Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Норвешка забележа победа на првиот меч од главната фаза во Хернинг откако во драматична завршница славеше над Шпанија со минимални 35-34. Дуелот беше максимално израмнет, а го одлучија судиите во последните секунди, откако најпрвин покажаа на седум метри, но по ВАР-анализата се премислија и досудија дека мечот е завршен со 35-34 за скандинавската селекција. Шпанија отвори подобро, имаше почетни 4-2 и 5-3, потоа „црвената фурија“ водеше и со ...
Роберт Левандовски беше стрелец за Барселона синоќа во Прага, со што полскиот ас стигна до неверојен подвиг – постигнувајќи погодоци против 39 различни клубови во Лигата на Шампионите. Левандовски беше израмнет со Кристијано Роналдо со по 38 различни тимови против кои ја има затресено противничката мрежа, а синоќа против Славија го остави Португалецот зад себе на оваа ранг-листа. Пред Полјакот сега е единствено Лео Меси, кој во кариерата беше ...
Арсенал сака дополнително да го засили својот напад, а прва трансфер мета е Хулијан Алварез, аргентинската ѕвезда која со успех настапува за Атлетико Мадрид. Алварез има богато искуство со настапите во Премиерлигата каде во минатото го носеше дресот на Манчестер Сити, но издејствува трансфер во „граѓанските“ редови поради незадоволството со животот во Англија. Фактот дека тој ужива во Шпанија, а воедно и е трансфер желба на Барселона ја прави ...
Раководството на Челси е на удар на јавноста и на навивачите поради константните промени на тренерите во последните години, но „сините“ се соочуваат со нов огромен проблем – по најавите дека Кол Палмер е незадоволен и сериозно размислува за заминување од „Стемфорд бриџ“. Најдобриот фудбалер на Челси е разочаран од несериозноста, сметајќи дека честите промени, но и безидејното трошење пари на ново и нови засилувања, имаат само негативен ефект ...
Поднесената оставка на Марјан Илиевски од функцијата селектор на Македонија предизвика изненадување во кошаркарските кругови, а раководството на федерацијата сега ќе треба што поскоро да најде решение за негов наследник, во ситуација кога за еден месец пред „црвено-жолтите“ е продолжување на претквалификацискиот циклус за ЕП 2029. Прва желба на челниците на куќата на кошарката бил Октај Махмути, врвен тренер роден во Скопје, бил воспоставен и ...
Младиот фудбалер со македонско потекло Василије Костов е на радарот на големите европски клубови, а Арсенал и Борусија Дортмунд вечерва ќе имаат скаути во Малме. „Не можам да зборувам кој се јави, но веќе добивме понуда вредна 20 милиони евра за него“, изјави Терзиќ за „Мирор“. Тој беше прашан и дали Костов може да игра во Премиерлигата. „Се разбира, но не за кој било тим. Тој би можел да игра за еден од шесте најголеми клубови“, додаде ...
Милвоки Бакс играат нова разочарувачка сезона во НБА лигата. Незадоволството на најголемата ѕвезда во тимот, Јанис Адетокумпо расте од натпревар во натпревар, а се чини дека кулминираше по поразот од Оклахома во последниот натпревар. Грчкиот репрезентативец јавно ги критикуваше своите соиграчи за кои вели дека не го негуваат тимскиот дух и играат „за себе“. „Не играме за да победиме, не играме заедно. Немаме хемија, овие момци се себични. ...
Ракометната репрезентација на Германија стигна до првата победа во главната фаза на Европското првенство откако славеше против Португалија со 32-30. Андреас Волф повторно беше најдобар поединец на теренот во првото полувреме и само поради неговите осум одбрани по првото полувреме Германија имаше егал против Португалците 11-11. Ситуацијата на теренот беше слична и во вториот дел. Волф брилјираше на теренот и тоа беше клучот за победа на ...
Екипата на Маџари го одигра првиот дел од сезоната како домаќин во неколку различни сали,, но најпријатното изненадување во Супер-лигата конечно ќе се врати во својата населба почнувајќи од првиот меч во 2026 година. Маџари в недела во 16 часот ќе го пречека шамионот МЗТ Скопје во салата во населба Маџари, мотив плус за избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ да се престават во добро светло и да се обидат да го изненадат големиот фаворит. А ...
Македонските фудбалски прволигаши и второлигаши продолжуваат со подготвителните натпревари пресрет пролетниот дел од сезоната во мак-фудбалот. Работнички славеше со големи 8-2 против ГФК Охрид во меч со десет гола. Интересно, дури десет голови се постигнати на овој меч кој се одигра попладнево во Скопје. Работнички кој имаше очајна есенска полусезона, со катастрофална ефикасност, сега на првите две зимски контроли успеа да постигне ...
