
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Веб-страницата што се претставуваше како Фондацијата Диого Жота е отстранета од интернет по сериозни обвинувања дека организацијата нема никаква врска со семејството на трагично починатиот фудбалер на Ливерпул, ниту со клубот. До моментот кога страницата беше затворена, наводно собрала речиси 75.000 евра донации. Фудбалскиот свет беше шокиран од сообраќајната несреќа во јули во која Диого Жота и неговиот брат ги загубија животите, само неколку ...
Познатиот француски кошаркар и прв човек на Асвел, Тони Паркер, сака да започне тренерска кариера, и тоа не било каде, туку во најдобрата кошаркарска лига – НБА. Паркер е сопственик на францускиот клуб, и операциите кои ги изведува носат многу одговорности, но се повеќе екс репрезентативецот се стреми да ја замени директорската фотеља со теренот. Според информациите, тој веќе работи на добивање на диплома, односно лиценца за тренер. „Мојот сон е ...
Фудбалерите на Струга ТЛ стигнаа до три од три на стартот на новата сезона откако денеска во премиерниот меч од 3. коло во ПМФЛ на домашен терен славеа против Работнички со 2-0. И двата тима премногу внимателно го отворија натпреварот. Домаќините се обидуваа да го загрозат голот на „романтичарите“, но нивните напади беа млаки, па по 20 минути игра се уште стоеаја почетните 0-0. Првата поубава шанса ја имаа домаќините кога во 21. минута Марјан ...
Интервјуата на полувреме од оваа сезона станаа вообичајна пракса во англискиот фудбал, новитет кој наиде на остри критики од поранешните и сегашните тренери и играчи. Последен кој говореше на оваа тема е Вејн Руни, легендарниот англиски фудбалер кој на подкаст изјави дека тој веќе одбил да дава интервјуа на полувреме додека настапуваше во САД, а и додаде дека новитетот никој не бил успеал кај Сер Алекс Фергусон. „Кога потпишав за Ди-си Јунајтед ...
Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер по ремито со Тримо Требње, одигра уште една нерешена на тунирот „Крсте Андоновски“ откако денеска ремизираше против Динамо Панчево одиграа 24-24. По синоќешната голема победа над Вардар, македонскиот шампион како подзаспан го отвори мечот против Динамо Панчево. Србите го искористија тоа па на полувреме имаа позитива од 13-10. Слично продолжи и второто полувреме се до последните десет минути кога ...
Струга Трим Лум има водство од 1-0 на полувреме против Работнички во премиерниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. И двата тима премногу внимателно го отворија натпреварот. Домаќините се обидуваа да го загрозат голот на „романтичарите“, но нивните напади беа млаки, па по 20 минути игра се уште стоеаја почетните 0-0. Првата поубава шанса ја имаа домаќините кога во 21. минута Марјан Радески биеше кон голот ...
Женската репрезентација на Македонија до 16 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство Б-дивизија откако денеска беше поразена од репрезентацијата на Бугарија со 62-80. Нашите девојки им парираа на Бугарките само во првиот период кој го загубија со 14-18. До крајот на првиот дел Бугарија успеа да побегне на двоцифрена предност, а до крајот да ја задржи за конечен триумф од 62-80. Глорија Груевска со 18 поени беше прво име во ...
Репрезентативецот на Италија, Ахиле Полонара постигна договор да се врати назад во Динамо Сасари доколку рехабилитацијата од тешката болест тоа го дозволи. Поранешниот клуб на Полонара каде тој настапуваше со успех од 2017 до 2019 година пред да го отвори патот кон Евролигата се одлучи на потег за почит, да го ангажира 33-годишникот кој се бори со леукемија на големо задоволство и на навивачите кои имаат огромна почит за кошаркарот кој беше ...
Откако не успеа да добие шанса за настап, Баерн Минхен се реши да го продаде еден од најголемите таленти на германскиот фудбал, Пол Ванер. Негова следна дестинација ќе биде тимот на ПСВ, а „Баварците“ за овој трансфер ќе добијат 15 милиони евра. Ванер дојде во Баерн од Равенсбург уште пред седум години, кога имаше 12 како еден од најголемите таленти. Играше за сите младинските екипи на „Баварците“, а потоа стигна и до првиот тим, за кого има ...
Во пресрет натпреварот помеѓу Њуксал Јунајтед и Ливерпул во 2. коло од Премиерлигата, шведскиот напаѓач Александар Исак останува топ тема за медиумите. За неговата ситуација одново говореше тренерот на „црно-белите“, Еди Хау кој изрази желба тој да остане во тимот и да ги тресе противничките мрежи и оваа сезона. „Тој има договор со нас, наш играч е. Го сакам 100 отсто во дресот на Њуксал. Мојата желба е да биде во составот во понеделник. Но, ...
