Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
ФИФА потврди дека ќе ја разгледа можноста за враќање на руските репрезентации и клубови на меѓународни натпреварувања, откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги повика меѓународните спортски федерации да ги преиспитаат санкциите воведени врз Русија поради војната во Украина. Доколку ФИФА донесе позитивна одлука, тоа би можело да означи крај на суспензијата на рускиот фудбал, која е во сила од 2022 година, и да им го отвори патот на ...
Член на златната генерација на француската репрезентација, Јури Џоркаеф, благо речено, беше разочаран од она што го виде од Бразил на Светското првенство 2026. Бразил беше изненадувачки елиминиран веќе во осминафиналето од Норвешка, но впечатокот на фудбалскиот совет за играта на тимот на Анчелоти е всушност многу полош од самиот резултат. Малкумина можат да разберат како секогаш моќниот Бразил со технички супериорни фудбалери стигна до точка ...
Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски ја продолжува својата кариера во Турција, но овој пат во тимот на Мугласпор. Мугласпор е член на Втората турска лига, со амбиција за новата сезона за битка и за прволигашка промоција. Оваа екипа која што доаѓа од истоимениот град Мугла, се натпреварува во втората по ранг лига на Турција. Аврамовски досега во Турција настапуваше за Сиваспорт, Болуспор, Игдир и Кајсери, а во својата ...
Најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, за читателите на ЕКИПА.МК, ги коментира комплетните настани на најголемиот светски спортски собир – фудбалскиот Мундијал 2026! Резултатите од осминафиналните средби, се повеќе или помалку очекувани. Ниту елиминацијата на Бразил од Норвешка, ако детално се анализираат настапите на двете селекции низ групната фаза на ова првенство, не е некое изненадување. Тоа секако е изненадување во ...
Светското првенство 2026, отповарено со бројни скандали, имаше и свои интересни и добри страни. Една од нив се Златан Ибрахимовиќ и Тјери Анри, кои направија вистинско шоу во преносите за време на овогодинешното Светско првенство. Ибрахимовиќ реши да оди чекор понатаму, па се „изнасмеа“ на одредени земји кои беа елиминирани од шампионатот: САД: Американскиот сон е завршен. Следниот пат овој спорт да го викате фудбал, а не сокер. Португалија: ...
Партизан е во финални преговори со Алесандро Пајола, кој стана слободен агент откако го напушти италијански Виртус. Пајола претходно беше поврзуван со Црвена Звезда, но сега е поблиску до потпишување договор со црно-белите, за сума од еден милион евра по сезона. Се вели дека Пајоли е задоволен од соработката со тренерот на црно-белите, Пењароја, што е една од главните причини зошто Италијанецот сака да дојде во Партизан. Партизан е на пат да ...
Македонската младинска репрезентација за ракометари до 20 години загуби на стартот од своите настапи на Европското првенство кое се одржува во Романија. Нашите ракометари беа поразени од селекцијата на Норвешка со 36-31. Македонија демонстрираше борбеност и карактер до самиот крај на мечот, но пресуди првиот дел кој Норвежаните го добија со 18-14, создавајќи разлика која до крај беше недостижна за македонскиот состав. Крадењето авторски ...
Македонскиот репрезентативен пикер, Кристијан Симоноски е најновото засилување за Е. Пелистер 2. Тимот на Бранко Ангеловски добива ново име во тимот за следната сезона. Симоноски во досегашната своја кариера има настапувано за КЛ7 Струга и тимот на Алкалоид. Во Битола доаѓа и со цел, во блиска иднина да биде дел и од првиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и ...
Само еден играч од бразилската репрезентација беше во авионот кој се врати во Бразил, по елиминацијата од Светското првенство 2026 од Норвешка. Единствено Данило, кој игра во домашното првенство, беше во авионот што слета во Бразил од САД, по крахот на Мундијалот 2026. Освен првиот натпревар на Светското првенство против Мароко, каде што одигра 45 минути, Данило ги помина сите 90 минути на теренот на сите преостанати натпревари. Другите ...
Македонскиот репрезентативец Лука Стојановски е првото летно засилување на МЗТ Скопје, откако официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб. За 26-годишниот Стојановски ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше сино-белиот дрес во сезоната 2018/19. Потоа, три години беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер. Сега, повторно е таму каде што ...