Македонската репрезентација до 17 години одигра два контролни натпревари против врсниците на Турција на гостински терен во Анталија. Избраниците на селекторот Влатко Колев загубија, минимално, со 1:0 и 2:1 на двата пријателски натпревари во спортскиот комплекс „Арслан Зеки Демирџи“. Хусеин Шен во 30. минута беше стрелец на единствениот гол за домашната селекција на првиот натпревар. Јаков Стојковски ја пропушти најдобрата прилика за нашата ...
Работнички се соочува со огромни проблеми од почетокот на сезонава, а кризата ќе кулминира на стартот од новата година откако по низата странски заминувања сега на излезна врата од клубот се наоѓа и Стојан Ѓуроски. Крилниот кошаркар е најдобар поединец во таборот на „центарци“ сезонава, но финансиската нестабилност и неизвесноста околу амбициите на клубот придонеле и тој самиот да повлече чекор за промена на клупските бои. Како што дознава ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс продолжува со составувањето на тимот за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. 26-годишниот играч од средниот ред, Мирза Делимеѓац е нов фудбалер на кратовчани. Во Кратово тој доаѓа од редовите на српски ФК Јединство Уб. Делимеѓац во есенската полусезона настапуваше во Првата српската лига каде запиша 12 настапи и еден постигнат гол. Во кариерата има настапувано во Албанија, ...
Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко е нов играч на Шалке, соопшти германскиот клуб. Џеко (39) потпиша договор со Шалке до крајот на сезоната. Во првиот дел од сезоната настапуваше за Фиорентина, а за клубот од Фиренца на 18 натпревари во сите натпреварувања постигна два гола. Фудбалерот од Босна и Херцеговина во текот на својата кариера меѓу другите играше за Манчестер Сити, Интер, Рома, Волфсбург и ...
Барселона забележа важна победа на гостувањето во Чешка против Славија Прага од 2-4 во Лигата на шампионите, но тоа славје имаше цена. Во 61. минута од мечот играта ја напушти Педри, најважниот играч на Барселона и според многумина најдобриот играч за врска во светот. Шпанскиот играч за врска го повреди грбот, а ден по натпреварот пристигна информација колку време ќе биде надвор од терените. Барселона потврди дека Педри ќе отсуствува најмалку ...
Бразилскиот напаѓач Винисиус Џуниор е топ тема во светот на фудбалот поради неговиот истекувачки договор со Реал Мадрид и застанатите преговори за продолжување на соработката. Најголемиот проблем кој се јавува како пречка за потпис на нов договор се финансиите, односно желбата на голгетерот за плата од „невидени размери“, но се чини дека има „светло на крајот на тунелот“ судејќи по неговата последна изјава. „Сакам да останам во Реал Мадрид ...
Само два дена пред продолжувањето на првенството во кошаркарската Суперлига, тимот на Ангели доби засилување кое може да биде пресудно во битката за останување во елитата. Нов член на екипата стана Рубин Стефанов. 20-годишниот Стефанов (роден на 3 мај 2005 година, висок 191 см, игра на позициите бек/крило) доаѓа во Ангели по двогодишен престој во Италија. Таму тој настапуваше за Унибаскет Ланчано, каде во сезоната во U19 лигата беше еден од ...
Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни седум натпревари по кои на победи се радуваа Кливленд, Бостон, Њујорк, Атланта, Деторит, Оклахома и Торонто. Најубавите потези на вечерта ги одбелеќа Малик Монк кој со фантастичен дриблинг ифрли противник па потегот го круниса и со одлично забивање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е ...
Дојдовме, видовме, одигравме, се вративме дома…. и така секој јануари на големите ракометни натпреварувања, на кои Македонија е дел повеќе од една деценија, како редовен дел од ракометната елита во Европа. И секоја година е истото, враќањето дома покренува и низа анализи, огромен дел од нив неиздржани, за тоа зошто не играме подобро, зошто не победуваме повеќе, зошто не сме повисоко во генералниот пласман. И колку повеќе се следат социјалните ...
Хрватска загуби од Шведска со 33-25 во третото коло од првата фаза на Европското првенство, по што „коцкестите“ сега нема да пренесат ниту еден бод во втората фаза од натпреварувањето, додека Шведска пренесува два. Избраниците на Дагур Сигурдсон речиси и да немаа шанси за победа во ниту еден момент од играта. Во главната рунда на ЕП 2026, хрватските ракометари во петок стартуваат против Исланд, додека во недела играат против Швајцарија. Потоа ...