Хари Мегваер, стоперот на Манчестер Јунајтед кој во последните години трпи голем број критики поради неговите настапи, вели дека воопшто не е загрижен за истите. Тој се спореди со легендарните Дејвид Бекам и Вејн Руни, велејќи дека и тие го минале истиот пат, па потоа станале исграчи од светска класа. „Секогаш добро се справував со критиките. Тие не ме засегаат, ниту ме вознемируваат. Цело време сум со силен дух, и сега можам само да давам ...
МЗТ после продолжување на договорот со тренерот Васко Атанасов и целиот стручен штаб, сега промовираше и три принови во својот играчки кадар. Улогата на ниско крило ќе му биде препуштена на Грегори Џонсон (25 год, 196 см), кој до предминатата сезона настапуваше за Истерн Њу Мексико универзитетот, додека во минатиот шампионат беше дел од австрискиот прволигаш Грац. На позицијата „два“, или популарно како бек-шутер ќе настапува неговиот ...
Некогаш беше огромен талент на португалскиот фудбал. Го споредуваа со големите фудбалски ѕвезди, му предвидуваа блескава иднина. Затоа Баерн Минхен уште на негови 18-години загриза и го донесе во своите редови, но португалскиот фудбалер Ренато Санчез како да „потона“, и никогаш не беша ниту блиску од она кое му се предвидуваше. Баерн Минхен се обидуваше да го „оживее“ и го испрати на позајмица во Свонси, па откако не успеа, го продаде на Лил. ...
Навивачите на Аталанта решија да упатат предупредување до ѕвездата на тимот, Адемола Лукман , кој до неодамна силно инсистираше на трансфер во Интер , па дури и најави бојкот на својот клуб. Според италијанските медиуми, синоќа покрај тренинг базата на тимот од Бергамо бил закачен транспарент со следната порака до напаѓачот: „Дресот мора да се почитува… уште една глупост нема да биде простена!!!“ Како што е познато, Интер на крајот го повлече ...
Борусија Дортмунд, конечно, се активира на трансфер пазарот. Го донесе само Џоб Белингем како ново име, а сега се очекува да донесе уште 4-5 нови играчи. Двајца од нив ќе дојдат од редовите на Челси. Станува збор за играчот од средниот ред Карни Чуквуемека и стоперот Арон Анселмино. Чуквуемека веќе беше на позајмица во Дортмунд изминатите шест месеци, а сега се работи на негов пермаентен трансфер, додека Анселмино би дошол како позајмен на една ...
Бугарските медиуми критички кон својот шампион Лудогорец, по поразот во Скопје од екипата на Шкендија со 2-1, со што тимот од Разград се оддалечи од групната фаза во Лигата на Европа. Главно критиките се насочени кон стручниот штаб за многуте измени во тимот (дури шест од натпреварот со Ференцварош) и катастрофалната игра. „Со оглед на прикажаното на теренот, домаќините заслужено се радуваа на триумфот, а Лудогорец уште еднаш покажа дека не може ...
Една од најинтересните фудбалски лиги во Европа, германската Бундеслига, започнува денеска. А, согласно традицијата, сезоната ќе ја отвори актуелниот шампион и победник на неодамнешниот државен Суперкуп – Баерн Минхен. И тоа против еден од неговите главни ривали за титулата, Лајпциг, вечерва на „Алијанц Арена“ (20:30 часот). Баварците имаат убедливо најмногу титули во националните првенства (33), последната ја освоија со дури 13 бода повеќе од ...
Нотингем Форест размислува да се раздели со менаџерот на тимот, Нуно Еспирито Санто, поради изјавите дадени пред почетокот на Премиерлигата, како и караниците со сопственикот Маринакис пред крајот на минатата сезона. Маринакис и Санто имаа караница по ремито со Лестер, со кои беа прокоцкани сите шанси тимот да се пласира во Лигата на шампионите, но набрзо потоа се смирија тензиите. Сепак, сега оганот одново се распламети по изјавта на ...
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Дијас го продолжи договорот со тимот до 2029 година, соопшти денеска клубот. Тоа значи дека португалскиот интернационалец ќе остане „граѓанин“ девет години, откако пристигна на „Етихад“ во 2020 година од Бенфика. Дијас досега има повеќе од 200 настапи за тимот на Сити, и освои девет трофеи досега носејќи го дресот на „граѓаните“, од кои четири титули се шампион во Премиерлигата, и еден во Лигата на ...
На барање на Лудогорец, мечот од 6. коло во бугарската ефбет лига со Берое на гости е одложен. Бугарскиот првак побара одложување, со цел подобро да се подготви за мечот против Шкендија, со оглед дека им е потребна победа на реваншот, по поразот синоќа во Скопје од 2-1. Дуелот меѓу Берое и Лудогорец требаше да се игра во понеделник во 20:15 часот на стадионот во Стара Загора. За разлика од бугарската екипа, Шкендија нема намера да одложува ...