Американските федерални истражители (ФБИ) започнаа истрага против Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) поради сомнение за финансиска измама за време на Светското првенство во 2026 година. ФБИ и обвинителите во Вашингтон и Мајами истражуваат проток на стотици милиони долари во спонзорски договори што поминале низ американскиот банкарски систем. Под посебен надзор е компанијата „TourProdEnter LLC“ од Флорида, преку чии фиктивни компании ...
Златко Далиќ повеќе не е селектор на хрватската репрезентација. По елиминацијата на Хрватска од Светското првенство 2026, тој одлучи да ја напушти клупата на репрезентацијата, која ја водеше од 2017 година. Хрватска го заврши настапот во Америка во осминафиналето со пораз од Португалија со 2-1. Ова беше и првото светско првенство каде Далиќ ја предводеше Хрватска без да се врати со медал. По среброто во Русија 2018 и бронзата во Катар 2022, ...
Златко Далиќ повеќе не е селектор на хрватската репрезентација. По елиминацијата на Хрватска од Светското првенство 2026, тој одлучи да ја напушти клупата на репрезентацијата, која ја водеше од 2017 година. Хрватска го заврши настапот во Америка во осминафиналето со пораз од Португалија со 2-1 во регуларното време. Тоа беше првото Светско првенство каде Далиќ ја предводеше Хрватска без да се врати со медал. По среброто во Русија 2018 и ...
Шансите на француската репрезентација да го освои Светското првенство во 2026 година се зголемија, откако беа познати сите четвртфинални двојки. Пред четвртфиналето, суперкомпјутерот „Опта“ ја смета Франција за главен фаворит за освојување на шампионатот и ги проценува нејзините шанси на 27,13%. Пред почетокот на Светското првенство, шансите за француската селекција беа 13,01%. Веројатноста Шпанија да победи е 22,07%, Аргентина – 14,64%, ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, како стручен консултант, остро го критикуваше судењето и примената на ВАР технологијата по победата на Аргентина од 3-2 над Египет во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година . Мурињо оцени дека судиите донеле неконзистентни одлуки и рече дека начинот на кој бил користен ВАР сериозно ја нарушил регуларноста на натпреварот. „Ова е грабеж на сред бел ден. Срамно е во што се претвора фудбалот. ...
Она кое беше најавено уште по елиминацијата од Шпанија на Светското првенство, денеска се официјализираше. Португалија остана без селектор, откако Роберто Мартинез ја напушти селекцијата после поразот од Шпанците со 1-0 со гол во последните мигови од мечот. Така „златната генерација“ предводена од Кристијано Роналдо ја пропушти и последната можност да дојде до најблескавото одличје во репрезентативниот фудбал. Шпанецот дојде на клупата на ...
По последниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство, Швајцарија на пенали ја совлада Колумбија, и стана последниот патник во 1/4 финалето на Мундијалот. Ова е прв пласман на Швајцарија меѓунајдобрите осум селекции на Светот после 1954 година. Сега Швајцарците ги чека натпревар против Аргентина за пласман во полуфиналето на Светското првенство, што би било најголем успех во историјата на оваа селекција. Капитенот на швајцарската ...
Фоларин Балогун ја нагласи својата позиција како „жртва“ во сагата што доминираше на Светското првенство во последните денови, признавајќи дека едноставно „прифатил“ сè што му било кажано, откако одлуката да му се дозволи да игра за САД против Белгија беше контроверзно донесена од ФИФА. Откако ФИФА, чиј претходен став беше дека црвените картони на Светското првенство не можат да се обжалат, изненадувачки ја суспендираше забраната за игра на ...
Како се станува од трагичар херој? Прашајте го Лионел Меси. Аргентинецот промаши пенал во првиот дел во дуелот против Египет во 1/8 финалето, но во последните минути од мечот експлодираше и донесе на својата селекција пласман во 1/4 финалето. Најпрво запиша асистенција, па потоа самиот во листата на стрелците за израмнување на 2-2, а во судиското надополнување Енцо Фернандез даде и трет гол кој им овозможи на светските прваци да дојдат до ...
Раководството на Панатинаикос постигна договор со францускиот интернационалец Гершон Јабуселе, кој ќе потпише тригодишен договор вреден 15.000.000 долари, објави специјализираниот кошаркарски портал „Хупшајп“. Атинскиот клуб, кој неодамна го презеде Жељко Обрадовиќ по втор пат, сè уште официјално не го потврдил трансферот, но според гореспоменатите извори, успеал да го убеди 30-годишниот крилен центар да се врати во европската кошарка по две ...