И на стартот на меѓународната сцена во новата сезона на европските фудбалски купови Комисиите на УЕФА не ги забораваат претставниците на Фудбалската федерација на Македонија кои од година во година го потврдуваат својот квалитет со успешно извршените задачи. Меѓу првите на европската сцена ќе се појави менаџерот за фудбал во ФФМ, Жаре Игњатовски кој вечерва во Чешка ќе биде организациски директор на мечот меѓу Викторија Плзен и португалскиот ...
Веспрем е на добар пат да го ангажира српското „чудо од дете“, Стефан Додиќ, име познато во македонската јавност откако на 15-годишна возраст дебитираше за Металург. Додиќ првите ракометни чекори ги направи токму во овој клуб, настапуваше за тимот од Автокоманда и во Лигата на Шампионите, но по финансискиот колапс на „металурзите“ тој по кратката авантура во Охрид реши да го напушти мак-ракометот. Последната сезона тој со успех ги брани боите ...
Иако високата победа во Лигата на шампионите делуваше како еден вид лек и донесе одмор по тензиите видени на натпреварот против Леванте, јавноста во Шпанија се уште зборува за свирежите од „Сантијаго Бернабеу“ за фудбалерите на Реал Мадрид. И Тони Крос, човек кој со години е дел од соблекувалната на Реал Мадрид и кој многу добро знае како изгледа да се игра под постојан притисок, зборуваше на оваа тема. „Фудбалер кој никогаш не бил исвиркан ...
Фудбалерите на Манчестер Сити одлучија да им ги надоместат парите на сите навивачи кои патуваа на натпреварот од Лигата на шампионите против Бодо Глимт, на кој тимот доживеа пораз од 1-3. Гестот следеше по натпреварот што напаѓачот Ерлинг Халанд го опиша како „срамен“. Во Норвешка имаше 374 гостински навивачи кои беа сведоци на едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите. Повеќето од нив патуваа преку Осло до Боде и ...
Со синоќешните средби во Малме финишираа возбудувањата во групната фаза на ЕП 2026, што Македонија за жал и покрај добрите изданија во Хернинг не успеа да ја мине и да се пласира во главната рунда. Заокружувањето на групите е можност и за статистичка анализа, па така Македонија повторно имаа топ-стрелец во своите редови. Филип Кузмановски, кој одигра меч за паметење во ремито со Португалија, е трет стрелец во групната фаза од ова ЕП. ...
Струмичкиот прволигаш АП Брера ремизираше (1-1) на пријателскиот натпревар против грчки Ксанти низ подготовките за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Од Брера одиграа рамноправен натпревар на гостински терен со Грците во кој стрелец на единствениот гол за македонскиот тим беше Стојанов во 36. минута од средбата. Од АП Брера се задоволни од изданието на тимот на овој меч на кој шанса добија сите во моментов ...
Њујорк Никс ги победија Бруклин Нетс со 120-66 изминатава ноќ во НБА лигата. Немаше ништо од градско дерби, туку целосна доминацијата на Њујорк Никс, кои уште еднаш им покажаа на Бруклин Нетс кој е шеф во Њујорк. Триумфот на Њујорк Никс со 54 поени разлика (120-66) е најголем во историјата на познатата франшиза! Њујорчани загубија 9 од последните 11 натпревари и оваа победа беше многу важна за нив поради менталната состојба на тимот, но и ...
Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона славеа на гостувањето кај Славија Прага со 2-4 во натпревар од 7. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Чесите до водство од 1-0 дојдоа со погодокот на Кусеј во 10. минута, откако по корнерот на домашниот тим, целата одбрана на Каталонците предводена од голманот Џоан Гарсија интервенираа пацерски. До крајот на првиот дел Барса стигна до целосен пресврт (1-2) со двата гола на Фермин Лопез, ...
Кошаркарите на актуелниот европски шампион, Фенербахче славеа на гостувањето во Италија кај Виртус Болоња со … во последниот натпревар од 23. рунда во Евролигата. Домаќините одиграа одлично во првото полувреме и на пауза заминаа со позитива од 47-40. Сепак, Турците успеаја да заиграат многу подобро во вториот дел и да бидат посконцентрирани во финишот, за на крајот да стигнат до целосен превсрт и победа од 80-85. Хортон Такер со 28 поени беше ...
Ракометарите на еден од кодомаќините на Европското првенство, Шведска со максимален учинок ја заврши првата фаза на континенталниот собир откако вечерва славеше против актуелниот светски вицешампион Хрватска со убедливи 33-25. Швеѓаните во текот на целиот натпревар беа за класа подобар противник од Хрватите и на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до конечен триумф од 33-25. Рогановиќ и Јохансон со по пет гола беа најефикасни кај победникот, ...