа до шампионската титула во Југославија. Бабунски вели дека најголемата ...

Барселона интензивно работи на решавање на прашањето за напаѓач за следната сезона, а покрај Хулијан Алварез, во игра е и српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ. Приоритет на каталонскиот гигант се уште е напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој наводно изразил желба да ја промени средината и да го облече дресот на Барселона. Клубот го гледа Аргентинецот како идеален наследник на Роберт Левандовски, кој го напушти „Камп ноу“ по истекот на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35