Искусниот ракометар Милан Лазаревски кој е член на Вардар 1961 и на македонската репрезентација, ќе треба да паузира три месеци поради повреда на рамото. Тој имаше упсешна операција на десното рамо во Загреб, извршена од страна на д-р Никола Чичак, соопштија од вардаровиот тим. Тоа значи дека Лазаревски нема да биде во комбинација на тимот на Иван Чупиќ за стартот на нова сезона, и ќе се врати на терените дури на крајот на ноември. Оваа повреда ...
Два натпревари, еден бод. Недоволно за желбите и амбициите на Работнички, кој минатата сезона ја заврши на третата позиција и обезбеди излез во Европа. По ремито без голови во Кавадарци со Тиквеш, тимот на Бојан Маркоски беше непријатно изненаден од Башкими на Националната Арена „Тодор Проески“ каде забележа пораз од 0:-2. Лекција што брзо мораа да ја научат фудбалерите на Работнички, затоа што во првиот меч од третата рунда во Прват МФЛ ги ...
АП Брера не го стартуваше резултатски добро новото првенство во Првата МФЛ и забележа два порази, од Силекс во Кратово (5-0) и од Пелистер во Струмица (1-2), но струмичани се надеваат дека многу брзо ќе влезат во подобар ритам и дека ќе стигнат до првите бодови. Третото коло од Првата лига за АП Брера носи нов голем предизвик, гостување на Националната Арена „Тодор Проески“ и дуел со Вардар. Ќе биде тоа големо искушение, но играчот за врска Миле ...
Искусниот српски фудбалер Немања Матиќ ја помина последната сезона во Лион, но по истекот на договорот нема да има продолжување на соработката. Матиќ го мина летниот одмор во Србија каде што тренираше индивидуално и чекаше вистинска понуда бидејќи е решен дека сè уште не е време за пензионирање иако веќе има 37 години. Па, Фабрицио Романо утрово се огласи на социјалните мрежи и откри дека Матиќ се враќа на Апенините по две години и дека ...
Македонските репрезентативци Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите со шампионот Е. Пелистер до јуни 2028 година, информираат од битолскиот суперлигаш. и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим. „Нашиот проект се протега многу подолго и затоа размислуваме и за иднината на тимот. Со овие потписи клубот јасно покажува дека од прогресот и скокот од Е. Пелистер 2 во првиот тим, сака браќата Атанасијевиќ да ги задржи и ...
Струга ТЛ денеска во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига пред своите навивачи го пречекува Работнички. Македонскиот репрезентативец Бојан Илиевски верува дека Струга ТЛ може да дојде и до третата победа на стартот од сезоната, со што веќе отворено ќе се потврдат амбициите на тимот за врвот во македонскиот шампионат. „Цела недела се подготвувавме за овој натпревар. Го анализиравме противникот, знаеме кои се нивните најдобри страни, но го ...
Денеска се отвора третото коло од Првата македонска фудбалска лига. На програмата се два натпревари. Струга ТЛ против Работнички од 17 часот и дуелот во вечерниот термин во 20 часот меѓу екипите на Вардар и АП Брера на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Вардар во првите две кола го покажа квалитетот, ги најави нескирените амбиции за највисок пласман со две победи, против Пелистер дома (4-1) и на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш ...
Мануел Аканџи наскоро би можел да го напушти Манчестер Сити откако Галатасарај испрати понуда од 17 милиони евра. Англискиот шампион е подготвен да ја прифати сумата, а одлуката сега е на швајцарскиот стопер, кој треба да одлучи за својата иднина до крајот на преодниот рок на 1 септември, пишува Дејли Меил. Аканџи пристигна во Сити во 2022 година од Борусија Дортмунд и беше дел од тимот што ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите. Но, не ...
Полската Јагелонија синоќа убедливо со 3-0 славеше против Динамо Тирана во плеј-оф рундата за пласман во Конференциската лига на УЕФА. Но, без сомнение, еден од моментите кои оставија впечаток на мечот беше и скандирањето на навивачите на Јагелонија, во неколку наврати за време на натпреварот, името на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Најверните фанови на полскиот тим, и преку транспарент но и со постојани скандирања, јасно дадоа до ...
Шкендија, со своите настапи на европската сцена, максимално го „билда“ рејтингот на македонскиот клупски фудбал. Синоќешната победа над бугарскиот шампион Лудогорец од 2-1 донесе повисок рејтинг-коефициент за Македонија, па сега со коефициент – 6.416 веќе сме само на чекор од позицијата која носи за следната сезона и можност за македонските клубови повторно настапи во квалификациите за Лигата на Европа. Пред Македонија сега на листата е Црна ...