Американскиот шампион Интер Мајами е заинтересиран за репрезентативниот голман на Зеленортските Острови Возиња , пренесува Марка. „Чефрините“ размислуваат да го потпишат 40-годишниот голман, кој го привлече вниманието на раководството на клубот по неговиот успешен настап на Светското првенство. Возиња би можел да стане соиграч на аргентинската ѕвезда Лионел Меси , кој игра за американската репрезентација. Возиња е слободен агент откако го ...
Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Брансон, беше опериран на левиот зглоб и се очекува да биде подготвен за почетокот на новата сезона, во која Њујорк ќе ја брани титулата шампион на НБА, објавија денес американските медиуми. Според извор запознаен со ситуацијата, Брансон треба да ги продолжи кошаркарските активности подоцна во текот на летото. Засега, клубот официјално не ги објави деталите за операцијата. Брансон и покрај повредата, беше еден од ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Лионел Меси го зголеми својот рекорд на голови на сите времиња на Светските првенства на 21 погодок. Аргентинецот исто така го зголеми и рекордот на голови на последователни натпревари. Сега Меси има голови на девет натпревари по ред на Мундијалите. Аргентина имаше негатива од два гола до 78 минута. ...
Селекцијата на Египет не се помирува со начинот на кој беше елиминирана од Светското првенство. Иако водеа со 2-0 против Аргентина до 79-тата минута, на крајот претрпеа болен пораз од 3-2 и беа елиминирани од четвртфиналето. Веднаш по натпреварот, Египетската фудбалска асоцијација поднесе официјална жалба до ФИФА во врска со судењето на Французинот Франсоа Летексие. Освен што бараат истрага за неговите одлуки, тие бараат и Летексие и неговите ...
Шпанскиот тренер Алваро Арбелоа го презеде кормилото на англискиот тим Фулам. Премиерлигашот го официјализираше Шпанецот, кој во изминатата сезона го предводеше тимот на Реал Мадрид како замена за Чаби Алонсо, кој предвреме доби отказ. Меѓутоа второто место во Ла Лига и 1/4 финалето во ЛШ не беа доволни да остане на клупата, па „кралевите“ се решија за Жозе Мурињо. Арбелоа ќе го замени Марко Силва, кој, пак, замина во Бенфика на местото токму ...
Изведе Аргентина неверојатен пресврт против Египет со 3-2 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство. Иако беше клучен играч во победата, Лионел Меси, во свој стил, ги презеде сите заслуги за тимот по натпреварот. Египет рано поведе, а проблемите на Аргентина се продлабочија кога пеналот на Лионел Меси беше одбранет од голманот Мостафа Шубир во 21-вата минута. Откако Египќаните го зголемија водството, Аргентинците изгледаа како ...
Швајцарија ќе игра во четвртфиналето против бранителите на титулата Аргентина на Светското првенство 2026, откако дури по изведувањето на пеналите славеше против Колумбија во последниот осминафинален натпревар на Мундијалот. Швајцарците беа посреќни по изведувањето на пеналите, откако претходно мечот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови. А, во пеналите Швајцарија славеше со 4-3. Варгас беше стрелец на последниот ...
Покрај очајното издание кое го демонстрираше Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против фински КуПС, а согласно и аматерската подготовка на тимот ова лето за еден ваков европски предизвик на кој се чекаше повеќе од шест години, „црвено-црните“ во фокусот на регионалното внимание и поради очајната посета на нашиот најголем стадион на европскиот натпревар. Вардар, де факто, од поодамна не привлекува внимание кај ...
Швајцарија и Колумбија играат продолженија во последниот осминафинален натпревар на Светското првенство 2026. Нема голови во регуларниот дел од мечот, иако и двете селекции овозможија возбудувања за своите навивачи. Европската селекција го отвори натпреварот подобро, но како што одминуваше играта, Колумбија ја презеде иницијативата, играта и поседот, и создаде неколку опасни ситуации. Швајцарците имаа и една солидна шанса, па по сè што ...
Божидар Илиески е најновото засилување за Вардар за новата сезона во Суперлигата на Македонија. Средниот бек Илиески во својата кариера беше дел од Прилеп и Алкалоид. Доаѓа како големо засилување за тимот на Ангеловски, воедно и како играч во кој има потенцијал во иднина да стане дел и од првиот тим на Е. Пелистер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување ...