Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Нема голови во последниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство меѓу Швајцарија и Колумбија. Европската селекција го отвори натпреварот подобро, но како што одминуваше играта, Колумбија ја презеде иницијативата, играта и поседот, и создаде неколку опасни ситуации. Швајцарците имаа и една солидна шанса, па по сè што видовме, можеме да кажеме – возбудливи 0-0 во Ванкувер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето ...
Италијанскиот тренер Карло Анчелоти ќе остане селектор на бразилската репрезентација до крајот на Светското првенство во 2030 година, изјави Родриго Каетано, генерален координатор на Бразилската фудбалска федерација. Во мај, Анчелоти го продолжи договорот со Бразил до крајот на СП 2030. Сепак, италијанскиот тренер се најде на мета на критики по елиминацијата на Бразил во осминафиналето на Светското првенство против Норвешка (1-2). „Денес ...
Селекторот на Египет, Хосам Хасан екстремно лут по драматичниот пораз на неговата селекција од 3-2 од Аргентина. Хасан по мечот ни малку дипломатски, без влакна на јазикот, иако свесен дека можеби ќе следат за него казни од ФИФА, жестоко се нафрли на Светската фудбалска федерација. „Ова беше наместен натпревар. Ако ФИФА планира Аргентина да биде светски шампион и да ја носат до титула, нека кажат отворено за ние останатите да не се ...
Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со екипирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона. Битолчани и официјално ја продолжија соработката со Кире Ристевски и Стефан Спировски, како и со двајцата млади и перспективни фудбалери, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски. Ристевски и Спировски, со своето искуство, ќе бидат меѓу носителите на играта, додека Мрмачовски и Димовски претставуваат иднината на клубот и дел од генерацијата на која ...
Далеку е Вардар од следната фаза во Лигата на шампионите. Загуби вечерва од финскиот Купс на домашен терен со 0-2, и така веројатно ќе биде елиминиран од елитното натпреварување уште по првото коло. Кристијан Фабијани, тренерот на Вардар после натпреварот на официјалната прес-конференција кажа дека еден месец е малку време, и верува во чудо на реваншот. „До тој прв гол на противникот игравме добро. Од таа десна страна направивме неколку добри ...
Лионел Меси со уште еден гол учествуваше во победата на Аргентина против Египет од 3-2 во досега највозбудливиот натпревар на Мундијалот 2026. Па, по мечот Меси не можеше да ги скроти солзите, максимално емотивно доживувајќи го пласманот во четвртфиналето и продолжувањето на битката за светската титула. А, со голот против Египет, Меси ја продолжи својата неверојатна серија на Светското првенство 2026 – запишувајќи нов рекорд како стрелец на ...
Рана елиминација му се заканува на македонскиот првак Вардар од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ најверојатно нема да го минат првото коло во најелитното натпреварување, откако вечерва финскиот Купс триумфираше среде Скопје со 0-2. Слаб натпревар имаа избраниците на новиот тренер Кристијан Фабијани, кој се чини и натаму не ги склопил коцките на овој тим кој не претрпе многу промени од минатата сезона, па дури беше засилен и со неколку ...
Задоволство во финскиот тим Купс над Вардар во првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите од 0-2, и се чини пласман во следната фаза. Тренерот Мика Нутинен после мечот истакна задоволство од резултатот вечерва во Скопје, и смета дека неговиот тим е веќе пред пласман во второто коло. „Задоволен сум од реализацијата и од играта. Не беше воопшто лесно. Одбранбено бевме добро поставени, и креиравме добри шанси. Но, не смееме да ...
Младата репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во Романија пред стартот на Европското првенство. По пристигнувањето во Клуж-Напока, нашите младинци денес го одработија првиот тренинг и ги започнаа последните подготовки пред стартот на Европското првенство. Македонија првиот натпревар ќе го одигра утре (8 јули) против Норвешка со почеток од 13:30 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски ...
Вистински неверојатен меч во Атланта во осминафиналето на Светското првенство 2026. Бранителот на титулата, Аргентина се до 80. минута имаше негатива од 0-2 во пресметката со Египет, а потоа три гола за 12 минути и неверојатен пресврт од 3-2 за пласман на „гаучосите“ во четвртфиналето. Египќаните имаа водство по првиот дел од 1-0 со голот на Ибрахим во 15. минута. А, Египет се до 79. минута можеше да прославува место во четвртфиналето на ...
Шок за Вардар во финишот од првиот дел на Националната Арена „Тодор Проески“ на мечот против Купс во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Кога се чинеше дека ќе се замине на пауза без голови, една нафрлена топка од корнер и огромна грешка на одбраната на чело со голманот Талески, па Магаса со глава на вториот дирек само се „поклони“ и постигна гол. Вардар ја имаше повеќе топката во посед, се обиде со кратки додавања да ја „скрши“ ...
Аргентина е на колена а Египет во голема мера може да прославува место во четвртфиналето на Светското првенство 2026 откако води со 2-0 против „гаучосите“. Најпрво, ВАР-системот поништи гол на африканската селекција за водство од 2-0 против Аргентина. Зико погоди во 58. минута за предност и од 2-0 на Египет. Но, веднаш потоа реагираше ВАР, па главниот судија го поништи голот поради прекршок во напад на Египќаните… Сепак, феноменална акција ...
Аргентина има негатива од 0-1 по првото полувреме во пресметката против Египет во осминафиналето на Светското првенство 2026. Лионел Меси и Аргентина беа шокирани уште од самиот старт на натпреварот. Најпрво Египќаните преку Ибрахим во 15. минута поведоа со убав погодок… А, потоа во 21. минута Аргентинците можеа брзо да се вратат, но Лионел Меси не успеа да го реализира ударот од белата точка. Најдобар поединец кај Египет беше голманот ...
Парагвајската јавност, како и фудбалските фанови ширум светот, ја следеа жестоката вербална контроверзност меѓу сенаторката Селесте Амариља и француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе во последните денови, која се појави по нивните меѓусебни навреди. Амариља по поразот на Парагвај од Франција, испрати остри и контроверзни пораки на сметка на францускиот напаѓач, нарекувајќи го „колонизиран Камерунец кој се претставува како Французин“, со ...
Каков шок на стартот од натпреварот за Лионел Меси и Аргентина во осминафиналната пресметка против Египет. Најпрво Египќаните преку Ибрахим во 15. минута поведоа со убав погодок… А, потоа во 21. минута Аргентинците можеа брзо да се вратат, но Лионел Меси не успеа да го реализира ударот од белата точка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е ...
Искусниот Жорже Жесус е јасен фаворит да стане селектор на португалската репрезентација . 71-годишникот, кој го освои првенството на Саудиска Арабија со Ал-Наср и Кристијано Роналдо пред неколку месеци, ќе го наследи Роберто Матинез, кој синоќа објави дека си заминува по елиминацијата на Португалија од Светското првенство. Португалската федерација сака назначувањето на Жесус да се случи што е можно поскоро, а изворот верува дека тоа би можело ...
Белгиската репрезентација доминираше и ги победи САД со 4-1 во осминафиналето на Светското првенство, но оваа победа остави последици. Амаду Онана се повреди за време на дуелот со Пулишиќ, веднаш го зграпчи десното колено и не можеше да го продолжи дуелот. Веднаш изгледаше сериозно, а сега согласно извештаите, играчот оде средниот ред нема да може да игра до крајот на Мундијалот, но нема да биде во комбинација ниту поголем дел од новата ...
Владимир Петковиќ би можел да заврши во правен спор со Алжирската фудбалска федерација. По елиминацијата на Алжир од Светското првенство, поранешниот селектор на Швајцарија ги отфрли предлозите за пријателско раскинување и бара исплата на сумата што му следува според договорот. Искусниот тренер ги отфрли понудените услови за доброволно раскинување и инсистира на исплата на целиот износ од договорот. Оваа сума ги вклучува преостанатите плати и ...
Градски парк стана најголемата летна фудбалска арена во земјава Веќе една недела „Светско во Парк” — единствениот ФИФА лиценциран јавен настан за гледање на Светското првенство во Македонија — го претвора Градски парк во вистинска фудбалска арена под отворено небо. Настанот се одржува со поддршка на Град Скопје, на теренот познат како „Вембли”, веднаш после споменикот на Гоце Делчев. Од отворањето на 28 јуни, над 10.000 посетители уживаа во ...
Чави Алберт е новиот тренер на кошаркарскиот тим Валенсија. Со него беше потпишан двегодишен договор и тој ќе го наследи Педро Мартинез во овој шпански клуб. 38-годишниот тренер го наследи Мартинез откако работеше како негов асистент во претходните три сезони. Клубот се одлучи за континуитет по историската сезона во која Валенсија играше во Фајналфорот на Евролигата и ја освои шампионската титула во АЦБ. Алберт не е непознат во оваа улога. Во ...
Екипата на Башкими и натаму ги чека спонзорите, а во клубот владее целосна конфузија околу подготовките на екипа. Официјална информација за почеток на подготовките нема, а во меѓувреме од екипата си заминуваат играчи. Арменд Алими, капитенот на тимот заминува во играчка пензија, а клубот го напушти и Мухарем Мислими. Како што дознава ЕКИПА, има најави за напуштање на уште четворица фудбалери, и тоа играчи кои играа клучна улога во изминатата ...
Норвешка обезбеди историски пласман во четвртфиналето на Светското првенство по големата победа од 2:1 над Бразил, но во пресрет на натпреварот против Англија, од таборот на репрезентацијата доаѓаат многу загрижувачки вести. Селекторот Стале Солбакен призна дека неколку репрезентативци не се чувствувале добро во последните денови и дека во тимот се појавиле симптоми на вирус, поради што постои голема неизвесност пред еден од најважните ...
Дури четири тима од Македонија ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп во новата сезона. Две години по ред пехарот од ова натпреварување доаѓа во Македонија. Најпрво го освои Алкалоид, а во штотуку завршената сезона, пехарот замина во Охрид. Иако ГРК Охрид чекаше „вајлд-карта“ за учество во ЕХФ Европската лига, но не ја доби, стана јасно дека ќе добие шанса да го брани трофејо од ЕХФ Европскиот Куп. Во истото натпреварување ќе биде и Алкалоид. Овие ...
После ангажманот на Маркос Сенеси од Борнмут и на Жан Пол ван Хеке од Брајтон, Тотенхем почна да се „чисти“ и од вишокот на фудбалери во своите редови. Првиот кој замина е стоперот Раду Драгушин. Романскиот централен бек после две и пол години во Премиерлигата, се врати во Италија и ќе го носи дресот на Фиорентина. Целиот трансфер би требало да чини некаде околу 15 милиони евра. Драгушин во јануари 2024 година од Џенова се пресели во Тотенхем ...
Хајдук потврди дека мандатот на Иван Ракитиќ како технички директор завршува на 30 јуни 2026 година, кога истекува и неговиот договор, и тој повеќе нема да биде дел од тимот. Иван Ракитиќ го облече дресот на Хајдук како последен чин од неговата голема и успешна играчка кариера, исполнувајќи ја долгогодишната желба да игра пред навивачите на „белите“ и да остави свој белег во тимот. „Со приклучувањето кон Хајдук, тој донесе исклучително ...
Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго остро ја критикуваше португалската репрезентација по елиминацијата од Светското првенство, префрлајќи го најголемиот дел од одговорноста на селекторот Роберто Мартинез. Португалија го заврши натпреварувањето во осминафиналето со пораз од 1-0 од Шпанија, а Луис Фиго верува дека ова беше голем неуспех со оглед на квалитетот на тимот. „Не сум изненаден што загубивме од Шпанија бидејќи имаме несреќа да ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Аргентина има осум победи во последователни натпревари против африкански земји на Светските првенства. Арегентинците постигнале повеќе од два гола на последните десет мечеви по ред ...
Екипата на ГРК Охрид нема да игра во ЕХФ Европската лига идната сезона, откако не доби вајлд карта од страна на европската ракометна федерација ЕХФ. Таму ќе игра само тимот на Е.Пелистер, кој е единствен претставник од Македонија. И покрај тоа што е актуелен освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, сепак, Охриѓани нема да бидат дел од повисокото по ранг европско клупско натпреварување. Битолчани, пак, според ранкингот ќе бидат во првиот шешир во ...
Многу контроверзии предизвика поништувањето на црвениот картон на САД на Мундијалот, пред мечот со Белгија. Балогун иако имаше суспензија, сепак, ФИФА му ја поништи и тоа по реакција на претседателот Доналд Трамп. Сепак, Белгијците на крајот победија со 4-1, и така фудбалот победи наспроти политиката. Следуваше урнебесни реакции на социјалните мрежи и на телевизиите. Прва со реакција се јави белгиската федерација на социјалната мрежа „Икс“. ...
Мароко, Португалија и Шпанија ќе бидат домаќини на следното Светско првенство во фудбал (2030), а од Шпанија доаѓаат многу интересни вести. Шпанската фудбалска асоцијација е многу загрижена за Светското првенство, кое во 2030 година ќе го организираат Португалија и Мароко. Се уште не е одлучено каде ќе се игра финалето на Светското првенство во фудбал во 2030 година, односно на која од трите земји домаќини ќе и се довери и ќе и биде доделена ...